дома блог страница 2061

Денеска е Велики Петок – нajтaжниот ден во xpиcтиjaнcтовото

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи.

Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус. Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“.

Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје. На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб.

Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус. Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.

Пред Велигден тyтyнapите со пpaзни paце, субвенции на крајот од мај – одново му се обратија на 3аев кој не лажел, туку кажувал невистини? (Видео)

Тутунарите гневни на премиерот Заев по вчерашниот негов одговор на пратеничкото прашање за нив, кога тој рече дека за тутунопроизводителите Владата обезбедила 7 милиони евра поддршка. Тутунарите, на социјалните мрежи му возвратија дека очигледно било дека земјоделците и премиерот не живееле во иста држава и во ист свет, притоа коментирајќи дека тој не ја говорел вистината.

Наспроти многубројните повеќемесечни ветувања дека ќе им биде ублажена огромната штета од последната незапамтено лоша откупна кампања, македонските тутунари и за Велигденските празници остануваат со празни раце. Се уште ништо реално од петтиот пакет Ковид-мерки, ги нема субвенциите, а ги нема ниту ветените дополнителни 26 денари по килограм тутун за веќе откупениот род. Тутунарите се жалат дека живеат на вересија.

„До ланската година, субвенциите ги добивавме во април месец, годинава тоа нема да биде случај..субвенциите се предвидуваат на крајот на месец мај. Исто така, Ковид-мерката е изгласана, но тутунарите не добиле средства, не знаат ни како ќе се распределат. Молк е и од Владата, и од Министерството, а и овие средства што ги бараме за просечната цена, и тие не знаеме дали ќе ги добиеме“, – ни изјави за Алфа, координаторот на четирите новоформирани тутунски здруженија, Игор Мирчески.

Она што дополнително ги загрижува е и стартот на новата реколта, која во одредени региони веќе е во тек. Бидејќи немаат пари, а годинава имаат и услов за намалување на годишното производство и плус околу еден милион килограми неопткупен лански тутун кој им „лежи“ по амбарите, не знаат како ќе издржат. Велат дека доколку продолжи овој игнорантски и манипулативен однос на надлежните, повторно ќе се вратат на улиците.

„Во случај да не се исплати Ковид-пакетот, да не се исплати разликата онаа која што ни ја вети во Владата, тутунарите сега веќе нема што да изгубат, туку едноствано своите права, а ќе ги повикаме тука и сите земјоделци, впрочем и целата земјоделска политика, аграрна политика ни е во хаос, ќе ги повикаме на еден масовен протест…Ние сме категорија која произведува храна и ја храни нацијата, ние не сме на товар на Буџетот, значи бараме само она што нас ни следува“, – дециден е Мирчески.

Инаку, тутунопроизводителите пред неколку дена, по којзнае кој пат, со јавно писмо побараа од Заев итно да се отвори дебата за нивните проблеми, а на која задолжително ќе учествуваат и тие.

Каролина Дурло

Денеска од иницијативниот одбор на тутунарите одржаа и прес конференција, од каде истакнаа дека го почитуваат премиерот како функција и нема да го користат зборот лаги, туку зборот невистини.

Ќе почнат и единици да пишуваат за ова? (Фото)

На социјалните мрежи се прошири фотографија за која се тврди дека е од писмена работа на ученик во основното образование во Кочани

Наставникот/та го корегирала ученикот во делот каде тој одговара дека неговата татковина се вика Македонија.

Ќе почнат ли во иднина да намалуваат оценки или да пишуваат единици за ова?

3aeв: Платите се видливо зголемени, може да се нaпpaви paзлика

Финансиските ефекти од владините пакет економски мерки покажуваат излез од кризата и заживување на економијата. Платите се зголемени во образованието, здравството, армијата, во приватниот сектор со субвенционирање на платите…, Не можам да кажам дека е доволно, но навистина е видливо и може да се направи разлика, изјави на вчерашната седница за пратенички прашања во Собранието премиерот Зоран Заев.

-Во 2017 имавме минимална плата 9 000 денари, сега таа е 15 200 денари и нема веќе сектори кои земаат плата под минималната како што беше пред 2017. Тоа значи зголемување од 6 000 денари или 72 000 по лице годишно кај секој работник.

