Денecка е Cпacoвден или Boзнeceние Xpиcтово – Hajголемиот пpaзник после Beлигден

Верниците денеска го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.

Според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година. На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.

Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.

Во Новиот завет од Светото Писмо поточно во Светото евангелие според Марко опишано е и вознесението Христово: “А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога.

Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го окрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!” Така Исус се вознесол на небото, а неговите ученици се вратиле во Ерусалим каде што го прославувале и благословувале по храмовите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.