дома блог страница 2026

Вистински cпектакл: “Лозари” го запалиja Kaвaдapци за својот 30-ти poденден (Видео)

Навивачката група на Тиквеш, популарните „Лозари“, го прославија 30-тиот роденден на фанастичен начин.

“Лозари” го запалија градот со пиротехника, точно во 22:10 часот, a роденденот вечно ќе го паметат поради пласманот на ФК Тиквеш во Првата лига после 17 години.

Погледнете:

Прилепско финале за шампион: Младост 96 и Младост ќе играат за пингпонгарската титула во Македонија

Со полуфиналните натпревари од суперлигашкиот плеј оф, започна разврската во сезоната 2020/21 во пинг понгарското првенство, и освојување на шампионската титула.

Младост 96 против Телеком Нец2 и Шампион ФА против Младост, беа двете полуфинлни двојки, во кои прилепските екипи на Младост и Младост 96 влегоа со предност од 1:0, поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во регуларниот дел од сезоната.

Младост 96 без многу проблеми го совлада Телеком НЕЦ 2, со резултат од 4:1 и закажа финале во Прилеп против градскиот ривал Младост.

Тимот на Младост во неизвесен натпревар успеа да ги надигра играчите на штипскиот клуб Шампион ФА со 4:3.

За Младост96 две победи извојува Стефан Костадиновиќ, по една победа извојуваа Кристијан Станојковски и Петар Костовски.

Единствениот поен го изгуби Рустемовски од српскиот играч во редовите на Нец2, Милош Миленковиќ. Во екипата беа и Рикалоски и Лашкоски.

Со оваа победа продолжи низата од 20 победи без пораз во оваа сезона за екипата на Младост96. Во недела Прилеп ќе добие шампион во пинг понг.Младост96 влегува со предност од 1-0 во победи и ќе им треба само уште една попбеда од можните две.

Натпреварот ќе се одигра во недела,во Прилеп,но се уште не е одредено во која сала ќе биди финалето на пингпонгарското првенство.

(Фото галерија) Центарот за социјални грижи во Прилеп направен фиран … маслосан и со искршени стакла

На 26 мај во СВР Битола, И.А. од Прилеп пријавил дека непознат сторител фрлил стаклена тегла со црна течност кон објектот од Центарот за социјални работи Прилеп на ул.„Стеван Апостолоски“, при што биле оштетени скалите пред влезот и патничко возило сопственост на Центарот за социјални работи Прилеп – информацијата ја пренесе неделниот весник “Зенит”.

Oд МВР велат дека се работи на расчистување на случајот, а додека го бараат сторителот, зградата на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа денеска одново била на мета.

Непознат сторител искршил и дел од стаклата.

Кој и зошто се решил на ваков потег зесега не е познато…

Од yтpe дозволени cвадби, пpocлави и без мacки на отвopeно

Главниот координативен кризен штаб на Владата на Република Северна Македонија за обезбедување целосна координација на органите на државната управа, на правните лица основани од државата, како и на единиците на локалната самоуправа, во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 на денешниот состанок ги разгледа и потврди препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките за заштита од КОВИД-19 и ги предлага на конечно усвојување на утрешната Владина седница.

На состанокот на Главниот кризен штаб, по исцрпната дискусија и имајќи ја предвид поволната моментална епидемиолошка состојба со КОВИД-19 во државата, која се карактеризира со намалување на 14-дневна инциденца (бројот на новонастанати случаи) на позитивни случаи, намалување на позитивни тестови за КОВИД-19 во однос на вкупен број тестирани лица, намалување на бројот на активни случаи и бројот на хоспитализации, по препорака на Комисијата за заразни болести, беа донесени следните предлог-препораки за олабавување на мерките, почнувајќи од 1 јуни 2021 година:

1. Укинување на мерката носење на заштитна маска на отворено со препорака за носење на маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носењето на заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

2. Да се дозволи присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, од вкупниот капацитет на посетители, со задолжително почитување на растојание помеѓу посетителите од 1,5- 2 м (три седишта) и со доследно применување на мерките за заштита од КОВИД-19.

3. Се укинува мерката за забрана за групирање на јавен простор на не повеќе од 4 лица.

