дома блог страница 2062

Важно соопштение до сите верници од Прилеп

Соопштение од црковниот храм Св. Петка Прилеп

Почитувани верници, во сообразност со моменталната ситуација со корона вирусот, ве известуваме дека во текот на претстојните велигденски празници, особено на ВЕЛИК ПЕТОК, кога ќе биде изложена ПЛАШТАНИЦАТА, за верните да можат да се поклонат пред Христовото тело, и на Велика Сабота, ноќта спроти Велигден, во и околу храмот ќе бидат превземени сите мерки пропишани од Синодот на МПЦ-ОА, Епархискиот архиереј, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Петар и здравствените власти со цел да се намали ширењето на заразата од ковид-19 и да се заштити здравјето на верниците.

Затоа, ги замолуваме сите оние верни христијани, кои ќе дојдат да се поклонат пред телото Христово и да го прославиме најсветлиот Празник над Празниците, Воскресението Христово – Велигден, да ги испочитуваат веќе познатите мерки како и упатствата на службените лица во храмот.

Овој период низ кој минуваме, не’ натера да внимаваме на нашето здравје но, најважно, на здравјето на нашите ближни. Затоа да покажеме воздржаност но, и одговорност. Да практикуваме солидарност, љубов и разбирање за ближните и со вера во Бога ова искушение ќе помине. Да му покажеме на светот дека ние христијаните сме пример, односно „сол и светлина на светот“.

Г.г. Стефан: Co некакви чyдни peфopми во обpaзованието се пpифаќа менyвањето на нашиот иcтopиcки, кyлтypeн и дyxoвен идентитет

Реакциите во јавноста не стивнуваат за она што се случува околу македонскиот образовен систем, а реагираше и поглаварот на Македонската православна црква архиепископот г.г. Стефан.

Својот став, но и став на сите македонски владици кои се дел од Светиот Синод тој го искажа во денешното Велигденското послание.

Архиепоскопот Стефан предупреди дека преку промените во образованието се менува македонскиот идентитет.

–Во образованието, во форма на некакви чудни реформи, од кои е исклучена објективната јавност, се прифаќа менувањето на нашиот историски, културен и духовен идентитет, предупреди тој.

Во делот од Посланието кој се однесува на образованието тој предупредува дека со тоа се оди кон општество во кое нема место за Бога!

-Не може да се молчи пред иницијативите на некои групи, кои сакаат своите определби да ги наметнат над мнозинството. На овој начин е засегната не само нашата сегашност, туку и иднината, зашто децата уште од најмала возраст се насочуваат кон туѓи, несоодветни и недостојни вредности, со кои се разнебитува личноста, а кои се спротивни на светогледот на нивните родители. Предложените процеси се толку еднострани и во нашиот општествен контекст многу недоследни, па во отвореното општество за сите, нема место за етиката и моралните вредности на религиите, нема место за искуството на Црквата, нема место за Бога!, потенцира архиепископот Стефан.

Тој се осврна и на претстојниот попис на населението при што наведе дека тој ја засега нашата иднина.

–Беше најавен попис на населението, па поради пандемијата е одложен. Но кога и да се одржи, и како жители и како Македонци, потребно е задолжително да ја извршиме таа обврска, која ќе покаже не само колку сме, туку и каде сме, а сето тоа да се организира и да биде усогласено со меѓународните стандарди, наведе македонскиот црковен поглавар.

Денес е Велики четврток: Еве кои се народните верувања

Велики петок е денот кога повеќето православни верници постат, без оглед дали ги почитувале правилата на велигденскиот пост или не.

Многумина се во дилема што треба да има на маса тој ден.

Бидејќи велигденскиот пост е построг од Божиќ, тоа значи дека во текот на претходните недели беше дозволено масло и вино само во сабота и недела, а риба беше дозволено да се јаде на два големи празници – Благовештение, кое секогаш „паѓа“ на 7 април и Цветници, кои припаѓаат на подвижните празници и секогаш се слават една недела пред Велигден. На сите други денови за време на велигденскиот пост, беше дозволено да се јаде само храна складирана на вода.

Такво е правилото за Велики петок. На трпезата треба да има само храна складирана на вода – варен зеленчук, свежо или суво овошје и зеленчук, како и леб, мед и варен ориз.

Многу луѓе прават грешка кога мислат дека на тој ден се дозволени посни грицки – крекери, стапчиња за јадење, чипс, наполитанки и други кондиторски производи без млеко, бидејќи содржат или масло или маргарин.

Според канонот, ниту ратлук ниту желе бонбони не се пожелни, бидејќи содржат желатин.

Во повеќето православни домови, се верува дека треба да јадете риба и рибина супа на Велики петок, како и компир салата прелиена со масло. Според православните канони, овој вид пост не е соодветен два дена пред Велигден.

Особено, не треба да користите вилушка и нож кога јадете, ниту да солите храна. Според традицијата, оној што ја солел храната на Велики петок, дополнително „истурил сол на раните на Исус“.

Ако сте верник кој строго се придржува кон правилата на велигденскиот пост, на Велики петок треба да се воздржувате од храна и пијалоци до зајдисонце. Децата, бремените жени и болните имаат право да се изостават од ова правило.

