дома блог страница 2109

Битолчанецот Милевски xpaбpo pacпали по Васко Ковачевски за xaocoт во РЕК (Видео)

РЕК Битола повторно работи со половина блок, исклучени се Блок 2 и Блок 3, тврди Пеце Милевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Блок 1 работи со половина снага, со додавање на огромна количина на мазут. На тој начин РЕК ја загадува околината, за што Македонија веќе има негативни поени од Енергетската заедница во Виена. Вашите „шампионски“ политики веќе почнаа да ви се удираат од глава. Ова соопштение не е за да глумиме загриженост или политички да поентираме, туку да побараме одговорност од раководството на РЕК Битола. Од истото тоа неспособно раководство кое не кажа ништо на јавноста за хаваријата на БЛОК 2 пред повеќе од месец дена“, рече тој.

Милевски прашува чија е одговорноста за оваа хаварија и која фирма го правела капиталниот ремонт?

„Дали сега истата фирма повторно прави ремонт и како е тоа договорено? Дали во четири очи, како што милува да работи СДСM? Се обраќаме до цела јавност во име на сите вработени во РЕК Битола, како и сите загрижени граѓани за ситуацијата во комбинатот. Последен „успех“ на раководството на РЕК Битола е што најголемиот багер за ископ на јаглен во рудникот „Суводол“ по вторпат во оваа грејна сезона е надвор од функција поради нестручност на раководниот кадар. Багерот „КУ-300“ кој после само две недели работење после санација на претходно оштетување, пак е оштетен“, рече Милевски.

Според него, штетата е направена затоа што багерот се носи да копа во распукани блокови јаглен, кои се слизнуват.

„Резултат на оваа нестручност е нанесување на големи трошоци на комбинатот. Во рудникот Суводол не се копа квалитетен јаглен, па мора се употребува мазут. На тој начин се загадува воздухот и се поскапува производството на електрична енергија. Спиралата која ја создаде раководството на РЕК Битола, самонаречените „шампионите“ во енергетиката, нема крај“, рече Милевски.

Taжно видeo за тyтyнapите во Битола, Пpилеп, Долнени, Kpивогаштани: Kaко ќе ja пpeживeaт годинава?

Oд Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола објавија фотографии од тажната слика пред откупните пунктови за тутун. Километарски колони трактори, комбиња, автомобили со приколки, чекаат да го предадат својот труд.

“Километарски колони за предавање на “жолтото злато” за “без пари” – “Патот до пропаста” трасиран од неспособните власти за кои земјодеците се последни на листата “за живот”

Овие денови за жал сликата на откупните пунктови за тутун во Битола изгледаше како во едно тажно време во транзицијата во 90те години кога земјоделците беа третирани како “граѓани од втор ред”.

Да, токму така, “граѓани од втор ред”, потценети, измачени, понижени, изгорени од сонцето и ветерот, без сон, со последни сили го произвеле своето “жолто злато” и сега им е “одземно” за “без пари”.

Колони долги неколку километри од возила натоварени со “жолто злато” кои чекаат со часови и денови да се откупи вишокот тутун на тутунопроизводителите од пелагонискиот регион за симболична цена која не ги задоволува ни производните трошоци .

До кога оваа слика ќе биде секојдневие за пелагониските тутунари?

До кога владата ќе ги залажува тутунопроизводителите дека секој килограм тутун ќе биде правилно оценет и платен ?
Прашањето е и каде се мешовитите комисии, каде се земјоделските инспектори, каде се “претставниците” на тутунските здруженија? Или сите во една “неформална коалиција” на грбот на тутунопроизводителите да им се откупи тешко производениот тутун за непристојно ниски цени.

Дали некој се запрашал колаква е грутката на срце кај домаќинот кога и соопштува на сопругата дека нивната мака е откупена за без пари.

А работеле од 5 наутро со месеци ливче по ливче.

Како да и каже дека катранот под ноктите не го носела со себе со месеци за на крај некој буквално да им ја загрози егзистенцијата на нивните скромни семејства.

Кој се обиде да ги заштити овие измачени луѓе? Кој?

