дома блог страница 2063

Eве зошто пpвите jajца кои ги бojaдиcyваме за Велики Четвpток тpeба да бидат цpвени

На Велики Четврток рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца.

Првото јајце, божјаче, откако ке се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики Четврток, и само ова јајце не скапува! Останатите јаца се бојадисуваат во различни бои и на различни начини.

Обичајот вели дека првите јајца кои ќе ги бојадисаме за Велигден треба да се црвени. Но, зошто токму во црвена боја? Имено, се смета дека црвената боја на јајцата ја симболизира крвата на Исус пролеана на крстот каде што бил распнат. Има и неколку легенди за тоа зошто велигденските јајца се црвени.

Една од нив е дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Крвта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено. Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува крст по челата за здравје.

Друга легенда раскажува за Дева Марија, која им давала јајца на војниците кај крстот при распнувањето на Исус Христос. Таа ги молела да бидат помалку насилни кон Исус и притоа плачела. Нејзините солзи паднале врз јајцата и ги обележале со точки во црвени бои.

Постои легенда дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, неговите непријатели го гаѓале со јајца. Но, според Божјата волја, штом тие ќе го допреле неговото тело се претворале во црвени јајца. Во чест на таквото чудо луѓето почнале да ги вапцуваат велигденските јајца црвени.

Една католичка легенда пак, раскажува за Марија Магдалена, која отишла до гробот на Исус носела со себе кошница со јајца, за да руча. Кога пристигнала во гробницата и ги извадила јајцата, нивните бели лушпи, за чудо, биле обоени со боите на виножитото.

Прилеп ги доби првите 12 лиценцирани асистенти за лица заболени со Алцxajмepoва болecт

Прилеп ги доби првите 12 лиценцирани асистенти за лица заболени со Алцхајмерова болест, со завршувањето на тримесечната обука за возрасни, која се спроведуваше во СОУ,,Ѓорче Петров,, Прилеп.

За обуката на проектот од УНДП се формираа тимови, што заедно изработија специјализирана програма по сите стандарди во сферата на образованието, заедно со Центарот за образование на возрасни и Центарот за средно стручно образование. Програмата за асистент на лица со Алцхајмерова болест е верификувана и признаена од МОН како образование за возрасни. Во СОУ ,,Ѓорче Петров,, Прилеп обуката се спроведуваше три месеци со почеток од 20 јануари преку 250 часа, од кои 30 отсто за теоретска, а 70 за практична обука во кабинет, и домовите на лицата со Алцхајмерова болести. Се смета дека во земјава живеат околу 20.000 лица со Алцхајмерова болест, а заедно со другите деменции бројката е двојно поголема.

Алцхајмеровата болест најмногу се јавува кај лицата од 65 години, па нагоре. На тие лица секогаш им треба некој што ќе се грижи за нив. Идните асистенти добија меѓународно признаен сертификат, а ова образование на возрасни знаењето го стекнаа низ пет модули. Првиот модул идните асистенти ги запозна со болеста, вториот модул се запознаа со институциите за нега и грижа на болните од оваа болест, во третиот личната хигиена, исхраната, негата и сето она за што треба да се води сметка за штитениците со деменција или Алцхајмерова болест. Четвртиот дел се помошта и поддршката, а петиот модул опфаќа комуникација, интеграција во средината на штитеникот за да може да функционира во општеството.

Кандидатите што посетуваа настава велат дека ваквата обука е добредојдена за лицата што сакаат да се грижат за овие лица, за преквалификација, за стекнување на нови знаења, формирање на здруженија кои нега и помош ќе пружаат во домовите на корисниците.

Изpeволтиpaни poдители повикyвaaт на потпиc пpeд MOH пpoтив воведyвање на дигитални yчебници – нajaвyвaaт и пpoтecти!

Воведувањето на дигитални учебници кое го најави министерката за образование и наука, Мила Царовска и понатаму предизвикува големо незадоволство кај голем број родители. Веднаш по оваа нејзина најава по социјалните мрежи се формираше група под името „Учебници и настава мора да има“ каде што голем број на родителите јасно посочуваат дека се против тоа – oбјави “Курир”

Од истата група може да се увиди дека најпрво беше направена онлајн петиција против воведување на дигиталните учебници, а истите членови најавуваат и отварање на пунктови ширум целата држава, а истовремено од нивна страна се подготвуваат и протести.

Имено, во Фејсбук групата се појави објава во која стои дека денеска пред Министерството за образование и наука во период од 10:00 до 14:00 часот ќе се собираат потписи за поддршка на барањата на родителите и граѓаните кои се против воведувањето на дигитални учебници.

Овие барања како што се вели во самата Фејсбук објава, ќе се достават до МОН, Владата и Собранието а доколку не се прифатат нивните барања, изреволтираните родители и граѓани најавуваат протести, барање за оставка на министерката и покренување на граѓанска иницијатива.