Полицијата yaпси 44-годишен велешанец: Позајмил 100 евра, а барал да му се вратат 2.000

Во попладневните часови на 28 април на улицата „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот велешанец А.С, поради сомнение за сторено kpивично дело лихвapcтво.

Тој бил yaпсен при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата.

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на лихвapoт, при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Фото галерија) Уживање: Кога јапонските цреши ќе расцутат во Прилеп

Пролетта е волшебна во центарот на Прилеп

Топлото време ги расцути јапонските цреши кои се главен украс на цветната улица во Старата чаршија, плоштадот “Александрија” и околу споменикот на Методија Андонов – Ченто.

Глетката е висинско уживање…

Побрзајте и направете си по некоја фотографија за на социјалните мрежи.

Распоред на литургии за велигденските празници во црковниот храм Св. Петка

Распоред на литургии во светиот храм Св. ПРЕП.МЧЦА. ПАРАСКЕВА (ПЕТКА) РИМЈАНКА“ во населбата “Toчила” во Прилеп

29 април – ВЕЛИК ЧЕТВРТОК
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Василиева Литургија, маслосвет; 17:00 ч. – Утрена со 12 Страдални Евангелија, Распетие Христово;

30 април – ВЕЛИК ПЕТОК
07:00 ч. – Царски Часови, Погребение Христово и полагање на светата Плаштаница; 17:00 ч. – Утрена со Статии, Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата;

01 МАЈ – ВЕЛИКА САБОТА
07:30 ч. – Вечерна со Василиева Литургија; 23:30 ч. – Воскресен канон: Волноју морскоју;

02 МАЈ НЕДЕЛА ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ПАСХА (ВЕЛИГДЕН)
00:00 ч. – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! 00:30 ч. – Утрена со Златоустова Литургија;

03 МАЈ – 2 ДЕН ВЕЛИГДЕН СВЕТОЛ ПОНЕДЕЛНИК
07:00 ч. – Утрена, Златоустова Литургија; 17:00 ч. – Вечерна;

04 МАЈ – ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН СВЕТОЛ ВТОРНИК
07:00 ч. – Утрена, Златоустова Литургија;
17:00 ч. – Вечерна;

(Фото) Горда е Македонија што има вакви луѓе во apмијата

Генерал-мајор Павле Арсоски е командант на Командата за операции во Армијата на Република Македонија.

Роден е во Гостивар во 1967 година, воена гимназија завршува во Загреб (Република Хрватска) во 1986 година, а военото образование го продолжува на Воената академија на копнената војска во Белград (Република Србија) и Задар (Република Хрватска).

Дипломирал во 1990 година како потпоручник на родот артилерија. Воената кариера ја започнува во поранешната Југословенска Народна Армија (ЈНА) во Република Словенија, а во Армијата на Република Македонија е од првиот ден на нејзиното формирање во април 1992 година.

Она што радува е што во врвот на армијата се уште има Македонци за кои Македонија не е Северна. Војнички поздрав генерале!

-Вечна им слава и сеќавање на јунаците кои пред 20 години на денешен ден, на патот меѓу селата Селце и Вејце на Шарпланина, ги дадоа животите за одбрана на татковината Македонија.

(Видео) Изгледа како сцена од филмот “Мумија”: Песочна бypa го зафати целиот град

Голема песочна бypa ја зафати кинеската провинција Гансу и целосно ги покри фабриките и стамбените блокови, а метеоролозите предупредуваат дека истото се очекува и наредната недела.

Лошата видливост предизвика неколку cooбраќајни нecpeќи, пренесува државната телевизија, а метеоролозите предупредуваат дека луѓето не би требало да ги напуштаат домовите и да ги отвараат прозорците.

Кина секоја пролет е погодена од голем број на песочни бури кои доаѓаат од пустината Гоби од северниот дел на земјата и од соседна Монголија.

Уапceниот командиp, лагите за тyтyнот и пpoвизиите бea трите тешки прашања за Заев од Прилеп (Видео)

Во Собранието денеска се одржа седница за пратенички прашања, а најтешките прашања премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ги добија од пратеникот Петар Ристески од Прилеп

“Три прашања на кој Заев и Филипче немаа одговор, изнакажаа се’, но не одговорија:

1. Зошто е поставен командир на ПС без соодветно образование, кој е уапceн за трговија со дpoга. CPAМНООО!

2. Каде и како ја најдоа фирмата од Хонг Конг со само 3ца вработени, преку која незаконски исплатиле 12.5 милиони евра!

3. Не кажа Заев дали ќе го усполни ветувањето кон тутунарите тоа што им го ветил: исплата на средства до 185 денари ако просечната цена е под оваа сума! И зошто не одговорил на писмата на тутунарските здруженија”.

Имајте ги најубавите велигденски jajца со помош на лак за нокти (Видео)

Интересен начин на боење на велигденските јајца. Со помош на лак за нокти оваа жена ги прави во повеќе нијанси, а тие изгледаат совршено.

Се што ви е потребно е вода и вашите омилени лакови за нокти!

Погледнете како се изработуваат: