“Кожувчанка” донира неограничена количина вода на сите вакцинални пyнктови во државата

Кожувчанка ДОО од Кавадарци е Компанија која секогаш се грижи за општеството во кое живееме, за своите сограѓани и ценети потрошувачи, секогаш помагајќи онаму каде што е најпотребно.

Така, во последната година откако започна пандемијата, Кожувчанка ДОО донира Природна вода Изворска на голем број Клиники и Ковид центри насекаде во нашата држава.

“Сега, чест ни е што можеме да помогнеме повторно, горди и на оваа наша соработка со Министерството за здравство со кое направивме договор за донација на НЕОГРАНИЧЕНА количина на вода Изворска потребна на сите вакцинални пунктови во државата, вклучувајќи го и најголемиот во Арената “Борис Трајковски” во Скопје.”, изјавија од Компанијата.

Во овие тешки моменти Кожувчанка од Кавадарци донира и ќе помага онаму каде што е потребно, со надеж за спроведување на имунизацијата во најдобар ред и желба за здравје на својот народ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.