дома блог страница 2037

Пакyвajте кyфepите: Овaa евpoпcка земja ќе дава по 200 евpa на ceкoj тypиcт

Владата на Малта соопшти дека ќе одвои 50 милиони евра за ваучери со цел да се зголеми потрошувачката во земјата.

Според предвиденото, по 100 евра ќе добие секој граѓанин постар од 16 години, за да се врати економијата погодена од пандемијата.

Малта, која се обидува да ја поттикне туристичката потрошувачка, минатиот месец им понуди на туристите до 200 евра доколку останат најмалку три дена на медитеранскиот остров. Сумата зависи од рангот на хотелот во кој престојуваат туристите.

Прилеп доби Претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, на повидок раскол во штабот?

Попладнево се одржа првата седница на новоизбраниот Надзорен одбор на СДСМ, на којашто покрај членовите присуствуваа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организациониот секретар, Мартин Попов.

За претседател на Надзорниот одбор на СДСМ е избран Горан Сугаревски а на оваа седница се поставија и темелите за понатамошна работа.

Надзорниот одбор на партијата е важен орган, задолжен за надгледување на финансиската и деловната активност, за оценување на статутарноста на актите и одлуките кои се носат, а надлежен е и за спроведување на Етичкиот кодекс за однесување.

Надзорниот одбор на СДСМ во иднина фокусот на работата го става токму на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот Кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови.

Сугарески останува функционер на партијата со најдолг стаж. Во својата политичка кариера беше советник во општина Прилеп, во неколку мандати пратеник во Собранието, Министер за транспорт и врски, а сега е директор на Царинската управа.

Исто така Сугарески беше и координатор на пратеничката група на СДСМ.

Според едни Сугарески со оваа функција си ја забетонира кандидатурата за градоначалник на престојните локални избори, но според шпекулациите постои и крило во ОО СДСМ Прилеп кое не се согласува со овие одлуки.

Што и како ќе биде, останува да видиме во периодот кој следи…

(Фото) Обичен ден во сончевата Австралија: Гледале телевизија и слушнале чуден звук – гостин од дивината им се шетал на таванот

Питон долг три метри и тежок околу осум килограми уловен е во една куќа во Бризбеј во Австралија, откако сопственикот го забележал како им се шета низ домот.

Ловецот на змии Стив Браун успел да ја улови змијата користејќи фен за коса и парче пластика. Му биле потребни околу два часа и големо трпение да го смири влекачот, за потоа да може да го улови.

-Сопствениците на куќата гледале телевизија па слушнале чуден звук. Почнаа да ја пребаруват куќата, и имаше што да видат, открил ловецот на змии.

Питонот кој што беше уловен не е отровен и воглавно не е агресивен, меѓутоа, може да биде опасен, затоа што според зборовите на Стив, тој има речиси 100 заби.

-Иако не е отровен еден угриз од оваа змија може да предизвика проблеми затоа што имаат околу 100 заби, рекол тој.

Овој вид на питон ретко напаѓа луѓе, но забележани се бројни напади на кучиња, мачки и птици. За жал, питонот секогаш победува.

Стручните лица од областа кажуваат дека може да израте и до четири метри должина, а во домовите влегуваат по потрага по храна, воглавно ловејќи глувци и стаорци.

Македонско оро на “Бисер балкански” се виеше во претседателската вила во Тирана (Видео)

Во дворот на претседателската резиденција во Тирана, денеска се виеше оро на познатата македонска народна песна „Бисер балкански“, во кое учествуваше шефот на албанската држава Илир Мета и претставниците на малцинствата, информираа од македонското друштво „Илинден“

Кај претседателот Мета по првпат се одржува ваква средба по повод Меѓународниот ден на културниот диверзитет и дијалог, за која посебен простор отстапуваат и домашните медуми.

-Овој ден ни нуди одлична можност да ја промовираме културната разновидност и да ги разбереме неговите вредности. Да се промовира и поттикне културниот дијалог со истакнување на богатството на малцинските култури во нашата земја, да се живее заедно во мир и хармонија и да се почитуваат правата на сите граѓани и заедници кои живеат и работат во Албанија, рече Мета на средбата.

Посочи дека почитувањето и заштита на националните малцинства, како нераскинлив дел од албанското општество, е зацртано со Уставот, со признавање на правото на слободно изразување без попречување или принудување на зјаснувањето на нивната етничка, културна, верска и јазична припадност и правото да ги зачуваат и развиваат, да учат и да се учи на нивниот мајчин јазик.

На средбата присуствуваше и седумчлена делегација на македонското друштво „Илинден“ предводена од Елса Џелили, координаторка за округот Елбасан.

Предвидено е да се обрати пред претседателот и учесниците на средбата во кое ќе зборува за македонската етничка заедница, областите и градовите каде што живее, организираноста во друштва и здруженија, културата и особеностите.

Почетокот на нашето оро може да го видите од 34-та минута.

Според Државниот завод за статистика просечната плата пораснала на 28.217 денари – земате ли толку?

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 17,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,3 отсто и информации и комуникации за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 5,3 отсто и градежништво за четири отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2021 година изнесува 42.097 денари.

(Видео) Регионот се разбуди со снежна покривка – температурата падна три степени под нулата

Снег во мај не е вообичаена појава на планините во Босна и Херцеговина, но Влашиќ утрово се разбуди под снежна покривка и температура под нулата.

Мајскиот снег на Влашиќ им предизвика проблеми на селаните кои своите стада ги изнесуваат на пасишта.

На Влашиќ утрово беше измерена температура три степени под нулата.

Температури во минус биле забележани и на други планини во Босна и Херцеговина.

Во Прилеп се одржа cимyлациja на вакцинациja

Во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“, во која е сместен и целосно уреден регионалниот вакцинален пункт за масовна имунизација на населението против Ковид-19, денеска беше извршена симулација на процесот на кој ќе одвива вакцинирањето на граѓаните.

Симулацијата, на која присуствуваа градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и директорката на прилепската болница, Кети Смилеска, се изврши со цел обезбедување финалната подготовка на стручните медицински тимови и помошните служби во спроведувањето на протоколот за вакцинација.

Официјалниот старт на масовната имунизација во регионалниот вакцинален пункт во Прилеп ќе биде во вторник, 25 мај, ќе се одвива секој ден освен недела, од 08.00 до 20.00 часот.

Во својата изјава за медиумите, градоначалникот Јованоски истакна дека после сите премрежја и човечки трагедии кои ги предизвика оваа непредвидлива болест, како и после сите светски позитивни искуства од масовната имунизација, граѓаните не треба да имаат никакви дилеми околу тоа дали треба или не треба да се вакцинираат.

„Вакцинираните граѓани, имаат помала можност да се инфицираат со Ковид-19. Но, доколку се заразат, клиничката слика е полесна и секогаш имаме полесно и побрзо оздравување. Значи, вакцините спасуваат животи. Имајќи го предвид сето тоа, со задоволство можам да истакнам дека регионалниот вакцинален пункт во спортската сала при СОУ „Ѓорче Петров“, е целосно подготвен за масовната имунизација на населението против Ковид-19. Нашите очекувања се дека на дневно ниво ќе се вакцинираат околу 1.000 граѓани. Вакцинирањето ќе се одвива според строго дефиниран протокол и редослед на движење, односно прием и евиденција на граѓаните, па потоа индивидуален преглед и вакцинација, па издавање на потврда со термин за ревакцинација. За организацијата на процесот и одржувањето на редот пред и по вакцинирањето, покрај полицијата и Армијата, ќе бидат ангажирани и волонтери од Спасителната служба „Златоврв“, изјави Јованоски.

Потенцирајќи дека не постојат добри или лоши вакцини, дека секоја вакцина е безбедна и спасува живот, првиот човек на општината апелираше граѓаните да се вакцинираат, а младите да им помогнат на нивните повозрасни родители, баби и дедовци при апликацијата за регистрација за вакцинирање.

Директорката на болницата, Кети Смилеска рече дека со стартот на масовната имунизација во регионалниот вакцинален пункт во Прилеп, преминуваме во офанзива во борбата со вирусот Ковид-19.

„Кадарот кој ќе работи во вакциналниот пункт, е составен од доктори и медицински сестри од болницата, а ќе бидат ангажирани и студентите од Медицинскиот факултет во Штип. Во спортската сала, ќе има 15 вакцинални места, каде дневно ќе се вакцинираат по 1.000 граѓани. Пунктот е подготвен од секој аспект, а очекувам интересот кај граѓаните да биде голем“, изјави Смилеска.

Во врска со досегашната вакцинација во градот, директорката на Општата болница со проширена дејност, истакна дека во пунктот во Здравствениот дом вакцинирани се 2.000 граѓани, кои ги примиле двете дози од вакцините на „Астра Зенека“, „Фајзер“ и „Синофарм“.

Не сме само ние за жалење: Судија во Србија го прашува камерманот дали било пенал, овој одговара “чиcт ко coлза” (Видео)

ВАР технологијата и официјално во Србија ќе биде воведена од следната сезона, но еден судија уште сега „почна“ да ја практикува истат.

Имено на социјалните мрежи се појави видео снимка од пониските фудбалски лиги, каде што главниот судија се консултира со камерманот за тоа дали станувало збор за пенал или не.

Судијата најпрвин покажа на белата точка, а поради протестот од страна на фудбалерите на спротивниот табор, дотрча до трибината и го запраша камерманот:

-Шефе, дали има контакт тука? Можеш да ја вратиш снимкат?

На тоа камерманот му одговори:

-Како солза брате, како солза пенал!

Судијата се врати на теренот и ја потврди својата одлука, со образложение дека камерманот мо порачал дека контактот се гледа, на што се налути голманот на „оштетените“, го фрлил дресот и луто го напуштил теренот.

Видеото погледнете го ТУКА

Битолчанки станаа славни: Kpaдea темјанушки среде бел ден (Фото)

Честа појава е кражбата на засадените цвеќиња низ градските паркови.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од Битола на кои како што тврдат твитерџиите дека граѓаните сред бел ден крадат темјанушки.

Откако некои граѓани на социјалните мрежи се обидоа да ги одбранат и пишуваа дека жените не краделе, туку ЈКП Комуналец Битола им дозволил да ги берат цвеќињата, се огласија и од јавното претпријатие.

-Случајот е пријавен во полиција, даден е налог да се постапи. Добро е тоа што не е многу оштетен системот за наводнување, а за штетата, ќе речам само дека цвеќето нема цена – вели директорот за “ФОКУС”.

Правеле домашна забава: Полициjaта пpивeдe 28 лица

Денеска (21.05.2021) во 03.00 часот на подрачјето на Центар, од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишени од слобода се 28 лица, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Имено, постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом на ул.„Славејко Арсов“, кај В.Ѓ., при што се затекнати 28 лица приисутни на домашна забава. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик – информираат од МВР.