дома блог страница 208

Носител на листа ветува конкретни бројки за спортот во Прилеп

Пишува Никола Трајкоски, носител на советничка листа за Прилеп

ФУДБАЛОТ И СПОРТОТ ВО ПРИЛЕП: ПОЛИТИКИ КОИ ЈА УНИШТИЈА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ!

Во последните години, спортот во Прилеп, а особено фудбалот, доживува драматичен пад во квалитетот и организацијата. Од моментот кога лошите политички одлуки започнаа да доминираат во областа на спортот, Прилеп изгуби сè што имаше: традицијата, талентите и потенцијалот да стане центар на фудбалскиот развој на југозападот на Македонија.

За сите оние кои го следат фудбалот, јасно е дека не е случајно што нашите фудбалски тимови во последните години се на дното на табелата, а нашите млади спортисти го напуштаат градот во потрага по подобри услови и можности. Причината за тоа не е недостигот на талент или љубов кон спортот, туку лошата управа, политичките одлуки и на жалост, неспособноста на одговорните да ги препознаат важноста на вложувањата во инфраструктурата и развојот на младите фудбалски екипи.

Сè ова покажува колку долг имаме кон иднината на младите фудбалери.

Општество кое не вложува во своите млади и спортисти не може да очекува подобри резултати. Политика која ја занемарува важноста на спортот како средство за развој на здрави, образовани и дисциплинирани граѓани е политика која нема да придонесе за напредокот на Прилеп во ниту еден смисол.

ПОВИК ЗА ПРОМЕНИ

Сметаме дека е време спортот да се врати на вистинскиот пат. Потребни се сериозни вложувања во инфраструктурата, обуки на тренери и создавање услови за младите фудбалери да го покажат својот потенцијал. Потребно е одредената моќ на поединци да се отстрани од спортските терени и да им се даде шанса на оние кои навистина се стручни и посветени на оваа област.

Нашиот град заслужува подобро и време е младите спортисти, и сите оние кои сакаат да успеат во спортот, да добијат шанса да го покажат својот талент и можности. Политика која не ги препознава важноста на спортот, која не го гледа фудбалот како средство за изградба на единство и гордост, едноставно не е политика која води кон подобра иднина.

За што јас би се борел доколку влезам во советот:
1.10.000 евра за секој клуб од 4-лига
2.30.000 евра за секој клуб од 3-лига
3.150.000 евра за секој клуб од 2-лига
4.300.000 евра за секој клуб од 1-лига
5.300.000 евра за сите останати спортови!

И доколку имам среќа ако влезам во советот, мнозинството во советот да зависи од мојот глас ЧЕСЕН ЗБОР ДАВАМ ПРЕД ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ, се додека не се исполнат и прифатат овие барања нема да гласам за ништо друго!

Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од вчера е во дводневна работна посета на Атина, каде ќе оствари работни средби со високи претставници на Владата на Грција.

Во рамки на посетата, планирана е средба со вицепремиерот Костис Катзидакис, министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис. Исто така предвидена е средба и со менаџментот на пристаништето Пиреа.

Како што информираат од Министерството за транспорт, на средбите предвидено е да се разговара за економската соработка меѓу двете земји, како и за подобро регионално поврзување. Ќе се разговара и за изградбата на брзата пруга на коридорот 10, што многу ќе приоднесе за развој на трговијата и размената меѓу двете држави, а ќе преставува и главен крвоток за поврзување на грчките пристаништа со Централна Европа.

Во рамки на средбите планирано е да се отворат теми за унапредување на сообраќајот на Коридор 10 и 10-д, зголемување на ефикасноста во патниот и железничкиот транспорт, за промовирање на ависообраќајот, како и унапредување на регионалната соработка.