Владата со неконтролата на количините за слободен увоз на тутун?

Владата со никаква иницијатива за привлекување на нови инвеститори во тутунската индустија?

Владата со маргинализацијата на улогата на земјоделските инспектори ?

Претставниците таканаречени “повереници’ од здруженијата кои мудро молчеа за да им се откупи нив и на нивните блиски некое кило повеќе по добра цена?

Во меѓувреме ќе остане само надежта на земјоделците за некое подобро утро, кога ќе блесне “новото сонце на слободата” и ќе го огрее “жолтото злато” во сиот свој сјај, зошто само сонцето наше македонско има доволно топлина да ја стопи грутката на срце”.

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при ОК ВМРО ДПМНЕ – Битола

Бecими нajaви зголемyвање на ДДB и на пepcoналниот данок

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, беше директно запрашан кога општините може да очекуваат повеќе пари, рече дека Владата има план за зголемување на даноците, вклучително и ДДВ во, но и персоналниот данок. Според Бесими, ова ќе започне да се реализира од 2022 година, за да продолжи во 2023, 2024 година и во зависност од процентот во 2025 година.

„Ако има зголемување на даноците, и на ДДВ и на персонален данок, што ќе произлезе од анализата, имаме некои проценки. Заедницата за локална самоуправа (ЗЕЛС) има неколку проценки за нив, како и за работната група што е формирана во владата, во која членуваат ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и други оддели, тие имаат заеднички точки, всушност ќе се појави предлог за кој ќе разговараме поконкретно на ниво на бројки и динамика“, рече Бесими.

Cканиja се пpeвpте на Плетвap: Cooбpaќajoт се одвива по една лента (Фото)

Камион „сканија“ утрово се преврте на патот Прилеп – Градско, по превојот Плетвар. Како што информираат од полицијата за „Република“, несреќата се случила околу 8 часот, а засега нема пријавени повредени лица.

Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, а полицијата е на лице место и врши увид.

Poмите во Maкедонија вечepва се вознемиpeни

Претседателот на Народната партија на ромите Геге Демировски преку статус на Фејсбук oбјави порака која ја добил од премиерот Зоран Заев.

– Зоран Заев го допре дното откако поради моите издржани критики се одлучи да ми се заканува. Поради заканите од премиерот сум загрижен за мојата и безбедносната на моето семејство. Еднаш пробаа да ме yбиjaт, не успеаа. Нема да запрам бидејќи борбата за нашата Македонија и за браќата Роми е поголема од секој еден поединец.Казната за тоa што им го правиш на Ромите и на сите граѓани кои живеат во Македонија ќе те стигне на следните избори кога РОМИТЕ ќе те вратат назад во Муртино, пишува на Фејсбук Геге Демировски

Гpyeвcки на ФБ: “Голи пиштоли – 3a пиштолите, кypшyмите, ceкpeтapките и Cpeќна нова 49та”

Фејсбук статус на поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски

“Голи пиштоли”

За пиштолите, куршумите, секретарките и “Среќна нова 49та”

Дека една од целите на вчерашниот упад и хајка на репресивните органи на власта во моето живеалиште во Скопје била и дефокусирање на јавноста, се десетиците натписи со лажни вести на порталите блиски до власта, претпоставувам пласирани од толпата луѓе кои во сред пандемија вчера од рано утрото го вознемирувале моето семејство и харале по мојот дом во Скопје, или пак од нивните претпоставени.

Ова е трето по ред од моето заминување од Македонија. Тука не ги сметам периодичните, на неколку месеци доаѓања на полицаец во униформира само за да праша дали сум дома. Последен пат пред околу три-четири месеци.
Најновата лажна вест е дека пронашле оружје без дозвола.

Тоа е неточно. Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив. Таа дозвола беше важечка во моментот кога заминав од Македонија со цел да побарам политички азил заради политичкиот прогон на власта. Подоцна, по моето заминување можеби рокот на дозволата истекол, но јас не сум во Македонија и не сум во можност да барам продолжување на рокот на дозволата за оружјето.

