Koj рече дека Прилеп нема природни убавини?
Погледнете ги овие прекрасни фотографии направени на Селечка Планина:
Автор: Протоереј Љупче Петрески
Во својата фудбалска кариера , прилепчанецот Јорданчо Наумоски секогаш е наклонет на својот матичен клуб и секогаш за својата Победа и покрај тоа што моментно го носи дресот на кавадаречки Тиквеш. Така беше и за време на разговорот во програмата во живо на “РАДИО ПЕЛА” со спортскиот новинар Никола Димески.
Наумоски ја даде подршката на црвенобелата армија бидејќи знае дека Победа полека ќе се врати онаму каде и е местото , но тој напомена дека Победа треба да игра на градскиот стадион , а не на стадионот на Могила. Жалосно е вели тој да се “кршат” нозете на овие млади играчи кои сега ги поседува прилепскиот клуб на стадион кој не им прилега на нивната кариера во фудбалот.
Сега, популарниот Оцко е член на Тиквеш од Кавадарци а и со својот клуб ќе разигрува за влез во елитното друштво кај нас. Наумоски вели дека слична е подршката на Лозарите за Тиквеш како и на Мајмуните за Победа , со верба , желба , и страст за своите пулени.
За неговата фудбалска кариера, но и за многу фудбалски пикантерии погледнете ТУКА.
Оштетени и уништени се двете плочи поставени за ybиените осум припадници на Apмиjaта и полициjaта кај Вејце кои беа поставени на 28 април по повод 20 години од мacaкрот извршен на тоа место. Ова го констатирал денеска претседателот на Одборот на бранители Марин Најдов, кој заминал на местото за да види во каква состојба се двете спомен обележја. За прв пат по повеќе од две недели отишол на местото, каде едната плоча ја нашол оштетена, другата воопшто ја нема, а уништено е оставеното цвеќе, пренесува РЕПУБЛИКА.
-Повредени се чувствата на бранителите, на македонскиот народ и на родителите и на нивните деца. Јас мислам дека институциите не си ја завршуваат добро својата работа и по кој знае кој пат поставуваме плоча и ја снемува. Тоа едно општество за сите е прифатено. Меѓутоа не се случува на нашиве простори, а од кои причини мора да одговорат политичките структури бидејќи не може да биде еднострана љубов, изјави Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.
Тој на денот на одбележувањето на годишнината и поставување на плочите упати порака во име на концептот едно општество за сите плочите да бидат зачувани, потенцирајќи дека поставувањето на спомен обележјата не е политика, туку оддавање сочувство. Сега поради ова смета дека пораките од бранителите за соживот не допираат до другата страна.
-Испратив порака до вицепремиерот Артан Груби, да преземе мерки, како не би доаѓало до вакви немили настани меѓутоа рефлексијата е јасна, после ова веќе нема дискусија околу тоа дали се преземени мерки или не, дали е реагирано на тоа и не се преземени соодветни мерки. Се надеваме дека институциите ќе смногнат сили неккао она да ги најдат сторителите и соодветно да ги санционираат да во иднината не се случуваат ваквите рбаоти кои се болни за човечкиот род кај кои постои сочувство, изјави Марин Најдов.
На местото кон Вејце на 28 април беа поставени и оставени две плочи со имињата на загинатите бранители. Едната ја остави Одборот на бранители, а другата претставници на Македонскиот родољубив народ. На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).
Малкумина можат да си го дозволат ова луксузно возило, но кога ќе го видите на улица знаете кој е во него!
По секоја Парада на победата што се одржува во Москва на 9. мај, сите погледи се свртени кон двата автомобили во кои министерот Сергеј Шојгу пристигнува од Кремљ и добива извештај од московскиот генерал.
Тоа е новата руска претседателска лимузина на Владимир Владимирович Путин, која ја користат исклучителни ВИП лица. Возилото е произведено од марката „Аурус“, што накратко значи „Russia’s Central Scientific Research Automobile and Automotive Engine Institute“.
„Чини 270.000 евра, но вреди секоја рубља!“
Моделот на автомобил е наречен „Сенат“ и може да се изберат две варијанти – со пократко и подолго меѓуоскино растојание. И, се разбира, само оние кои имаат доволно пари можат да го купат, бидејќи „аурус сенатот“ чини 270.000 евра, што го прави еден од најскапите автомобили во светот.
Во создавањето на возилото учествувал и Ролс-Ројс. Стандардниот автомобил има меѓуоскино растојание од 5.630 mm во должина, а меѓуосовинското растојание е 3.300 mm. Познатиот „Ролс-Ројс Фантом“ има должина од 5.762 mm во должина и меѓуосовинско растојание од 3.552 mm.
„Забрзува до 100-ка за 6. секунди!”
„Сенатот“ е дефинитивно возило за претседателите, а ентериерот е со кожен тапацир и дрвени детали. Инструмент таблата е, се разбира, дигитална.
На располагање се две погони, вклучувајќи 4,4-литарски V8 мотор и електромотор. Моторите развиваат 590 КС, а автоматскиот менувач е со девет брзини, така што тие можат да забрзаат до стотка од место од место за помалку од шест секунди!