Извор: “Курир”

“Freedom House”: Македонија останува хибриден режим. Владата реди нови “успеси”!

Македонија и натаму останува хибриден режим. Според извештајот на Фридом Хаус во земјава индексот на демократија е зголемен од 3,75 на 3,82 што е на нивото на Црна Гора. Послави од нас се само Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Најдобро со 4,5 стои Бугарија, Србија има оценка 3,96.

Сепак, и покрај демократскиот “напредок”, земјава и натаму е рангирана во групата на „преодни или хибридни режими“. Во категоријата „преодни или хибридни режими“ се опфатени изборни демократии каде демократските институции се кревки и постојат значителни предизвици за заштита на политичките права и граѓанските слободи.

Фридом хаус забележува дека државите од целиот регион се одвраќаат од демократијата или се наоѓаат заробени во циклусот на назадувања и делумни закрепнувања. Во извештајот „Нации во транзиција во 2021 година“, што ги опфаќа настаните од 2020 година, вкупно 18 земји бележат пад на индексот на демократија, само шест имаат напредок, а во пет држави состојбата останала непроменета.

Претпладнево сонце и топло време, попладне подгответе се за пopoен дожд и гpмежи

Времето претпладне во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има во следнава ноќ и утре наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Фотографија од Битола која најдобро покажува колку ѕвepcка болecт е Koвид-19

Фејсбук статус на Проф. д-р Дејан Трајковски од Битола

“Оваа фотографија нагледно ни прикажува колку ѕверска болест е ковид-19. Лево на сликата е прикажана старата цистерна за 2-3 тони течен кислород, која во нормални времиња ги задоволува потребите на сите болни во битолската болница во текот на 14 дена.

Всушност, потрошувачката не е ни толкава, затоа што течниот кислород секако постепено, како што се загрева, испарува и се губи.

На сликата десно, она што личи на огромен силос за жито (или на ракетата СпејсИкс на Илон Маск) е новата цистерна со капацитет од околу 15 тона течен кислород. На врвот на хоспитализациите на почетокот од месецот, лежечките 140-150 ковид болни имале потреба од 3 тони (!) кислород на ден – повеќе од целиот капацитет на малата цистерна, во нормални услови доволни за 15 дена на болните од сите одделенија.

Толку лоша болест е ковидот, кога белите дробови повеќе не можат да го снабдуваат организмот со кислород и зависат од надворешен кислород!

Инаку, течниот кислород (LOX) на нормален атмосферски притисок испарува на -184 степени Целзиусови, во сооднос 1:869 меѓу течна и гасовита фаза.

Лево од резервоарот (којшто е многу добро топлински изолиран и обоен со бела боја, заради намалувањето на апсорпцијата на сончевото зрачење) се наоѓа испарувачот, каде течниот кислород прима топлина од надворешната средина и испарува (практично врие) до гасовита состојба.

Долу се гледа мразот од ниската температура на испарување. Преку систем на цевки кислородот потоа се разведува до маските на болните, каде тој ја прави разликата помеѓу животот и смртта”.

Ристески: “Грета Тунберг не чисти и не сади дрва, туку демонстрира”

Фејсбук статус на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески

“Во последно време гледаме по социјалниве мрежи засилени еколошки акции, чистења, садење дрва, самопромоции… и повторно си велиме оффф идат избори!!

На едни слики насмеани лица (демек еко-алтернативци)… во рацете со црни вреќи собрани: шишиња, лименки, тоалетна хартија, презервативи….

На други слики пак млади луѓе дотерани во нова патика, скапа тренерка (задолжителна наочара за сонце)… со грешно фатени мотики и лопати во раце… бајаги садат дрва… а над главите изгорена шума накитена со боров четник и вагони гасеници поради негрижа на надлежните (парадокс за плачење или смеење одлучете сами⁉️).

Селфи активности на звучни датуми: “Ден на пролетта”, “Ден на планетата земја”, “Ден на екологијата”, Ден на ова… ден на она… дрн дрн… или по нашки кажано: денови, акции многу – ефекти “ИЧ”‼️

Факт: На денешницава “ИН” е да си “ЗЕЛЕН”, ама во вистинска смисла на зборот… и ако вистински сте Greenpeace, тогаш ајде малку поинаку:

Укажете и на власта дека ѓубрето не е само обично ѓубре, туку суровина од која се прави профит!;

Правете притисок –демонстрации врз надлежните, веднаш да се активира фабрика за селекција и рециклирање на отпадот (оти само тоа е спасот, на избори се скапаа ветувања за ова);

Правете континуиран притисок да се набави машина за преработка на градежен шут, па натерајте ги луѓето да им го продаваат истиот, а не да завршува во ендеци покрај патот (слично како со пластиката);

Протестирајте во градот во знак на револт, оти депониите Ви се пред нос, пред Вашите згради, куќи, градинка или училиште…; …или од местото каде садите, испратете петиција (апел) до надлежните дека треба да не заштитат од дивата сеча и да ја запрашуваат шумата од боров четник барем еднаш годишно…;

Барајте ја ветената и итна гасификација за да не дишете смог…;

…Или драги Greenpeace ентузијасти, “невладини” и подмладоци треба да научите дека црните вреќи и лопатчиња се заменуваат со демонстрирање и јавни апели со револт, за повеќе да ја заинтригирате заспаната Власт‼️

П.С.

Ете тогаш ќе бидете онаа вистинската Грета Тунберг (не телефонската), оти вака, самопромоција голема, ефектот 0 или… ниту вистински ќе исчистите, ниту нова шума ќе Ви никне… да се разбереме!”

Bладата го paзpeши Пayновcки, a тој изjaви: “Пpocтете им, не знaaт што пpaват”

Сега веќе поранешниот директор на ДПИ изјави дека оваа одлука била очекувана и не го изненадила.

Тој за ТВ Телма изјавил дека разрешувањето било извесно и очекувано.

– Можам само во духот на празниците да порачам: Простете им, не знаат што прават, рече тој за Телма.

(Видео) Имате ли храброст да влезете? Новата атракција во Лондон која ке овозможува едно сосема ново искуство

Лебдење во проѕирна кутија на 35 метри висина во центарот на градот е најновата атракција во Лондон.

“Sky Pool” е проѕирен базен долг 25 метри кој спојува две стамбен згради во Најн Елмс. Базенот ќе можат да го користат само станарите на зградите.

Ова е најголемата самостојна структура на базен во светот и претставува нов проект на “Embassy Gardens”

Прилепчани денеска на пpoтecт за лажното ветyвање од Градоначалникот? (Видео)

Испукани куќи, екстремно аеро-загадување, безбедност доведена под голем знак прашалник.Тоа се последиците од секојдневното движење на четириесет-тонските товарни возила по улиците „Егејска“ и „Мице Козар“, лоцирани во центарот на Прилеп. Жителите гневни, бараат итно пренасочување на овие возила. Во спротивно, се закануваат со блокирање на овие две централни улици – објави “АЛФА ТВ”

„Тешки камиони врват од утринските до вечерните часови…Еве, и сега во моментов врват тешки камиони кои предизвикуваат оштетувања на самите куќи, а предизвикуваат и штета по здравјето на целата оваа улица..“, вели Емил Гугучески.

„Многу камиони има пуштено по улицава да поминуваат, со голема тежина. Кога ќе врват, куќите се тресат. Испукано има ѕидови на постари куќи што се…Големи камиони…со голема тежина од 30-40 тони, нон-стоп во текот на денот по 50-60 поминуваат, и ноќе, некој во 4-5 часот поминува овде, те разбудува дури, кога ќе почнат да лупаат“, – се жали друг жител.

„Улицава е преоптоварена со транспорт на товарниве возила од Мермерниот комбинат кон Македонски Брод, кон Кичево, кон фабриката на Мермерен комбинат долу. Возилата се претешки…Тука по оваа улица поминува и каналот од Дабничка Река…кој е поблизок има поголеми штети, има пукнатини по куќите…“, – објаснува друг повозрасен граѓанин.

„Брзо возат камиониве не можат да закочат…дури не е нешто случено предвреме да се прекине ова нешто…Испукана е и куќата од самото тресење од камионите, од тежината…“, стравува жител на улицата „Мице Козар“.

Овие луѓе разочарани се и од нереализацијата на ветениот проект за изградба на обиколницата, со која требаше да им се реши овој проблем.

„Тоа е ветено многу одамна, дека ќе излегува од Езеро на автопат. И стварно жалосно е како не можат да изградат 5 км пат..затоа што овде врват и преку 1000 коли….Јапонците направија под океан автопат, овде не можеме да изведиме еден пат за да ги извадат камионите каде што нема да им пречат на луѓето“, – посочува Методија Дамадулески.

Локалните власти пак, признаваат дека овој сериозен проблем постои. Признаваат и дека проектот за изградбата на обиколницата, кој од страна на Министерството за транспорт беше ветен уште во април 2018-та година, не е реализиран. Но, според градоначалникот Илија Јованоски, во периодот што следел ќе биле преземени сите потребни дејствија за да се надминел овој сообраќаен хаос. Инаку, тој, по само неколку месеци од доаѓањето на власт, вети дека до крајот на неговиот мандат ќе биде изградена обиколницата во должина од 6 км, од Рудникот „Сивец“ до регионалниот пат кај Плетвар.

Каролина Дурло