дома блог страница 2108

Димовски: Bлacта да не се заканyва со казни за попиcoт – нема ycтавна ocнова

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва во Канал 5 телевизија во емисијата „Само вистина“, истакна дека власта попусто му се заканува на народот нема ниту уставна основа за да ги казнува луѓето за пописот што го штитат своето здравје, како и дека според негова информација има веќе 5 инструктори за пописот кои се позитивни на Ковид.

-Нема уставна основа, затоа што Уставот на Република Македонија во дури четири членови Член 18, 25,26 и Член 49 ги заштитува граѓаните од ваква власт којашто е хибриден режим, утврдена по меѓународни репери. Член 39 вели „Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“, само по овој член од Уставот сето ова што го зборува директорот и неколку функционери на СДСМ коишто се закануваат со не знам какви казни паѓа во вода, истакна Димовски.

Димовски вели дека власт се доведе во ситуација да му се заканува на сопствениот народот на ваков начин на кој се закануваат функционерите на СДСМ во врска со казните за попис.

Д-p Беќapoвcки: “Ce очeкyвa нoв пик, и oвa лeтo нeмa дa имa одмop”

И ова лето нема да има одење на годишен одмор, изјави токсикологот д-р Нико Беќаровски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24.

Според д-р Беќаровски, новиот пик се очекува од 7 до 10 април.

Сега кога тестираме, се чудиме кога ќе добиеме негативен резултат. Порано бевме уплашени кога ќе добивме позитивен резултат, а сега сме изненадени ако тестот е негативен, па велиме да не е грешка, нека се повтори тестот за два-три дена, вели д-р Беќаровски.

Според него, брзите тестови е добро што се прават, но пациентите не треба да форсираат веднаш да ги прават, ако биле во контакт со заразено лице.

Брзиот тест е релевантен ако се појават симптоми. Не треба да се тестира некој ведаш ако бил во контакт со заразен, треба да се почека три до пет дена за се развијат симптоми и тогаш да се тестира, зошто ќе добие лажно негативен тест, изјави д-р Беќаровски.

Како расте просечната плата во Македонија: “Јас земам 18.000, Зоки 50.000, Симе 19.000 во просек сите по 29.000”

Твит на денот

“Јас имам плата 18.000, Симе 19.000 а Зоки 50.000 ден. Просек 29.000 . Јас останав без работа, Симе овој месец зема 16,000 а Зоки 50.000 ден. Просек 32.000 ден. Ете на што се должи растот на плати секој месец”.

Коментарите во продолжение на твитот се лудница:

Глyмеше во “Сам дома 3”: Еве како изгледа денеска, што прави и колку години има (Фото)

Меколи Калкин се прослави во првите две продолженија на хит-франшизата „Сам дома“ со улогата на Кевин, што веројатно ќе биде неизбежно да го гледаме на ТВ-каналите и во овој декември.

Во третиот по ред филм, Калкин беше заменет со Александар Дејвид Линц, а целата екипа се смени. Новото момче во третото продолжение случајно доби микрочип, кој беше скриен во играчка, а по кој трагаат опасни криминалци и поради сето тоа, тој станува нивна мета.

Наследникот на Кевин не постигна голема популарност играјќи го Алекс, но јавноста и индустријата сè уште се изненадени од фактот дека тој целосно се откажа од актерството и денес се занимава со заштита на животната средина.

Филмот „Сам во дома 3“ го сними тогаш 8-годишниот Линц во 1997 година, тој се појави во филмот „Големиот потег“ во 2001 година, глумеше во сериите „Сибил“ и „Млади и немирни“.

Но, соништата на момчето како да го „поминуваа“, па по средното училиште реши да се запише на колеџ и да се откаже од актерството. Денес има 31 година и живее во Лос Анџелес, а ретко се појавува во јавност.

Само ние најпаметни: Србија го одложи пописот за октомври

Поради пандемиjaта со кopoнавиpycoт, пописот на населението, кој го спроведува Републичкиот завод за статистика на Србија и кој требаше да се одржи во април, ќе биде одложен за октомври – oбјави српска “Политика”.

Властите во Србија сметаат дека пописот во овие услови е ризичен, со оглед на тоа дека на терен треба да излезат 15.000 попишувачи, и во рок од еден месец да го посетат секој дом, како и лицата сместени во старски домови, психијатриски болници, домови за деца без родители, студенти и ученици во интернати…

Од Републичкиот завод за статистика на Србија велат дека при носењето на одлуката за одлагање на пописот, во предвид ја имале и препораката од Одделението за статистика на Обединетите нации, кој им дале сет на препораки, во кои како најразумно решение се предлага одлагање на пописот.

За прв пат ноќно скијање во Крушево: Стазите на ски центарот “Станич” подготвени за туристите

Овој викенд за прв пат туристите и крушевчани ќе можат да скијаат на ски терените во вечерните часови.

Општина Крушево заедно со менаџментот на ски терените „Станич“ ги подготвија терените со нови ЛЕД сијалици и расчистување на стазите и нивна подготовка за скијање. Жичарницата и ски лифтовите ќе работат во текот на цел ден, а вечерното скијање ќе започне од 17 и ќе трае до 21 часот.

„Поставено е ново лед осветлување на скијачките терени ,,Станич”. Овој викенд започнуваме со ноќно скијање по сите здравствени протоколи, заедно со бизнис субјектот одговорен за менаџирање на ски терените. Само со нови и разнолики содржини ќе дојдеме до подобар локален економски развој, преку привлекување на домашни туристи почитувајќи ги протоколите да се прилагодуваме на новото нормално.За прв пат ноќно скијање во Крушево!“, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на социјалните мрежи.

Maкедонcко здpyжение во Гpциja бapa македонcки jaзик во гpчките yчилиштa

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права и честита на Организацијата Крсте Мисирков за нивната неуморна работа за обезбедување приватни часови по македонски јазик во Егејска Македонија (која Грција ја анектираше во 1912/13 година) и бара Грција да ги исполни своите меѓународни обврски и да обезбеди јавно образование на малцинските јазици.

Грција има политика на дискриминација против Македонците, како и другите малцински заедници. Таа ја прикрива својата политика кон Македонците со притисокот принудно да се смени името, идентитетот и историјата на Македонците преку “Договорот од Преспа”.

Место налудничаво да го слават “Договорот од Преспа” како “решение за еден дипломатски спор”, ОН, ЕУ и НАТО мораат да го осудат неговото спроведување како и да ја осудат Грција за бруталното кршење на човековите права. Тие мора конечно да побараат спроведување на конвенциите за заштита на човековите права кои Грција постојано ги крши. Прв чекор кон ова би било итно воведување на часови по македонски јазик во системот на јавно образование на Грција.

Во продолжение е споделено писмото од Организацијата Крсте Мисирков:

Политика со дискриминации во врска со малцинските јазици во Грција

Согласно со Договорот од Севр кој беше потпишан на 10 Август 1920 година меѓу Грција и коалиционите сили на Велика Британија, Франција, Италија и Јапонија, се предвидуваше обврската на Грција да превземи мерки за заштита на малцинствата кои живеат во нејзините граници. Договорот од Севр беше верификуван преку Законодавната уредба од 29 Септември 1923год, која беше објавена во Службениот Весник на 30 Октомври 1923год (Лист 311, број 1).

Меѓу обврските кои ги имаше превземено Грција во рамките на споменатиот Договор, беше забранување на било кое ограничување на слободна употреба на било кој јазик од било кој грчки државјанин и давање на олеснувања за употребата на било која јазик пред Судовите усно или писмено (член 7), давање на олеснувања за изучување на други јазици покрај грчкиот во државните училишта (член 9).

И покрај погоре наведените изрични и обврзувачки обврски на Грчката држава, тие воопшто не беа реализирани. Спротивно, постоеше една систематска политика за исклучување на малцинствата од употребата и изучување на нивните јазици.

Дополнително, од започнувањето на важењето на Конвенцијата на Лисабон во 2009 година, Картата за Основните Права на Европската Унија ги обврзува законски институциите на ЕУ и националните влади преку членот 22 во врска со почитувањето на јазичната разновидност, додека членот 21 забранува дискриминација врз основа на јазикот.

Организацијата Крсте Мисирков го осудува неприфатливото однесување на Општината Едеса (Воден) која ги прекршува системски погоре наведените законски обврзувања и следи една несовесна практика на апартхејдот за одредени групи на луѓе кои изразуваат една културна и јазична разновидност што се однесува на домородните Македонци од Едеса (Воден).

Барање кон Општината Едеса, на 19 Септември 2019, да отстапи една предавална во државно училиште од првостепеното образование, за конкретен временски период, со цел да се организираат часови по македонски јазик од страна на организацијата Крсте Мисирков во рамките на програмата за унапредување и изучување на македонскиот јазик на тие граѓани кои го зборуваат до некое ниво како мајчин јазик, но и на секое друго лице кое сака да го научи како странски јазик, беше отфрлено без оправдување и без Општинската Власт да ги земи предвид законските обврски на државата. Организацијата Крсте Мисирков ќе мора сега да започне една правна битка во грчките и можеби во европските судови, барајќи примена на тие закони. Во меѓувреме, часовите по македонски јазик се прават во приватен простор но, очигледно, со многу ограничен број на часови и ученици.

Овие прекршувања на законите не се однесуваат само на нашата организација, туку влијаат и на доста други друштва. Општинската Власт на Едеса (Воден) одлучи да ги отстрани од општинските културни програми за празничните манифестации за Божиќ, Нова Година, Карневалот итн, сите локални културни друштва кои ги унапредуваат локалните адети на тукашните Македонци и го употребуваат локалниот македонски јазик или дијалект, принудувајќи некои од друштвата да употребат приватни простории за нивните манифестации, бидејќи не им се дава соодветен јавен простор за таа цел, додека сите други културни друштва од градот добиваат помош и подршка за нивните активности од страна на Општината на разни начини. Главната цел на Градоначалникот на Едеса (Воден) е да ги запре целосно овие манифестации на Македонците во градот Едеса (Воден), применувајќи забранувачки практики кои потсетуваат претходни режими во кои Македонците имаа доживеано страшни состојби на културен геноцид, посебно во градските центри на Македонија.

Случајот со друштвото «Дом на Македонска Култура» беше поднесен до Европскиот Суд за Човекови Права пред 30 години и покрај нејзиното осудување од овој Суд, 3 пати, Грција уште го нема законски запишано ова македонско друштво.

Спротивно од тоа, едно ново македонско друштво « Братство на Тукашни Серејци – Браќа Кирил и Методи» кое беше законски запишано од Судот на Синтики во месец Декември 2017 година, Основниот Суд на Серез (број 185/2019) одлучи да го растури, со обвинение дека употребата на терминот “допии” (тукашни / домородци) во насловот и во статутот на друштвото, е произволна бидејќи терминот “допии” се однесува на сите грчки граѓани од градот Серес а не само на членовите на едно друштво.

Долги децении, од 1925год, терминот “македонски” за неговото самоопределување беше забранет на македонскиот народ кој живее во неговата татковина, во егејскиотдел од Македонија, и така терминот “допии / тукашни” беше употребуван за да ги определи Македонците, да ги разликува од сите други групи луѓе кои живеат таму и, воглавно, да ги разликува од Грците кои беа дојдени од Турција и беа пренесени во Македонија после потпишувањето на Договорот од Лозана, во 1923год, меѓу Грција и Турција, преку кој се договорија за размена на населенија.

Така, тие што ги «крстија», со децении наназад, Македонците со мајчин јазик македонскиот како домородци или тукашни (допии) и нивниот јазик како допија (тукашен), одлучија сега, преку судска одлука, дека нашиот јазик не треба да се нарекува Допија (тукашен)!!! Но ниту Македонски.

Оваа состојба со дискриминација која се наметнува на еден дел од грчките граѓани кои посакуваат да ги задржат сите традиции, адети и нивниот јазик, треба да престане веднаш како и прекршувањето на државните закони, преку произволни и расистички одлуки на општинските власти, да не се дозволуваат веќе. Ова однесување, многу слично со состојбите апархајд, може да донесе само проблеми во локалните општества и не одговара на една демократска земја која ги почитува законите и вредностите на Европската Унија.

Moмците играат “бззз” во пресрет на дуелот со Романија (Видео)

Романски новинар на Твитер објави видео од атмосферата во македонската фудбалска репрезентација, во пресрет на вечерашниот дуел против Романија во Букурешт.

Нашите момци се забавуваат и ја играат популарната игра позната како “Бззз”…

Погледнете:

Најјакиот мајтап со власта за вakцините досега (Видео)

Мајтапот кон властa поради се yште не набавените вакцини не престанува.

Народот покрај тоа што е загрижен со право се мајтапи со власта, која само ветува простигнување на вакцините од месец на месец.

Овој пат на Јутјуб се појави видео клип како пристигнуваат вакцините во земјава, но за жал тие се невидливи за сите:

Xyмaнocта на дело: “Евротип” и “Голд Слот” ја спроведеоа најуспешната кpводapителcка акциja досега (Фото галерија)

37 крвни единици беа собрани на досега најуспешната кpводapителcка акциja организирана од страна на спортските обложувалници “Евротип” и “Голд Слот” клубовите.

Третата по ред акција од ваков карактер наиде на голем одзив помеѓу вработените, а за првпат се вклучи и Благојче Брдаковски, верен обложувач во “Евротип”, кој за акцијата дозна преку социјалните мрежи, а на овој начин сакаше да ја истакне својата хуманост.

Покрај од Битола, течност која живот значи даруваа и вработени во “Евротип” и “Голд Слот” клубовите од Дебар, Прилеп и Ресен.

„Искрено сме изненадени од одзивот на кој наиде оваа наша акција. Во неа се вклучуваат наши верни играчи, вработени од другите градови, а на наше задоволство, акцијата наиде на слух и кај останати компании од градот, кои се одлучија да учествуваат по направениот прв чекор од “Евротип” и “Голд Слот”.

Ќе продолжиме и понатаму со организирањето на акции од ваков карактер, а се надеваме дека и други ќе се вклучат на оваа наша иницијатива. Ние не застануваме тука со нашата хуманост“. – изјави Елена Трајчевска, организатор на акцијата на “Евротип” и “Голд Слот” клубовите.

Од општинската организација на Црвен Крст – Битола изразија благодарност до сите кои учествуваа, како и до организаторите за нивната мотивација да организираат вакви акции, и да даваат поттик на секој кој може да помогне на ваков начин.

Ова беше трета акција по ред организирана од “Евротип” и “Голд Слот”, а на претходните две беа собрани 33, односно 27 крвни единици.

На крводарителите кои даруваа крв по петти и десетти пат им беа доделени благодарници.

Бидете хумани, дарувајте крв и спасете живот!