дома блог страница 2033

Двајца полициски службеници се здобија со повpeди после cooбpaќajка на патот Прилеп-Витолиште – возачот на другото возило побегнал

На 24.05.2021 во 18.20 часот на регионалниот пат Прилеп – с.Витолиште се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на З.Ј. од с.Марул, прилепско, а управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото и патничко моторно возило „дачија дастер“, сопственост на МВР.

Во незгодата со повpeди се здобиле возачот на возилото „дачија дастер“ и сопатничка во возилото, двајцата полициcки cлyжбеници, конcтатиpaни во Градска болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

Пред две недели упати обвинyвања до Koмбинатот и диpeктopoт, а сега jaвно му се извинyва (Фото)

Претседателот на Здружението “Тутунска надеж”, Кире Ристески, јавно му се извинува на Директорот на Тутунскиот Комбинат Прилеп, Кире Станкоски.

Пред две недели за ТВ “AЛФА” Ристески изјави дека дел од проценителите, ангажирани во продолжениот откуп на тутунот, а кој патем, за тутнопроизводителите беше покататсрофален дури и од редовниот, прилепскиот Тутунски комбинат, ги наградил со по 10.000 денари, за разлика од останатите кои добиле двојно помалку.

Откако добил барање за извинување, Ристески реши јавно да се извини и го испрати истото и до редакцијата на Маркукуле.

Еве што пишува во извинувањето Кире Ристески, претседател на Здружението “Тутунска надеж”:

Првичната изјава на Ристески проследете ја во продолжение:

Дневен ЕвроТИП за секојдневна добивка!

Често пати си во ситуација да не знаеш што да одиграш од богатата понуда на Евротип? Нема причина и простор за паника, бидејќи Евротип е тука за тебе!

Единствено што треба да направиш е да ги следиш дневните предлози на Евротип, а потоа? Потоа само останува да го исплатиш добитниот тикет!

Минатата недела од петте дневни предлози со зголемена квота на Евротип, сите пет беа добитни!

Покрај дневните предлози кои Ви носат добивка, не заборавајте да ја искористите Евротип клуб картичката при секоја уплата, типувајте за бонуси кои достигнуваат и 467%, одиграјте „брз“ тикет за Брзи пари и исплатете по само 15 или 30 минути игра од натпреварите, или пак доколку сте несигурни, искористете ја можноста за „Cashout“.

Следете ги и понатаму спортските обложувалници Евротип, доаѓаат уште многу изненадувања подготвени само за Вас!

Бензините се намалуваат за 1 денар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на Одлуката од 17.05.2021 година.

Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.05.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,977 ден/кг и сега ќе изнесува 33,619 ден/кг.

Од 26.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 59,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,619 (денари/килограм)

Југоносталгичарите се сеќаваат: На денешен ден се славеше еден од најголемите празници во Титова Југославија (Видео)

Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година.

Овој празник беше поврзан со роденденот на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито (1892-1980) и првите години се одбележуваше само како негов роденден, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста.

Главниот симбол на овој празник беше Штафетата на младоста, која се пренесуваше околу еден и пол месец низ целата територија на некогашна Југославија и на 25 мај му се предаваше на Тито на величествен слет, организиран на Стадионот ЈНА во Белград.

Штафетата на младоста е воведена во 1945 година, на предлог на младината на Крагуевац, како „Титова штафета“. Во носењето на првата Титова штафета учествуваа 12.500 младинци, кои претрчуваа траса долга 9.000 километри, предавајќи му ги на Тито првите девет штафетни палки и Сината книга со 15.000 потписи од младината на Шумадија. Првите штафети му се предадени во Загреб, а во следните години, се до 1956 година, Тито лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, на што претходел свечен пречек на Плоштадот на Републиката.

Штафетата секоја година тргнуваше од различно место и до друга република, секогаш масовно пречекувана ширум некогашната Југославија.

Се до смртта на Јосип Броз Тито во 1980 година, штафетата му се доделувала лично на Стадионот ЈНА во Белград, со пригодна честитка со желби за добро здравје и долг живот, врачувана од најдобрите младинци и младинки. Штафетата на младоста во 1980 година, која на денот на смртта на Тито на 4 мај се најде токму на патот низ Хрватска, го прекина својот пат и е положена на одарот на претседателот во Собранието на СФРЈ.

Штафетата на младоста продолжи да постои и по смртта на Тито, станувајќи симбол на љубов и почит кон неговото дело.

Во 1987 година последен пат на белградскиот стадион е одржана приредбата по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот, кој беше многу популарен.

За носители на Штафетата на младоста секогаш беа избирани „примерни младинци“, односно најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, учесници во работни акции и воопшто млади луѓе кои се истакнале со своето образование и труд.

Bнимaвajте како возите: Пред два дена над 1.000, а вчера казнети околу 800 возачи

Во текот на вчерашниот ден (24.05.2021) Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 793 возачи.

Од нив, 94 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – информираат од МВР.

Феноменално филмско видео на прилепчанецот Пресилски за Горан Пандев – Ќе уживате во секоја секунда! (Видео)

Стигна до голем јубилеј од 100 гола во Серија А и стана единствен Македонец со таков подвиг во топ 5 лигите во Европа.

Иако најави дека после оваа сезона и Европското првенство ќе замине во педнзија, денеска се појавија шпекулации дека останува уште една сезона во Џенова, а на клупата ќе седне селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Што и да се случи Пандев е еден и единствен и тешко денеска некој друг Македонец ќе ги стигне неговите бројки.

Во продолжение погледнете го видеото кое го подготви Мартин Пресилски од Прилеп, за тековната сезона и влегувањето во топ 100 листата во Сериа А.

(Фото) Излегоа резултатите на тестот за нapkoтици на италијанскиот учесник: Се огласија и организаторите

Организаторите на “Евровизија” се огласија откако во јавноста се појавија шпекулации за наводно користење на нapkoтици од страна на овогодинешниот победник, пејачот Дамиано Давид.

Како што се наведува во соопштението, Европската радиодифузна унија, на барање на италијанската делегација спровела темелен преглед, вклучувајќи и проверка на сите достапни снимки.

Според соопштението Дамиано сам побарал тест за дpoга, кој бил направен денес, а резултатите биле негативни.

– Во “Зелената соба” не се користеше дpoга и сметаме дека случајот е затворен.

Прилеп има со што да се гордее: Арсениј и Анастасија ги собираат сите награди – уживајте во овие прекрасни изведби (Видео)

Младите пијанисти од Прилеп, Арсениј Ангелески и Анастасија Петреска по којзнае кој пат докажаа со каков музички талент располагаат.

На Интернационалниот натпревар “Моцарт” во Хрватска, кој се одржа онлајн, Арсениј и Анастасија освоија први места во своите категории.

На натпреварот учествуваа 201 пијанисти од 33 земји ширум светот, а жирито го сочинуваат еминентни педагози и пијанисти од Хрватска, Црна Гора, Русија, Македонија и Германија.

Арсениј во категоријата 7 освои 96 поени, а Анастасија во 6 категорија доби 94.

Во продолжение слушнете ги нивните прекрасни настапи:

Црната статистика продолжува: Денес повеќе починати од нови случаи на Koвид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на KOBИД-19 во Македонија.

Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41г,54г,58г,79г,81г,84г и 86г), по 3 лица од Тетово (69г,72г и 81г) и Гостивар (68г,68г и 77г), 2 лица од Прилеп (80г и 90г) и по едно лице од Виница (76г), Македонска Каменица (77г) и Дебар (92г).

Од пријавените, 9 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови. Пријавените 9 лица починати во домашни услови се од месец април.

Регистрирани се 71 оздравени пациенти од: Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на Koвид-19.

Вкупната бројка на KOVИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798.