дома блог страница 2034

Драма во прилепско: Им влегол во продавница и се однесувал агpecивно, потоа им го оштетил автомобилот и им фpлил шише со течност

На 23.05.2021 околу 19,40 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Р.П.(53) од с.Врбјани пpиjaвил дека околу 19.30 часот во и пред продавница во негова сопственост во с.Врбјани, З.Н. од с.Врбјани агpecивно се однеcyвал и се обидел физички да ги нападне пpиjaвителот и неговиот син Д.П. при што го оштетил автомобилот на пpиjaвителот , а потоа фрлил пред продавницата шише со течност.

Увид на местото на настанот извршила yвидна екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Bнимавajте како возите: Во два дена казнети 1069 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, сообраќаен прекршок кој е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, а вчера и завчера (сабота и недела) санкционирани се 1069 возачи на територијата на целата држава, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Куманово.

Фото/МВР

„На територијата на СВР Куманово санкционирани се 181 возач поради пребрзо возење, на територијата на СВР Битола се изречени 183 санкции, а на територија на СВР Скопје 157 санкции. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто“, рече Ангеловски.

Tpeбало да ce вика Cв. Caва, но пpилепчани не попyштиле: Еве како е гpaден гpaндиозниот xpaм Cв. Kиpил и Meтодиj во Прилеп (Фото)

Храмот Свети Кирил и Методиј, познат и како Параклис и годинава свечено го одбележува својот празник. Светите браќа Кирил и Методиј се познати христијански светители, најмногу за словенските народи. За нив во црковните богослужби
се пее како за рамноапостолни, учители и просветители.

Учители и просветители се затоа што ја создале азбуката, преведувале книги и учеле многу народи на писменост и наука. Рамноапостолни се, оти се еднакви на апостолите. Ширејќи ја писменоста, го ширеле и христијанството. Голема е заслугата на Светите браќа за покрстувањето на словенските народи.

Огромно е почитувањето на Светите браќа Кирил и Методиј во Прилеп и пошироко. Тоа се гледа во тоа што голем број прилепчани ги носат имињата на овие светители и на овој ден слават именден. Има и семејства во кои, ако на едното дете му дале име Кирил, на другото му даваат Методија.

Во почетокот на 20 век во Прилеп е изградена грандиозната црква посветена на Светите браќа Кирил и Методиј. Градена е во време на српската окупација на Македонија.

И постои едно кажување дека властите во тоа време за градба на црквата го определувале местото кај денешната пошта, но црквата да биде посветена на Свети Сава, но иницијативниот одбор и народот не се согласил, па со отстапување на места од имотите на видни прилепски семејства, изградена е црквата на местото каде од порано постоела помала црквичка – Параклис од 1884 година, а која ја паметат постарите дека е урната во средината на 20 век.

Црквата Свети Кирил и Методиј претставува репрезентативно остварувања на познатиот белградски архитект Момир Коруновиќ, чија активност на овие простори во периодот меѓу двете Светски војни резултирала со значајни архитектонски остварувања.

Светиот дом е граден е во непосредна близина на стариот Параклис. Храмот има основа на впишан крст. Се влегува со искачување на неколку скалила, со што започнува градбата на храмови во велелепни стилови. Во подрумот на храмот се наоѓаат гробници од загинати војници од Првата светска војна.

Црквата Свети Кирил и Методиј во Прилеп градена е во периодот од 1926-1936 година, аа на 4 октомври 1926 година, на најсвечен начин, е положен камен темелник.

Првата служба е одржана во ноември 1930 година, веројатно во подрумските простории каде се изградени костурници за коските на оние кои загинале во Прилеп во војните од 1912-1918 година, а во 1936 година црквата ја осветил тогашниот епископ Охридско-битолски Николај (Велимировиќ).

Црквата е висока 23 метра. Покрај костурницата има балкон за жени и посебен балкон за пејачки хор. Храмот има скромен иконостас, кој не е споменик на културата. Во 2006 година довршена е градбата на куполата, која не била крената при градбата на храмот, заради немање на финансии.

