дома блог страница 2029

Oва е тоа кога ќе кажат “баба го возела”: Фиат пунто се запалило бидејќи 77-годишната сопственичка го возела само во прва

Полицијата во Бјеловар била повикана да расчисти случај со запален автомобил кој бил во сопственост на 77-годишна жена.

Било утврдено дека сопственичката на автомобилот го возела во прва брзина, поради што дошло до прегревање на моторот.

“Откако го паркирала автомобилот и заминала, тој се запалил кај моторот, кој целосно изгорел. Исто така дошло до пукање на ветробранското стакло”, велат од противпожарната единица на Бјеловар, а пренесува N1 Сараево.

“Пет месеци немав возено, седнав во автомобилот и тргнав кон центарот на градот. Се сеќавам дека префрлив во прва брзина и тргнав. Бидејќи барав место за паркирање, возев сосема полека, го паркирав автомобилот и отидов во градот. Мојата куќа се наоѓа на еден километар од Деметрова улица, каде што го оставив автомобилот. Кога се вратив за еден час, полицијата и пожарникарите беа на местото. Се шокирав кога го видов автомобилот прекриен со пена”, вели 77-годишната жена.

Цapoвcка во Дневникот на Сител: Ученикот кoj има caмо книга далекy повеќе yназадyва од yченикот кoj има и таблет и книга

Министерката Мила Царовска во гостување во “Тема на денот” во Дневникот на “Сител Телевизија” рече дека учебниците нема да бараат посебни перформанси на технолошките уреди. Според неа, децата кои во моментот не користат технолошки уреди уназадуваат зад оние кои користат.

-Сите оние коишто не можат да си дозволат, за првпат, Законот гарантира дека државата или општина ќе им го обезбеди истото. Сега во моментот, ученикот кој нема дигитален уред има само книга, и далеку повеќе уназадува од ученикот кој има и таблет и книга и други можности за информирање. Токму затоа, со овој Закон ги изедначуваме правата на децата коишто досега немале можност да се сретнат со дигитални алатки и дигитална мултимедијална содржина, вели Царовска.

Уверува дека со новиот Закон децата ќе имаат многу поголема интеракција со наставникот, а учебникот може да биде презентиран на часот, но нема да постојано да се гледа во таблети.

Вратете ги националните бои, не сме Латвија: Фановите гневни за новите дресови на фудбалерите, над 6.000 досега се потпишаа на петиција

Над 6.000 граѓани се потпишале досега. Тие бараат да се вратат старите дресови кои се со боите на македонското знаме.

Го имавме можеби најубавиот дрес која некоја фудбалска репрезентација го имала! Наместо, да играме со дресот кој носеше радости и победи, дресот за кој целиот фудбалски свет зборуваше колку е уникатен и убав, стручњаците во ФФМ решиле да направат нови дресови, кои воопшто не ја содржат препознатливата црвено-жолта боја и личат како дрес на Летонија. Срамота! , се вели во онлајн петиција која кружи на социјалните мрежи, откако ФФМ ги промовираше трите варијанти на новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со кои ќе дебитираме на Европското првенство.

„Додека не е предоцна, повлечете ги овие дресови од употреба, вратете ги старите и претставете ја Македонија во најдобро светло“, се вели во петицијата.

„Катастрофа, ништо карактеристично за Македонија, а имавме одличен и препознатлив дрес“, пишува еден навивач

„Со рис спуштен од гугл и бордо боја – катастрофа сте“, следеше втор коментар после промоцијата

„Ви требаше многу време за да го унаказите најубавиот дрес што сме го имале“, додава трет навивач.

Петицијата која се потпишува во моментов е достапна на следниот ЛИНК.

Повтopно ќе пocкапи cтpyjaта? Еве за колку се очекува да се зголемат сметките

Доколку Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги прифати барањата на МЕПСО, НЕМО и Електродистрибуција за зголемување на цените за пренос, организирање и управување на пазарот и за дистрибуција на електрична енергија, сметките за потрошена струја што ги плаќаат граѓаните би се зголемиле за 50 денари на секои 1.000 денари. Сепак колкаво ќе биде конечното зголемување на сметката ќе зависи од цената што ќе ја постигне Универзалниот снабдувач ЕВН хоум на тендерот за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар што треба да го објави во јуни.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски вели дека Регулаторната комисија може да влијае само на 38 отсто, но не и на останатите 62 процента од сметката што ја плаќаат граѓаните и малите фирми до 50 вработени или со до два милиони евра годишен приход, кои имаат право да останат на регулираниот пазар.

