дома блог страница 2030

Прилепскиот театар подготвува нова претстава: Премиерата се очекува на крајот од јуни

Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата “Светулки“, по текст од Тена Штивичиќ, во режија на Драгана Милошевски – Попова, која прв пат соработува со прилепскиот театар.

Во претставата игра поголемиот дел од Ансамблот на театарот. Драматурзи се Ивана Нелковска и Лидија Митоска Ѓоргиовска, сценограф е Валентин Светозарев, а костимите се на Розе Трајчевска. Музиката ја изработува композиторката Ирена Топовиќ Драговиќ од Србија.

Премиерата е планирана за крајот на јуни. Ова е прв проект што го реализира театарот поддржан од Министерството за култура за 2021 година

За претставата

Текстот третира актуелни прашања кои се поврзани со индивидуалната потрага на животниот пат. Драмата „СВЕТУЛКИ“ од хрватската авторка Тена Штивичиќ претставува предизвик за секоја театарска продукција.

Протагонистите се заглавени во еден аеродром, на пола пат до својата конечна дестинација и не можат да го продолжат својот пат поради неочекуваното невреме. Заглавени во таа транзит зона тие ги преиспитуваат своите животи, желби, своето минато, тоа за кое копнеат и тоа кое сакаат да го заборават.

Во една навидум едноставна и минлива состојба тие прават силни одлуки кои ќе им го променат животот и целиот светоглед. Тена Штивичиќ е една од најпоставуваните хрватски авторки кои со својот ненаметлив стил дава искрена слика за тоа како изгледа животот во 21 век преку призмата на различни секојдневни ликови претставени од неколку различни генерации и социјални профили.

Нејзините ликови се луѓето кои ги среќаваме насекаде, со кои се разминуваме, со кои разменуваме мислења, со кои се дружиме, со кои го поминуваме нашето време… Сите тие кои минуваат низ различни аеродроми за да ја најдат својата конечна дестинација која ќе ги направи среќни.

Современиот пристап во сценското прикажување на режисерката Драгана М. Попова филигрански ќе го надополнува дејствието давајќи му суптилност и леснотија во играта. Претставата треба да ја оствари таа интимна врска со публиката преку откривањето на навидум едноставните, секојдневни животи во контраст со тежината која тие ја содржат и ја носат со себе.

Шилегов го нapeче фашиcт, а тој мy вpaти: “Кaj што cyм газел ти допpва ќе газиш” (Видео)

ФБ објава на оперскиот пејач Игор Дурловски

– Градоначалникот на Скопје продолжува со навреди кон мене и во интервју ме нарекува фашист. Петре, слушај вака, таму кај што сум газел ти допрва ќе газиш, а не мислам на светските оперски сцени – напиша Дурловски на својот ФБ профил.

Цел apceнал opyжje пронajдено при пpeтpec кај жител од прилепско

Денеска полициcки cлyжбеници од Одделот за кpиминалиcтичка полициja- Сектор за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje и ОВР Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија и cyдcка нapeдба извршиja пpeтpec во дом и помошни простории кај С.Т. (51) во с. Лажани, прилепско – информираат од МВР.

– Пpи пpeтpecoт се пронајдени три рамки за автоматcка пyшка, една воздyшна пyшка, 90 кypшyми кал.7.62 x 39, 25 маневарски кyршуми, ловни патpoни…

С.Т. е пpиведен во ОВР Прилеп и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кpивична пpиjaва – се вели во соопштението на МВР.

3aeв: “Денecка дpжавата е почитyвана повеќе од било кога“

„Немаме дилеми да ги испорачаме гаранциите. Ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка“, вели премиерот Заев одговарајќи на прашањето на „Фокус“, по повод изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси.

Притоа Заев додава дека „ако се мисли на краткото и долгото име, Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија и точно се однесува на државата без никакви територијални претензии ниту кон Бугарија ниту кон другите соседи.

„Дефинитивно, мислам дека претседателот Радев, кој е европски лидер, може да направи позитивен исчекор, со што ќе даде шанса на нашето пријателство да се развива и да биде поголемо наместо да остави трага меѓу двата народа“, оцени Заев изразувајќи задоволство од поднесените креативни форми на предлози кои министерот за надворешни на Португалија Аугусто Силва и еврокомесарот Вархеји неодамна ги соопштија по посетата на Софија и Скопје и изразувајќи надеж дека на крајот на денот Европската Унија ќе го испорача она што го очекуваме”, истакна Заев.

Посочувајќи дека со цел да успее процесот е договорено да не се соопштуваат детали, Заев додава дека нашиот народ треба да биде информиран дека ова е добра основа и дека очекувањата се во рамките на предлогот, кој ќе биде разгледуван од Владата и во консултации со Претседателот на државата и сите соодветни инстанци ќе бидат изградени позициите на нашата држава.

„Важно е дека ќе го добиеме она што очекуваме како минимум, а тоа е, да се води грижа за чист македонски јазик и за македонскиот идентитет“, изјави Заев за „Фокус“, повторувајќи дека европските лидери и членки на ЕУ потврдија дека аргументите се на наша страна и со оглед на условите во Бугарија која има техничка Влада, се очекува во наредниот период, по седницата Министерскиот совет – ГАК, да почнеме со Првата меѓувладина конференција”, вели Заев.

За предлогот на опозицијата да се напушти договорот и да се направи нов, со повеќе меѓународни гаранции, премиерот Заев вели дека е многу несериозно да се откаже договор, кој веќе почна да се реализира и за кого има уште многу да се направи, притоа повторувајќи дека идентитетот и јазикот се познати црвени линии, за кои ниту Владата ниту Унијата можат да разговараат и да ги менуваат.

„Целосно ја носам одговорноста за моите постапки и политики, како што ги носам и ловориките во делот на успесите. Денеска државата е почитувана повеќе од било кога“, вели Заев посочувајќи го изнајденото решение за проблемот со името со соседна Грција, која сега не е само пријател туку и важен стратешки партнер и еден од најголемите поддржувачи и инвеститори”, истакна Заев.

Пост посветен на Сугарески и владеењето на СДСМ во Пелагонија

Фејсбук објава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски

– Оваа табла сведочи за НЕСПОСОБНОСТА на Заев и СДСМ. Она што требаше да е ЕКСПРЕСЕН пат Градско – Прилеп денес е пустелија и пропаѓа.Експресниот пат почна да се гради во 2015 година, само година и половина подоцна во 2017 година кога Заев дојде на власт го СТОПИРАШЕ и до денес не се гради, а прилепчани, битолчани, ресенчани, могилчани, демирхисарци и крушевчани возат по ТЕСНИОТ и ОПАСЕН пат, по Дервенската клисура и Плетвар. За ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите ИЗГРАДБАТА на овој ЕКСПРЕСЕН ПАТ ќе е ПРИОРИТЕТ број еден

Пендapoвски до Папата: “Ако учествуваше Аргентина ќе победевте, навивајте за нас да станеме европски шампиони”

Претседателот Стево Пендаровски, кој престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

На средбата беа истакнати одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светата Столица, кои се темелат на длабоки историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше интересот за продлабочување на односите со Светата Столица, во сите сфери од заеднички интерес и го истакна значењето на католичката заедница во Македонија и нејзиниот придонес во нашето општество.

Претседателот Пендаровски посочи и на значењето што нашата држава го придава на промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи.

По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, претседателот Пендаровски оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин.

“На Неговата Светост му ги пренесов поздравите од нашите граѓани и го замолив во своите молитви да ја спомене и благосостојбата на нашиот народ.

Делото на нашата уметница и дизајнерка Билјана Клекачкоска, инспирирано од мозаикот во крстилницата на епископската базилика во Стоби од 4 век, најстарата црква во Република Северна Македонија, е подарокот за папата Франциск како сведоштво за културата и духовноста на нашата земја.

Филигранската изработка и симболите вградени во делото ја изразуваат нашата длабока почит кон неговата светост.
Аргентина нема да учествува на европско првенство во фудбал, и папата мора да навива за некој тим.

„Ако учествуваше Аргентина ќе победевте му реков денеска на Папата Франциск, а ние како земја за прв пат се пласиравме на Европско првенство и сега ви го предавам првиот официјален дрес. Напишано е Папа Франциск на кирилица, да навивате за нас, да се помолите за нас барем да станеме европски шампиони“, му порачав на @ConElPapa, од кого добив ветување дека ќе се моли за нас”, напиша Пендаровски на ФБ.

Следете во живо и бодрете ги нашите момци: Прилепчани вечерва атакуваат на нова победа

РК Прилеп денеска го игра 12-от натпревар од плеј аут сегментот во ракометната Супер лига.

Во Прилеп гостува фенерџијата на табелата РК Астрарион од Струмица, кои немаат ниту еден освоен бод, па се очекува сигурен триумф на прилепчани.

Натпреварот започнува во 19:00 часот, а истиот можете да го следите на линкот во продолжение:

Состојбата на табелата пред натпреварот е следна:

Сите ученици од Белгpaд ќе добиjaт бecплатни таблети и бecплатен интepнет

Сите ученици од прво до четврто одделение на територијата на Белград на 1 септември ќе добијат таблети, од кои ќе можат да учат во новата учебна година. Тоа го најави заменик градоначалникот на тој град, Горан Весиќ.

Тој прецизираше дека Градот ќе купи 67.592 таблети на 1 септември и дека сите ќе имаат картичка со бесплатен Wi-Fi. Со тоа, според днего, секој ученик ќе има бесплатен интернет дома, без оглед дали неговите родители имаат интернет во станот или не

Таблетите ќе се дистрибуираат низ училиштата, родителите ќе ги задолжат.

– Ќе објавиме конкурс за набавка на дигитални учебници во средината на јуни, изјави Весиќ.

Секое дете ќе добие дигитална верзија на учебник.

Градот ќе купи и 6.949 лаптопи за наставници кои работат со тие деца, и секој од нив ќе добие лаптоп за да може да одржува часови користејќи дигитални учебници.

Cледете во живо: Мицкocки во пoceта на Пpилеп

Днеска 27.05.2021, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари посета на општина Прилеп.

12:00 часот ќе оствари средба со Стопанска комора Прилеп во хотел Салида.
13:45 часот ќе биде дадена изјава за медиуми пред хотел Салида.
15:30 часот ќе оствари средба со претставници на здружение на тутунари во хотел Crystal Palace.
Изјавата можете да ја следите во живо на линкот во продолжение

Прилепското xopop здpaвcтво во една cлика? (ФОТО)

Клексан и Фраксипарин се лекови кои се користат како инјекции кај болните од кopoнавиpyc за намалување на Д-димерите во кpвта.

Во прилепската болница “Борка Талески” денеска е поставен оглас, преку кој непознато лице продава Клексан и Франсипарин од 0,6 и 0,3 мл.

Оставен е и телефонски број, кој нема да го откриеме…

Брука и срам, толку!