4. Да се дозволи организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата. Присуство на музичари е дозволено само при организирање на свадби, а согласно соодветен протокол.

5. Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од четири лица на шест лица со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата на масата.

6. Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина (член 3 т. 14 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2,случаите и временскиот период на нивна примена („Сл.В.РСМ“ бр.263/20),

7. Продолжува да важи мерката за полициски час до 15.06.2021 година.

Прилепчани победија на клучното гостување, следува натпревар за прво место

Ракометарите на РК Прилеп ја забележаа деветтата победа во плеј-аут сегментот на Супер лигата.

На гостински терен го победија Младост 1977 од Богданци со резултат 33-37 (12-21 на полувремето).

Ова беше важна победа за прилепчани пред последниот натпревар од сезоната, кој на 03.06 го играат против Тиквеш на домашен терен.

За прилепчани денеска во Богданци најрасположени беа Грузијците Чантурија и Рустамов кои постигнаа дури 18 погодоци. Чантурија прецизно стрелаше 8 пати, а Рустамов стигна до 10 погодоци.

Покрај нив Шокоски Давор постигна 4, а Андоноски Даниел 5 погодоци.

Кај домаќините Никола Димитров стигна до бројка од 9 погодоци на натпреварот.

Пред последниот натпревар против ГРК Тиквеш, кој ќе биде натпревар за првото место и сигурен опстанок во најелитното ракометно друштво, состојбата на табелата е следна:

Во прилог на прилепчани денеска им беше и поразот на Голден Арт – КЛ 7 од РК Радовиш (23-24), кои пред ова коло имаа ист број бодови како РК Прилеп.

Понесете чадор и утре: Еве кога се очекува ново затоплување

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ=6

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.

Фудбалските xepoи си добија свое персонализирано пиво и наздpaвиja за нови ycпecи (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија од новиот партнер „Пивара Скопје“ доби изненадување пред Европското првенство (ЕП) и настапот на големата сцена и сите играчи имаат персонализирани лименки.

Пред настапот на ЕП, ФФМ доби нов партнер и на лименките „Скопско“ за време на настанот ќе има потписи на фудбалерите и на нив ќе биде изгравирано нивното име. Секако, во целата приказна е и селекторот Игор Ангеловски, кој доби персонализирано шише.

Фудбалерите во хотелот ги добија персонализираните лименки и заеднички наздравија за нови успеси на Европското првенство каде сме во група со Холандија, Австрија и Украина.

ФОТО: Пивара Скопје

Антонио ја снимаше трасата од Сугарески – Ни милиметар автопат не се направи? (Видео)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, преку видео изјава вели дека власта предводена од СДСМ во овие 4 години владеење не направи ништо на автопатот Кичево-Охрид, чија изградба започна во 2014 година.

“Ветувањата на Зоран Заев изгледаат вака, празни зборови… Тоа што го започна ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не е способна ниту да го заврши”, вели Милошоски.

(Видео) Македонката Марија Груевска со настап каков што никогаш немало во “Ѕвездите на Гранд”

Во вчерашното шоу на музичкото натпреварување „Звездите на Гранд“, имавме можност да видиме како учесничката Марија Груевска, која доаѓа од Македонија, настапи во многу провокативна комбинација на облека, но и со змија околу струкот.

Таа ја отпеа песната „Негатив“ Тијана Дапчевиќ, а членовите на жирито беа шокирани кога ја видоа во ова издание на сцената.

– Човече, ти треба храброст за вакво нешто – сите се согласија по нејзиниот настап, кој остави голем впечаток.

На Борисов веќе му спремаат затвopcка ќелија?

Тој ги повика младите да бидат бастион на демократијата.

„Не можат да ме поразат на фер избори. И сега вие ќе видите што ќе сторат. Дури и ќе ме обвинат за канибализам. Тие продолжуваат да измислуваат“, изјави поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на состанокот со младинската организација на партијата, откако министерот за внатрешни работи Бојко Рашков најави дека има информации од прислушувани разговори за апсење на Борисов .

„Но, ако успеат, ќе ставите портрет од мене овде“ – се пошегува Борисов.