Зголемувањето на платите во основното и средното образование е за 2100 денари, 3 200 во високото образование.

Просечната плата во здравството ја зголемивме за 4700 денари, а во одбраната меѓу 3000 и 6000 денари зависи од работното место, рече Заев.

Тој додаде дека социјалните работници добиваат плата поголема за 6700 денари во однос на 2015-та, за воспитувачките за скоро 5000 денари, а во земјоделството освен изедначувањето на минималната плата платите се зголемени за 4600 денари

Пендapoвcки за Byчиќ: “Во се’ е подобар, не можам со него да се споредам”

Стево Пендаровски вели дека не може да се споредуваа со српскиот претседател Александар Вучиќ, бидејќи како што вели, почнувајќи од пруги од вакцини во се‘ бил подобар Вучиќ.

-На секој балкански претседател му излегувам на мегдан, со Александар Вучиќ не можам, еве му признавам. Во сѐ е подобар од пруги до вакцини, рече претседателот на државата Стево Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5 прашан со што се вратил од Брисел, бидејќи српскиот претседател се вратил со грант од 600 милиони евра за брза пруга.

-Со Алекасандар Вучиќ еве капа долу. Во таа дисциплина во која тој се натпреварува јас објективно нема што да барам, не можам со него да се споредам. Со сите претседатели можам, ама со Вучиќ не, за вакцините и за автопатот, вели Пендаровски.

Mладите од CДCM: Дoceгашните yчебници беа полни со говop на омpaза, cтepeoтипи и дискриминатopcки coдpжини (Видео)

СДММ го поддржува новиот закон за учебници кој обезбедува квалитетна содржина за учење и комбиниран модел на примена на печатени и електронски материјали – изјави на денешната прес конференција Евгенија Јанакиеска од СДММ

“Со овој закон, ставаме крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза, кои ја зајакнуваа патријархалната улога на жената, ги туркаа на маргините на општеството веќе исклучените социјални групи, ја загреваа меѓуетничката омраза и ја претставуваа власта како доминантна и моќна поставена НАСПРОТИ граѓанинот како мал и ситен.

Учебниците имаа безброј печатни, логички, граматички грешки, беа полни со, невистини, манипулативни содржини. Ваквото образование ги рангираше македонските ученици на дното на меѓународните тестирања.

Со новиот закон, ги следиме современите образовни трендови, правиме промени за да држиме чекор со сите европски земји, кои забрзано ги дигитализираат своите општества.

За првпат имаме закон во којшто јасно се наведува дека за учениците кои се од социјално ранливите семејства, како и за учениците со попреченост училиштето е должно да пристап до електронски уреди и помошна технологија. За првпат имаме закон којшто обезбедува учебници на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Новата концепција за основно образование ќе ги изгради децата во личности кои се образовани, функционално писмени и кои нема да имаат огромни јазови во знаењата со своите врсници од развиените земји, напротив ваквиот образовен систем ќе им овозможи висока квалификација на пазарот на трудот, дома, во регионот и во Европа”.

Лоши вести од дневната Koвид статистика: 46 лица ја загубија битката со виpycoт

Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на Koвид-19.

Во последните 24 часа се направени 2.453 тестирања, а регистрирани се 433 нови случаи на KOVИД-19 во:
Скопје – 174, Куманово – 39, Битола – 34, Охрид – 24, Струга и Кичево – по 16, Прилеп, Велес и Струмица – по 15, Штип – 11, Тетово и Кочани – по 9, Гевгелија и Виница – по 8, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Делчево и Крушево – по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка и Ресен – по 1, информира министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се 641 оздравен пациент од:
Скопје – 298, Битола – 59, Прилеп – 46, Струмица – 44, Кавадарци – 23, Штип – 21, Кочани – 20, Тетово и Гостивар – по 19, Охрид – 13, Кичево – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка – 7, Виница – 6, Велес и Валандово – по 5, Струга – 4, Куманово и Делчево – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 46 починати лица: 15 од Скопје (54г, 54г , 54г, 55г, 64г, 66г, 69г, 69г, 71г, 71г, 72г, 75г, 76г, 80г и 82г), по 3 лица од Битола (63г, 66г и 73г), Штип (55г, 71г и 77г), Кочани (57г, 82г и 82г) и Велес (65г, 66г и 81г), по 2 лица од Прилеп (66г и 85г), Струмица (78г и 79г), Гостивар (59г и 72г), Неготино (79г и 86г) и Куманово (59г и 92г), и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Тетово (77г), Охрид (69г), Ресен (93г), Радовиш (56г), Берово (55г), Демир Хисар (70г), Македонски Брод (73г) и Гевгелија (69г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 45 се починати во болнички услови.

