дома блог страница 2039

Mрме го објави списокот на играчи за ЕП: Ова се момците кои ќе направат историја

Селекторот Ангеловски го објави списокот на играчи кои ќе настапат за Македонија на престојното ЕП

Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Ристо Јанков

Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулау, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков, Езџан Алиоски, Дарко Велковски

Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Тихомир Костадинов, Ферјан Хасани, Ељиф Елмас, Даниел Аврамовски, Дарко Чурлинов, Марјан Радески

Напад: Горан Пандев, Александар Трајковски, Иван Тричковски, Влатко Стојановски, Милан Ристовски, Крсте Велковски

Инцидент за време на пpec конференција на градоначалникот на Штип: Peволтиpaн граѓанин упадна и бараше да постави прашање (Видео)

Градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, во посета на противпожapната единица го честиташе Светскиот ден на пожapникapите, но додека даваше изјава пред новинарите упадна револтиран граѓанин.

Тој бараше да стои позади градоначалникот за време на прес конференцијата, а потоа да постави прашање до Николов.

Погледнете:

3aeв нajaви: Cтpyjaта ќе пocкапyва

Во интервјуто за Утрински брифинг, премиерот Зоран Заев се осврна на неодамнешната посета на Шпанија, каде се сретна со шпанскиот премиер.

Педро Санчез со кој што сум добар пријател ми вели, Зоран 142 милијарди добивме од рикавери планот на Европа. 45% ќе оди за енергетика, 25% дигитализација. Во пандемијата најважни теми се инвестирање се обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, заштеда на енергија и дигитализацијата. Така што и ние како останатиот дел од светот сме таму насочени. Во Грција се отвораат многу перспективи, разговараме со големи брендови. Морам да ја спомнам и нашата инвестиција во Александропули. Имаме и компании кои се присутни во финални фази на инвестиции, ги отвораме нафтоводните можности, 25% сопственици таму, сакаме да го пуштиме во употреба. Го градиме гасоводниот систем кој не отвора само перспективи за Македонија, туку стануваме главна транзитна точка, и претставува геостратегиски плус за земјава – вели Заев.

Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари.

Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј – рече Заев.

Кој е како нас: За три паркинг места клаваме две рампи (Фото)

Фотографија за која се тврди дека е од Клиниката за стоматологија во Скопје

За три паркинг места дури две рампи…. Бравос!

Фpизypa која е виcтински xит во 2021 година и можете да ја направите дома (Bидео)

Повеќето од нас немаат време или волја да прават комплицирани фризури дома, но, за среќа, постои решение за оние кои сакаат модерна фризура што се прави брзо.

Станува збор за т.н. плетенки меурчиња кои се голем хит оваа сезона.

Сè што ви треба е малку подолга коса и неколку стегачи за коса. Иако плетенките можеби изгледаат како да се навистина изработени професионално и како да се комплицирани за правење, ова е една од наједноставните фризури што можете да ги направите дома.

Пpилепчанка поради незадоволcтво од cyдcка пpecyда, 10 мeceци и` ce заканyвала на адвокатка

ОВР Прилеп поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Р.Ѓ.(68) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „загpoзyвање на cигypнocта“.

Во периодот од јуни 2020 до 19.04.2021, пријавената, поради незадоволство од исход на судска пресуда, во повеќе наврати на јавни места ѝ се заканувала на адвокатка од Прилеп.

Васил стана тема за потсмев кај Норважаните (Видео)

Ако ги мислите Норвежаните за воздржани и прекумерно воспитани луѓе кои со секој збор внимаваат да не навредат некого, чекајте да го слушнете ова друштво на ајкули.

Само еден момент да пренесеме, кога го тролаат интервјуто на Васил дека бил девастиран по откажувањето на минатиот Евросонг, па мислел која ли песна да ја изведе догодина, па седнал на клавир, па му дошла песната, па со солзи во очите си рекол:

„Таа е таа“. „Не, не е таа, Василе“, му спушта ликов.

ВКЛУЧЕТЕ „CAPTIONS“ на Јутуб за англиски превод.

Извор: OFFNET

Посветол од Сонцето и поубав од најубавото виножито: Утре е Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим

Според календарот на МПЦ утре е Спомен на јавувањето на Чесниот Крст во Ерусалим.

Во времето на царот Констанс, синот на Свети Константин, кога беше патријарх Кирил Ерусалимски, во девет часот наутро над Голгота се појави Чесниот Крст и се простираше до небото над Елеонската Гора. Тој Крст беше посветол од сонцето и поубав од најубавото виножито.

Сиот народ, и верните и неверните, ги оставија своите работи и во страв и со восхит гледаа во небесниот знак. Мнозина неверници се обратија во верата Христова, а исто така и многумина еретици аријанци ја оставија својата злобна ерес и се вратија во Православието.

За овој знак патријархот Кирил му пиша на царот Констанс, којшто и самиот клонеше кон аријанството. Тоа се случи на 7 мај 357 година. И во таа прилика се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања според телесниот човечки разум, туку во силата Божја, објавена преку чуда и знаци многубројни.

Директно од Црвената планета: Кинезите ги објавија првите фотографии од нивниот “ровер” на Марс

Кина ги објави првите фотографии кои нивниот ровер Џуронг ги снимил на Марс.

Како што наведува БиБиСи, роверот слетал на Црвената планета во неделата, а тоа достигнување Кина стана втората држава после САД која успешно стави сонда на површината на Марс.

Кинеските научници се надеваат дека ќе успеат да добијат најмалку 90 “марсовски денови” служба од роботот со шест тркала.

Смеење до солзи: Легендарната претстава на прилепскиот театар објавена на Youtube (Видео)

На јутјуб каналот од Центарот за култура “Марко Цепенков” објавена е легендарната претстава на прилепскиот народен театар “Војан Чернодрински”

Кој ја гледал “Од кол на кол” знае за какво урнебесно смеење станува збор, а останатите можете да ја проследите во продолжение: