Зошто СДСМ денес не ја изгласа подршката за бизнисот?

Стопанството на колена, граѓаните беспомошни. Петтиот пакет чека на добра волја на владиното мнозинство да биде изгласан – напиша на ФБ вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

“Рашковски даде оставка. Сѐ уште нема масовна имунизација, балкански водачи на нарко и криминални картели се наши сограѓани, обвинетите наместо за злосторничко здружување и фалсификување на патни исправи ќе бидат судени за злоупотреба на службена должност, рекордери по заболени и починати од корона, криза, паника, пљачка, уцени, закани, насилно превземање на компании.

Добредојдовме во новата реалност – Македонија 2021. Одбивам и ќе се борам против ова. Ние заслужуваме подобро, а одговорност ќе има.

П.С. Сѐ уште не слушнав реакција од Стопанската комора и укор до власта зошто игра политика, неместо денес да ги изгласа законите од петтиот пакет наменет за стопанството и граѓаните. Ќе бекне некој или чекаме нова средба со триото Битиќи – Бесими – Бектеши?” – пишува Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.