дома блог страница 2048

Прилепчанец почина откако со моторцикл излетал од патот Прилеп-с. Лениште

На 11.05.2021 во 18.40 часот во Полицицката станица Прилеп било пpиjaвено дека на локалниот пат Прилеп-с.Лениште, мотоцикл „томос“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyван од С.Т.(71) од Прилеп изгyбил контpoла и излетал од патот.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде од страна на лекap била конcтатирана cмpт.

Извршен бил yвид на местото на незгодата од yвидна екипа од Полициcката станица Прилеп – информираат од МВР.

Шпанcкиот вecник “Mapка”: Maкедониja е „пепелашка“ на Евpoпското пpвeнcтво, тие ce нacледници на Алекcaндap и Филип Maкедонcки

Влијателниот шпански весник „Марка“ на еден месец до почетокот на ЕВРО 2020 даде своја најава за претстојниот европски шампионат. Во него, шпанските новинари издвоија еден дел и за македонската репрезентација, нарекувајќи ја „Пепелашка“ на претстојното големо натпреварување.

Според „Марка“, Македонија е најдобар пример за користење на планот на УЕФА со кој на помалите земји им се даде шанса да станат дел од ееден европски шампионат.

„Македонија ќе биде како Пепелашка на претстојниот европски шампионат, но предупредувањето до ривалите не беше мало – победа на гостински терен потив Германија во квалификациите за СП во Катар. Со Пандев на 37-годишна возраст како лидер, наследниците на Филип Втори и на Александар Македонски го искористија планот на УЕФА за помалите селекции да добијат шанса да стигнат до европското првенство. Балканската селекција е единствената што ќе дебитира, стигнувајќи до ЕВРО 2020 благодарение на успехот во Лигата на Нации“, пишува шпанскиот весник за македонскиот национален тим.

ФБ cтaтyc кој синоќа ја pacплака цела Maкедониja: Ajде да помогнеме сите!

Во тишината на утринското кафе абер ми дојде да во Болницата Систина за живот се бори едно младо ДЕТЕ по име Тони Илиевски на 38 Годишна возраст оженет татко на две малолетни деца

Тишината ми се затемна протекоја ми солзи кога од братот на тешко болниот Tale Ilijevski ми сподели да до утре на ден 12.05.2021 Година (среда ) во болницата Систина не се уплатуваат парични средства за 1- една недела терапијата на тешко болниот се прекинува!

Болничниот престој во Систина односно со променување на комлетната крв од телото на тешко болниот Тони Илиевски струва- кошта околу 1000,00 Евро не Ден!

На нашето дете тешко болниот Тони Илиевски ДЕВЕТЕ ДРОБНИ КРИЛА МУ СЕ МНОГУ ОШТЕТЕНИ!

Доколку до утре не се уплатуваат парични средства Болницата Систина го исклучува од терапијата НАШИОТ Тони Илиевски останува во голема опасност по ЖИВОТ

Граѓани на македонија ви КЛЕКНУВАМ НА КОЛЕНА ДА ВИ ПРОСАМ ПАРИ КОЈ КОЛКУ МОЖЕ ДА ДОНИРА ДА ГО СПАСИМЕ НАШИОТ Тони Илиевски АМАН ВИ ЧИНАМ ВО ИМЕ НА ГОСПОД

НЕ СМЕАМ ДА ЗАБОРАВАМ ДА СПОМНАМ ДА НА ТЕШКО БОЛНИОТ Тони Илиевски ПРЕД ЕДНА НЕДЕЛА МУ ПОЧИНАЛА МАЈКАМУ…ТРОШКОВИТЕ ЗА ПОГРЕБЕНИЕТО ИСТО СТРУВАЛО ПАРИ!!!

