дома блог страница 2049

(Фото) Опacна отpoвна тропска риба забележана во Јадранско море

Отpoвната риба паун забележана е во водите на Јадранско море во близина на брегот на Италија и Албанија.

Отpoвот на оваа риба се наоѓа во речиси сите делови од нејзиното тело, а убoдoт е многу болен и во одредени случаи може да предизвика сериозни последици, па неопходно е да се посети лекар, пишува хрватскиот портал “Морски”.

Уредникот на Фејсбук страната Подводни.хр, Перо Угарковиќ, предупредува дека појавата на оваа риба во хрватскиот дел на Јадранот може да се очекуваа уште оваа години, како и на тоа дека се работи за инвазиски вид, но не може со сигурност да се процени како ќе влијае на екосистемот.

Четврток е неработен ден – ни следуваат уште 4 споени викенди

Четврток, 13 мај, односно празникот Рамазан Бајрам е следниот неработен ден за сите граѓани во Македонија.

До крајот на годинава остануваат уште 4 продолжени викенди во кои ќе уживаме. Еден од нив имаме и во месец мај. Празникот Свети Кирил и Методиј оваа година паѓа во понеделник и со тоа се добива споен викенд.

Споени викенди ќе имаме и во јуни, август и октомври.

Ова се останатите неработни денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ – 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (понеделник), Ден на Републиката, 8 септември (среда), Ден на независноста, 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од православна вероисповед – 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед- 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед- 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Ќе играме ли на свадба? Филипче вели рано е, Бектеши вели рестораните за свадби ќе се отворат

Рестораните кои организираат свадбени и други забави ќе бидат отворени кон крајот на овој месец, евентуално на почетокот на идниот, најави вчера во гостување на ТВ21 министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Сигурно свадбените ресторани или ресторани кои организираат разни забави, некаде кон крајот на овој месец или почетокот на следниот месец можат да започнат со работа. Секако, врз основа на протоколи што ќе бидат подготвени од експерти од оваа област “, рече Бектеши.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче истакна дека епидемиолошката слика дава можности за дополнително олеснување на рестрикциите, дека ќе може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари, но засега не и свадби.

Официjaлно: Bладата одлyчи, полициcки чac колкy да го има, ќе работат и тepeтаните

По препорака на Главниот кризен штаб, Владата денеска одлучи полициски час да има само четири часа во едно деноноќие, подоцна да работат кафулињата, да се отворат теретаните и фитнес центрите…

Посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 почнува од 24 часот до 4 часот наутро наредниот ден.

Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.

Boнpeдна нajaва од УXMP: Се очекyвaaт вpнежи од дожд и гpмежи

До петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, додека од сабота се очекува влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 13, додека максималните од 19 до 25 степени.

Утре попладне претежно во северните делови времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Во четврток и петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и ќе дува засилен западен ветер. Влажен бран со врнежи од дожд во поголем дел од земјава се очекува во сабота.

Повеќе нaceлени мecта во пpилепcко yтpe ќе ocтанат без cтpyja 3 чaca

На 12 ти мај, среда, екипите на ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа на одредени локации, се вели во известувањето од ЕВН Македонија.

Заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничкиот Енерго Центар (КЕЦ) Прилеп: од 12 до 15 часот дел од корисниците на ул.Благо Целев во Крушево, а од 9 до 11 часот населените места и локациите во прилепско с. Оревоец, с. Плетвар, с. Радобил, с. Тројаци, с. Дрен, с. Ракле,Еко Млин, Репетитори Мобимак, КРИН рудник, Теракота Рудник, Маврово Асфалтна база.

Poдителите излегyвaaт на yлиците, Цapoвcка и понатамy се инaeти – ќе ce cтигне ли до компpoмиc за дигиталните yчебници?

Откако минатиот четврток претставници на родителите се сретнаа со вработени во Министерството за образование и наука, а министерката Царовска воопшто не се појави на средбата, на незадоволните родители им беше ветено дека ќе бидат известени за нова средба на која ќе се обидат да стигнат до решение. Но, иако тие дадоа рок до вчера попладне, таква порака од МОН не добија и затоа се решија да преземат дополнителни чекори.

На 6 мај претставници на оваа иницијатива имаа средба со претставници на МОН на која присуствуваше и министерката Мила Царовска и на која се разговараше за Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Договорено било дека денеска МОН ќе го изготви записникот од таа средба и ќе одговори на барањата, рекоа вчера од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“.

– Но тоа не беше сторено. Затоа, остануваме доследни на нашите ветувања пред граѓаните дека продолжуваме со битката и ќе се бориме до крај против донесувањето на законот, користејќи ги сите начини и средства загарантирани со законите во Македонија. Како што и најавивме ќе организираме мирни протести во градовите низ Македонија и мирен марш во Скопје. Протестите низ градовите и маршот во Скопје ќе бидат организирани согласно протоколите за активности на отворен простор во услови на пандемија, најавуваат од граѓанската иницијатива.

Вчера попладне, МОН сепак се огласи и соопшти дека планот за реформи е донесен на транспарентен начин, преку јавна дебата и со учество на сите засегнати страни и експертската фела. Според нивното соопштение, тие НЕ ги прифатија барањата на иницијативата за повлекување на предлог законот за учебници и негово ревидирање преку јавна дебата.

Царовска и понатаму ги брани овие образовни реформи, на кои јавно се спротивставија огромен број на граѓани, а учениците од основното и средното образование ја бојкотираа наставата.

– Нема лошо време за квалитетна реформа. Промените во системот на образование не се избрзани, туку се темелат на Стратегијата за образование 2018-2025 донесена кога министерка беше Рената Десковска и на Законот за основно образование, донесен кога министер беше Арбер Адеми, што покажува континуитет во работата на Владата за создавање квалитетно образование. Со години се правени анализи на образованието, домашни и меѓународни истражувања, каков систем на образование ни е потребен, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во дебатната емисија на ТВ Клан.

Царовска рече дека сега е време да се направи исчекор, затоа што секоја изгубена минута со неквалитетно образование нé чини прескапо во по-глед на подготвувањето на човечкиот потенцијал за времето коешто доаѓа. Треба да почнеме денес, за да очекуваме поголем економски раст и развој по 15 години, со под-готвен човечки потенцијал.

-Новиот концепт за основно образование има една главна цел – да обезбеди нов систем на учење и нов квалитет на основно образование, согласно светски стандарди. Ниту е цел укинување на наставни содржини, ниту укинување на учебници, ниту намалување на фонд на часови. Сите научни дисциплини се учат и со новата концепција, нагласи Царовска, додавајќи дека опозицијата нема идеја какво образование и треба на нашата држава и на ниво на дневна политика коментира суштински значајни реформи. Од опозицијата не стигна ниту еден конструктивен предлог за подобрување на концептот, или на некој закон.

Реформата ќе се одвива етапно, а од септември влегува само во прво и четврто одделение. Државата нема време уште 10 години да дискутира дали во прво одделение да се воведе новиот концепт на образование.

-Државата во еден момент треба да одлучи да почне со реформата. Ако само анализираме, се губи можноста да пристапиме кон развиените земји со квалитетни образовни системи, нагласи министерката.

За оваа реформа, досега не се потрошени дополнителни средства. Царовска појасни дека реформата е целосно платена од меѓународните партнери на државата и Светска банка, затоа што веруваат дека е во најдобар интерес на учениците.

Останува да се види понатамошниот исход на настаните и кои ќе бидат потезите на двете страни, дали оваа „битка“ ќе ја добијат над 70.000 незадоволни родители членови на групата „Учебници и настава мора да има“ или пак министерката Царовска која очигледно нема никаков слух за проблемите со кои се соочуваат родителите и учениците.

СДСМ Битола удpиja со главата во ѕид

Драгана Спасевска е мајка на три деца, дипломиран воспитувач која живее во Битола. Таа сосема случајно, на ФБ, ја отвора групата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА! (линк: https://www.facebook.com/groups/479418786591247), каде моментално членуваат над 75.000 корисници, кои главно ја поддржуваат иницијативата.

Спасевска беше обвинете од СДСМ Битола дека е поддржувач на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и дека токму партијата стои зад нејзината иницијатива.

“Никој нема право од другите да прави будали и да ги убедува дека иницијативата што ја предводи е без било каква политичка позадина.

Ова почитувани граѓани, почитувани родители и ученици (слика подолу) е Драгана Спасевска, предводничката на Фејсбук групата “Учебници и настава мора да има”, фотографирана на завршниот митинг на ДПМНЕ во Охрид, на 21 октомври 2016 година.

Толку почитувани граѓани од партиската независност на Спасевска. Драгана Спасевска која во повеќе наврати изминатите недела – две се колнеше дека зад нејзината иницијатива не стои ниту една политичка партија, нека да им се извини на сите родители и ученици што ги доведе во заблуда.
Затоа, денес уште еднаш прашуваме.

Дали Антонијо Милошоски се сретнал и и дал инструкции на Драгана Спасевска за текот на активностите во нејзината Фејсбук група кон крајот на минатиот месец во Битола?

Дали Пеце (амбасадорот од/на Битола) е локалниот лидер на ДПМНЕ кој е во постојана комуникација со битолски средношколци?

Дали генералниот секретар на ДПМНЕ вчера беше во Битола со цел да ги координира активностите кои следуваат? Дали после ручекот во еден битолски хотел, Сајкоски и уште неколкумина истакнати функционери на битолскиот огранок на опозициската партија се сретнале со Спасевска? Што и ветиле како награда за нејзиниот ангажман?

Реформите во образованието се потребни и ќе се случат, а ДПМНЕ повторно ќе биде на погрешната страна.“, напишаа од ОО СДСМ Битола.

На објавата на ФБ од СДСМ се соочија со низа коментари и критики од граѓаните од кои пренесуваме дел во продолжение:

Коментар напиша и самата Спасевска:

“Почитувани, Копајте ми во денот на раѓање… Копајте ми во детството… Копајте ми во болната душа распарчена во 2001-ва… Копајте ми во минатото болно кои го срушивте вие -политичките партии! Копајте ми во моментот кога молев за едно работно место по струка. Копајте ми во моментите кога ги растев моите три деца и кога ги делев и бирав на кое ќе му купам патики денес, а на кое идниот месец… Копајте ми во моментот кога ме боли душата што сакате да им ја уништите иднината!!! Јас се откажав од партија кога преку ноќ влегуваа лица на работни места кои не пречекориле партиска врата а за мене не се најде едно работно место по струка. Партијата беше само изгубено драгоцено време и граматички минато свршено време. Партијата не ги хранеше моите три деца. Партијата е само дискриминација! Денес сите сме сведоци дека интелектуалците се во позадина, а не стручни лица се на највисоки функции. ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ,ПОЛИТИЧАРИ И ПАРТИСКИ АКТИВИСТИ … ПОДАЛЕКУ ОД МЕНЕ! НАПОМЕНА: Секој кој ќе проба да го наруши мојот личен углед, интегритет и кредибилитет ќе се соочи со кривична пријава согласно ЗАКОН!!! Благодарам… и се надевам на разбирање…”

Битолчанец извршил обљyба врз затвopeник од Велес во затвopoт “Идризово”

На 09.05.2021 во 16.05 часот 33-годишен затвореник од Велес пpиjaвил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Kaзнено-попpaвната ycтанова „Идризово“, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола (исто така затвopeници) извpшил обљyба вpз него.

– Според пpиjaвеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат во дневниот билтен на МВР.

Baжно cooпштение до сите граѓани на Прилеп: Утре не ја посетувајте оваа област

На 11 мај 2021 година, во време од 09.00 до 21.30 часот на стрелиштето “Леково“ ќе се реализира боево гаѓање, стои во соопштението од Центарот за управување со кризи Прилеп.

„За тој период од денот реонот на стрелиштето „Леково“ е забранета зона. За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето.

Се предупредуваат сите лица кои по завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето доколку најдат неексплодирани зрна односно проектили, да не ги фаќаат и за тоа да ги известат органите на МВР и командата на гарнизонот во Прилеп“, се вели во соопштението од ЦУК Прилеп.