Последниве години во црквата се сликаше фрескоживопис во олтарниот дел.

Извор: “Неделник Зенит”

Cpбиja одново станyва веле сила на Балканот: Pycиja и’ дониpaше 30 тенкови и 30 оклопни возила (Фото/Видео)

Вицепремиерот и министер за одбрана Небојша Стефановиќ и началникот на Генералштабот на српската армија генерал Милан Мојсиловиќ присуствуваа на предавањето на тенковите Т-72МС и блиндирани извидувачки автомобили БРДМ-2МС од донација од Руската Федерација за Србија кај Мија Станимировиќ касарната во Ниш, соопшти Министерството за одбрана.

Српската армија сега има баталјон со триесет тенкови Т-72 МС и баталјон со триесет оклопни возила БРДМ-2 МС.

На церемонијата присуствуваа и државниот секретар, заменик министерот за одбрана на Руската Федерација генерал на армијата Николај Панков и заменик министерот за одбрана генерал полковник Александар Фомин, како и амбасадорот на Руската Федерација Александар Бокан-Карченко.

– Станува збор за донација на Руската Федерација за Српската армија во вредност од околу 75 милиони евра, која се состои од 30 оклопни транспортери БРДМ-2МС и 30 модернизирани тенкови Т-72 МС, врз основа на договорот договорен во Сочи од двајца претседателите Вучиќ и Путин. Ние сме многу благодарни на Руската Федерација, бидејќи ова е значително засилување за Српската армија – рече Стефановиќ.

Тој потсети дека првиот дел од оваа донација беше прикажан и во Ниш во ноември – 11 тенкови Т-72 и 10 оклопни транспортери.

Амбасадорот Бокан-Карченко рече дека Русија ќе придонесе за зајакнување на суверенитетот, интегритетот и одбранбените способности на Србија и неутралниот статус на Србија, додавајќи дека „неутралниот статус мора да се заштити себе си“.

– Неутралниот статус и овозможува на Србија да развие воена и воено-техничка соработка со сите каде што Србија има свој интерес – потенцираше амбасадорот Бокан-Карченко.

Студенти со порака на денот на УКИМ: “Kнигите се вечни, влacта не е”

Студентите на УКИМ денеска, на Денот на патронатот, имаа герила акција со која порачаа: Книгите се вечни, власта не е!

Во план е учениците од четврто до деветто одделение и средношколците во иднина да имаат електронски учебници.

Учениците од четврто до деветто одделение и средношколците ќе имаат електронски учебници и материјали, додека од прво до трето одделение се уште ќе се користат хартиените учебници. Ова е предвидено со измените во Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали кои минатата недела ги усвои Владата. Станува збор за дел од реформите на националниот образовен систем, коишто ги најави министерката за образование, Мила Царовска.

Б O М Б A oд Италија: Ангеловcки ќе биде нов тpeнep на Џенова?

Во Италија се појавија шпекулации дека македонскиот селектор, Игор Ангеловски од следната сезона ќе го превземе кормилото на Џенова, а Горан Пандев ќе продолжи да игра уште една сезона.

Италијанскиот новинар, Алфредо Педула тврди дека Ангеловски би можел да биде следниот тренер на Џенова.

И покрај тоа што на одличен начин Балардини избори опстанок, веројатно нема да остане на тренерското столче и следната сезона, а на негово место би можел да дојде Ангеловски.

Доаѓањето на Ангеловски на клупата на Џенова ќе значи и продолжување на кариерата на Горан Пандев за уште една сезона.

„Во моментов сум фокусиран само на Европското првенство и не сакам да зборувам за други работи. За останатото, кога ќе дојде време“, му рекокл Ангеловски на Педула.

СДСМ: Нашите економcки мepки и политики давaaт резyлтат, платите пopacнаа за 6,8%

Раст на просечната плата за 6,8%, економските мерки и политики на СДСМ даваат резултат, соопштуваат од партијата.

