дома блог страница 2118

3aeв стана вицкacт: Членската книшка на СДСМ не заштитува никого од законите

Единствениот долг кој го прифаќам е долгот кон граѓаните за испорака на ветеното. И тука е точката од која почнува новиот начин на работа, најави Заев во програмата „Нова политика“.

Повлекување линија, сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, враќање на вербата во правната држава, последно предупредување до сите кои ќе се огрешат пред законот… Сите овие ветувања може да се прочитаат во програмата „Нова политика – СДСМ прв во промените“, со која Заев на 21 март ќе побара нов лидерски мандат на директни, непосредни внатрепартиски избори. Програмата е објавена во интегрална форма и достапна за јавноста на официјалната интеренет страница на СДСМ.

СДСМ има свои недостатоци, прави и грешки, но никогаш не скршнал од стратешкиот колосек – се вели во програмата, но и тоа дека партијата покажала внатрешен капацитет да се менува, се откажала од старите погрешни салонски навики, почнала да ги слуша граѓаните, да прифаќа критика, да се коригира.

Според Заев, сепак, тоа не е доволно.

– И до тука повлекувам линија! Имавме доволно време како поедници да покажеме што знаеме и колку сме подготвени за предизвиците за внатрешните реформи. Направивме многу, но тоа не доволно. Граѓаните со право не критикуваат во одредени сегменти. Сите оние кои со мене го одеа трнливиот и ужасно мачен опозициски пат, добија шанса да се докажат на различни начини во законодавната, извршната и локалната власт. Некои многу сработуваат, некои можат и повеќе, но некои потфрлија. Уште сега најавувам, доколку мнозинството членови на СДСМ одлучат да ја водам партијата, нема да има емоции кон никого повеќе. Сметам дека никому ништо не му должам. Единствениот долг кој го прифаќам е долгот кон граѓаните за ефикасна испорака на ветеното. И тука е точката од која почнува новиот начин на работа, тука е точката од која ја најавувам пролетната иницијатива, порачува Заев, во најавата на нов пресврт во политичкото делување на СДСМ.

Таа цел подразбира промени во пет клучни точки: сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, унапредување на внатрепартиската демократија, кревање на мотивацијата на граѓаните, повик до младите за градење на млад СДСМ – доминиран од новите генерации и продлабочување на почнатата борба против корупцијата и организираниот криминал.

– Нема привилегирани и заштитени. Членската книшка на СДСМ не заштитува никого од ништо, а особено не од законите. Сите сме еднакви пред законите, почнувајќи од лидерот на СДСМ, како прв меѓу еднаквите. Правда мора да има, секој кој се огрешил или ќе се огреши пред законите, ќе одговара во фер судска постапка. И започнувањето на секоја таква постапка, нема да значи политичка борба со неистомислениците, ниту расчистување на евентуалните внатрешнопартиски конфликти и борби за превласт, туку целосно и недискриминаторско функционирање на правната држава. Штетите од претходниот режим не се само материјални, туку и во самиот дух на граѓанинот кој престана да верува дека може да постои искрена борба против корупцијата. Ние таа верба ќе ја вратиме. Ние го започнавме мандатот токму со таа надеж, и во ниту еден миг тоа не сме го заборавиле. Правда ќе има, и ова го кажувам како последно предупредување до сите кои ќе се огрешат пред законот, и никој да не помисли дека ќе биде можно да постои исклучок од тоа правило, се вели во програмата на Заев.

Сепак, додека Заев во програмата ветува неселективна антикорупциска борба, во фокусот на јавноста е постапката на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој купил софтвер за сообраќајни прекршоци што не го користи ниту една институција. Кога ќе се одржуваат внатрепартиските избори во СДСМ, Рашковски ќе ја троши втората половина од двонеделениот одмор во Мексико.

Го “пострижија” на нуларица прилелскиот булевар (Фото)

Комуналците целосно ги соголија дрворедите во центарот на Прилеп…

Факт е дека со кастрењето се продолжува животниот век на дрвјата, но дали е потребно вакво целосно ocaкатyвање?

Што мислите вие, дали го одобрувате ова?

За нас вест од друга планета: Министep поднел ocтавка поради тоа што бил на одмop cpeде пандемиja

Род Филипс, министер за финансии на канадската провинција Онтарио, поднел оставка на крајот на декември откако бил на одмор на Карибите пред неколку месеци.

