Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби денеска беше домаќин на грузиската претседателка Саломе Зурабичвили, која е во официјална посета на земјава.
Како што информираат од кабинетот на Груби, интеграцијата во НАТО и процесот на интеграција во Европската унија биле една од темите на разговорот.
-Република „Северна“ Македонија е подготвена да понуди помош од своето искуство на патот кон НАТО и да сподели искуство во делот на реформите што се бараат во процесот на пристапување кон Европската унија, нагласил Груби.
Политичката состојба во Грузија, односите со соседните земји, вклучително и Русија, конфликтите во Украина и Нагорно Карабах исто така биле дел од разговорот меѓу Груби и грузиската претседателка.
-Република „Северна“ Македонија ќе понуди соработка во процесот на реформите што треба да се направат во Грузија, вклучително и во областа на правдата, судството и обвинителството, како и безбедносните структури, порачал вицепремиерот.
На средбата станало збор и за економската соработка меѓу двете земји, при што било нагласено дека само минатата година извозот бил 242.962 евра и увозот 102.803 евра, додека за следниот период има тенденции да се воспостави подлабоко бизнис партнерство.
Груби и Зурабишвили разговарале и за процедурите кои следуваат за назначување на двајца почесни конзули на Грузија во Република Македонија и тоа во Скопје и Штип.
Христо Христов, маестро диригент при Филхармонијата во Варна, културен работник, Претседател на меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“, масон и внук на Гоце Делчев, во своето гостување во вечерашната емисија „Прашањето ми е следно“ со Александар Митовски на порталот “Инфомакс”, зборуваше за потеклото на неговиот прадедо.
„Нашето разбирање, и моето, така сум воспитан, е дека луѓето кои се Македонци се луѓето кои доаѓаат од Македонија. Гоце Делчев е Македонец. Апсолутно. Сите се Македонци штом доаѓаат од Македонија. Така е целото семејство. Бидејќи се од таму, се Македонци“, истакна Христов.
Во Општина Крушево, градоначалникот Томе Христоски, освен што ништо не реализира од проектите од ветената програма „Живот за сите“,општината ја турна во расипништво и криминал од најголеми размери. Во четвртата година, а фала богу и последна од неговиот мандат, излегуваат на виделина сите лаги, а граѓаните се крајно револтирани,излажени и усрамени што дале доверба на лажго, манипулант и криминалец на типот од Томе Христоски – истакна на денешната прес конференција Билјана Проеска, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево.
Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:
“Имено, од ветените инвестиции во индустриската зона „Опаленик“ ,се нема отворено ниедна нова ниту странска, ниту домашна ивестиција,туку има затворање на постојната „5 LETERS“ или познатата фабрика за марихуана,нормално отворена во време на ВМРО-ДПМНЕ. Ништо нема од ветената доизградба на инфраструктурата во викенд зона езеро,започната и 80% реализирана во време на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, ништо нема од фамозната обиколница во Крушево, ниту од реконструкцијата на локалниот пат Врбоец – Свето Митрани, а уште помалку од реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани – Крушево и Крушево – Демир Хисар. Ветениот проект за подобрување на водоснабдувањето во Крушево не е реализиран,ниту пак има реконструкција на постојни вештачки акумулации или изградна на нови. Наместо чистење на каналот и јазот во село Бучин,имаме запирање на водата во село Врбоец. Жителите се жалат дека господинот татко на градот им барал да испорачаат 80 гласови за СДСМ или не им пуштал вода за пиење. Ваков фашизам и уцена за капка вода во 21 век, може да има само кога е на власт ненародната хунта СДСМ во комбинација со Томе Христоски.
Во делот на образование и култура,се уште е во тек реконструкција на горната училишна зграда во Крушево, проект започнат уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е и единствениот проект, иако недовршен, иако наш, со кој што ги полнат општинските страни на Фејсбук. Всушност ветени беа реконструкција и санација на подрачните училишта во село Саждево, Алданци, Норово и Белушино. За жал се уште нема ништо од пристапните патеки, партерното уредување на училишните дворови, а санитарните јазли се во состојба како по Втората светска војна. Ветеното монтажно училиште во село Јакреново, ниту е започнато ниту им е во план ,а и да им било,тоа ке остане како прв проект што ќе го реализира ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на власт на следните локални избори. Томе Христоски во својата програма имаше план за традиционален музички фестивал „Да запееме за Тоше“. До ден денес овој проект не се реализира. Во делот на култура единствено што успеа да реализира е укинување на најпосетената и најгледана манифестација на Балканот- Етно град.
Младите во Крушево се иселија, а Томе Христоски вети дека ќе ги задржи и ќе ги вклучи во донесувањето на битни и важни одлуки за општината. Повторно лага и манипулација. По една година од неговото доаѓање на власт,Томе Христоски го укина Локалниот младински совет,кој беше еден од најдобрите во Република Македонија. Младите нема каде да се вработат затоа што слободните и примамливи работни места во Крушево се резервирани за блиската рода на градоначалникот. Почнувајќи од братучеди и сватови, а завршувајќи со сопругата на Томе Христоски, се е тоа добро згрижено и обезбедено, а Антикорупциска по оваа тема е глува и слепа. Граѓаните после ваквиот непотизам ,после сите лажни ветувања и манупулации, ќе ја одберат подобрата опција за град Крушево, а тоа е опцијата ВМРО-ДПМНЕ.
А, за злоупотреба на службена положба од страна на градоначалникот Томе, за неговото непочитување на законите, Закон за работни односи, Закон за основно образование, Закон за административни службеници, ќе има одговорност, а сите тие злоупотреби веќе и се предмет на разгледување во Основното јавно обвинителство во Прилеп”.
Турскиот криминалец, Седат Пекер, кој по објавување на аферата „Мафија“ беше посочен како еден од многуте кој добил македонски пасош со лажен идентитет, вели дека го познава премиерот Зоран Заев и дека бил кај него дома.
Еден месец претходно Зоран Заев пропушти да каже дали се познава лично со Пекер и дали го примил во својот дом. Напротив, Заев посочуваше дека луѓе од неговата коалиција, а не тој, се среќавале со Пекер „во чаршијата или на други места“.
Опозицијата јавно прашуваше и дали Седат Пекер бил на средби во зградата на владата?
„Дали зад криењето на Заев се кријат разговори за евентуални бизниси со Седат Пекер и дали во таквите бизниси се спомнува Вице Заев?
Веќе видовме дека Седат Пекер се среќавал со градоначалници и функционери од СДСМ и коалицијата, одел во општините и институциите, и бил приман како голем бизнисмен.
Згора на тоа Пекер бил придружуван од полициско обезбедување и полициски возила, како да се работи за државник од највисок ранг, а не за криминалец баран со потерница’, посочуваа од ВМРО-ДПМНЕ.
Видеото каде Пекер кажува дека лично се познава со Зоран Заев го сподели и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој на ФБ напиша:
“Ако некому не беше јасно зошто обичните службеници осудени во аферата “Мафија” се обично топовско месо со симболични казни, превземајќи ја вината од плеќите на одговорните во МВР?
Зошто се судени само за злоупотреба на службената должност и членот 353, а не за фалсификување патни исправи, не за злосторничко здружување и никој не прави финансиска истрага?
Одговорот на сето ова следи во видеото, Седат Пекер вели дека се среќавал со премиерот Заев кај него дома.
Целосно расветлување ќе има, исто како и одговорност за сите инволвирани од власта, веднаш по паѓањето на оваа мафијашка влада”.
Министерот за здравство на репубика Македонија, Венко Филипче денеска ги соопшти најновите одлуки на комисијата за заразни болести кои се предложени и прифатени од страна на главниот координативен кризен штаб.
Истите конечно дозволуваат промнена на ставот на овие институции по прашањето на приуство на публика на спортските натпревари организирани на државно ниво. Што значи дека официјално, публиката се враќа на спортските терени ширум Македонија.
Оваа мерка е дел од оние кои доаѓаат како олабавување на претходните кои беа поригорозни и кои беа донесени во сооднос со ситуацијата по повод пандемијата. Во моментов бројките кажуваат дека публиката може конечно да се врати на трибините, секако со понатамошно строго почитување на препораките.
На 09.05.2021 во 16.32 часот било пpиjaвено дека во Битола, на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Студентска“, се cлyчила cooбpaќajна незгода помеѓу мотоцикл „дукати мултистрада“, со скопски регистарски ознаки, yпpaвyван од З.В.(50) од Битола и патничко возило „шкода октавија“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Н.Н.(39) од Битола.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничкаta болница Битола. Увид извpшила yвидната екипа на СВР Битола – информираат од МВР.
Манипулациите на државата со македонските тутунопроизводители, не престануваат.
По вчера-добиеното писмо за начинот на распределба на парите од Петтиот Ковид-пакет, тутунарите сметаат дека пак се изиграни. Освен што помошта од 12 денари ќе се дава само за третата и четвртата класа, а додека 2 денари ќе одат на втората класа, тутунопроизводителите пресметале дека државата и овде ќе им направи кражба, односно, наместо ветените пет милиони евра, ќе биле потрошени само 3.698.884 евра – oбјави “АЛФА ТВ”
„Нашите барања за ковид-пакетот беа да се распределат подеднакво по килограм тутун за сите тутунари….На овој начин државата популистички сака да се прикаже како добротвор кој поделил ковид-пакет и обесштетил тутунари со низок просек. На тие што им зеде по 2 евра по килограм, сега сака да си ги измие рацете со 12 денари….Каде се 1.301.116 евра од ветените до исплатените ?!“, – прашува Игор Мирчески, коориднатор на четирите новоформирани тутунски здруженија.
Освен на ова, тутунарите имаат забелешка и на престојната исплата за субвенции. Според нивните математики, државата и овде направила кратење.
„Ако во програмата за субвенции за оваа година се предвидени 30, 7 милиони евра, а ќе бидат исплатени нешто помалку од 28 милиони евра, останатите 2 милиони и 700 евра во што ќе се распределат?! Или, ако направиме вкупна анализа во однос на субвенции и во однос на ковид мерката, вкупно ќе се потрошат 31, 7 милиони евра, а државата обезбедила 35, 6. Остануваат 4 милиони евра. Нашата држава наместо да дава, крати од парите обезбедени за тутунарите, што ќе рече дека со наши камења не удира по наша глава“, – објаснува Игор Мирчески.
Тутунарите не знаат зошто им се скратени и каде ќе бидат потрошени вкупно останатите 4 милиони евра. Исто така, тутунарите повторно побараа од премиерот Заев да си достои на дадениот збор за 185 денари просек кои им го ветил на тутунарите.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,88 % во однос на Одлуката од 4.05.2021 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.05.2021 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 ден/кг и сега ќе изнесува 35,243 ден/кг.
Од 11.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Цели чопори кyчиња cкитници предизвикyвaaт опacност низ центарот на Прилеп
Проблемот со кyчињата скитници не е од вчера, но никој ништо не презема истиот да се реши.
Постојано апелираме до надлежните да обрнат внимание на овој проблем, но засега безуспешно. Како да чекаат да се случи некој немил настан, па после тоа да се заозбилат и да преземат нешто.
Животните не се криви за ништо, тие се невини суштества кои сакаат нега и дружење со човекот. Но, во недостаток на храна и оставени неконтролирано да се размножуваат, проблемот уште повеќе се проширува.