дома блог страница 2056

Бочвapcки: Цената на автопатот Kичево-Oxpид се зголеми за дополнителни 200 милиони евpa

Синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој зборуваше за автопатот Кичево-Охрид.

Министерот вели дека овој автопат е дел од Коридорот 8 и започнал да се гради од 2013-2014 година, но при самата изградба се појавиле голем број на проблеми.

„Се работи за обрушување на косини кои при проектирањето се проектирани со помалку или недоволно геомеханички испитувања. При тоа се покажува дека тој терен и тие косини се нестабилни при изградбата. Така што, во овој период се изврши репроектирање на 25% од целата оваа делница Кичево – Охрид, што значи дека косините се ублажија таму каде што е потребно, се испроектираа клучките. Имаме готов нов проект, обновен со ревизија кој што бара дополнителни средства за да конечно целиот овој проект биде реализиран“, посочи Благој Бочварски.

Тој додава дека цената на овој проект се зголемила за околу 200 милиони, а вкупната цена е заклучена во 2018 и изнесува 598 милиони евра.

3aмина нapoдов: Cкопjaнец во Центар се шетал со мачета во paцете

Полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар синоќа во 23.15 часот, од слобода го лишиле К.Т.(35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од 3aконот за opyжje.

Како што соопштија денеска од МВР, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик, односно не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Црна кoвид-статистика: Починaa 24 лица, најмладиот има 32-години

Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 153.137, бројката на оздравени пациенти е 135.367, на починати е 5.016, а бројот на активни случаи изнесува 12.754.

Во последните 24 часа се направени 2.928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на KOBИД-19 во:
Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица – по 1, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Пријавени се вкупно 24 починати лица: 8 од Скопје (32г,53г,68г,71г,73г,83г,87г и 87г), 4 починати лица од Битола (72г,73г,81г и 82г), по 2 од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и72г), и по 1 починато лице од Штип (87г),Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.

Регистрирани се 714 оздравени пациенти од:
Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово – 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар – по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

Од денecка започнyва летното cметање на полициcкиот чac

По препорака на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлука наместо од 21:00 часот, полицискиот час од денеска да започнува од 23:00, а ќе трае до 05:00 часот.

На вчерашната седница Владата донесе одлука и за измена на работно време на угостителските објекти, односно од денеска тие ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Се уште остануваат во сила сите останати рестрикции со цел заштита на граѓаните од пандемијата од Ковид-19.

Од ЈСП соопштија дека од денеска јавниот превоз ќе сообраќа до 23:00 часот.

Ублажувањето на рестрикциите следува по неколкудневното стивнување на епидемијата. Намален е бројот на навозаболени, хоспитализирани и починати.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5 отсто), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 9,6 отсто до 17,7 отсто, просечно 13,1 отсто со намалување за 4,9 отсто во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=781, 37,6 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (n=349; 16,8 отсто), од 40 до 49 години (n=333; 16 отсто), од 30 до 39 години (n=323; 15,6 отсто) и од 20 до 29 години (n=172; 8,3 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=33; 1,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=85; 4,1 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5 отсто споредено со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, што е за 20,9 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50 до 59 години и по едно лице од возрасните групи од 30 до 39 години и од 40 до 49 години.

Според последните податоци, во земјава се активни 13169 случаи на заболени од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега се регистрирани 152814 заразени со Ковид-19, оздравеа 134653, а починаа 4992 лица.

Мицкocки обjaви докyменти: Tpaнcaкциja платена од МЗ за кинecки вakцини по двojно повиcoка цена (Фoто)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите објави документ од кој се потврдува дека имало уплата, но не се знае дека имало поврат на средства, од страна на Владата за набавките на кинеските вакцините.

Нова димензија добива аферата откриена неодамна од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за скандалозна набавка на вакцини од страна на власта за двојно повисока цена.

Имено, на денешниот брифинг со новинарите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави документ трансакција според која власта за кинеските вакцини ќе не чинеле двојно поскапо.

Со ова се потврдува целата афера околу обидот на македонската Влада да набави кинески вакцини преку преку фирмата посредник “Старби”.

Во документот кој го покажа Мицкоски стои дека Владата во месец февруари на фирмата со седиште во Хонгконг уплатила 7.8 милиони долари, со тоа излегува дека една вакцина од кинески „Синофарм“ би не чинеле 65 долари.

Откако аферата беше обелоденета, од министерството за здравство тогаш се правдаа дека станува збор за лажен документ кој бил презентиран тогаш.

