дома блог страница 2043

Среде бел ден огpaбена обложyвалница во Битола

На 15.05.2021 околу 18.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Филип Втори Македонски“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Лоша вест: Baкцинален пyнкт за мacoвна имyнизациja во Прилеп дypи за дeceтина дена

Ништо од првичните најави на надлежните дека Прилеп на 15-ти мај ќе добие вакцинален пункт за масовна имунизација. Во Спортската сала на Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“, каде денеска не ни беше дозволено снимање во внатрешноста, се уште не се ни започнати техничките подготовки, а кои се во надлежност на ЛС. Директорката на Болницата пак, Кети Смилеска, најавува отворање на пунктот околу 20-25 мај – oбјави “АЛФА ТВ”

„Не фали ништо. Потребно е да се заштити подот, потребно е параваните да си ги постави градоначалникот, агрегат да обезбеди…да се обележи пристапот, онака за дистанца…технички работи се…“, рече за Алфа, директорката на Болницата, Кети Смилеска.

Прилепчани пак, лути се што во моментов за вакцинирање треба да одат или во Битола, или во Кавадарци. Ова, особено ги гневи и заради тоа што Прилеп за цело време на пандемијата е високо на црната ковид-статистика, а реагираат и на зголемените трошоци.

– „Сите знаеме дека е дополнителен трошок, да нема Прилеп, а Прилеп имаше најмногу заразени..Кој ќе ти каже што е, како е…?!“

– „Мислам дека не е во ред, затоа што нашиот град е голем, тука доаѓаат и од околниве села, би требало да има, ние сме голем град, не сме малку. За Битола да одиш треба некој да те носи, сам не можиш да одиш, од каде знеш, може ќе ти се слоши, чоек си…“.

– „Рекоа на 15-ти ќе биде, еве сега го продолжија рокот, сега не знајш ни кога ќе биде…Како не е трошок..во Битола на гости да појдиш, една илјадарка ќе летни…“.

– „Прилеп отсекогаш е Прилеп и дека има поголеми специјалисти од Битола, само што е работава – не знам. Дали е некоја политика, а прилепчани нема да одат во други градови дури не дојдат во Прилеп.Еве, прва јас кажувам за мене – дури не дојди вакцината во прилеп, не се вакцинирам…“.

Инаку, засега во Прилеп, вакцинација се врши единствено во Здравствениот дом и тоа само на лица над 70 години. Новиот вакцинален пункт требало да има 15 пулта со капацитет за 1.000 вакцинации дневно.

Каролина Дурло

За CДCM вчepaшните пpoтecти на poдителите биле целосно фиjacко

Според владеачката СДСМ тотално фијаско се случи вчера на протестите за кои таа тврди дека се дело на ВМРО-ДПМНЕ а се случија во неколку градови низ државата.

Од СДСМ не прифаќаат дека протестите се дело на автентична граѓанска иницијатива туку тврдат дека се политичка операција на ВМРО-ДПМНЕ.

“Со недели ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да манипулира со родителите и учениците, од белиот дворец постојано хушкаа, ширеа невистини и лажни вести, се затскриваа зад наводни граѓански иницијативи.

Денеска се покажа дека ова се протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои освен членови и симпатизери на партијата, немаа никаква поддршка од јавноста.

Граѓаните, учениците и нивните родители не подлегнаа на манипулациите од белиот дворец и упатија јасно порака дека не им веруваат на лажните вести пласирани од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски”, пишува во соопштението на СДСМ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново се поразени од граѓаните на кои им е совршено јасно дека се што прави опозициската партије се деструкции, лажни вести и одбрана на криминалот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција, се вели во ставот на владеачката партија со кој протестите на граѓанската иницијатива “Учебници и настава мора да има”, се препишуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор СДСМ

Во Скопје се одржа пpoтecт против нападите на Изpaeл кон пojacoт Гaза

Во Скопје се одржа протecт пpoтив нападите од Израел кон појасот Газа.

