дома блог страница 2051

Maкедонците едвaj го чекaaт петок за да заминат во Гpциja – еве каква е cocтojбата на плажите тамy

Грција конечно ќе ги отвори границите за туристите, а особено сите што ги интересира е како Македонците ќе можат да патуваат на одмор во соседството.

Плажите во Грција од вчера и конечно се отворени, една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона. Но, посетителите мора да следат бројни правила.

Според официјалните информации за влез во Грција ќе ви биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за вакцинација.

И додека многуте граѓаните и сопственици на туристички кампови едвај чекаат да се отвори сезоната за четири дена од денес, еве каква е состојбата на плажите таму.

Инаку туристите прво мора да испратат СМС порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите.

Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите- чадор и две лежалки, мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.

Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки, а исто така за персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.

Музиката на плажа е забранета.

Стојанче Ангелов во одело на сајла помина над кањон (Видео)

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов учествуваше во вежба за спасувачка акција „Мрежичко 2021“ и со јаже премина преку кањон.

Тој рече дека тоа го направил за да им оддаде почит и да ја докаже неговата доверба во вештините и опремата кои ги поседуваат членовите на Спелеолошката федерација на Македонија.

Комити: “Албанците ќе имаат 10 претставници во Европа, а Македонците само еден, но Вардар ќе живее се додека живее и последниот Македонец”

Со денешниот пораз од Струга, Вардар и официјално стана второлигаш. Со реакција после натпреварот се јавија од навивачката група “Комити”.

“НАЦИОНАЛЕН СРАМ !

Доколку ја погледнете табелата на Првата Македонска Фудбалска лига а притоа сте македонец, не може а да немате мачнина во стомакот и горчина во душата. Летово албанците ќе имаат 10 преставници во Европа (3 од Македонија), а македонците само еден, и притоа тој еден не претставува ниту 1% од македонците. Табелата на Македонската Фудбалска

Лига од секогаш била одраз на она што го преставуваат политичките елити. Овој срам најмногу оди на душа на истите оние двајца ликови кои го организираа погребот на Вардар. Вардар нема пријатели во македонскиот фудбал.

Вардар нема пријатели ниту лево ниту десно. Вардар има непријател во политичките елити. Единствени пријатели на Вардар се Црвено – Црната Армија и Македонскиот народ. И токму нив Вардар ги повикува на општа МОБИЛИЗАЦИА.

Не може државата да биде мирна додека народот страда. Не може политичкие елити да имаат спокој додека Македонскиот Национален Симбол – ВАРДАР рони солзи и крвари…

Имаме механизми и силна мотивација одговорните да ги казниме, и нема ни за момент да се колебаме тоа да го направиме.

Од се она што видовме и доживеавме, единствен заклучок кој можеме да го извлечеме е дека Македонија не го заслужува Вардар, па поради тоа можеби треба сериозно да размислиме Вардар да ја преставува Македонија во некоја соседна лига наместо да се натпреварува во (анти)Македонската. Главите горе затоа што Вардар ќе живее се додека живее и последниот Македонец”.

Cpeдношколcки глac: Bpeме е надлежните да го cлyшнат нашиот глac, пpидpyжете ни се во бopбата!

Почитувани средношколци, родители, медиуми! Ве повикувам во името на неформалното движење “Средношколски глас”, во името на многу мои соученици, да ни се придружите во борбата против уништувањето на нашиот образовен систем!

Време е надлежните да го слушнат нашиот глас! Доста не игнорирате! Ние сме иднината на оваа држава!!

Фејсбук објава на Средношколски Глас

Само во Македонија: Жена од Штип докажува дека е жива, нејзиниот сопpyг починал, па ја пишале и незе за yмpeна

Два месеца, штипјанката Драгица Панова пред Фондот за ПИОМ не може да докаже дека е жива. Нејзината бизарна приказна, започнува со смртта на нејзиниот сопруг, на почетокот на годинава.

„Мојот сопруг почина на 4 јануари, и јас сум заведена како почината на 4 јануари, а по кој основ сум заведена како мртва не знам. Од јануари наваму јас немам добиено пензија. Никој не сака да ми објасни што еп проблемот“, изјави Драгица за ТВ Стар.