Тука е и попрестижната варијанта со V12 мотор со волумен од 6,6 литри, кој произведува 848 КС, што е повеќе од легендарното возило „Фантом“, кое развива 563 КС.
Европската куќа на фудбалот ја објави официјалната песна за натпреварувањето.
Химната се вика „We Are The People“ и е во изведба на Боно и The Edge заедно со реномираниот диџеј Мартин Гарикс.
До Европското првенство остана уште помалку од еден месец, а истото со нетрпение се очекува и во Македонија затоа што ние ќе за првпат ќе бидеме учесници на еден голем турнир.
Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил објави дека граничниот премин „Евзони“ кон Грција од утре се отвора за сите граѓани на Република Македонија, кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против Ковид-19 или позитивен резултат за антитела.
Тој посочува дека за тоа бил информиран од грчкиот колега Киријакос Мицотакис.
-Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција, Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија кои имаат негативен ПЦР тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против КОВИД-19 или позитивен резултат за антитела, напиша Заев на својот фејсбук профил.
Но, иако министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев официјално изјавија дека Македонците на 14 мај конечно по година и пол ќе може да одат во Грција со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација, сепак денеска на многумина кој што се одлучија да патуваат кај нашиот јужен сосед не им беше дозволен влез во државата.
Објаснувањето на грчките полиција е дека за сега се уште не добиле официјално одобрување за влез на останати патници.
На Богородица возила има, а Македонците се револтирани што чекаат.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај.
Јеремија се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други …
Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосиј. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар, Јосиј, одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Јерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогребано.
Заради ова Јеремија беше фрлен во затвор. Бидејќи во затворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто застана покрај неговото затворско прозорче, а Јеремија почна да му диктира. Кога му го прочитаа ова пророштво на царот, тој гневен ја фрли хартијата во оган.
Промислата Божја го спаси Јеремија од затворот, а врз Јоаким се исполни зборот на пророкот. На царот Јехониј, пак, му прорече дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе умре таму, што наскоро и се случи. Под царот Седекија, Јеремија си стави јарем на вратот и така одеше по градот Јерусалим, пророкувајќи го со тоа падот на Јерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците.
На еврејските робови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во Јерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години – така и беше. Во долината Тотеф, под Јерусалим, каде што Евреите им принесуваа на идолите деца како жртви, Јеремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство.
Наскоро Вавилонците го зазедоа Јерусалим, го убија царот Седекија, го разорија и го ограбија градот, а огромен број Евреи беа заклани во долината Тотеф, на местото каде што Пророкот го искрши оној лонец. Јеремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот Нават – каде што умре Мојсеј – и овде го скри во една пештера. Огнот од храмот пак, го скри во еден длабок бунар. Некои Евреи го принудија да оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во Мисир.
Постои предание дека самиот цар Александар Велики го посетил гробот на Пророкот Јеремија. На наредба од Александар, телото на Јеремија е пренесено и со почести погребано во Александрија. Мисирците речиси го обожаваа Пророкот Јеремија. Затоа и го погребаа како крал.
Го сметаа за чудотворец и после смртта. Правот од неговиот гроб го земаа како лек против каснувања од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат Пророкот Јеремија против змии.
И оваа година младите уметници од музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп, преку добиените награди од неколкуте натпревари кои беа организирани овој период, докажаа дека трудот кој несебично го вложуваат, секогаш се препознава и вреднува.
Честитки на сите ученици и нивните наставници за постигнатите успеси на натпреварите Полихимнија – Скопје, Вториот музички фестивал со натпреварувачки карактер – Штип, SIMC Белина – БиХ и Орбетело – Италија
-Тамара Трајческа III награда на меѓународен натпревар во Италија од класата на проф Игор Николоски
-Анастасија Петреска I награда SIMC Белина – БиХ и Дариа Богеска I награда во Штип од класата на проф. Петар Цветаноски
-Марко Граороски I награда во Штип од класата на проф. Славица Конеска Темелкоска
-Теона Ванеска I награда во Штип и Марија Николова I награда во Штип и II награда на Полихимнија од класата на проф. Илија Иваноски
-Илина Наумоска I награда и Христијан Узуноски III награда во Штип од класата на проф. Јулијана Златеса
-Гораст Ѓорѓиоски I награда во Штип од класата на проф. Денис Најдоски
-Марко Солески и Михаил Граороски I награда во Штип од класата на проф. Мендо Ташкоски
-Бисера Баракоска III награда Полихимнија од класата на проф. Катерина Попоска
-Магдалена Ковилоска II награда Полихимнија од класата на проф. Мартина Пашоска Стојанов
Во продолжение настапот на Гораст Ѓорѓиоски:
– На 12.05.2021 во СВР Скопје, Т.С., директорка на училиште на подрачјето на Карпош, пpиjaвила дека додека расчистувале просторија во училиштето заедно со вработениот М.Н.(43), пpoнашле 44 кypшyми калибap 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини, кои се подигнати од полициcки cлyжбеници од Единицата за антитepopизам при МВР, при што било констатирано дека станува збор за школски предмети.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје – информираат од МВР.
На 12.05.2021 во 12.30 часот во СВР Битола, М.С.(49) од Битола пријавила дека на 08.05.2021 во 18.00 часот, малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка.
По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот. По документирање на случајот ќе следува поднесок.