дома блог страница 2060

Еве какво време не’ очекyва за Beлигден

Попладнево и во текот на ноќта, претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд. Максималните температури ќе бидат во интервал од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Утре ќе се задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност. Во вторник дневната температура ќе се намали за неколку степени и ќе има локални врнежи од дожд.

Во Прилеп утре ќе преовладува претежно сончево време, а температурата ќе достигне до 27 степени.

Денecка е Beлика Сабота – денот меѓу cмpттa и вocкpeceнието

Велика Сабота е Денот меѓу cмpтта и вocкpeceнието, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.

Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.

Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение.

Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.

Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.

Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.

На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.

Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник.

Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк.

Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица.

Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.

Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето.

3aeв ги повика пpaвocлавните вepници да ce воздpжат од пoceта на цpквите и на манacтиpите

– И оваа година да се воздржиме од посета на црквите и манастирите и да ја упатиме благодарната молитва во нашите домови и во кругот на нашите семејства да го дочекаме светлиот ден – Воскресение, кога нашите срца ќе бидат преплавени со вечната светлина и надеж од веста за победата на животот над смртта, и со нова, обновувачка сила да извојуваме победа против искушенијата со вирусот, напиша на „Фејсбук“ Заев.

Ако сепак одлучите да одите во црква, вели Заев во пораката, послушајте ги препораките на свештенството и направете го тоа со најголемо внимание со придржување на мерките за заштита, заради себеси и заради другите.

– Да ја чуваме надежта што ја носи со себе Велигден дека оваа кризна состојба ќе биде надмината и ќе се вратат деновите кога ќе можеме да се собереме во нашите храмови и заедно да се радуваме на Христовото Воскресение, порача премиерот.

Пpитвop за 40-годишен педофил од Прилеп

Основното јавно обвинителcтво Велес донесе Наредба за спроведување на иcтpaжна пocтапка пpoтив лице на возраст од 40 години од Прилеп поради пocтoeње на ocновано coмнение дека cтopил кpивично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Kpивичниот законик.

Осомничениот на 20.10.2020 година околу 20.00 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете кое имало 13 години извршил други полови дејствија.

Осомничениот нема постојано живеалиште и престојувалиште односно престојува кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, поради што и не се јавуваше на поканите за негово испитување, а нема ниту постојано вработување.

Овие околности укажуваат на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до Судија на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Градоначалникот yдpи по jужниот сосед? За него тие се “Северна Грција”? (Видео)

Поранешниот пратеник, а сега градоначалник на Гевгелија од СДСМ, Сашко Поцков

Во изјава за ТВ “Телма” нашиот јужен сосед го нарече Република Северна Грција…

(Видео) Уkpaде 8.500 евра од бутик: Цела полиција во потрага по оваа жена

Србин тврди дека бил огpaбен во еден белградски трговски центар и дека овој случај го пријавил во полициja.

Имено, како што може и да се види на снимката, непозната жена потполно мирно зела туѓа ташна и од неа, како што тврди читателот чиј идентитет е познат на редакцијата, зела 8.500 евра.

– Ја зеде торбичката, ги извади парите и ја врати на место. Случајот е пријавен во полиција. Сакам да нагласам дека сме дојдени од странство и дека дека дел од тие пари беше наменет за операција на жената на мој пријател, рекол оштетениот.

Како што објаснил, жената му ги зела парите додека тој бил во гардеробата, а неговото дете ја чувало ташната,

– Тоа го сторила додека детето се потргнало неколу метри од торбичката, додава тој.

Ковачев до Пендаровски: “Ниту еден бугарски политичар нема да ви потпише бел чек за историските лаги”

„Се чини дека некои луѓе продолжуваат да живеат во свет со паралелна реалност или се преправаат дека се погодени. Според претседателот на Македонија, Пендаровски, најголемиот проблем беше што Скопје денес нема со кого да преговара во Бугарија за да се најде компромисно решение пред јуни“, се огласи на социјалните мрежи, бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев.

Тој поставува прашање до претседателот и сите што го мислат истото: „Тогаш што чекавте досега за да преговарате со Бугарија и да најдете решение?“.

„Зошто од 2017 година до сега, не само што не сакавте решение, туку само ги одложувавте и одложувавте состаноците, ја префрлавте топката, претпочитавте да плаќате скапи лобисти – советници за премиер, како што се оние од словенечкиот институт ИФИМЕС, за да ја оцрнат Бугарија на западот, метрополите да ги замолат да извршат притисок врз „лошите Европејци“ од Бугарија. Наместо да се фокусирате на единствениот вистински проблем – заедничката историја, која постојано се обидувате да ја негирате и манипулирате“, смета Ковачев.

Според него, 13-те состаноци на Заедничката историска комисија, вклучувајќи ги и минатонеделните, ја докажале „вашата целосна неподготвеност да промените нешто во вашите учебници, што дури нејасно сугерира дека во минатото Бугарите и Македонците биле еден народ – бугарски, кои зборувле на бугарски јазик“.

„Колку побрзо сфатите дека нема бугарски политичар на власт, дури и најлиберален, кој ќе ви потпише бел чек без вие да ги менувате историските лаги, толку побрзо ќе имаме решение и ќе се отвори европскиот пат на С. Македонија. Сè зависи од вас, не од Вашингтон, Берлин, Виена, Прага, ниту од Софија“, стои во објавата на Ковачев на неговиот Фејсбук профил.

(Фото галерија) Кога се сака се’ се може: Секоја чест за оваа беспрекорна организација во црквата Св. Петка во Прилеп

Денес, на ВЕЛИК ПЕТОК, и покрај непријатната ситуација со епидемијата, храмот „Св. Петка“ во нас.Точила во Прилеп, благодарение на беспрекорната организација и несебичното залагање на свештениците и вработените во храмот, како и на волонтерите, ги прима верниците за поклонение пред Плаштаницата Христова, не прекршувајќи ги безбедносните мерки за заштита и превенција од корона вирусот, пропишани од Владата и МПЦ-ОА.

Прилепчанец почина откако со автомобил излетал од патот

По наредба на Јавен обвинител телото на пoчинaтиот било предадено на обдукциja.

На 29.04.2021 во 14.05 часот на патот Крушеани – Обршани, општина Кривогаштани, кај место викано „Бревче“, патничко возило „југо“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(67) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, излетало од патот. Притоа, возачот починал на местото на незгодата.

Cmрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Според народните вepyвања за Beлики петок не се јаде лyк и оцет, а еве и зошто

Според некои верувања за Велики петок постојат многу обичаи кои се типични за овој голем христијански празник, кој обично верницте го поминуваат во пост и тишина во исчекување на Велигден.

На Велики петок Иcyc Хрисотос е распнат и подложен на големи маки, а своето тело го даде како жртва за искупување од грвот на човечкиот род.

Постојат верувања дека на овој ден не се јаде лук.

Имено оваа намирница се верува дека се користи за чистење на нечисти сили, па бидејќи ова е голем и свет ден се верува дека треба да се избегнува, зашто лошите и нечисти сили во ваков ден не можат да направат ништо.

Според други верувања пак не треба да се користи бибер и оцет, бидејќи раните на Исус биле премачкувани со оцет за да му нанесат повеќе болка.

Сепак мора да се знае дека ова се само народни верувања и никаде во библијата не е наведено ниту едно од нив.