дома блог страница 2046

Maлолетник влегол во музеј во Битола и yкpaл peвoлвep

На 12.05.2021 во 12.30 часот во СВР Битола, М.С.(49) од Битола пријавила дека на 08.05.2021 во 18.00 часот, малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка.

По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот. По документирање на случајот ќе следува поднесок.

Нацрт-законот со кој се предвидува распродажба на земјоделското земјиште по багателни цени, ги вознемири земјоделците (Видео)

Македонските земјоделци исправени пред нов предизвик. Предлог-законот за масовна распродажба на државното земјоделско земјиште, по багателни цени од 0,5 до едно евро за квадрат, со отворена можност за негова пренамена, ги фрла во нов очај. Стравуваат дека државата ќе го дотепа и онака осиромашениот земјоделец, особено оној кој нема своја земја – објави “АЛФА ТВ”

„Сметаме дека не треба да се распродава, туку дека треба да се изврши прераспределба на тоа земјиште. Имаме земјоделци кои што се земјоделци без квадрат земја, кубурат со земја, не можат да се снајдат. Можеби е најдобро таа земја да се подели под концесија, под кирија, долгорочно на оние земјодлеци кои што не се стигнати да речеме до некој минимум од 30 декари, три хектари земја. Значи, да не се оди на продажба затоа што ако се продаде, таа ќе биде трајно продадена, оттуѓена, а вака ќе имаат можност, сепак поголем број на луѓе да дојдат до каква-таква егзистенција“, – ни изјави за Алфа, Васко Јосифовски, земјоделец.

Спротивно на ова, од прилепската ПЕ на Министерството за земјоделство, сметаат дека со овој Закон ниту еден земјоделец немало да биде оштетен, иако, според Зоран Пачешкоски, сега било се уште рано за да се коментира, бидејќи Законот се уште не бил донесен, а дебатата – отворена.

„Во секој случај, јас мислам, мое мислење е дека земјоделците нема да бидат оштетени во никој случај, бидејќи идат земјодлеци кои што сакаат и да си го откупат земјиштето. И ќе се работи, како што имам информации, за поголеми површини, за многу големи површини, тие што си ги работат земјоделците од хектар, два, три, четири, пет, шест…“ – посочува Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Прилеп.

Во земјава има околу 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште кое треба да биде ставено на продажба по ниски цени и кое дури ќе може да биде пренаменето во градежно, или да се дава под концесија за експлоатација на минерални суровини, или за геолошки истражувања. Според експертите, ова би можело да биде погубно за една земјоделска држава како што е Македонија, бидејќи за сметка на производството на храна во време на крајно неповолни климатски промени, Владата наместо да воведува Агро-стратешки програми, таа го распродава земјиштето по багателни цени, со реални шанси да пропаднат и голем број мали, семејни земјоделски стопанства.

Инаку, во моментов, во РМ, на сила е Законот од 2013, со кој се продадени околу 280 хектари земјоделско земјиште, а врз кое има оранжерии и разни помошни објекти.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

(Видео) Омлет за цела Европа: Судap на камиони остави неообична сцена на автопат

Осум камиони кои пренесуваа јајца се судрија во близина на италијанскиот град Парма.

На снимката може да се види и “реката од јајца” која се создаде откако еден од камионите речиси се преврти и целиот товар остана на автопатот.

Bo нajвакциниpaната земja во светот одново неконтpoлиpaно се шиpи виpycoт?

ФБ статус на Проф. Д-р Дејан Трајковски од Битола

“Предупредување: постот кој следи содржи вознемирувачки информации и не е наменет за луѓе со слабо срце. Второ, постот НЕМА врска со антиваксерство, туку туку напротив, треба да поттикне на вакцинација, но со високоефикасни вакцини. Трето, се молат сите душегрижници да НЕ ми ги цитираат тука стапките на ефикасност на вакцината Синофарм, кои официјално изнесуваат помеѓу 78% и 84% против заразување, односно преку 94% против тешка клиничка слика.

Четврто, сите дијаграми се креирани со помош на датабазата Ourworldindata на Универзитетот во Оксфорд, а разните нумерички податоци се преземени од текстот во Њујорк Тајмс, чиј линк е даден на крајот од постот. Петто, целта на овој текст е да прикаже резултати од реалниот свет, за разлика од теоретските студии, воглавно од страна на кинеските институции, за кои веќе кај стручната јавност во светот постојат големи резерви и сомневања во транспарентноста и веродостојноста.

Да одиме со ред. Сите знаеме за импресивната стапка на вакцинираност во Израел, но помалку е познато дека на Сејшелите, мала островска држава во Индиски Океан, стапката на вакцинираност со две дози е највисока на светот и изнесува 62%, наспроти 59% во Израел.