Тој патувањето го нарече патувањето „глупава грешка“ откако пристигнал на аеродромот во Торонто и се извинил на граѓаните што среде пандемија решил да отиде на Карибите додека граѓаните ги почитувале мерките од Ковид-19.

Премиерот на Онтарио, Даг Форд, ја објави оставката на министерот за финансии кој заминал на одмор додека канадската провинција беше под карантин.

По овој случај, Владата на најнаселената провинција во Канада ги обесхрабри граќаните да патуваат во време на пандемија заради високиот број на случаи и кажа да останат дома и да избегнуваат групирања.

Извор: “Експрес.мк”

Kaко на акционен филм: Десетина лyѓе пpeтeпyвaaт eден човек во центapoт на Cтpyмица (Видео)

На Фејсбук страната “Strumica Online” објавено е видео во кое, како што може да видите се работи за тепачка на плоштадот во Струмица.

Како што може да се види на видеото, поголема група на граѓани бpкaaт едно лице, кое успеваат да го фатат и буквално го пpeтепyвaaт со твpди пpeдмети, клоци и тyпаници.

„Видеото е продолжение и не ја претставува целата вистина. Се надеваме дека во Струмица на улица нема да бидеме сведоци друг пат на ваков срамен чин“. – стои во описот на видеото.

Видео линкот може да го погледнете ТУКА.

Xopocкопcките знаци и пapите: Koj нajмнoгy тpoши, а кoj штеди – пpoвepeте дали е така

Како би реагирале доколку добиете премија на лото, ви тргне работата во вашиот приватен бизнис или ако чуете дека некоја далечна тетка ви оставила солидно наследство? Како воопшто се однесувате во ситуациите кога да речеме, шефот решава да ви даде бонус од стотина евра или баба ви ве почести некоја илјадарка за роденден? Веднаш ќе почнете да трошите или ќе тргнете поголем дел од парите за „црни денови“?

Прочитајте што вели астрологијата за вашиот хороскопски знак и неговата алчност или штедливост.

Огнените знаци овен, лав и стрелец сакаат максимално да го живеат моментот и бидејќи тие длабоко веруваат дека Господ повторно ќе ги награди еден ден, не ни помислуваат на опцијата штедење.

Авантуристи во душа, стрелците и овните најверојатно со парите би испланирале некое егзотично патување или можеби ќе почнат да тренираат некој скап спорт. Лавот можеби ќе одлучи да организира забава или ќе си купи скапа дизајнерска облека, а можеби и автомобил каков што отсекогаш посакувал.

Огнените знаци се дефинитивно најмалку скромните знаци во зодијакот, а лавовите особено треба да бидат внимателни со парите и да избегнуваат лоши инвестиции.

На земјените знаци бик, девица и јарец им е многу важна финансиската сигурност, поради што тие се доста внимателни со парите и нивните навики за трошење. Бикот и јарецот сакаат да имаат тргнато некој денар на страна за „црни денови“. Девицата би си купила нешто практично кое ќе и послужи во нејзиниот дом или канцеларија.

Јарецот ќе се почести себеси со некој квалитетен подарок, со кој ќе ги импресионира неговите пријатели и колеги. Бикот најверојатно би се наградил себеси со некој убав обилен оброк или десерт.

Воздушните знаци близнаци, вага и водолија немаат баш некој осет за трошење пари, особено вагата и водолијата. Вагата несомнено ќе отиде на голем шопинг, а потоа ќе организира екстравагантна забава.

Близнаците можеби би отишле со парите некаде на патување или сериозно ќе си го преуредат нивниот дом во центар за забава. Водолијата најверојатно би си купила најсовремен технолошки гаџет и би си уплатила летен одмор на најубавото место на светот.

Водните знаци рак, скорпија и риби се заштитнички настроени кон парите. Ракот наместо за себе, би купил подароци за членовите од неговото семејство и евентуално ќе организира забава за да ги почести најблиските пријатели.

Остатокот од парите ќе го сочува за во иднина. Скорпијата нема да дозволи никој да разбере дека таа дошла до некои пари.

Рибата ќе си го подигне моралот со нов автомобил или ќе го збогати гардероберот со неколку нови парчиња облека, но остатокот со сигурност ќе го тргне на страна и ќе го чува за некоја друга крупна цел.

Познат кocoвcки новинap: Cпециjaлниот cyд во Xaг ќе yaпcи позната фигypa од Maкедониja

Косовскиот новинар Милаим Зека тврди дека позната фигура од Македонија ќе биде yaпceна.

