дома блог страница 2032

Cpeдношколcки глac ce пpиклyчувaaт на денешниот пpoтecт на poдителите: Денecка повтopно ќе викнеме „Мила, оди cи“

Фејсбук статус на Средношколски глас

Денес повторно ќе застанеме заедно со нашите родители низ поголемите градови во Македонија да го сопреме ова лудило!
❌Денес повторно ќе викнеме “Мила, оди си!”.❌
❌Повторно ќе кажеме стоп за квази реформите во образованието!
?Сакаме настава со физичко присуство и сакаме печатени учебници!
?Мила, оди си и спаси не од уништување на македонското образование!
#МилаОдиСи
#народ
#СТОПЗаКвазиРеформи

Мицкocки ќе обjaви нова афepa во која се вмешани владини фyнкционepи блиcки до пpeмиepoт

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите кој се очекува да започне точно на пладне ќе објави нова афера поврзана со власта, дознава КУРИР.

Според нашите информации, станува збор за афера поврзана со државна компанија во која се вмешани високи владини функционери блиски до претседателот на македонската Влада.

За потсетување, пред извесно време лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ист ваков брифинг ја обелодени аферата „Мафија“ во која структури на власта издавале документи за идентификација на криминални структури. Исто така, обелоденета беше и аферата „Мафија 2“ во која, како што кажа Мицкоски, над 20.000 лица имаат по два матични броеви.

Неодамна, исто така на брифинг со новинарите Мицкоски објави и афера според која Македонија платила екстремно висока цена за набавка на кинеските вакцини Синофарм. Мицкоски тогаш обелодени документи во кои јасно се гледа дека набавката на вакцините на Синофарм буџетот го чинела 7,8 милиони долари што, според Мицкоски, било двојно повеќе од продажната цена на вакцините.

Повеќе информации за новата афера која денеска ќе ја обелодени Мицкоски читајте подоцна на КУРИР, кога ќе бидат објавени повеќе детали за истата.

Уште една фабpика затвopeна во Пpилеп

Владата ги укина решенијата за одобрување за одгледување на канабиc за медицински цели на двете фирми – Пхарма ЕУ ЛЛЦ, едната во Прилеп и другата во Битола, вчера на владина седница.

Иако во соопштението не се откриваат детали за одземањето на лиценците, ова се случува еден месец по полициската акција во која беa запленети 200 килограми марихуана, во вредност од над 800.000 евра, а беа уапсени шестмина меѓу кои и командирот на полициската станица во Прилеп – Објави “Фактор”

Се тврдеше дека сите се вклучени во нелегални дејства и соработка со фирми за произиводство на медицински канабис од Прилеп и Битола.

Првичните претпоставки беа дека марихуaната била земена од овие две фабрики и требало да биде прошверцувана и продадена во селото Радобил, а потоа да заврши на нарко пазарот во Грција.

„На предлог на Министерството за здравство ги разгледа и усвои Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели на Друштвото за производство, трговија и услуги „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“, увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „ПХАРМА ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп, како и Информацијата за укинување на Решението за давање на одобрение за одгледување на коноп за медицински цели на Друштво за производство, трговија и услуги „МЕДИЦАЛ 420“, увоз-извоз, ДОО Битола, стои во известувањето од Владата.

“Денеска во 18ч пред камена бина, со порака до Царовска и власта – експериментирајте со вашите деца”

Родителите од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска излегуваат на протести. Според најавите, протести се закажани во сите градови во 18 часот пред општинските згради.

Во Прилеп протестот ќе започне пред камената бина на плоштадот “Александрија”.

Вчера за кратко време се собраа потребните 100 иницијални потписи за референдум на државно ниво, откако Собранието ја одби иницијативата на родителите како некомплетна. Потписи се собираа во подрачните единици на ДИК во Битола и во Скопје.

Родителите сметаат дека ова е единствен начин за да се изборат за своите барања поврзани со образовните реформи, бидејќи сметаат дека МОН нема да ги земе предвид нивните забелешки и барања.

-Референдумот е законско право на секој граѓанин. Апсурдно е што таа воопшто не не слуша нас. Апсурдно е да не ги праша родителите дали се за овој Закон или против овој Закон, вели Драгана Спасевска од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“.

За МОН и Царовска пак, апсурдно е да се блокира напредокот на образованието.

-Правото на покренување на иницијатива за референдум е легитимно, затоа што е уставно загарантирано. Но сепак, причината поради која се користи ова право, не е оправдана, апсурдно е на референдум да се блокира напредокот и дигитализацијата со која се осовременува образованието. Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот, велат од Образование.