Останува нејасно дали по обелоденувањето на аферата парите се вратени, бидејќи според она што денес го презентираше Мицкоски, мулти милионската сума била исплатена.

Извор:“Курир”

Maкедончиште! Пешачел 154км за да се поклони пpeд гpoбот на Гоце Делчев (Фото)

Членот на Централниот Комитет на Левица, Саше Јанчев направи неверојатен потег на одбележувањето на 118-годишнината од cмpтта на Гоце Делчев. Тргнал од својата родна Гевгелија и после 35 часа пешачење и 154 километри, пристигнал и се поклонил пред гробот на Делчев во дворот на црквата Св. Спас.

“Во чест на Гоце денес завршив со тридневен марш. По 154 километри и 35 часа пешачење пред петнаесеттина мин од Гевгелија стигнав кај Гоце во Скопје. Првичната идеја ми беше да тргнам од Кукуш и од таму пеш да донесам младо дрвце кое сакав да биде посадено во близина на вечното почивалиште на Гоце. Арно ама короната го осуети тој план.

Годинава ко за прв пат, толку. Догодина здравје, можеби сосе дрвце, со екипа и со старт од Кукуш.

Учителе,

Твојот сон за САМОУПРАВНА МАКЕДОНИЈА како центар на врзување на една Балканска Конфедерација која ќе ги помири балканските државички и која ќе им овозможи да не бидат слуги на Вашингтон, Брисел и Москва уште ЖИВЕЕ.

Вечна слава Учителе!”, напиша Саше на ФБ.

3aeв: Не ни тpeба ЕУ, ако цената е идентитетот и jaзикот (Видео)

Зоран Заев за време на посетата на Ресен на увидот на нова зграда на ОВР во Ресен, коментираше и за односите и дијалогот со Бугарија.

Заев рече дека по цена на македонскиот идентите и македонскиот јазик, не ни треба ЕУ, но и натаму е оптимист на наоѓање заедничко решение со Бугарија.

„Пријателите, ЕУ, САД, се тука да сработат креативи, идеји, но наша одлука е, ние носиме одлука. По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, не ни треба ЕУ. Затоа ќе биде прашина изгубена низ векови. Кој тоа ќе влезе во ЕУ? Така ги постигнавме големите договори, штитејќи ја нашата посебност, јазик и идентитет. Не постои договор кој го договара како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. На крај тоа е европска вредност. Драго ми е што Бугарија признава дека немаат проблем за тие прашања. Бараат утврдување на корењата. Ќе ги утврдиме и корењата, но на европски начин“, рече Заев.

Прилепчанка заврши со тешки повpeди откако со автомобил yдpиле во кyче скитник на патот Прилеп-Битола

На 04.05.2021 во 20.15 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од М.К.(48) од Прилеп, yдpило во куче скитник.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобила сопатничката В.Б.(50) од Прилеп, конcтатиpaни во Градската болница Прилеп.

Извршен бил yвид на местото на незгодата од yвидна екипа од Полициcката cтаница Прилеп.

Bладата одлyчи: Од утре полицискиот чac ќе започнyва од подоцна, подолго работно време и за угостителите

Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од 5 мај, среда, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.

Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.

Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на седницата прифати воведување мерка за задолжителна самоизолација (карантин) во траење од 14 дена за сите домашни и странски физички лица – патници кои пристигнуваат од Индија и Бразил заради спречување на ширење на новите соеви SARS-CoV-2.

Алушовски потврди дека заминува од Вардар: На клупата седнува една од најголемите легенди?

Стевче Алушовски по завршувањето на оваа сезона повеќе нема да биде предводник на Вардар 1961.

-Точно е, по завршување на сезоната повеќе нема да бидам тренер на Вардар. Засега нема ништо дефинирано, сакам добро да размислам. Во секој случај сум благодарен за оваа шанса што ја добив, за мене е големо искуство. Останува до крајот да го исполниме зацртаното, истакнал Алушовски за Спортмедиа.

Предводникот на „црвено-црните“ има шанси да остане во клубот, но истовремено размислува и за други опции.

Алушовски во Вардар го наследи Едуард Кокошков во 2019 година и најголем успех му беше осминафиналето во Лигата на шампионите каде беше сопрен од Веспрем.

Секако пред да го напушти кормилото на Вардар пред Алушовски останува битката за суперлигата и куп титулата.

Најверојатно наследник на Алушовски ќе биде Веселин Вујовиќ кој се споменува како нов тренер.