Оружјето заедно со дозволата и муницијата со документи за набавка на истата, пред се за случајно да не дојдат во раце на децата, беа сместени во мал заклучен сеф, користен само за тоа, така што никој друг неможеше да има пристап до истото.

Десетици други наслови со лажни вести во режимските медиуми само ми потврдија дека политичкиот прогон и хајката кон мене не само што не запреле туку добиле на интензитет.

“Пронајдени нови три стана на Груевски”, “Груевски имал шест стана” , “откриен стан во Аеродром”, “Едниот стан бил на секретарка на Груевски” и ред други наслови се дел од обидот за медиумски линч преку пласирање лажни вести во медиуми кои вообичаено пласираат лажни вести за мене, кои веќе престанав и да ги коментирам и демантирам.

Покрај другото, како и во другите случаи на СЈО/ОЈО обидот е со давање на не точни информации и тези на медиумите, или пак информации кои се службена тајна во истрагите, истите да се претворат во медиумски обвинител а потоа медиумски суд, и во судницата судијата под притисок на медиумите и јавноста да нема избор освен да донесе осудителна пресуда и така да ги задоволи власта, контролираните од власта медиуми и јавноста доведена во заблуда.

“Секретарката на Груевски” преку ноќ се трансформира во “секретарка на некој бизнисмен близок на Груевски”. А не се пишува дали таа секретарка и тој бизнисмен воопшто се познавале со мене во тоа време.

Не ни очекувам да кажат какви упади, инспекции и уцени се правени врз многу бизнисмени и други лица, дел од нив и кои не ги познавам за да се принудат да станат алатка на прогонот кон мене.

Се споменуваат уметнички слики а не се споменува дека сите се пријавени во анкетниот лист и безмалку сите од домашни автори и со ниски цени, поголем дел добиени и како поклон за свадба.

Се пишува дека обезбедиле вербални и матерјални докази против мене за овој случај. Вербални може да обезбедат преку уцена на лица по нивната слобода, семејство и имот и принудување на лажно сведочење, но матерјални докази не постојат и доколку ги имаат веднаш нека ги објават, кога веќе го одбрале тој пат. Ова што прават е по теркот на 1949та година и потсетува на филмот “Среќна нова 49та”.

Дури одат и до таму дека непосредно пред да заминам сум потпишал договор за закуп на двата стана за да не плаќам закуп, а не објаснуваат дека согласно тој договор извршена е инвестиција во тие изнајмени станови која одреден период се одбива од ратите за закупот и тоа е во време кога сеуште немав правосилна пресуда на судот и сеуште се надевав на правда, па сите планови ми беа поврзани со мојот дом.

Сега очекувам со денови и недели, па и со месеци, медиумите блиски на власта по стотици пати да ги повторуваат лажните вести во специјални емисии на темата, во вестите, преку изјави на платени аналитичари и новинари под контрола или платени од власта, квази експерти, преставници на дел од НВО и други апологети на режимот на власт.

Репресивните органи на власта за жал веќе оддамна се претворени во општински организации на СДСМ кои исклучиво се занимаваат (освен во случај на јавен притисок, како на пример во случајот Рекет) со прогон на неистомислениците на власта и наместо опстанок на власта со работа, дела, реформи и резултати, нивната борба е преку политички прогон. Правда со оваа власт нема и нема да има. Мир барем засега има.

Но, со репресија, втерување страв кај народот, со прогони, апсења, претреси, истраги, монтирани обвиненија, нарачани пресуди, контрола на судиите, хајки по политичари, бизнисмени, новинари, но и по обични незадоволни граѓани.

Во моето живеалиште во Скопје не исклучувам нов упад, затоа што од она што сум информиран, постојано кружат преставници на МВР во цивил, а дел од нив и снимаат.

Филипче: Ha cpeдина cме од новиот бpaн на виpycoт

На средина сме од новиот бран на виpycoт, согласно со времетраењето на брановите од околу осум недели, ова е некаде шестата недела. Навистина е голем притисокот во болниците, ние тоа го менаџираме со интензивна работа и коориднација на сите директори во јавните здравствени установи каде што се сместуваат пациенти. Нема да дозволиме да нема слободни места, се заземаат клиники кои досега не беа ангажирани и тие се опремени и има кадар, изјави министерот Венко Филипче.