“Денеска во 18ч пред камена бина, со порака до Царовска и власта – експериментирајте со вашите деца” – пишуваат родителите на социјалните мрежи.

Нивните барања се следни:

Teмпepaтypи над 30 степени, но подгответе се доаѓа и дождот

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и во форма на невреме, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, а во горниот тек на Повардарието повремено засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степени.

Во Скопје и околината претпладне сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне и кон крајот на денот нестабилно со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен, а повремено и засилен северен ветер. Утре попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Кaвадарци во пламен: Славје по улиците, вистински спектакл! (Видео)

Kaвадарци вечерва е во “пламен” откако ФК Тиквеш се избори за влез во Првата фудбалска лига после 17 години.

Навивачката група “Лозари” се погрижи за спектаклот кој моментално се случува низ улиците на Кавадарци.

Една прекрасна навивчка атмосфера која зборува за љубовта и страста на кавадарчани кон ФК Тиквеш.

Погледнете:

Bиcтинско лyдило: Лозapи cлават Пpва лига за Tиквеш пocле 17 години (Видeo)

Фудбалскиот клуб, ФК Тиквеш по долги години одново ќе биде дел од Првата лига на Македонија.

ФК Тиквеш Кавадарци е новиот прволигаш. Во еден исклучително тежок натпревар на Арената ”Тодор Проески” во Скопје со резултат 1:0, беа подобри во бараж натпреварот против актуелниот освојувач на Купот, ФК Силекс.
Победничкиот погодок за ФК Тиквеш го постигна Спахиу во 54′ минута.

Во Кавадарци денеска се слави. Во продолжение погледнете ја лудата прослава на навивачката група “Лозари”:

Пред два дена на пола копје, а денеcка воопшто го нема македонското знаме во Долнени? (Фото)

Aко пред два дена државното знаме на јарболот во општина Долнени беше на пола копје, денеска според фотографијата која ја добивме воопшто го нема.

Пред два дена реагиравме со објава: Ден на жалост ли е во Долнени? (Фото), па наместо надлежните во оваа општина да се ангажираат и да ја санираат грдата слика, денеска според жителите на општината знамето воопшто го нема.

Општина Долнени е мултиетничка општина која ја раководи градоначалник од ДУИ.

Српските тypиcти нема да плаќaaт пaтapина во Maкедониja – eве колку пapи ќе ја чини дpжавата оваа мepка

Во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона, Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година, информираат од Влада.

Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард.

Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот.

Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на Македонија преку Граничниот премин Табановце.

Царовска не го гледа отпорот: E, затоа сите утре во 18ч. пред камена бина, професори, родители, деца

Ништо не ја предомислува министерката Мила Царовска да ја спроведе дигитализацијата по нејзин терк. Ниту гласните родители, ученици но и се поголем број наставници. Продолжува со реториката дека реформите имаат поддршка, и тоа според неа голема – oбјави “АЛФА ТВ”

-Но сакам да апелирам партиските тесни, лични интереси да се тргнат настрана од образованието. Во моментов може да се види дека имаме опозиција којашто не само што не знаела што да прави со образованието во времето кога владеела, а тоа е 12 години, туку и денеска апсурдно повикува на бојкот на нешто коешто значи современо образование изјави Царовска. Сето тоа светот го докажал како добра пракса. Ние ќе го тестираме во четврто одделение и ќе покажеме дека тоа е начинот на којшто понатаму треба да го водиме образованието, додаде Царовска.

Откако МОН објави еденмесечен оглас за наставниците да изработат нови учебници за четврто одделение, фелата реагираше дека рокот е прекраток. Министерката не е на истиот став.

Царовска повеќе не им е јасна на родителите и наставниците кои се против форсираната дигитализација за екстремно кус рок.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ до четврток собираат потписи преку Државната изборна комисија, за да може нивните барања да се стават на референдум. Утре излегуваат и на нов протест во сите градови во Македонија. Во Скопје протестен марш од пред Министерството за образование и наука преку Владата до Собранието.

Родителите претходната недела поднесоа барање до законодавниот дом, но иницијативата не беше прифатена потписите не биле собрани согласно со Законот за референдум.

Викторија Миткова

За утре се закажани нови протести низ сите градови во земјава. Драгана Спасевска предводинк на иницијативата УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА ги повика сите родители кои не се согласуваат со реформите на министерката Царовска да се придружат во што поглем број на протестите.

Протестите започнуваат во 18:00 часот, а ова се барањата: