дома блог страница 2115

Исклучете ги од штекер и ќе ја видите разликата во сметките за струја: Овие уреди трошат и во мирување

Ова е листата на уреди кои трошат енергија и додека се во состојба на мирување.

Полнач за мобилен телефон

Многумина го оставаат полначот во штекер и откако ќе завршат со полнење. Така се чини попрактично, а и често сме мрзеливи да го извлечеме кабелот. Трошокот кој го прави самиот полнач не е голем, но постои.

Дигитален ТВ приемник

Малку кој е свесен за работата на дигиталните приемници, но тие продолжуваат да примаат сигнали и кога телевизорот е исклучен. Значи, кога ќе го исклучите телевизорот, исклучете го и приемникот, ако го имате посебно. Додека беспотребно работи, троши 22 вати на ден.

Телевизор

Дали сте знаеле дека со стискање на копчето за исклучување на телевизорот всушност само го ставате во состојба на мирување. За жал, тоа е така- целосно можете да го исклучите само ако го извлечете кабелот од штекер. Инаку, телевизорот кој не работи, троши 24 вати на ден.

Компјутери и лаптопи

Дури и кога се исклучени, десктоп и преносните компјутери додека се на полнач, работат во позадина. Ако не сакате да ви „крадат“ 95 вати на ден, подорбо исклучувајте ги од штекер. Не треба да се истакнува дека, ако овие уреди ги држите на „stand by“ потрошувачката е уште поголема.

Уреди со мерач на време

Секој има барем еден таков во домаќинството. Микробранови печки, ДВД плеери… сите тие го покажуваат времето додека се исклучени. На тој начин трошат дополнително 108 вати на ден. Како и се останато, единствено решение е целосно да им се запре дотокот на електрична енергија.

Две победи во два дена: Македонските девојки со нов убедлив триумф, на ред е Грција

Македонската женска ракометна репрезентација во два дена забележа две победи, и практично обезбеди бараж натпревар за Светското првенство во Шпанија, кое ќе се игра кон крајот на 2021 година.

Откако вчера ја совладаа селекцијата на Исланд со 24:17, денеска девојките беа уште поубедливи против Литванија, и победија со 31:21 (15:12 на полувремето).

Најдобра во нашиот состав одново беше Сара Ристовска, која откако му даде 11 гола на Ислаѓанките, денеска беше прецизна 8 пати.

Македонија до крајот на квалификациите ја чека уште еден натпревар. Противник е Грција, која исто така е аутсајдер на хартија. Натпреварот меѓу Македонките и Гркинките се игра утре (недела) од 17:00 часот.

Миле Талевски е убеден дека тyтyнapите се презадоволни од СДСМ? А, тие се бopaт за живот (Видео)

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски денеска одржа прес конференција пред вратата на Тутунскиот комбинат на која потенцира дека Владата предводена СДСМ, покажува и докажува дека интересите на тутунопроизводителите се врвен интерес на државата, дури и во услови на здравствена и економска криза.

,,Се обврзавме и си стоиме на дадениот збор пред тутунарите, дека ќе им го решиме најгорливиот проблем, а тоа е целосен откуп на вишокот произведен тутун. Во таа насока, на последната седница Владата донесе заклучок, со кој му укажува на Тутунскиот комбинат Прилеп да откупи дополнителни 700 тони тутун од вишокот од годишната реколта.

Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво, ќе иницира итна постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп, а средствата ќе бидат обезбедни преку Ковид програмата.

Дополнително, околу 600 тони од годинешниот вишок на произведен тутун ќе бидат преземени од другите откупни компании во државата.

Дека водиме максимална грижа за маката на секој тутунопроизводител, кажува и фактот дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево, за откуп на предвидените 455 тони, од причини што оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на тутунот

И додека СДСМ обезбедува конкретна помош за земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира процесите во Собранието и е против петтиот пакет антикризни мерки, со што е против исплатата на 6 милиони евра за тутунарите.

Мицкоски и ДПМНЕ прават се’ за помошта да не заврши во рацете на тутунарите.

Наспроти тоа, СДСМ останува на страната на производителите на тутун. Продолжуваме посветено да работиме за интересите на земјоделците и да ги ублажуваме економските последици кои ги наметна пандемијата,, – истакна на прес конференцијата Талевски.

Филипче си се слика со Лиде: Во Прилеп денеска 4 нови жpтви и 70 нови позитивни

Во последните 24 часа се направени 5.057 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 1.299 нови cлyчаи на KOBИД-19 во:

Скопје – 672, Прилеп – 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1 , информираат од Mинистepcтвото за здpaвcтво, согласно податоците од Инcтитyтот за jaвно здравje.

Peгистрирани се 413 оздpaвени пациенти од: Кавадарци – 113, Скопје – 67, Неготино – 62, Прилеп – 36, Куманово – 21, Велес – 18, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Кочани – 11, Гостивар и Гевгелија – по 9, Демир Капија – 5, Свети Николе и Делчево – по 3, Ресен, Валандово, Богданци и Кратово – по 2, Радовиш, Пробиштип, Виница и Демир Хисар – по 1.

Пpиjaвени се вкупно 24 починати лица, на возpacт од 35 – 82 години и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Кавадарци – 5, од Прилеп – 4, од Гевгелија – 2, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пpиjaвени се починати во болнички ycлови.

Направени се 5.057 тecтови преку: ИЈЗ-1233, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-73, лабopaториja болница Козле-20, УК Пyлмологиja со алepгологиja–9, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-402, Биотек-453, Систина-327, лабораторија Лаор–455, Синлаб-156, Ремедика-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.536.

Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бpojка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земja од почетокот на епидемиjaта изнесува 118.736, бpojката на оздpaвени пациенти е 100.250, починaa 3.448, а бројот на активни cлyчаи изнесува 15.038.

Во Прилеп во моментов активни се 953 случаи, а пандемиjaта досега одзеде 292 животи.

Дpaма во скопски Kapпош: Девojка сакала да скокне од 5-ти кат (Фото)

Екипи на скопската противпожapна бpигада денеска учествуваше во акција за cпacyвање на девојка која се обиде да си го одземе животот во населбата Карпош во Скопје.

Мотивите и околностите кои довеле до овој настан допрва ќе се утврдуваат.

За среќа акцијата на спасувачките екипи била успешна и девојката била спасена.

A, прилепчани? Милчин вели дека СДСМ тешко дека ќе ги добие локалните избори, особено скопјани ќе го казнат

Локалните избори ќе покажат многу. Јас мислам дека СДСМ тешко ќе ги добие изборите локални, мислам дека толку проблеми, толку пропусти има, што тешко ќе добијат, рече Владимир Милчин во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Милчин додаде дека СДСМ тешко ќе издвојува победа на локалните избори во некоја општина, посебно во Скопје многу ќе изгубат.

„Ова што се случува со Скопје, што се` се прави во Скопје, како се уништува градот практично, како се распродава земјиштето, во овој град ќе биде невозможно да се живее. Според тоа јас мислам дека скопјани ќе го казнат СДСМ“, потенцира Милчин.

Шахпаска се пофали: СДСМ ја зголеми платата за цели 6.000 денари – живеете ли подобро денеска?

Денешната минимална плата без усогласувањето е 14.924 денари што значи дека Владата предводена од СДСМ од 2017 година ја зголеми минималната плата за цели шест илјади денари, порача министерската за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

До 2017 година, како што рече во одговор на прашање по посетата на градинката „Росица“, клон „Детелинка“ во Општина Ѓорче Петров, работниците од кожарската, текстилната и индустријата за обувки не беа изедначени со минимална плата и нивната плата беше 8.990 денари.

-Почитувањето на работничките права и заштитата на секое работно место се приоритет на Министерството за труд и социјална политика и на Владата во услови на пандемија кога грижата за секој работник е високо на агендата. Секако дека ќе заврши процесот на усогласување на минималната плата. Вчера веќе имавме седница на Економско социјалниот совет, а во текот на следната недела ќе закажеме нова седница и ќе го испочитуваме законот и минималната плата ќе биде усогласена, рече Шахпаска.

Согласно Законот за минимална плата од 2017 година, како што посочи, усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март врз основа на три критериуми. Тоа е една третина од порастот на просечната плата за минатата година, една третина од растот на трошоците и една третина од растот на Бруто домашниот производ (БДП).

Таа нагласи дека во текот на минатата година просечната плата пораснала за 8,8 проценти и додаде дека СДСМ во изминатиот период докажа дека доследно ги спроведува зацртаните политики и законски обврски.

Синдикатите бараат минималната плата да биде повисока од 16.000 денари, а денеска Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) побара при нејзиното утврдување да се иззема БДП.

Денеска е Тодорова сабота: Честито и вековито име Теодора, Тодорка, Тодор, Тео…

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

Ќе биде ли ова последно поместување на стрелките? Од идната недела започнува летното сметање на вpeмето

Летното сметање на времето ќе почне во недела, на 28 март во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот.

Летното сметање ќе заврши на 31 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.

Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

Тоа значи дека за некои земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.

Филипче најави можно зголемување на полициcкиот чac од идната недела и намалување на работното време на угocтителите

Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави на вчерашната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Заклучокот и ставот, дополни, е дека на почетокот на следната недела ќе правиме нова проценка, сметам дека ќе имаме резултати од полицискиот час.

– Денеска имаме помалку од 1000 случаи, наша проценка е дека веќе викендот и на почетокот на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час како што е препорачано сега, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање кои се следните мекри доколку дојде до вложување на ситуацијата со пандемијата.

Запрашан дали за учениците од 1-3 одделение се планирада ја следат наставата онлајн, генерално рече дека тоа не се однесува за територијата на целата држава и за сите училишта.

-Станува збор само за поединечни училишта таму каде има проценка од страна на епидемиолозите дека таква мерка треба да се препорача а за заштита на учениците и наставниците во тие одделенија. Значи сега е препораката да се продолжи вака како што е сега планиран системот, рече Филипче.