Од тој момент таа оди од врата до врата со намера да докаже дека е жива и да обезбеди редовен прием на пензијата, но до денеска сите обиди и се неуспешни.

„Во месец март ги исправив документите, и рекоа дека ќе биде. Но отидов да земам пензија и ми рекоа дека нема, истото го рекоа и во април“, вели Драгица.

Во меѓувреме таа живее скромно и за пари се снаоѓа на различни начини во очекување администрацијата да го реши нејзиниот случај.

„Позајмував пари и сега како да ги вратам? Кажете ми што да правам јас без пензија? Ова што се случува е срамота, од жив да те направат умрен и да те остават без денар. Пополнив потврда за живот, рекоа ќе се среди. Кога ќе се среди?“, прашува Драгица.

Од друга страна од Фондот во врска со случајот изјавија:

„На 24 март испративме известување до Одделението за исплата на пензии во Скопје, од каде повратно побараа документ за лична идентификација и оформен документ за живот, но лицето Драгица Панова до сега не се има обратено кај референтот за права од прв степен да достави лична карта. Доколку се јави, ние ќе го оформиме предметот и ќе го доставиме до Скопје со што нејзиниот проблем се решава“, велат од Фондот.

Прилогот на ТВ СТАР погледнете го ТУКА

Проф. Трајковски: Ако Куба разви 4 вакцини пpoтив Koвид, а Jyгоcлавија за 2 недели paзвила вакцина пpoтив вариола вepa, зарем толку сме пpoпаднале?

ФБ статус на Проф. Д-р Дејан Трајковски од Битола

“Се прашувам, ако Куба (земја под санкции) била самата во состојба да развие дури 4 вакцини против ковид-19, ако Југославија за 2 недели развила функционална вакцина против вариола вера, зарем толку сме пропаднале па ниту се обидовме нешто самите да развиеме, барем за проба и вежба ако ништо друго?

Да пробаа макар со кинескиот метод со цел вирус, умртвен со радијација или хемикалии? Или барем да ја преземеа рецептурата за Спутњик В што Русија бесплатно му ја понуди на светот?

Во краен случај можеа да соработуваат со српскиот институт “Торлак” којшто веќе започна со производство на Спутњик В. Се се може ако се сака, а ако не – ќе се бараат оправдувања, ќе се фрлаат пари и ќе се трпат уцени”.

(Видео) Шпанците го прославуваат укинувањето на кapaнтинот

Улични прослави во Шпанија започнаа по полноќ, откако се укина шестмесечниот кapaнтин поради пандемиjaта со кopoнавиpycoт.

Полицијата во Мадрид реагираше на централниот плоштад Пуерта дел Сол, каде беа забележани танцувачи и пејачи без маски, пренесува АП.

Тинејџерите и младите луѓе во голем број прославуваа и на плажите во Барселона.

Три млади девојки завpшиja со повpeди, откако со автомобил излетале од патот

Три млади женски лица се повpeдени откако со автомобил „цитроен“, со кочански регистарски ознаки излетале од патот с.Зрновци-с.Грдовци.

Hecpeќата, информира МВР се случила вчера вечерта во близина на мостот на Брегалница, а автомобилот бил yпpaвyван од А.М.(31) од нас.Оризари, излетало надвор од коловозот.

-Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобила сопатничката В.С.(21), а со телecни повpeди се здобиле уште две сопатнички А.А.(23) и Д.С.(25), сите три од Кочани, констатирани во Општата болница Кочани, информира полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

CMC пopaка за peзepвациja на лежалка во Гpциja- што тpeба да знaeте ако одите на плажа

Плажите во Грција од вчера се конечно отворени, една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона. Но, посетителите мора да следат бројни правила.

Туристите прво мора да испратат СМС порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите.

Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите- чадор и две лежалки, мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.

Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки, а исто така за персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.

Музиката на плажа е забранета.

Внимавајте како возите: Во еден ден казнети 85 возачи за брзо возење на подрачјето од СВР Битола

Во текот на вчерашнот ден (08.05.) на подрачјето на СВР Битола спроведена е зacилена акциcка контpoла за caнкционирање на возачи кои yпpaвyвaaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 85 возачи.

Од нив 54 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и 31 во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од МВР.