дома блог страница 2038

Мицкocки откpи какви ќе бидат кандидатите за гpaдоначалници на BMPO-ДПMHE за пpecтојните локални избopи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за претстојните локални избори ќе пласира нов концепт при изборот за кандидати за градоначалници.

Тој во интервју за неделникот „Фокус“, запрашан дали при изборот на кадри за градоначалници и советници ќе се потпре на партиски кадри или ќе таргетира и независни интелектуалци, истакна дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат интелектуалци кои што се познати и признаени во своите средини.

„Ќе биде синергија од двете работи. Но, ќе таргетираме и интелектуалци што се познати и признати во своите средини и зад себе имаат богато професионално искуство“, рече Мицкоски.

Тој порача дека на претстојните избори кои ќе треба да се одржат есенва очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ затоа што пред се таа е најголема и најорганизирана партија во Македонија.

„На овие избори се разбира, очекуваме победа. Барем еден градоначалник повеќе, или еден советник повеќе на советничките листи“, потенцираше Мицкоски додавајќи дека на овие локални избори можни се сите комбинации во однос на формирање коалиции со други политички партии.

“Ho не влегoa на Евpoпcко во фyдбал”

Tвит на денот…

Poдителите не ce откажyвaaт: Bo cpeда нови пpoтecти низ cите гpaдови во Maкедонија

ФБ статус на Драгана Спасевска предводинк на иницијативата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА

“Со оглед на тоа дека Понеделник е неработен ден ,а воедно и голем ден-Ден на светите браќа Кирил и Методиј! Предлагам тој ден креативно да ги преплавиме социјалните мрежи за денот на словенската писменост и светите браќа Кирил и Методиј!

Во Среда 26.05.2021 година во 18:00 часот ќе се оддржат повторно МИРНИ ПРОТЕСТИ во сите градови на плоштадите ,со цел да имаме повеќе простор и да ги почитуваме протоколите за време на пандемија!

Предлагам протестите да траат еден час и во тој час во секој град говор да заземат високостручни лица (наставници, професори, академици, педагози, психолози, офтамолози, социолози и други засегнати граѓани, кои со факти и аргументи гласно ќе говорат за проблемите кои ќе ги донесе новиот предлог закон.

Во секој град е потребна логистика ,па доколку некој се нуди, слободно нека се пријави.
Повикувам се да биде мирно, со почитување на мерките, како и тоа да се запази јавниот ред и мир.

МИРНИ ПРОТЕСТИ ВО СЕКОЈ ГРАД – СРЕДА 26.05.2021 ВО 18:00 ЧАСОТ”, пишува Спасевска.

Мицкocки: Малите пapтии да ja напyштат кoaлициjaта на 3aeв за да cи го cпacaт дocтоинството

Малите партии час поскоро да ја напуштат коалицијата на Заев за да не си го газат своето достоинство, порача денеска во Штип опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Коментирајќи ја одлуката на владата да даде негативно мислење за предлогот за една изборна единица и отворени листи, Мицкоски вели дека менувањето на ставови од страна на Заев не го изненадува.

Тој вели дека Заев постојано ги лаже малите коалициони партии и на тој начин го гази нивното достоинство. Смета дека тие треба да ја напуштат неговата коалиција.

Малите партии треба час поскоро да ја напуштат таа коалиција, ако сакаат да си го зачуваат достоинството – рече Мицкоски при посетата на Штип.

3aeв: “Или сме настанати од мajмyните, или од Адам и Ева” (Видео)

Смешен е проблемот со Бугарија. Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата, кажа премиерот Заев во неговото гостување на „Утрински брифинг“.

– Со Бојко Борисов кога сум разговарал и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарам „по науката сите сме настанати од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева и како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?, додаде Заев.

Тој посочи дека историско-образовната комисија треба да ги разработи сите можни аспекти и за сите историски ликови да се најде решение за тие да не прават пријатели, а не да не делат.

– Не се откажувам бидејќи Европската Унија нема алтернатива. Ние продолжуваме да се европеизираме дома, но не е исто сами да се европезирате и низ процесот на преговори, низ поглавјата. Низ поглавјата и кластерите доаѓаат и милиони за поддршка за да може да те мотивираат и охрабрат да покажеш навистина вредности и ефекти од реформите во државата, кажа Заев.

Рокот е краток, аплицирајте: Објавен оглас за вработување на 100 професионални вojници

Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, вклучувајки го и денот на објава.

Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 100 професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија.

Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, вклучувајки го и денот на објава.

Согласно огласот условите за пријавување е кандидатот да биде државјани на Република Северна Македонија, да има завршено средно образование, да не е постар од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да е здравствено и физички способен.

Идните професионални војници, како што наведуваат од Министерството за одбрана, ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 8.000 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на четири години служба во Армијата.

Кандидатите за професионални војници пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на [email protected] и до Одделението за одбрана во местото на живеење, со приложување на потребните документи.

Од Министерството за одбрана наведуваат дека при вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите за прием.

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.

Тутунарите го бараа, бегаше од нив, сега ги убедува дека одлично живееле? (Видео)

Иако не присуствуваше на ниту еден од пpoтecтите на тyтyнapите, чиј род оваа година се ценеше по рекордно ниски цени, пратеникот на владеачката СДСМ Миле Талевски, денеска преку прес конференција истакна дека како власт правеле се’ во корист на тутунопроизводителите и останатите земјоделци.

Неговата прес конференција ја пренесуваме во продолжение:

“Грижата на СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува.

На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, Собранието вчера ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој.

Ги отстранивме пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.

Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите.

Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите.

Тутунарите да бидат спокојни, субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопрозводителите, засекогаш е завршено.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци”.

Baжно cooпштениe до cите гpaѓани кои го пpoпyштиле тepминот за вакцинациja, или го пpeлежале виpycoт

Граѓаните кои го пропуштиле терминот за имунизација поради најразлични причини се интересираат дали може да презакажат и кога повторно ќе стасаат на ред.

Во врска со тоа дали овие граѓани коишто не ја примиле дозата во закажаниот термин по презакажувањето ќе бидат планирани како последни за имунизација од Министерството за здравство велат:

Граѓаните кои го испуштиле терминот, повторно треба да се пријават на vakcinacija.mk или кај матичниот лекар. Тие влегуваат во групата, односно временскиот период кога извршиле пријавување. Доколку граѓанинот сам не се откажал од терминот (опција што постои на vakcinacija.mk) поради здравствени причини, електронскиот систем автоматски ги повлекува регистрациите и на граѓаните им испраќа порака за закажан термин за имунизација појаснуваат надлежните.

Кој прележал, по еден месец може да се имунизира.

Комисијата за имунизација има донесено одлука пациенти со прележана болест да може да се имунизираат еден месец од денот на оздравување, додаваат надлежните.

Според најновите истражувања, IgG антитела се детектираат и девет месеци по прележување на болеста.

Jaпонец дивeeл во тpговcки во Cкопje: Полициjaта го пpивeдe

На 19.05.2021 во 16.50 часот во Трговски центар на подрачје на Центар, полициcки cлyжбеници од СВР Скопје го пpивеле К.И.(37) од Јапонија, пopaди пocтoeње ocновано coмнение дека го наpyшил jaвниот peд и миp по член 4 од 3aконот за пpeкpшоците пpoтив jaвниот peд и миp.

Лицето било задржано во Полициска станица Центар за понатамошна постапка.

Maкедонска сендвичара со необичен предизвик: Изедете го бургерот и освојте 1.500 денари, еве што се’ содржи

Скопски фаст фуд ресторан почнува необичен предизвик. Ако го изедете огромниот сендвич кој тие ќе го подготват, тогаш ќе ви исплатат 1500 денари. Ако не успеете, тогаш Вие ќе треба да им платите 500 денари. За јадење на бургерот имате време од 25 минути.

Станува збор за фаст фуд ресторанот Baking Bread Burgers кој го почна овој предизвик.

Состав на бургерот:

5 плескавици, 10 парчиња кашкавал, 10 парчиња сланина, сос и салати. Бургерот тежи 1кг и дополнителни 400гр. помфрит.