Прилеп знае да се забавува и после работа! Овој четврток ве каниме на првата Аfter Work забава во Terasa Pub Club

Најдобрата тераса во Прилеп – Terasa Pub Club ве кани на првата AFTER WORK забава. Локалот кој во изминатите месеци прерасна во една прекрасна приказна во срцето на Старата прилепска чаршија, сака да го врати градот во живот, да потсети дека прилепчани не заборавиле како е да се забавуваат и после напорен работен ден.

Овој четврток (25.09.) во Теrasa ќе ве забавува популарното дуо Боби и Никола, кои со сигурност ќе ја подигнат енергијата уште со првиот акорд.

Совршена комбинација после работните обврски – прекрасен поглед кон Старата прилепска чаршија и Саат кулата, голем избор на мезлаци, над 30 видови пиво и разновидни освежителни пијалоци.

Повелете на првата AFTER WORK забава во Terasa Pub Club – резервирајте на тел. бр. 070 304 967

Разрешен министерот кој пушел во ресторан

Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за пушење во ресторан.

Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук таа напиша дека одлуката за разрешување на заменик-министерот од функцијата ја донела по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк.

Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ресторан, што предизвикало вознемиреност кај присутните.

„Добив жалба од наш сонародник во Њујорк, кој, заедно со своето семејство бил во ресторан. Беше загрижен поради фактот што заменик-министерот за внатрешни работи Махила пушел цигари во истиот ресторан. Спроведов соодветна проверка и му го соопштив на заменик-министерот неговото разрешување од должност“, напиша Кочиу.

Министерката нагласува дека таквото однесување не може да се смета за невина грешка, туку за јасно кршење на законот.

„Секој може да направи грешка ненамерно и тоа може добро да се разбере, но пушењето цигари во ресторан не е ненамерна грешка, туку неоправдано кршење на законот. Уште повеќе за раководител на институција како што е Министерството за внатрешни работи“, додава таа.

Албана Кочиу е прва жена на чело на полицијата во историјата на Албанија. Во минатата влада беше министерка за здравство.

Трамп во Обединетите Нации: „Вашите земји одат по ѓаволите“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се обрати на 80-тото заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Трамп, кој пристигна во ОН во придружба на неговата сопруга Меланија, на почетокот од својот говор рече дека поминале шест години откако последен пат се обратил на Генералното собрание на ОН.

Тој веднаш ја критикуваше претходната американска администрација, обвинувајќи го својот претседателски претходник Џозеф Бајден за повторените „серии катастрофи“.

Трамп изјави дека осум месеци по неговиот втор мандат, САД се „најтоплата земја“ во светот, фраза што често ја користи.

„Ова е навистина златното доба на Америка“, рече Трамп.

Тој зборуваше за неодамнешниот максимум на американската берза, инвестициите во САД, намалувањето на даноците и регулативите и безбедноста на границите.

Тој нагласи дека завршил седум војни.

Според него, станува збор за војни меѓу Израел и Иран, Пакистан и Индија, Руанда и Демократска Република Конго (ДРК), Тајланд и Камбоџа, Ерменија и Азербејџан, Египет и Етиопија и Србија и Косово.

Тој, исто така, дел од своето обраќање го посвети на справувањето со имиграцијата за време на неговиот втор мандат.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на земјата Ел Салвадор за успешната и професионална работа што ја завршија во приемот и затворањето на толку многу криминалци кои влегоа во нашата земја, а токму под претходната администрација тој број стана рекорд“, рече Трамп.

Нагласи дека војната во Газа мора да престане и дека Хамас мора да ги ослободи заложниците. Тој ги критикуваше државите што ја признаа палестинската држава овие денови.

„Сега, како да охрабруваат продолжување на конфликтот, дел од ова тело се обидува еднострано да признае палестинска држава. Наградите би биле преголеми за терористите на Хамас за нивните злосторства. Ова би била наградата за овие ужасни злосторства, вклучително и 7 октомври“, истакна американскиот претседател.

Што се однесува до војната во Украина, тој сметаше дека лесно ќе ја запре таа војна поради неговиот добар однос со рускиот претседател Владимир Путин.