Како што истакна Бислимоски на денешната средба со новинарите, МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор (НЕМО) за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија. ЕВН хоум до РКЕ доставила само барање за маржа но, како што рече, не може да излезе со цена бидејќи во јуни треба да го објави јавниот тендер за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар до крајот на годинава. На овој тендер ЕСМ има обврска да понуди 70 отсто од потребните, а останатите ЕВН хоум да ги набави на слободниот пазар. Доколку цената што ќе ја понуди ЕСМ биде повисока ЕВН хоум може сите потреби да ги задоволи на слободниот пазар.

-Од следната недела ќе правиме анализа на доставените барања. Доставиле трошоци за материјали, енергија, бруто-плати, вонредни трошоци, амортизација, профит, трошок за набавка на загуби на електрична енергија во преносната и дистрибутивната мрежа и за пренесени трошоци за законски обврски на кои не може да влијае претпријатието. Во наредниот период ќе видиме што признаваме, а што не, рече Бислимоски.

Нагласи дека вообичаено не признаваат било какви трошоци или набавка на основни средства кои не се поврзани со енергетската дејност на компаниите како што се инвестиции и трошоци за ски-центри и за одморалишта.

-Ќе ги анализираме и сите нивни основни средства кои ги имаат доставено и доколку за некои сметаме дека се прескапо набавени или дека нема потреба од такво основно средство ќе ги одбиеме и нема да ги признаеме во цената, потенцира Бислимоски.

Истакна дека ЕСМ во првите четири месеци од годинава нудел 70 отсто од потребите на ЕВН хоум за регулираниот пазар по цена од 38,8 евра за мегават час, а останатите 30 проценти се набавени од други учесници на пазарот на електрична енергија меѓу кои и ГЕНИ со просечна цена од 60 евра за мегават час.

Во моментов во земјава цената на електричната енергија на регулираниот пазар е 4,81 денар за потрошен киловат час, а според оценките на РКЕ доколку потрошувачите би излегле на слободниот пазар би била за 30 отсто повисока. Пониска цена плаќаат само граѓаните на Косово и тоа 3,7 денари и на Србија 4,7 денари за киловат час. Цената во Босна е 5,55 денари, во Албанија 5,66, Бугарија 6,13, Црна Гора 6,35, Хрватска осум денари, Словенија 8,91, Романија 8,97, Италија 13,69 денари, Австрија 12,93, Белгија 17,17, Данска 17,42 и Германија 18,71 денар за киловат час.

Според пресметките на РКЕ, доколку се намали ДДВ за потрошена струја од сегашните 18 на 5 отсто тоа би ја чинело државата околу 27 до 28 милиони евра на годишно ниво врз основа на тоа што е фактурирано и наплатено за 2020 година.

Во 2020 година ЕСМ со понудената цена на тендерот на регулираниот пазар на електрична енергија за ЕВН хоум влијаел со 42,88 отсто на крајната цена на струјата, обновливите извори на енергија за кои постои законска обврска да им се откупи енергијата по фидин тарифа од страна на НЕМО, која лани изнесувала 99 евра за мегават час, влијаеле со 7,3 отсто на крајната цена. Преносниот оператор МЕПСО за пренос на електрична енергија влијаел со 3,53 отсто, операторот на електрична енергија НЕМО со 0,13 отсто за организирање и управување на пазарот, Електродистрибуција со 35,91 за дистрибуција и ЕВН хоум со 10,26 отсто за снабдување. РКЕ може да влијае само на процентот на МЕПСО, НЕМО и Електродистрибуција во крајната цена, како и во делот на пренесени трошоци и фактор на корекција во делот на ЕВН хоум каде влегуваат и маржата од 10,47 отсто утврдена на тендер за период од пет години и законската обврска на МЕПСО за балансирање на енергија од 1,27 отсто.

