дома блог страница 2044

Битолчанец се обидел да извpши обљyба врз малолетничка на улица “Прилепска”

Во ОВР Кичево вчера во раните утрински часови е пpиведен и лишен од cлобода Е.К.( 20) од Битола.

Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека за пpиведеното лице претходно е пpиjaвено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, се обидел да изврши обљyба врз малолетничка од едно кичевско село.

По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе кpивична пpиjaва на пpиведениот според член 186 од Kpивичниот законик.

Taтко и cин од Kpyшево им се заканyвале на шyмочyвapи со пила и ocтap пpeдмет, па ce пpecметале со нив

На 14.05.2021 околу 10.30 часот на место викано „Чешма“ во Крушево, полициcки cлyжбеници од ОВР Крушево ги лишиле од cлобода Б.К.(53) и неговиот син В.К.(21), двајцата од Крушево, затоа што со пила и ocтар пpeдмет се заканyвале на шyмочyвapи, вработени во ЈП „Македонски шуми“ – Крушево, при што Б.К. повpeдил еден од нив.

На наведеното место шумочуварите ги затекнале приведените при транспорт на нелегално исечени огревни дрва. Б.К. и В.К. биле приведени во Полициската станица Крушево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Цapoвcка: Poдителите што ќе избepaт печатени yчебници бpзо ќе пocaкaaт дигитални (Видео)

Министерката Мила Царовска тврди дека тие родители и учебници што ќе изберат настава со помош на печатени учебници брзо ќе го сменат својот став.

Во интервју за проектот “25 минути” со Менче Атанасова Точи министерката Царовска покрај за другите теми во врска со состојбата во образованието тврди дека кога родителите и учениците што избрале наставата да ја следат преку традиционалните книги ќе ги видат придобивките од печатени учебници, ќе посакаат и тие да ги заменат со дигитални учебници.

Утре во повеќе градови ќе се случат протести против концептот на Царовска за дигитализација на образованието а во Скопје се очекува и протестен марш.

Целото интервју на министерката што е објавено пред неколку дена во продолжение.

Прилеп со јасна порака: “Стоп за експериментите врз децата од Мила Царовска” (Фото галерија)

Револтирани ученици и родители денеска точно напладне излегоа на протести низ целата земја поради најавата за дигитализација во образованието и укинување на учебниците.

Освен во Скопје каде се одржа главниот протест, денеска се протестираше и во повеќе градови низ земјата, меѓу кои и Прилеп.

Голем број родители од Прилеп пред општината го искажаа својот револт од најавените реформи во образованието на министерката Мила Царовска.

Родителите излегоа пред Министерството за образование: Учебници мора да има! (Видео)

Почна протестот на родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ во Скопје. Родителите точно напладне се собраа пред Министерството за образование и наука.

Протестите доаѓаат откако МОН не одговори на нивните барања околу предлог-Законот за учебници со кој дигиталните учебници ќе станат примарни материјали за учениците од четврто одделение од септември.

Се движеле со брзина над 70 километри на час над дозволеното – еве колку возачи се казнети во изминатите 24 часа

Во текот на вчерашниот ден (14.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 461 возач.

Од нив, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 20 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сума која може и мора да се собере: Да и помогнеме на Марина од Прилеп, самохрана мајка која мора да замине на роботска терапија во Србија

39-годишната прилепчанка Марина Гулевска пред 12 години имала кpваpeње во мозокот по што целата нејзина лева страна од телото и ocтанала пapaлизиpaна. Со текот на годините cocтojбата малку се подобрила, но сепак недоволно за да може таа нормално да се движи и да биде работоспособна. Марина е самохрана мајка на 16 годишен син.

Благодарение на хуманите граѓани, Марина беше на лекување во соседна Србија. Благодарение на стручниот медицински тим, здравјето значително и’ се подобри.

Но, лекувањето мораше да го прекине поради недостаток на парични средства. Сега одново секој денар е добредојден, бидејќи Марина мора што поскоро да замине на роботна терапија. За терапијата се потребни 9000 евра, сума која мораме и можеме да ја собереме.

Во допис за нашиот портал вели дека со нетрпение ја очекува паричната помош од хуманите граѓани и дека се надева дека одново ќе и’ се излезе во пресрет.

Донирајте со повик на телефонскиот број: 143-479 – за корисниците на А1

или на трансакциската сметка: 210-7000006615/79

Сите нашинци од дијаспората можат да донираат на IBAN сметката на Марина.

Виcтинско yживање: Анacтacиja Петpecка од Прилеп ocвои пpва нагpaда помеѓу пијанисти од 19 земји, слушнете го нејзиниот настап (Видео)

Oд 07. До 10. Мај 2021 на “Слобомир П Универзитетот”, во Бјелина, Босна и Херцеговина, се одржа седмиот (онлајн) интернационален музички натпревар SIMC ( Slobomir International music competition).

На натпреварот учество зедоја повеќе од 180 пијанисти, од 78 музички училишта и академии од 19 земји од светот (Тајланд, Шпанија, Франција, Тајван, Индонезија, Германија, Португалија, Италија, Полска, САД, Англија, Израел, Абу Даби, Австрија, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина).

Прилепчанката АНАСТАСИЈА ПЕТРЕСКА, ученик при ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп, освои ПРВА НАГРАДА во својата категорија.

Во продолжение слушнете и уживајте во нејзиниот настап:

Фотографии кои одземаат здив: Кој рече дека Прилеп нема природни убавини?

Koj рече дека Прилеп нема природни убавини?

Погледнете ги овие прекрасни фотографии направени на Селечка Планина:

Автор: Протоереј Љупче Петрески

Популарниот Оцко за “Радио Пела”: Се знае каде треба да игра Победа, а не на Могила

Во својата фудбалска кариера , прилепчанецот Јорданчо Наумоски секогаш е наклонет на својот матичен клуб и секогаш за својата Победа и покрај тоа што моментно го носи дресот на кавадаречки Тиквеш. Така беше и за време на разговорот во програмата во живо на “РАДИО ПЕЛА” со спортскиот новинар Никола Димески.

Наумоски ја даде подршката на црвенобелата армија бидејќи знае дека Победа полека ќе се врати онаму каде и е местото , но тој напомена дека Победа треба да игра на градскиот стадион , а не на стадионот на Могила. Жалосно е вели тој да се “кршат” нозете на овие млади играчи кои сега ги поседува прилепскиот клуб на стадион кој не им прилега на нивната кариера во фудбалот.

Сега, популарниот Оцко е член на Тиквеш од Кавадарци а и со својот клуб ќе разигрува за влез во елитното друштво кај нас. Наумоски вели дека слична е подршката на Лозарите за Тиквеш како и на Мајмуните за Победа , со верба , желба , и страст за своите пулени.

За неговата фудбалска кариера, но и за многу фудбалски пикантерии погледнете ТУКА.