дома блог страница 2055

Ни следyва yште еден нepaботен ден идната недела, а до кpajoт на мaj и yште еден пpoдолжен викенд

Следниот четврток е неработен ден, а потоа ни следува уште еден споен викенд до крајот на месец мај.

Имено муслиманскиот празник Рамазан Бајрам кој се прославува на 13 мај е неработен ден за сите граѓани, а потоа на 24 мај се прославува и Св. Кирил и Методиј.

Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година.

За сите граѓани на РМ

13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители,
02 август (понеделник), Ден на Републиката,
8 септември (среда), Ден на независноста,
11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед:

18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Светскиот гигант од Прилеп одбележува 30 години постоење

Најиновативната македонска компанија за роботика во светот го одбележува своето триесетгодишно постоење и во Skopje City Mall од 14-ти од 17-ми Мај.

Микросам во овие три децении се докажа како генијална и уникатна компанија за производство на автоматски и роботски машини за современи композити или т.н. материјали на иднината.

Пратејќи ги сите најнови технолошки решенија досега има успешно инсталирано над 280 производни линии во повеќе од 43 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа.

Од мала, семејна компанија во Прилеп достигна до светски гигант со повеќе од 190 вработени, од кои повеќе од 60% се инженери.

На изложбата ќе можете да дознаете повеќе за нивното постоење и светски достигнувања, признанија и какви машини произведуваат македонските инженери. Делата на компанијата се светски признати од голем број на компании во автомобилската, енергетската, авионската, вселенската и воената индустрија, како НАСА, Магна за Ауди возила, Џенерал Атомикс, Спирит Аеросистемс, ГКН Фокер и многу други.

Ќе се информирате и за работните позиции и условите кои ги нуди компанијата за вработување и пракса. Микросам силно верува дека нашите инженери имаат висок потенцијал и капацитет да ги исполнат и најкомплексните проекти и решенија во високата технологија.

Изложбата ќе се одржи на приземјето, согласно со работното време на Skopje City Mall и следејќи ги протоколите за заштита од коронавирусот.

3aeв се вакциниpaше со кинеската вакцина на “Cинофapм”

Премиерот ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, и истакна дека вакцините се безбедни.

Премиерот Зоран Заев денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против коронавирусот. Тој се вакцинираше со кинеската вакцина на Синофарм.

– Ја примив вакцината на „Синофарм“. Ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“. Вакцините се безбедни. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Нема никаков проблем при имунизација на населението -, истакна Заев.

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, и истакна дека вакцините се безбедни.

Инаку, досега во Македонија се вакцинирани 74,076, а заинтересирани граѓани за вакцинација има вкупно 256,346.

Уaпceн дилep на дpoга на улица “Прилепcка”

На 05.05.2021 во 21.00 часот на ул.„Прилепска“ во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола го лишиле од cлобода И.Л.(38) од Битола.

При преглед кај него била пpoнajдена и одземена мapиxyaна, а подоцна при пpeтpec во неговиот дом, извршен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна, дигитална вага со траги од мapиxyaна и пapи.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница и по целосно документирање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Денеска е Ѓурѓовден – еден од најголемите празници во годината! Честит именден Ѓорѓи, Ѓурѓа, Ѓоре, Гоце….

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Гоце, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др.

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум.

Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански празник во чест на пролетта, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.

На Ѓурѓовден се изведуваат многу и најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник ги нема толку со магиско апотропејска цел како што е случајот со Ѓурѓовден. А сето тоа има цел да осигура напредок и плодност на стоката и полињата, здравје, среќа и напредок на луѓето.

Овој празник има многу сличности со други празници кај разни народи во разни периоди од развојот на човештвото воопшто. Така на пр. има многу сличности со римскиот празник Палилија (21 април) кога Римјаните ги кителе стоката и шталите со зелени гранки, а овчарите на богот Палес му принесувале жртви за тој да ги заштити и луѓето и стоката од разни несреќи и да обезбеди напредок.

Празници, според обичаите, слични на Ѓурѓовден можат да се сретнат и кај некои други народи. Така на пр. Литванците во 16 век на 23 април му принесувале жртви на богот на пролетта, растенијата и зеленилото.

Кај нашиот народ со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што трае до Митровден. Затоа во една македонска народна пословица се вели: „Дојде ли Ѓурѓовден, чекај си Митровден“. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери, полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн.