Во изјавата за ТВ Телма, Филипче рече дека масовната имунизација се планира во април и ќе почне со главната количина од 200 000 дози што ќе стигнат од Кина и од поголемата количина од вкупно 200-те илјади од Русија.

Од претставници на компанијата и од Руската амбасада вчера, рече, е добиена потврда дека ќе стигне втората количина од вакцината „Спутник В“ и се очекуваат информации и за останатите количини од руската вакцина. Во завршна фаза е и договорот, а се однесува околу транспортот, за кинеските вакцини на „Синофарм“, а според последните информации од минатата недела, временската рамка за доаѓањето на вакцините на „АстраЗенека“ од КОВАКС-механизмот е за две до три недели.

– Планираме масовната вакцинација да почне во април, иако ова се одолговлечи неколку недели и сите земји се соочени со истиот предизвик – недоволно производство за да се задоволат потребите. Освен системот што го планираме – вакцинацијата да се спроведува преку здравствените домови, планираме уште еден објект, најверојатно салата „Борис Трајковски“, каде што на повеќе пунктови на едно место ќе се спроведува дел од масовната вакцинација, изјави Филипче.

Целосното гостување на министерот Филипче во вестите на “ТВ TEЛМА” погледнете го ТУКА

Огpaбено казино во Битола: Kpaдецот yкpaл два ceфа со пapи

На 23.03.2021 околу 06.35 часот во СВР Битола, В.Т. приjaвил дека на 22.03.2021 околу 22.45 часот од казино во Битола, непознат cтopител одзел два сефа со пapи.

Увид на местото извpшила yвидна екипа на СВР Битола. Се преземаат мepки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Пpecтон победyва, Maкедонците cлават: “Биcep балкански” eчеше на трибините (Видео)

Мaкедонците во Австралија, посебно навивачите на Престон лајонс, минатиов викенд имаа причини за славење благодарејќи на фудбалерите на истоимениот клуб, кој славеше со 2:1 над Мелбурн Сити на стартот од Премиер лигата на австралиската држава Викторија, второ натпреварување по ранг на петтиот континент.

Клубот некогаш познат како Престон Македонија, основан во 1947 година и најпопуларен кај македонската заедница во Австралија, победи по пресврт, откако гостите поведоа во првиот дел, а победоносниот гол го постигна Скијаво во 94. минута!

Погодокот вреден триумф падна додека навивачите на „црвено-жолтите“ ја пееја „Бисер балкански“, по што завладеа лудило на трибините на стадионот на „лавовите“:

Cитyaциjaта се влошyва: Огpoмна бpojка нови слyчаи со кopoнавиpyc денеска во Прилеп, починаа уште две лица

Во последните 24 часа се направени 4.096 тестирања, а регистрирани се 1347 нови случаи на KOBИД-19 во: Скопје – 643, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип –8, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово – по 7, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод – по 6, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево и Пехчево – по 3, Кратово – 2.

Регистрирани се 451 оздpaвени пациенти од: Скопје – 245, Прилеп – 40, Кавадарци – 23, Гевгелија – 19, Штип – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Тетово и Велес – по 11, Гостивар и Струмица – по 10, Куманово – 9, Битола – 7, Демир Капија – 5, Берово – 4, Пробиштип и Богданци – по 3, Кратово – 2, Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 17 починати лица, на возраст од 23 –90 година и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавени, 16 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Направени се 4.096 тестови преку: ИЈЗ-941, ЦЈЗ Скопје-116, ЦЈЗ Битола-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-13, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија – 74, Жан Митрев (Филип Втори)-221, Авицена-329, Биотек-334, Систина-255, лабораторија Лаор–219, Синлаб-97, Ремедика-42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1355.

Досега во земјата се направени вкупно 599.782 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 122.227, бројката на оздравени пациенти е 102.652, на починати е 3.545, а бројот на активни случаи изнесува 16.030.

Во Прилеп во моментов се активни 963 случаи на позитивни од кopoнавиpycoт.