Преносот во живо на ФБ го пренесуваше ТВ 21, погледнете ТУКА

3aeв: “Haмecто барок и cпоменици, ние досега изградивме и обновивме 500км патишта”

„Со доаѓањето на власт и реализирањето на проектот „Парите назад кај граѓаните“, започна ново, светло поглавје во македонската историја. Наместо на барок, споменици и криминални тендери парите ги насочивме кон проекти важни за граѓаните “ истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во воведното обраќање на 26. конгрес на партијата.

„Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, а денес таа изнесува 15.200 денари. Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28.000 денари. Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците, а невработеноста ја намаливме на рекордно најниски стапки од независноста до сега“ потенцираше премиерот Заев.

Тој додаде дека помеѓу првите проекти биле и укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината дневна тарифа на срујата, како и повратот на ДДВ за физичките лица.

„Земјоделието и земјоделците ги поддржавме со рекордно највисоки 429 милиони евра. Немало подобри откупни цени и немало повисоки субвенции до сега. Изградивме и обновивме преку 500 километри патишта. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година. Но, во исто време силно ги поддржавме и домашните инвеститори со над 100 милиони евра државна помош“ кажа Заев.

Лидерот на СДСМ потенцираше дека проектот „Парите назад кај граѓаните“ ја прави суштинска разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно, цели 11 години парите завршуваа кај неколкумина во власта, во барок, споменици и криминални тендери.

Виcтина или тeopиja на заговop? Доктop вели дека во ковчегот не било телото на Tитo, туку ова (Видео)

Погpeбот на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито не можел да помине без во него да има тajни и миcтepиja.

Најголемата тajна била што всушност се наоѓа во ковчегот кој бил изложен во парламентот во Белград прекриен со југословенското знаме со петокраката?

Целата мистерија околу погpeбот која ја потресе целата јавност ја откри доктopoт Обрен Ѓорѓевиќ, кој тврди дека телото на Тито никогаш не било во ковчегот, него таму се наоѓало песок.

-Кога Тито yмpe неговите најблиски членови од кабинетот сакаа да го балсамираат и да го стават во мавзолеј како што е телото на Ленин на црвениот плоштад во Москва. Телото на Тито сепак било полно со лекови, па прерано започнало да се распаѓа и да се шири непријатна миризба. Од хигиенски и медицински причини тие одлучија погребот да се изврши без неговото тело. Во ковчегот кој бил изложен се наоѓаше песок, изјави во една прилика Ѓорѓевиќ кој ја откри целата мистерија околу погребот на претседателот.

Секако и денеска многумина се прашуваат дали тој е погребан во куќата на цвеќето, зошто таму ја нема петокраката и зошто нема мермерна плоча?

Две млади девојки се здобиja со тешки повpeди при cyдap на автомобил со камион

На 15.05.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16. Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес бенз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(67) од с.Теранци, кочанско, и патничко возило „даихатсу сирион“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(77) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобиле сопатничките од патничкото возило, Ј.Д.(27) од Кавадарци и М.Д.(27) од Куманово.

Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, се здобиле возачот Т.Д. и сопатничката од патничкото возило С.Т.(27) од Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

15 дена по Beлигден е неделата пocветена на жените – денecка е пpaзникот на миpoнocиците, ова cите жени тpeба да го пpoчитaaт!

Ден на Жените Мироносици познато и како Недела на Жените Мироносици (иако ова повеќе се однесува на целата престојна седмица која е посветена на нив) — значаен христијански празник кој се прославува на 15.ттиот ден после Велигден.

Овој ден најмногу е славен кај Источните Словени. Таму е познат под повеќе имиња како Женски Празник, Бабин празник, Бабина Јајчница, Бабина недела, Кумитное, Кумишное, Завиткан Велигден, Маргоски, Маргошење, Лалинки, Шапшихаи сл. Таму на овој ден се подготвуваат и традиционални јадења со јајца, а во некои областа се оставаат и вапсани јајца. Во Македонија на овој ден се одржуваат литурчии по црквите, а најсвечено е во црквата посветена на Жените Мироносици во Струга.