„Оваа војна никогаш немаше да започне ако јас бев претседател во тоа време“, смета Трамп.

Тој, исто така, ги критикуваше Кина и Индија за купување руска нафта, како и некои земји-членки на НАТО.

„Тие купуваат руски гас од Русија додека се во војна со Русија“, рече Трамп, додавајќи дека тоа е срамота.

Претседателот на САД рече дека „во случај Русија да не е подготвена да постигне договор за прекин на војната, САД се целосно подготвени да воведат многу силна рунда моќни тарифи“.

Но, тој ги опомена европските сојузници и рече дека тие „ќе мора да им се придружат“ на САД во „усвојувањето на истите мерки“, објавува Гардијан.

Потоа зборуваше за биолошкото оружје.

„Ако се користи, светот буквално би можел да заврши“, вели тој – и ги осуди истражувањата за биолошко оружје и вештачки патогени како „неверојатно опасни“.

Потоа објави дека САД ќе бидат пионери во систем за верификација на вештачка интелигенција за да се справи со тоа како земјите пристапуваат до биолошко оружје, за што рече дека се надева дека ОН ќе игра „конструктивна“ улога – но не објасни како ќе функционира системот.

Претседателот на САД зборуваше за стапката на имиграција низ Европа. Тој ги повика сојузниците да учат од неговата работа во Америка.

„Презедовме смели акции за брзо да ја запреме неконтролираната миграција. Кога почнавме да ги притвораме и депортираме сите што ја преминуваат границата и ги отстрануваме нелегалните странци од Соединетите Американски Држави, тие едноставно престанаа да доаѓаат“, рече тој.

Трамп ја нарече стапката на имиграција низ Европа дел од „глобалистичката агенда за миграција“.

Тој издаде остро и изненадувачко предупредување до земјите што ги смета за преплавени со имигранти.

„Време е да се стави крај на неуспешниот експеримент со отворени граници. Мора да го завршите сега. Вашите земји одат по ѓаволите“, нагласи Трамп.

„Патем, се ослободуваме од лажно именуваните обновливи извори на енергија. Тие се шега“, рече тој.

Трамп изјави дека зелената енергија не функционира и е премногу скапа, особено кога станува збор за енергијата на ветерот.

„Ако не се извлечете од оваа измама со зелена енергија, вашата земја ќе пропадне“, рече тој.

Тој особено ја издвои Европа.

„Од друга страна, Европа има долг пат пред себе, бидејќи многу земји се на работ на уништување поради агендата за зелена енергија“, додаде тој.

Работната недела е полесна кога знаеш што те чека во “ПОРТА” викендов

Повеќе од две децении посветеност во угостителството носат големо искуство и чувство за тоа што навистина му е потребно на секој гостин во градот. Ресторанот „ПОРТА“ веќе 20 години останува препознатливо место во Прилеп каде што секогаш се добива најдоброто.

Работната недела е секогаш полесна кога знаеш дека викендот во “ПОРТА” имаат гурманска понуда на одлична храна и музика.

Во петок (26.09.) со почеток од 20:00часот одново се дружиме и уживаме со добро познатиот состав од Кавадарци – “Aкустико лајт бенд”. Kвартетот од Кавадарци како и секогаш ќе понуди музика за уживање за сите вистински гурмани и вљубеници во староградските звуци.

Во сабота (27.09.) Ресторан “Порта” ве кани на денска музичка дружба со маестралните “Битолски тамбураши”, кои од 14:00 часот дополнително ќе го разубават просторот со прекрасни звуци.

Дојдете и уживајте и овој викенд во срцето на Старата прилепска чаршија, во ресторанот кој создава една поинаква гастрономска приказна во која секој има своја улога и остава свој белег.

Резервирвации на тел.бр. 078 368 111

Лишен од слобода прилепчанец – возел со 2,35 промили алкохол во крвта –

-На 22.09.2025 во 19:30 часот на ул. „Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Ѓ.(61) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со прилепски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Б.Ѓ. возел под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,35 промили алкохол во крвта – информираат од МВР.