Енергетската заедница има забелешка на начинот на кој се одредува цената на струјата во земјава и бара од РКЕ повеќе да на ја утврдува крајната цена на регулираниот пазар. Ваков начин на одредување на цената има и во Косово и Србија, а во останатите земји регулаторот само ги кажува маржите за пренос и дистрибуција, а универзалниот снабдувач набавува на тендер, а тендерската цена само се трансферира кон крајната цена.

Еве ги зоните и вработувањата што ги бараше СДСМ Прилеп на пресс

ОО СДСМ Прилеп во пресрет на парламентарните избори во 2016 година обвинуваше дека нема ништо од економската преродба на Прилеп и ветените нови фабрики во формираните економски зони.

Тоа беа едни од главните обвинувања против тогашниот градоначалник Марјан Ристески и власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе се потсетиме на една од многуте прес конференции одржани на оваа тема:

Денеска Ристески потсети што се’ тој како градоначалник заедно со тогашната Влада направија за намалување на некогашната армија на невработени лица во Прилеп.

Сивило над Прилеп до 2005 година:

26.000 регистрирани невработени, а голем дел и нерегистрирани… или рекордни над 60% невработени од работоспособното население во Општината; пропаднати фабрики и армија стечајни работници; застарен ГУП и немање воопшто или несоодветни ДУП-ови, оневозможувајќи соодветен развој на градот; нефункционални институции заглавени во минатото, несоодветни на потребите на граѓаните (место сервис, кочница на граѓаните…); над 70% бизниси на црно (неоданочен) и маса на непријавени вработени; мизерни 6-7.000 денари плата на работниците, потценет интелектуален труд, слабо платена администрација; мизерна социјална помош од 1.000 денари; немање никаква или комплетно уништена инфраструктура…

?Ова беше сликата на Општината: очајна и страшна исполнета со безнадежност и тага кај Прилепчани…

?Од 2005-2017 год, Прилеп со ВМРО ДПМНЕ на локално и централно ниво доживеа ренесанса и инвестиционен препород.
Со новите урбанистички планови се создадоа и изградија новите:

Индустриски зони и ТИРЗ во кој никнаа новите фабрики кои отворија илјадници нови работни места; се возобновија и проширија старите капацитети (фабрики) со нови погони и нови вработени; со плановите се зголеми просторот за нови инвестициони опфати на градот за цели 60% површина; максимално се раздвижи претходно заспаната градежна иницијатива која како мотор ја раздвижи целокупната локална економија; драстично се подобри инфраструктурата и изгледот на градот и истиот стана привлечно место (магнет) за домашни и странски инвеститори…; јавните институции за прв пат станаа вистински сервис на граѓаните, неколкукратно зголемувајќи ја својата ефикасност; се даде можност за развој на малите и средни претпријатија и фамилијарни бизниси кои се значаен дел од економијата во градот; бизнис идеите на прилепчани преку проектите за самовработување беа преточени во нови работни места; земјоделците за прв пат во својот живот се регистрираа и сериозно почнаа да гледаат на оваа битна гранка за регионот; со континуираните едукации се подобри и квалитетот на работната сила на пазарот на трудот…;

➡️…Или резултатот беше следен: за 12 години владеење на ВМРО ДПМНЕ, во градот бројката на невработени СЕ НАМАЛИ за цели 12.000 или во просек по 1.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА секоја година…
‼Прилеп конечно, повторно стана комотно и убаво место за живеење влевајќи надеж кај сите генерации и за прв пат по децении во градот имаше појава на стотици слободни работни места по различни огласи…

?П.С.1: Поради неспособност на оваа власт и лошото менаџирање со КОВИД пандемијата во градот бројката на невработеност повторно почна да расти, а тоа го кажуваат и најновите статистички податоци од Заводот за вработување и сликата на многуте затворени дуќани во градот…

?П.С. 2: Зошто се дозволи веќе договорени светски компании место да инвестираат во ТИРЗ и да отворат нови 2-3.000 раб.места да си заминат од државава, а локациите да “зјаат” празни…

П.С. 3: Новите инвестиции и поголемата конкуренција ќе значеа и нови работни места, поголеми плати, подобра економија и жива чаршија!!

Полициjaта влезе во cтан и фати 11 лица како игpaaт комap

СВР Скопје – Единица за економски и компјутepcки кpиминал поднесе кpивична пpиjaва против И.С.(39) од Скопје и пpoтив М.Н.(67) од Скопје за сторено кpивично дело ,,комар” од чл.398 ст.1 од КЗ.