За еден ден во Германија вakциниpaни над еден милион луѓе

Во Германија 1,1 милиони луѓе се вakциниpaни против кopoнавиpyc за еден ден, изјави денеска министерот за здравство Јенс Шпан.

Тоа е нов позитивен рекорд за една европска земја при зголемените размери на кампањата за вakцинациja.

Со 1,089 милиони дози инјектирани вчера во Германија, најголемата европска економија имунизира повеќе од еден процент од своето население првпат во рок од 24 часа, истакна Шпан.

– Ова покажува со колку голема брзина работиме, изјави министерот за забрзаното темпо на вakцинација од почетокот на кампањата кон крајот на минатата година.

Досега само Кина, Индија и САД успеаја да ја надминат оваа дневна бројка. Во Европа, Велика Британија претходно го држеше рекордот според најголем број вakцинации за едно деноноќие – со 874.000 дози дадени на 20 март.

Вкупно 21,6 милиони луѓе или 25,9 проценти од населението во Германија, примиле барем една доза на вакцина против Koвид-19.

(Видео) Велигденски јајца на украински начин

За сите оние што уживаат да бојадисуваат јајца за Велигден и притоа имаат време целосно да му се посветат на тој процес еве едно интересно видео.

Ако сакате вашата велигденска трпеза да изгледа мошне живописно, а јајцата да бидат вистински мали уметнички дела, тогаш би можеле да ги украсите јајцата како што тоа го прават домаќинките од Украина.

Велигденските јајца во Украина се украсуваат на традиционален начин и мошне е вообичаено за време на Велигден да се видат на трпезата. Јајцата се украсуваат со помош на восок, посебен алат, а шарите на нив се традиционални шари од украинската култура.

Тие често се украсени со разни линии и геометриски фигури како квадрати и триаголници.

Секоја фигура на јајцето има одредено значење, па така триаголникот го симболизира Светото Тројство, точките ги претставуваат солзите на Богородица, додека спиралите симболизираат вечност.

Во украинската традиција, велигденските јајца често се украсуваат и со растителни мотиви, што исто така имаат значење, па цвеќето претставува убавина и мудрост, овошјето предаденост и љубов, а класот пченица благосостојба. Ретко се отсликуваат животниски мотиви, а тие претставуваат сила и здравје.

Како тече целата постапка за изработка на овие живописни велигденски јајца, погледнете во приложеното видео:

Мај ќе биде нивниот месец: Овие хороскопски знаци ќе пливаат во пари

Ќе почуствуваме подобрување во сите аспекти, а рускиот астролог Павел Глоба откри што очекуваат трите знаци кои ќе бидат сведоци на ненадејна голема парична добивка.

Лав- Време е да се опуштите и да започнете да уживате. Сè што сте направиле досега конечно почнува да се исплати. Исто како и Скорпиите, и Лавовите имаат неверојатно успешен период.

Бик- Овој месец, ѕвездите се особено наколените кон вас, затоа искористете го тоа мудро. Ако планирате да започнете приватен бизнис, сега е вистинското време да го сторите тоа. Астролошките аспекти се одлични, вели астрологот. Може да очекувате добивка во готовина или покачување што не сте го очекувале.

Шкорпија- Венера во знакот на Бик позитивно ќе влијае на сите лица родени во овој знак. Целиот напор што досега го вложивте ќе ви се исплати. Вашите претпоставени ќе знаат да ја ценат вашата работа, па можете да се надевате на финансиско подобрување во средината на месецот. Ако планиравте да ја смените работата, сега е време. Можностите ќе се отворат сами по себе.