Штип доби затворен базен, а Прилеп нема ни една спортска сала

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше на пуштање во употреба на затворен базен во Штип, од каде им честиташе на градоначалникот и на министерот за спорт, но и на пратениците во македонското Собрание од Штип, коишто вели дека вложуваат атом повеќе енергија, повеќе за да обезбедат проект повеќе овде за Штип.

-Навистина би сакал исто така да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата во Општина Штип што изминативе скоро четири години реализираа голем дел од проектите. Со тие проекти можам слободно да кажам дека Штип доби една современа, модерна физиономија, дека навистина е центар во истокот. Штип денеска делува навистина импресивно и работата на градоначалникот навистина инспирира и очекувам дека и во следните четири години ќе продолжи со истата динамика на реализација на тие проекти за уште поубав Штип, за Штип којшто ќе има уште повеќе реализирани проекти, а ние како централна Влада тука сме да ја поддржиме реализацијата на тие проекти, рече Мицкоски.

Овој базен којшто претставува типска градба е еден од шесте најавени, втор отворен по ред.

-Знаете дека овие проекти беа заглавени со години, 4-5 години стоеја, тапкаа во место, не беа реализирани, но еве сега со доаѓањето на оваа Влада, изминатите 15 месеци откако сме Влада, ги задвиживме овие проекти, тие се реализираат. После оној во Кисела Вода, овој во Штип е следен, следат Кичево и Битола, па потоа Ѓорче Петров и Карпош и оној во Кавадарци, се разбира. Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, затоа што, како велат, во здраво тело здрав дух. Ние би сакале да ги навикнеме младите уште од најрана возраст да спортуваат бидејќи на тој начин се градат во вистински личности, личности коишто витешки ќе се борат во својот живот и ќе напредуваат. Така што еве, ако оваа градба овдека помогне во таа насока, јас би бил пресреќен, посочи премиерот.

Поради недостиг на вода, од денеска ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги стави во употреба бунарите

Поради недостиг на вода од денеска ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги стави бунарите во употреба. Сооппштението од јавното претпријатие во целост го пренесуваме во продолжение:

-Во изминативе неколку денови се соочувавме со недостиг на потребните количини на вода кои пристигнуваат од изворот Студенчица поради намалената издашност на изворот предизвикано од летниот сушен период. Но, исто така на ниво на град зголемена е потрошувачката на вода што не е очекувано за овој период од годината. Овие причини предизвикаа нарушување на водоснабдување на градот (посебно во повисоките зони). Со цел да се обезбедат количините на вода кои се потребни ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп од денес ги стави во употреба дел од бунарите со цел да може да се нормализира водоснабдувањето во сите делови од градот. Но, исто така искрено замолуваме сите да се однесуваме совесно и рационално во користењето на пивката вода!

Инаку, деновиве голем број граѓани, особено од повисоките делови на градот, се пожалија на социјалните мрежи дека или немаат вода, или притисокот е целосно намален.

По поразот во Скопје со 8:1, Победа остана и без тренер – Дунимаглоски си поднесе оставка

Фудбалерите на Победа викендов го доживеаја најтешкиот пораз, каков можеби не се памети никогаш. На гостувањето кај Скопје, црвено-белите беа поразени со 8:1, а сега останаа и без тренер.

По поразот и слабиот старт на сезоната, оставка од тренерската позиција си даде Стојанче Дунимаглоски. Иако резултатите и состојбата во клубот се најмалку негова вина, Дунимаглоски сепак одлучи да се повлече.

Победа во моментов се наоѓа на претпоследното место на второлигашката табела, а зад неа е само ФК Големо Коњари.

Сега, се очекува раководството на клубот, да донесе одлука кој ќе го наследи Дунимаглоски. Кој и да е, ќе мора да се справи со очајната ситуација во прилепскиот фудбалски гигант, и носителот на титули во ПМФЛ шампионатот.