Денecка е Cв. Лидиja: Еве зошто ова име е пoceбно

Денеска се празнува Света Лидија Македонска, а именден слават сите кои го носат нејзиното име.

Света Лидија е родена во Тијатир, денешен Ак-Хисар, во Мала Азија, во првиот век. Лидија се сметала за богобојазлива, и била продавачка на пурпурни ткаенини и бои.

Се смета дека Лидија е основоположник и на црквата во Тијатир која е една од седумте цркви во Азија, за кои што зборува свети Јован во Откровението. Единаесет години по заминувањето од Филипи, пред крајот на првото заточеништво во Рим (63-64 година) апостол Павле пишува послание до Филипјаните, со многу љубов и лични спомени:„ Бог ми е сведок колку многу ве сакам сите вас со љубовта на Исуса Христа и така,браќа мои возљубени и многу пожелани, радост моја и венец, стоите тврдо во Господа, возљубени“.

Значење на името Лидија е прекрасна, добра и благородна. Според друго толкување означува жена од пределот Лидија, Мала Азија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.