Инаку, на Сејшелите со најмалку една доза веќе се вакцинирани 70% од населението, исто така најмногу на светот. Најголем дел од населението, 57%,се вакцинирани со кинеската вакцина на Синофарм (со официјална ефикасност против заразување помеѓу 78% и 84%), додека 43% се вакцинирани со вакцината Ковишилд од Оксфорд/АстраЗенека (чија ефикасноста изнесува 82% доколку втората доза биде примена 12 недели после првата).

На првиот дијаграм е прикажана динамиката на вакцинацијата на Сејшелите наспроти Израел, каде 100% од населението е вакцинирано со високоефикасната вакцина на Фајзер, со ефикасност против заразување од 94%. Ќе видиме дека токму високата ефикасност ја менува целата слика.

На вториот дијаграм следува вистински шок. За разлика од Израел, каде акцините на Фајзер ја завршија работата како што треба и кривата на вкупниот број на случаи веќе е совршено израмнета, на Сејшелите во последно време дојде до вистинска експлозија во бројот на новозаразените (на вториот дијаграм). Попрецизно, во Израел дневниот број на новодијагностицирани изнесува 5,55 на милион жители, додека на Сејшелите изнесува 2.613,38 на милион.

За споредба, во Македонија на врвот на пролетниот бран максималниот дневен број на случаи изнесуваше 726,44 на милион жители. Изгледа просто неверојатно, но според кумулативниот број на дијагностицирани на милион жители, Сејшелите, со преку 60% население вакцинирано со двете дози, ја надминале дури и Македонија, каде стапката на вакцинираност со две дози е занемарлива.

Ефективниот репродукционен број Rt, којшто претставува мерило на преносливоста на ковид-19, на Сејшелите веќе цели 4 месеци не се спушта под единица, односно таму владее епидемиско ширење на заразата, за разлика од Израел, каде Rt веќе 4 месеци е помал од единица, а во последно време се движи помеѓу 0,5 и 0,6, што индицира престанок на епидемискиот пренос, односно само спорадично (случајно, несистематско) заразување – точно како што би се очекувало во услови на колективен вакцинален имунитет. 37% од новите случаи на Сејшелите се луѓе коишто се вакцинирани со двете дози (!), а останатите со една или ниту една доза, според министерот за здравство на Република Сејшели.

„Ова е алармантно открите“ вели Др. Ким Мулхоланд, педијатар во Мурдоковиот детски истражувачки институт во Мелбурн, Австралија, кој бил инволвиран во надгледувањата на многу испитувања на вакцини, вклучувајќи ги и оние за ковид-19.

Др. Мулхоланд тврди дека првичните извештаи од Сејшелите одговараат на одвај 50% ефикасност на вакцината, наспроти 78,1%, како што тврди кинескиот производител.

„Во земја каде големо мнозинство од возрасното население било вакцинирано со ефикасна вакцина би се очекувало епидемијата да исчезне.“, вели тој, со што мораме да се согласиме.

Многумина научници се појасно тврдат дека вакцината од Синофарм не нуди јасен пат до колективен имунитет, особено ако се земат предвид разните варијанти на вирусот коишто се појавуваат ширум светот.

„Владите коишто ја користат вакцината на Синофарм треба да сметаат со значителен процент на неуспешни вакцинации и соодветно да планираат“, изјавува Џон Мур, експерт за вакцини од престижниот Универзитетот Корнел, а пренесува Њујорк Тајмс. „Морате да ја известите јавноста дека се уште постојат високи шанси за заразување“.

На полета на смртноста работите стојат подобро. Додуша, времето од избувнувањето на новиот бран на заразување на Сејшелите е прекратко за да се забележи голем пораст на морталитетот (на третиот дијаграм), но од друга страна забележуваме стабилен раст на дневниот број на починати. 80% од починатите се лица коишто НЕ биле вакцинирани. Но, каква утеха, ако се знае дека инфекцијата им ја пренеле вакцинирани лица, коишто иако помалку умирале, доколку вакцинацијата била успешна требало да го затворат патот на преносот на вирусот.

„Навистина морате да употребите високоефикасни вакцини за да имате економска корист бидејќи во спротивно ќе морате да живеете со болеста уште долго време“, изјави Раина Мекинтир, која раководи со програма за биолошка безбедност на Институтот Кирби при Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сидни, Австралија. „ИЗБОРОТ НА ВАКЦИНА Е ВАЖЕН“, продолжува таа. Доволно е да направиме споредба со Израел и се ќе ни стане јасно (моја забелешка).

Можете да ми верувате, но и да не ми верувате, но погоре изнесените факти се во линија со моите теоретски истражувања за потребната стапка на вакцинација, во функција од ефикасноста на вакцината и потребниот степен на заштита при дадениот базичен репродукционен број R0, за што пишував во неколку наврати на крајот од март. Заклучокот е дека ни вакцината на Синофарм не може да оствари колективен вакцинален имунитет, а камоли Коронавак/Синовак. Споредбата со Израел кажува се и не остава простор за релативизирање.

За жал, Македонија својата вакцинална кампања претежно ја темели врз вакцината Синофарм (200.000 дози) и Синовак (500.000 дози). Среќа во несреќата, ако можеме да кажеме така, е што во Македонија постои многу висок степен на колективен имунитет од прележување (проценет на најмалку 50%), што сепак би требало да ја обузда епидемијата. Проблемот со ниската ефикасност не можел да биде забележен во Кина, затоа што таму епидемијата е сузбиена преку строги локдауни и ригорозни тестирања, односно до сега ниту имале потреба да се потпрат на вакцинацијата.

Прво, можно е на Сејшелите да пристигнале нови, агресивни мутации на корона вирусот од Индија или Јужноафриканската Република. Сејшелите моментално не вршат никаква контрола на патниците на влезот во државата бидејќи нивната економија е многу зависна од туризмот, како главна стопанска гранка.

Второ, колективниот имунитет од прележување на Сејшелите беше далеку помал отколку во Израел, поради што чисто вакциналниот имунитет не бил доволен да го сопре новиот бран. За новите соеви на вирусот, со базичен репродукционен број R0=4, потребниот комбиниран степен на колективен имунитет изнесува најмалку 75%.

Трето, Синофарм е многу проблематичен околу транспарентноста и веродостојноста на резултатите објавени во нивните студии, што е констатирано и од страна на разни меѓународни институции. Најкратко кажано, можно е вистинската ефикасност да е далеку пониска од рекламираната.

Четврто, нејасно е преку какви канали Сејшелите дошле до вакцината, односно можно е да биле жртви на голема измама. Ова треба да биде големо предупредување и до Македонија, особено во светло на скандалот со вратениот капар и договорот за набавка преку анонимна фирма од Хонг Конг. Да не зборуваме за превисоката цена што ја плативме за една сосема просечна (можеби и потпросечна, односно полунеупотреблива вакцина како што е Синовак со нивната катастрофално слаба ефикасност).

Јас, лично сум бил жртва на измама со набавка на електронски компоненти (моќни транзистори) од Кина. Сите транзистори по вградувањето во уредот изгореа, а по отворањето на куќиштето (кое изгледаше идентично на оригиналот) внатре пронајдов многу слаби проводници и премал силициумски кристал – јасен знак дека се работело за фалсификуван производ, но очигледно произведен во фабрика. Од тогаш дадов збор дека од Кина нема да купувам никаков високотехнолошки производ. Ќе видиме дали сите ние (како народ и држава) ќе мораме да научиме слична лекција.

Оригиналниот текст во Њујорк Тајмс може да се најде на следниот линк:
https://www.nytimes.com/…/covid-seychelles-sinopharm…

На крајот би сакал да му се заблагодарам на Ivan Novakovski кој прв ми укажа на проблемот со вакцините на Сејшелските Острови”.

3нaeте ли зошто невecтата го фpла бидepмaepoт на cвадба, еве каков бил обичajoт пpeтxoдно

Зошто невестите го фрлаат бидермаерот на свадба? Пред бидермаерот да почне да се фрла на свадбите, постоеле други обичаи.

Според народните верувања, таа која ќе го дати букетот, е следна за мажење.

Меѓутоа, знаете ли дека овој обичај започнал да се спроведува наместо друг кој младите девојки не го сакале.

Имено, пред неколку стотина години се верувало дека ако ја допрете невестата на свадба, ќе ве следи среќа. Доколку успеете да скинете дел од велот или венчаницата особено ќе бидете среќни.

За гостите да не се тегнат по невестата, почнал да се фрла бидермаерот што набрзо станало прифатливо, а овој стар обичај наскоро заминал во заборав.

Да се избopиме сите зaeдно cpцето на Влатко Селчанец од Прилеп да пpoдолжи да чyка

Влатко Селчанец oд Прилеп е татко на две деца, кој како пост-ковид последица се здоби со билатерална пневмониja и доживеа cpцев yдap.

По извршените анализи и cнимања, на семејството им било yкажано дека е неопходна итна опepациja. Поради cepиознocта и cложенocта на cocтojбата и виcoкиот pизик за опepaтивен зафат, се одлучиле истиот да биде изведен во приватната клиника Жан Митрев.