Првопријавениот на 28.04.2021 година, неовластено организирал играње комар во просторија – стан лоциран на ул.Костурски Херои во општина Центар, кој му бил ставен на располагање од страна на второпријавената М.Н., при што, при превземено истражно дејствие претрес на дом од страна на полициски службеници во Единицата за економски криминал затекнати се 11 лица како играат комар, кои што воедно постапувале и спротивно на пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, каде што е изрично забрането групирање на повеќе од четири лица во затворен простор и објект, за што исто така следува соодветен поднесок.

Hapoдот на yлица: Утpe нов голем ceмакедонcки пpoтecт за cлобода на ycтавобpaнителите

Утре пред Владата ќе се одржи протест со цел да се испрати порака и да се побара правда за Уставобранителите.

-Браќа и сестри, во сабота 29 Мај со почеток од 18:30 часот, ве поканувам повторно да се собереме пред владата на Република Македонија и сите заедно сплотени и обединети, во еден глас да извикаме: Слобода за Уставобранителите! – објави Александар Пандов.

Учесниците ќе протестираат за правда на затворените за случајот 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година. Ова не е прв протест на уставобранителите. Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци. Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку пати истакнаа дека ќе им дадат поддршка на протестот.

Каде исчезна лилјакот од Вухан?! Научниците тестирале 1.100 примероци, но кopoна никаде (Видео)

Напорите на кинеските научници да го пронајдат лилјак кој шири ЅАРЅ-СоV-2 беа опсежни, но без плод. Очигледно, американската разузнавачка заедница има голем број на податоци кои се однесуваат на Вухан и кои дополнително треба да се анализираат.

ЅАРЅ-СоV-2 можеби е природен виpyc. Генетски слични, но не и целосно идентични се виpycите пронајдени кај лилјаците во провинцијата Јунан во Кина.

Ако ЅАРЅ-СоV-2 е променета верзија на она што природно се наоѓа во Јунан, тоа би можело да ја објасни ситуација зошто овој одреден виpyc сеуште не е пронајден во дивината. Имено, во опсежното истражување кое го направиле кинеските научници биле тестирани 50.000 примероци на животни, вклучувајќи 1.100 лилјаци во провинцијата Хубеи, каде се наоѓа и Вухан, не бил постигнат резултат, односно виpycoт сеуште не бил пронајден.

Комисијата за зapaзни болecти донесе одлука: Еве кои се новите мерки и до кога ќе се продолжи полицискиот час

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово на Комисијата за зapaзни болecти донесена е одлука до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемиjaта стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи.

„Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6. Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила. Полицискиот час останува на сила. Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките“стои во соопштението од МЗ.

Евротип ве „води“ низ Европското првенство! (Видео)

Се приближува почетокот на фудбалското Европско првенство кое сите со нетрпение го очекуваме, посебно поради фактот дека македонската репрезентација ќе го има својот премиерен настап на некое големо фудбалско натпреварување, а спортските обложувалници Европтип имаат подготвено голем број на изненадувања за сите играчи.

Веќе на секое уплатно место може да се најде специјално подготвеното издание на билтенот на Евротип, во кое ќе можете да ги најдете сите потребни информации поврзани со ЕУРО 2020. Историјат на шампионатот, анализа на сите репрезентации, стадиони, квоти за сите натпревари и игри, сето тоа на едно место во специјалниот билтен на Евротип!

Покрај тоа, Евротип и новинарот Зоран Мишевски ќе ви ги донесат сите новости на едно место, во емисиите во кои ќе можете да се информирате за сите актуелности за шампионатот, но и одблиску да ги видите и слушнете македонските репрезентативци, нивните анализи, очекувања и предвидувања.

Во Евротип ќе ги најдете квотите и за секогаш интересните долгорочни предвидувања, па можете да се обложувате кој ќе биде шампион, пласман во финале, најдобар стрелец, победник во група, статистика за секоја репрезентација и уште многу други игри кои ве очекуваат во специјалното издание на билтенот.

Македонија на Европско, а Евротип заедно со неа! Најдобрите услови, квоти и игри се само во Евротип!

https://www.evrotip.mk//bet/#/home#top