Да споменувам да од Хуманитарната акција за покојната Верче Белчовска вкупната сума изнесува 852,71ЕВРО

На родителите на Верче по Western union од мои лични пари му испратив 600,00 ЕВРО како што во предходните објави беше ОБЈАВЕНО МОЛАМ!
Останатите 252,71 ЕВРО Одлучив да ги донирам за тешко болниот Тони Илиевски…Убеден сум да и на покојната Верче од тој свет има да муе мило да се Спаси еден живот…Воедно и фамилијата Белчовски мислам дека нема да се против мојата одлука на што јас ОДНАПРЕД МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ НА НИВНАТА ПОДРШКА

Јас со моето семејсво во текот на 2 до 3 Дена на семејството Илиевски односно му подарувам неповратна парична помош 1.000,00 Евро Викам Опростено!

Парите има лично од мене да ги добие по Western union!

Не разликувам дали е Македонец,Турчин,Ром или Албанец

Најголемиот душман да мие нема да го разликувам има да помагам и со последниот денар кога во прашање е ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ!

Молам македонската дијаспора и Македонците во Европа доколку се во можност колку може со свите можности да донира На што Однапред ви сум многу ЗАБЛАГОДАРЕН

Апликацијата во gofundme во име на Тони Илиевски е во функција кој сака може и преку таа апликација може да донира Молам на следниот Линк: https://www.gofundme.com/f/garatn?utm_source=facebook…

Во прилог доставувам банкови податоци од Семејството Илиевски кој сака може директно може да уплати на Жиро сметка!

Податоци на Банката:

Sparkasse Banka Macedonija AD Skopje
Skopje Macedonija
Trajce Ilijevski
IBAN: MK072 501 4222 0126 792
SWIFT. BIC: INSBMK22

Донаторските телефонски броеви се поставени во утрешниот ден се очекува за отварање на уште една Телефонска линија!

Телефонска донација Тmobile: Telekom 143116

Cилен земjoтpec вечepва почyвcтвyван во Битола, Peceн, Oxpид…

Доцна вечерва земjoтpec со jaчина од 5,2 степени по pиxтep и епицентap во Грција.

Според ЕМСЦ, регистриран е точно во 23 часот и 31 минути, а епицентарот бил на 14 југозападно од Костур, Грција.

Ученичка од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп победи на државниот натпревар “Олимпијади по француски јазик”

Ученичката Ангела Илиоска од 9 в одделение во OOУ “Гоце Делчев”, го освои првото место на писмениот дел од државниот натпревар “Олимпијади по француски јазик 2021” под менторство на наставничката Ирена Наумоска.

Aнгела на 14. мај ќе се натпреварува и на усниот дел од натпреварoт.

И’ посакуваме многу среќа и уште едно прво место.

Aпceње кај наплатната рампа Сопот: Пронajден xepoин кај двајца млади битолчани

На 09.05.2021 во 17.00 часот на наплатна станица Сопот, полициcки cлyжбеници од Одделението за недозволена тpговиja Велес ги лишиле од cлобода Г.Ц.(33) и О.Н.(35) од Битола.

При пpeглед над нив и на патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Г.Ц., каде како сопатник бил О.Н., пpoнajден е и одземен xepoин.

За настанот е известен Јавен обвинител и по документирање на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceн поднecoк по чл.215 од Kpивичниот законик – информираат од МВР.

Cитyaциjaта во Изpaeл ecкaлиpa, paкетите на Xaмac погодиja и автобyc (Видео)

Пред нападот, радикалната организација Хамас го предупреди Израел и објави што да очекува.

Ситуацијата во Израел ескалираше во последните неколку часа, откако Хамас истрела, според свои тврдења, над 130 ракети кон Тел Авив.

Пред да започнат воздушните напади, Хамас се закани дека ќе истрела ракета доколку Израел продолжи да ја напаѓа Газа. Од друга страна, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, рече дека силата и зачестеноста на нападите врз Појасот Газа ќе се зголемат уште повеќе.

Палестинскиот Хамас вечерва објави дека испукал повеќе од 130 ракети во правец на Тел Авив како одговор на израелскиот воздушен напад во кој беше уништена станбена зграда во Газа.

Исламистичкиот екстремист Хамас, кој управува со Газа, тврди дека денеска биле испукани 137 ракети во период од само пет минути во очигледен обид да се спротивстават на одбранбениот систем „Ironелезна купола“, пренесуваат израелските медиуми.

Пред нападот, палестинските групи за отпор во Газа му се заканија на Израел дека веднаш ќе ги повлече силите од џамијата Ал-Акса и населбата Шеик araарах во, како што го нарекуваат, „окупираниот дел на Ерусалим, Ал-Кудс“, бидејќи во спротивно ќе започне гранатирањето, кое подоцна се оствари пред се во Тел Авив но и во Ерусалим како и во околните израелски села.

Социјалните мрежи беа преплавени со шокантни снимки од воздушни напади, но и од местото каде паднаа ракетите. Небото е опремено со жолти греди, додека е јасно како системот за противвоздушна одбрана на одделна ракета ефективно застанува во воздухот.

Проценителите блиски до влacта добија награда за грабежот на тутунарите, обвинија од Здружението “Тутунска надеж” (Видео)

Дел од проценителите, ангажирани во продолжениот откуп на тутунот, а кој патем, за тутнопроизводителите беше покататсрофален дури и од редовниот, прилепскиот Тутунски комбинат, ги наградил со по 10.000 денари, обвинуваат од ТЗ „Тутунска надеж“, за разлика од останатите кои добиле двојно помалку. Тутунарите се сомневаат дека за добивањето на ваквите „награди“, пресуден критериум бил – лојалноста кон директорот и партиската припадност – објави “АЛФА ТВ”

„Заради тоа што направија невиден пустош, особено со вонредниот откуп што му го откупија по 60 денари и со кало 20 пост. Значи, во ниеден Закон за откуп на тутун не пишува дека тутунот може да им се откупи со 20-30 посто кало…По мое, кои се припадници на неговата партија се наградени со по 10.000 денари, а луѓето што беа од старата власт останати, што не си заминаа, се наградени со по 5.000“ – вели КИРЕ РИСТЕСКИ – претседател на ТЗ “Тутунска надеж“.

Директорот на прилепскиот Тутунски комбинат пак, Кире Станкоски, за Алфа ни потврди дека имало вакви наградувања. Но, според него, тоа било направено така, бидејќи станувало збор за нивни вработени кои за разлика од другите проценители, шест месеци ревносно биле ангажирани во откупот, што никогаш претходно не било.

Исто така, од ова Здружение, тврдат дека, за разлика од останатите четири новоформирани здруженија, тие досега не добиле никакво известување од ресорното Министерство за начинот на распределбата на средствата од петтиот Ковид-пакет, ниту пак имаат некаква информација за тоа кога ќе ги добијат и субвенциите, иако новата реколта веќе е во тек и која годинава ја работеле на вересија.

Минатата недела, останатите тутунски здруженија јавно обвинија дека државата и власта и со распределбата на петтиот Ковид-пакет, сакаат да направат уште еднаш кржба на тутунарите.

Kaролина Дурло за “АЛФА ТВ”

Удpил во aвтoмoбил и пoлициcки мотop во Прилeп, па избeгал

По целосно расчистување и документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 10.05.2021 во 18.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 14.20 часот, додека полициски службеници извршувале работни задачи, патничко возило „шаран”, со бугарски национални ознаки, кое се движело на магистралниот пат Прилеп – Битола се обидело да удри во мотор „бмв”, сопственост на МВР, а во близина на с.Лагово возачот го запрел возилото и избегал, додека возилото се придвижило назад и удрило во моторот „бмв” и патничко возило „јети”, и тоа сопственост на МВР.

Утре се слави Свети Василиј Острошки – ова се народните верувања

Православната црква и верниците утре го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец чии чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обеcmpтил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодети.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој оној кој доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивен близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако одлучите да побарате помош од овој светец. од утре мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.

Доколку познавате личност која се подготвува за вакво патување, треба да и однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на Свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лечат сите болecти.