– Економските мерки и политики што ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултат.

Економските индикатори покажуваат позитивен нагорен тренд, македонската економија е стабилна, жива и динамична.

Бележиме постојан раст на платите и во услови на пандемија.

Просечната месечна нето-плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година.

Покрај борбата со пандемијата ветивме и испорачавме економија-правда.

Дел од концептот на СДСМ е парите кај граѓаните, повеќе пари во џебот на работниците.

Дополнително, по цела година, за прв пат во месец март оваа година е забележана сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%.

Исто така, раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата.

Раст од 15,8 отсто има и надворешната трговска размена во првиот квартал од 2021 година, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто.

Покрај сите можни блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, успеавме да реализираме мерки кои дадоа резултат.

Спасивме повеќе од 100.000 работни места. Поддржавме над 400.000 граѓани и 35.000 компании.

Над 65 милијарди денари директно се вбризгани во домаќинствата и во компаниите.

Македонската економија се враќа на стабилни стапки на раст согласно економските показатели и очекувања.

Како одговорна партија продолжуваме со креирање и реализација на ефикасни мерки и политики што создаваат услови за градење стабилна и развојна македонска економија, стои во соопштението од СДСМ.

Руската амбасада во Македонија: “За Путин писменоста дојде од македонската земја”

Руската амбасада во земјава го честиташе 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Му го честитаме на братскиот македонски народ Денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празник“, стои во објавата на Твитер профилот на Амбасадата.

Од таму ја цитираат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин:

„Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја – Владимир Путин“, посочуваат од руската амбасада.

„Невозможно е да се прецени значењето на светите Кирил и Методиј за развојот на словенските јазици, вклучително и рускиот и македонскиот. Тешко е да се замисли многу од најголемите богатства на светската литература без писмото што го користиме благодарение на Солунските браќа“, стои во друга објава на Твитер-профилот на Амбасадата.

Нови два cмpтни cлyчаи од Koвид-19 во Прилеп

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.143 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 20, Кичево – 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 69 оздравени пациенти од:

Битола – 15, Скопје – 13, Струга – 6, Кичево – 5, Куманово – 4, Охрид – 3, Виница, Свети Николе, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија и Ресен – по 2, Велес, Тетово, Струмица, Кочани, Радовиш, Македонска Каменица, Прилеп, Неготино, Делчево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г), по 2 лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г).

Од пријавените, 3 лица се починати во домашни, а останатите 12 во болнички услови.

Направени се 3.143 тестови преку: ИЈЗ-513, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово – 16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-15, Институт за микробиологија–80, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-250, Авицена-284, Биотек-376, Систина-234, лабораторија Лаор-679, Синлаб-23, Ремедика-46, Плодност–78, Генеа–87, Никоб лаб-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 282.

Досега во земјата се направени вкупно 776.674 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.063, бројката на оздравени пациенти е 146.869, на починати е 5.311, а бројот на активни случаи изнесува 2.883.

Во Прилеп во моментов активни се 125 слyчаи со Ковид-19.

Браво дечки! Светла точка во прилепскиот колективен спорт

Ракометарите на РК Прилеп стигнаа до седмата победа во плеј аут сегментот во ракометната Супер лига.

Со 32:38 го совладаа тимот на РК Јуниор од Кисела Вода (12-19 на полувремето).

Прилепчани имаа контрола на мечот од самиот почеток па се до крајот, и со тоа освои лесни, но многу важни бодови од денешното гостување.

Состојбата на табелата сега е следна:

Грузиецот во редовите на прилепчани, Рустамов Казеин, постигна дури 9 погодоци, Шокоски Давор стигна до 7, исто колку и другиот Грузиец, Реваз Чантурија.

Наредниот натпревар РК Прилеп го игра на 27.05. на домашен терен против последниот на табелата РК АСТРАИОН ХЕНДБОЛ.