Заедно со тоа луѓето се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред сè, полски работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција.

Меѓу повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние т.н. билјарски обичаи и песни што се изведуваат при берењето на билките, вечерта спроти празникот и на самиот ден рано наутро.

Берењето на штотуку изникнатите и разлистени растенија е поврзано со обичајот запотнување, како и со обичајот крмење на стоката, а тие пак со верувањето во магичната моќ на билките. На билје се оди во блиските шуми каде што можат да се најдат разлистани некои билки за кои се верува дека поседуваат магиска моќ, како што се кукурекот, здравецот, вратиката, среќата, но и некои други растенија како леската, дренот и сл.

Девојките си ги намачкуваат косите со јајце за да им бидат полни и густи како јајцето и гатаат за да го дознаат идниот брачен другар.

Се изведуваат и обичаи за заштита на стоката особено од преземање на млекото зашто се верува дека на овој ден со магии можело млекото од една млечна крава да се пренесе на помалку млечна или дури и на жена доилка.

Ќе се реши многу важно прашање за нашите иселеници: Оваа европска земја ги призна македонските возачки дозволи

Македонските граѓани кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, од 20 мај ќе можат да управуваат возило со македонска возачка дозвола.

Министерот за внатрешни работи на својот Фејсбук профил објави дека врз основа на потпишан билатерален договор Обединетото Кралство е деветтата држава во која носителите на македонска возачка дозвола кои престојуваат на територијата на оваа држава не им е потребна меѓународна возачка дозвола.

-Носителите на македонска возачка дозвола кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Англија, Велс и Шкотска, на нивно барање може да им се изврши замена на возачката дозвола, и тоа почнувајќи од 20 мај годинава, што ќе значи и конечно решавање на ова многу важно прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Обединетото Кралство, а се очекува многу скоро, оваа законска процедура да биде прифатена и од властите на Северна Ирска, пишува Спасовски.

Ова важи за дозволи кои го овластуваат управувањето со класата на возила кои соодветствуваат на класата на возила опфатени во категориите B, B+E, F, K или P, или поткатегоријата B1 и се издадени од страна на Министерството за внатрешни работи во Република Северна Македонија.

Maшина: Дејан Манасков прв cтpeлец за Веспpeм во досегашниот тек на сезоната

После 45 одиграни натпревари во полскиот шампионат, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков има 145 погодоци за Веспрем.

Овој учинок го става Манасков на првото место на клубската листа на стрелци, со два гола предност во однос на Петар Ненадиќ и Андреас Нилсон.

Бочвapcки: Цената на автопатот Kичево-Oxpид се зголеми за дополнителни 200 милиони евpa

Синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој зборуваше за автопатот Кичево-Охрид.

Министерот вели дека овој автопат е дел од Коридорот 8 и започнал да се гради од 2013-2014 година, но при самата изградба се појавиле голем број на проблеми.

„Се работи за обрушување на косини кои при проектирањето се проектирани со помалку или недоволно геомеханички испитувања. При тоа се покажува дека тој терен и тие косини се нестабилни при изградбата. Така што, во овој период се изврши репроектирање на 25% од целата оваа делница Кичево – Охрид, што значи дека косините се ублажија таму каде што е потребно, се испроектираа клучките. Имаме готов нов проект, обновен со ревизија кој што бара дополнителни средства за да конечно целиот овој проект биде реализиран“, посочи Благој Бочварски.

Тој додава дека цената на овој проект се зголемила за околу 200 милиони, а вкупната цена е заклучена во 2018 и изнесува 598 милиони евра.

3aмина нapoдов: Cкопjaнец во Центар се шетал со мачета во paцете

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар синоќа во 23.15 часот, од слобода го лишиле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од 3aконот за opyжje.

Како што соопштија денеска од МВР, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик, односно не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Црна кoвид-статистика: Починaa 24 лица, најмладиот има 32-години

Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.

Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на KOBИД-19 во:
Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица – по 1, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Пријавени се вкупно 24 починати лица: 8 од Скопје (32г,53г,68г,71г,73г,83г,87г и 87г), 4 починати лица од Битола (72г,73г,81г и 82г), по 2 од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и72г), и по 1 починато лице од Штип (87г),Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Регистрирани се 714 оздравени пациенти од:
Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово – 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар – по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2, Пробиштип и Демир Капија – по 1.