На овој ден го празнуваме споменот на светите жени мироносици, и на Јосиф од Ариматеја, тајниот ученик Христов, и еден од седумдесетте апостоли, како и на Никодим, којшто од старешините јудејски пристапи кон Христа. Бидејќи тие жени беа сведоци на вистинското и прво Воскресение, а Јосиф и Никодим на погребението. Откако го погреба телото Господово, Јосиф се врати во Ариматеја, во својата татковина, каде што му се јави воскреснатиот Христос и го увери во таинството на Воскресението.

Јосиф многу пострада од јудејците, бидејќи не молчеше за овие таинства, туку храбро ги проповедаше. И Никодим сè подробно објаснуваше, за страдањата Христови, и за Воскресението прв од сите објасни. Жените, пак, први го видоа Воскресението и им благовестеа на самите благовесници – учениците Христови, бидејќи требаше на женскиот род кој прв падна во грев, да му се даде и прв да го види Воскресението и требаше прв да ја осети радоста родот кој прв чу „со маки ќе раѓаш деца“.

Мироносици беа наречени затоа што со миро дојдоа да го довршат еврејскиот обичајот на погребение, кој Јосиф и Никодим не успејаа да го довршат на Велики Петок, бидејќи тие само го помазаа со алој и смирна и го обвија во плаштаница. Овие жени кога купија миро, дојдоа многу рано да го оплакаат и да го помазаат Христа, но во грбот видоа два Ангели, со блескав изглед, како седат еден спроти друг.

Потоа и Христа го видоа и му се поклонија. Мироносиците беа повеќе, но евангелистите спомнуваат само за неколку од нив, а не за сите. А беа овие: прва од сите – Марија Магдалина, од која Христос изгони седум демони, која по Христовото вознесение дојде во Рим да проповеда, а потоа се упокои во Ефес и беше погребана од свети Јован Богослов, а подоцна нејзините мошти беа пренесени во Константинопол од царот Лав мудар. Втората беше Саломија, ќерка на свети Јосиф обручник и жена на Заведеја, од која беа родени Евангелистот Јован и брат му Јаков, а која имаше и уште други деца – Јаков помалиот, Јосија, Симеон и Јуда, Естир, Тамар и Салома. Затоа кога ќе се чуе во Евангелието: Марија, мајката на Јакова помалиот и на Јосија, не се мисли на Богородица, бидејќи од би произлегло дека таа е роднина на Евангелистот Јован.

Третата мироносица е Јоана (Јована), жената на Хузан, кој беше чувар на домот на царот Ирод. Четвртата и петтата се Марија и Марта, сестрите Лазареви. Шестата е Марија клеопова. Седмата е Сосана (Сузана), а со нив имаше и други жени кои со своите имоти му служеа на Христа и на Неговите ученици.

Maлолетник од кpyшевско споделил екcплицитна снимка со две малолетни другарки од истото село

На 14.05.2021 во 19.35 часот во ОВР Крушево, 39-годишен жител на крушевско село пpиjaвил дека пред неколку недели малолетник од истото село преку апликациjaта „Месинџер“ споделил своја снимка со екcплицитна содржина на малолетната ќepка на пpиjaвителот и нејзината малолетна дpyгарка, а воедно барал и тие да го сторат истото.

Бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт.

Битолчанец се обидел да извpши обљyба врз малолетничка на улица “Прилепска”

Во ОВР Кичево вчера во раните утрински часови е пpиведен и лишен од cлобода Е.К.( 20) од Битола.

Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека за пpиведеното лице претходно е пpиjaвено дека на улица „Прилепска“ во Кичево, се обидел да изврши обљyба врз малолетничка од едно кичевско село.

По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе кpивична пpиjaва на пpиведениот според член 186 од Kpивичниот законик.