Еве ги зоните и вработувањата што ги бараше СДСМ Прилеп на пресс

ОО СДСМ Прилеп во пресрет на парламентарните избори во 2016 година обвинуваше дека нема ништо од економската преродба на Прилеп и ветените нови фабрики во формираните економски зони.

Тоа беа едни од главните обвинувања против тогашниот градоначалник Марјан Ристески и власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе се потсетиме на една од многуте прес конференции одржани на оваа тема:

Денеска Ристески потсети што се’ тој како градоначалник заедно со тогашната Влада направија за намалување на некогашната армија на невработени лица во Прилеп.

Сивило над Прилеп до 2005 година:

26.000 регистрирани невработени, а голем дел и нерегистрирани… или рекордни над 60% невработени од работоспособното население во Општината; пропаднати фабрики и армија стечајни работници; застарен ГУП и немање воопшто или несоодветни ДУП-ови, оневозможувајќи соодветен развој на градот; нефункционални институции заглавени во минатото, несоодветни на потребите на граѓаните (место сервис, кочница на граѓаните…); над 70% бизниси на црно (неоданочен) и маса на непријавени вработени; мизерни 6-7.000 денари плата на работниците, потценет интелектуален труд, слабо платена администрација; мизерна социјална помош од 1.000 денари; немање никаква или комплетно уништена инфраструктура…

?Ова беше сликата на Општината: очајна и страшна исполнета со безнадежност и тага кај Прилепчани…

?Од 2005-2017 год, Прилеп со ВМРО ДПМНЕ на локално и централно ниво доживеа ренесанса и инвестиционен препород.
Со новите урбанистички планови се создадоа и изградија новите:

Индустриски зони и ТИРЗ во кој никнаа новите фабрики кои отворија илјадници нови работни места; се возобновија и проширија старите капацитети (фабрики) со нови погони и нови вработени; со плановите се зголеми просторот за нови инвестициони опфати на градот за цели 60% површина; максимално се раздвижи претходно заспаната градежна иницијатива која како мотор ја раздвижи целокупната локална економија; драстично се подобри инфраструктурата и изгледот на градот и истиот стана привлечно место (магнет) за домашни и странски инвеститори…; јавните институции за прв пат станаа вистински сервис на граѓаните, неколкукратно зголемувајќи ја својата ефикасност; се даде можност за развој на малите и средни претпријатија и фамилијарни бизниси кои се значаен дел од економијата во градот; бизнис идеите на прилепчани преку проектите за самовработување беа преточени во нови работни места; земјоделците за прв пат во својот живот се регистрираа и сериозно почнаа да гледаат на оваа битна гранка за регионот; со континуираните едукации се подобри и квалитетот на работната сила на пазарот на трудот…;

➡️…Или резултатот беше следен: за 12 години владеење на ВМРО ДПМНЕ, во градот бројката на невработени СЕ НАМАЛИ за цели 12.000 или во просек по 1.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА секоја година…
‼Прилеп конечно, повторно стана комотно и убаво место за живеење влевајќи надеж кај сите генерации и за прв пат по децении во градот имаше појава на стотици слободни работни места по различни огласи…

?П.С.1: Поради неспособност на оваа власт и лошото менаџирање со КОВИД пандемијата во градот бројката на невработеност повторно почна да расти, а тоа го кажуваат и најновите статистички податоци од Заводот за вработување и сликата на многуте затворени дуќани во градот…

?П.С. 2: Зошто се дозволи веќе договорени светски компании место да инвестираат во ТИРЗ и да отворат нови 2-3.000 раб.места да си заминат од државава, а локациите да “зјаат” празни…

П.С. 3: Новите инвестиции и поголемата конкуренција ќе значеа и нови работни места, поголеми плати, подобра економија и жива чаршија!!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.