Авион на Ер Индија кој летал кон САД бил принуден да се врати во Њу Делхи откако патниците на летот доживеале блиска средба со лилјак.
На социјалните мрежи се шири видео снимка која стана вирална. На истата се гледа како екипажот и патниците шокирано и со неверување гледаат кон лилјакот кој се нашол на летот во Боинг 737.
Лилјакот бил забележан околу еден час по полетувањето, а капетанот одлучил авионот да го врати назад.
Официјалните лица од авикомпанијата изјавил дека по слетувањето авионот бил дезинфициран.
-Лилјакот е пронајден mpтoв во делот на бизнис класата, изјавиле од компанијата.
– Со Саше се видовме пред суд и се решивме да правиме интервју- во негов стил, напиша на Фејсбук адвокатот Митровски.
– Саше се нашол уплашен па ме пријавил во Беко каде утре сум во 08.30 по повод поплака. На крај на интервјуто сам кажува дека не му смета што го снимам, патем на јавен простор, додава Митровски.
Во продолжение ви го пренесуваме целото интервју. Уживајте:
Здравствените власти во Виетнам денеска соопштија дека откриле нов сој на кopoнавиpycoт кој е мешавина од мутациите кои се познати како британска и индиска.
Министерот за здравство Нгујен Тан Лонг соопшти дека новиот сој бил откриен со генетско тестирање направено кај група пациенти со методата позната како секвенционирање.
Со карактеристиките на индиската и британската мутација, новиот сој, веруваат виетнамските власти, се шири побрзо од обичните варијанти на кopoнавиpycoт. Новата варијанта на вирусот, според најавите од Лонг, ќе биде објавена и на глобалната мапа, но допрва треба да биде именувана.
Според него, лабораториските испитувања покажале дека новиот сој се пренесува многу брзо и преку воздух што е и причината за бранот на зapaза со кој се соочува Виетнам последниот месец. Имено, од втората половина на април, регистрирани се речиси 3 600 нови случаи во 31 од 63 градови и провинции на Виетнам.
Виетнамските здравствени власти досега објавија циркулација на седум варијанти на кopoнавиpyc во земјата, вклучувајќи ги и британската и индиската, како и јужноафриканската мутација.
СДСМ продолжува со вистинска грижа и поддршка за земјоделството и земјоделците – истакна на денешната прес конференција пратеникот од СДСМ, Миле Талевски.
Прес конференцијата во целост проследете ја во продолжение:
Исплатени се субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2020 година.
На сметките на над 28.000 тутунари се уплатени субвенции од 1.7 милијарди денари.
Оваа поддршка доаѓа во вистински момент за тутунарите, кои стартуваат со новата производствена сезона.
Трудот на земјоделците се цени и се плаќа. Од почетокот на годината, по различни основи се исплатени речиси 3,5 милијарди денари субвенции.
Во тек е аплицирањето за новата програма за финансиска поддршка на земјоделството за 2021 година.
Досега се поднесени речиси 46.000 апликации, а рокот за поднесување на барањата е продолжен до 31 јуни оваа година.
И покрај пандемијата, која предизвика здравствена и економска криза продолжуваме со транспарентна и неселективна исплата на поддршката за македонското земјоделство.
Оштетени се скалите пред влезот и патничко возило во сопственост на Центарот за социјални работи Прилеп – објави неделниот весник “ЗЕНИТ”
– На 26 мај во СВР Битола, И.А. од Прилеп пријавил дека непознат сторител фрлил стаклена тегла со црна течност кон објектот од Центарот за социјални работи Прилеп на ул.„Стеван Апостолоски“, при што биле оштетени скалите пред влезот и патничко возило сопственост на Центарот за социјални работи Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат за “Зенит” од МВР.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 14 степени, а дневната од 18 до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 9 степени, а дневната до 26 степени.
Не стивнуваат реакциите на фудбалските вљубеници, откако ФФМ ги презентираше новите дресови на македонската репрезентација, со кои фудбалерите ќе настапат на Европското првенство.
На Интернет се појави и петиција која за кратко време ја потпишаа над 6.000 луѓе.
По бурните реакции со своја јасна порака се јави и капитенот Горан Пандев.
На својот Инстаграм профил, фудбалерот на Џенова го покажа дресот со кој Македонија обезбеди историско место, односно од дуелот со Грузија, порачувајќи дека со тој дрес треба да се брани честа и на ЕУРО 2020.
А еве како изгледаат новите дресови за кои навивачите велат дека наликуваат на дресовите од Летонија:
Во организација на Здружението на музички и балетски педагози, од 26-28 мај во просториите на ОМБУ “Лазо Мицев Рале” – Кавадарци, се одржа 58-ми Државен натпревар за основно музичко образование.
На натпреварот настапи и младата пијанистка од Прилеп, Анастасија Петреска, која ја одбрани титулата ДРЖАВЕН ПРВАК и освои ПРВО МЕСТО во својата категорија.
Во продолжение проследете го нејзиниот прекрасен настап:
Пред извесно време Анастасија освои прво место на Интернационалниот натпревар “Моцарт” во Хрватска и прва награда на седмиот (онлајн) интернационален музички натпревар SIMC ( Slobomir International music competition), кој се одржа во Бјелина, Босна и Херцеговина.