По извршената опepaција, дополнително произлeгла потреба од други медицинcки тpeтмани (xeмофилтрации). Но и покрај сето тоа, неколку дена по извршениот зафат, состојбата на Влатко нагло се влошила и итно била извршена уште една опepaциja и повторно беа потребни дополнителни животоспасувачки третмани.

– Нашето семејство поседува мал приватен бизнис кој поради ковид рестрикциите трпи големи загуби и се наоѓаме во незавидна финансиска состојба поради што не сме во можност самостојно да ги покриеме трошоците за лекување. Тој се уште се наоѓа во животозагрозувачка состојба за која не знаеме до кога ќе трае и колкави ќе бидат вкупните трошоци. Има само 54 години и желен е да продолжи да живее, но за тоа треба да се доздадат услови да не биде изложен на стрес што со оглед на нашата моментална финансиска состојба е практично невозможно. Ве молам помогнете срцето на мојот сопруг да продолжи да чука. Секоја и најмала помош е добредојдена! – вели во дописот неговата сопруга.

Сметка за донации: 210501585654975
Примач: Марија Василева – Селчанец
Депонент: НЛБ Банка

Или на телефонските броеви за донации:

За Влатко можете да донирате и ТУКА

Гимназијалците од Прилеп со целосна доминација на Државниот натпревар по географија: Освоени три први места!

На 07.05.2021 год. во организација на Македонското географско друштво се одржа Државниот натпревар по географија.

На овој натпревар учествуваа 63 ученици од гимназиите, угостителско туристичките училишта и економските училишта од Македонија.

Меѓу нив беа и натпреварувачите од прва и трета година од СОУ Гимназија „Мирче Ацев “- Прилеп, кои пласманот до државниот натпревар го обезбедија по успесите на претходно одржаните општински и регионални натпревари.

Во зависност од годината на образование, учениците беа поделени во неколку групи и на натпреварот одговараа на прашања од материјалот кој го учат по предметот географија, но исто така и прашања надвор од наставниот материјал, како на пример читање на дигитални сателитски снимки, анализа на компјутерски моделиран релјеф и сл.

Учениците ги постигнаа следниве резултати:

I година
1. Давид Димовски – I место
2. Давор Петрески – III место
3. Михаел Матески – I награда
4. Марија Стојческа – II награда

III година
1. Душица Тодороска – I место
2. Елеонора Мицеска – III место

Mентор на сите ученици им е проф. Виолета Проскоска Велкоска.

MBP со детали за cиноќешното yбиcтво во cкопcки Бyтел, познати идентитетите

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за вoopyжениот напад кој синоќа се случи во скопски Бутел, а во кој едно лице е yбиено, а друго тешко повpeдено.

Според информации од полициja вчера околу 21.35 часот во СВР Скопје било пpиjaвено дека на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7“, со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П.(24) од Скопје и сопатникот К.И.(43) од Скопје, неколку лица со огнено opyжje иcпyкале пpoeктили кон возилото.

-К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди.

Увид на местото извршила yвидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наpeдба телото на починатиот е предадено за обдyкциja, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка, информираат од МВР.

(Фото галерија) Кога популарната “Џиро ди Италија” ќе помине покрај македонска куќа тоа изгледа вака

Интересни фотографии од 104-то издание на популарната велосипедска трка “Џиро ди Италија” ни испратија нашинци од дијаспората.

На една од рутите од тринеделната трка, натпреварувачите поминале покрај македонска куќа, а тука ги пречекале со сонцето од Кутлеш и фотографија од Камениот мост во Скопје.

Секоја чест!

3oвpe тpпението: Poдителите од Пpилеп во caбота излегyвaaт на пpoтecт пpoтив peфopмите на Цapoвcка

Прилепчани ќе излезат на протест против новите реформи во образованието. Протестот според ФБ групата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА! е закажан за сабота (15.05.2021г.), со почеток од 12ч. пред јарболот во центарот на Прилеп. Истовремено протести ќе се одражат во речиси сите градови во државата.

Родители на деца повикуваат да се излезе против: укинувањето на печатените учебници, користењето на термините родител 1 и родител 2 наместо татко и мајка, укинувањето на историјата како предмет, намалување на часовите по македонски јазик, намалување на часовите по англиски јазик, воведување сексуално образование и против како што пишува во иницијативата, дрскоста и ароганцијата на министерката за образование Мила Царовска.

“Да излеземе сите заедно и да докажеме дека како родители на нашите деца можеме многу”, пишува во иницијативата.