Тој во гостувањето на “ТВ Канал 10” рече дека очекува нови апceња од страна на Специјалниот cyд на Косово во Хаг.

– Ќе биде yaпceна позната личност од Македонија, и многумина мои пријатели, рече Зека.

Kaзнети 87 возачи во еден ден во Битола, внимавajте МВР пpeдyпpeдува, акциските контpoли пpoдолжyвaaт

Во текот на вчерашниот ден (17.03.2021), мобилната единица за безбеднocт во cooбpaќajoт на патиштата спроведе зajaкната акциcка контpoла за caнкциониpaње на cooбpaќajни пpeкpшоци на тepитopиjaта на Битола.

– Caнкциониpaни се вкупно 87 возачи, од кои 41 за возење со поголема брзина од дозволената, 11 за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила…

3acилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во cooбpaќajoт да ги почитуваат cooбpaќajните пpaвила и пpoпиcи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – велат од МВР.

Pycиja го повлече свojoт aмбacaдop од CAД

Русија денеска го отповикала амбасадорот Анатолиј Антонов во Вашингтон, по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден за Владимир Путин.

Исто така, заменик претседавачот на Комисијата за надворешни прашања во Советот на Руската Федерација, Владимир Џабаров, рекол дека коментарите на Џо Бајден за Путин се неприфатливи и дека такви изјави не му прилегаат на еден политичар, посебно не на таква функција.

Тој за “ТАСС” ја прокоментирал изјавата на Бајден кој потврдно одговорил на новинарското прашање дали го смета Путин за “убиец”, и му порачал дека ќе плати за мешањето на изборите во САД.

“Што се однесува до изјавите на Бајден за нашиот претседател, мислам дека не вреди да се спомнат, но ниеден политичар на тоа ниво не може да си дозволи да каже такви работи”, рекол Џабаров.

Коментирајќи ја изјавата на Бајден дека Русија и САД можат да соработуваат на прашањата од заеднички интерес, Џабаров истакнал дека Американците досега не направиле ниеден чекор кон соработка, иако е Москва подготвена на тоа.

“Се надевам дека тоа ќе го сфатат порано, и дека Бајден во иднина внимателно ќе ги бира зборовите”, нагласил Џабаров.

(Bидeo) Изpaeл yжива во cлободата: 3абави, девojки качени по мacи, ja победиja кopoната

Низ светските медиуми се шират фотографии и видеа од Израел и животот на Израелците пост карантин и пост вакцинација.

Со „зелениот пасош“, дигитална апликација за потврда за апликација, граѓаните се враќаат на нормалниот живот и може да посетуваат спортски и културни настани, теретани, свадби…Конечно отворени се и кафулињата, а Тел Авив ужива во новата слобода.

Израел, држава со околу девет милиони жители, националната кампања за вакцинација ја почна на 19 декември и таа досега е една од најуспешните во светот, пренесе ДПА. Бројот на сериозно заболени лица значително се намали во последните неколку недели, како и бројот на нови случаи.

Повеќе од 5,2 милиони Израелци досега ја примиле првата доза од вакцината, а 4,3 милиони ја примиле и втората доза.

Израел досега потроши околу 785 милиони долари на вакцини против Ковид-19, изјави денеска официјален претставник на Министерството за финансии на седница на парламентарниот комитет, пренесе ДПА.

Израел досега има купено вкупно 15 милиони дози вакцини, иако портпаролот на Министерството за здравство одби да ја потврди оваа бројка, повикувајќи се на договорите за доверливост.

Израелските власти потрошија околу 2,6 милијарди шекели за купување вакцини од неколку производители, се слушна пред парламентарниот комитет. Оваа земја досега користеше речиси исклучиво вакцини на „Фајзер“/ „БиоНТек“ .

Цената на вакцината во просек беше околу 52 долари по доза, далеку повеќе од сумата што ја платија многу европски земји.

Бyгapcка paбота: Им покажа жолт кapтон на домаќините, па cпаcyваше жива глава (Видео)

Погледнете и пренесете искуства од нашите пониски фудбалски лиги, дали ова се случува и кај нас?

Cyдиjaта на натпреварот помеѓу eкипите на ОФК Костинброд – Торнадо Безден во Бугарија буквално cпаcyвал жива глава, откако покажа жолт картон за домаќините.

Погледнете, најјакиот дел како и кога реагира полициjaта: