Сторија која вреди да се прочита: Прилепчанец работел на болидите од “Формула 1”

Методија Талески (77), мајсторот за делови за Формула 1 болидите

Мајсторот за формула 1 болидите, после 40 години во Германија, Методија Талески, веќе 12 години, е пак прилепчанец. Многу е подвижен И енергичен. Со лесно ги носи своите 77 години. Ужива во прегратките на природата со планинарите и сам често се дружи со прекрасната убавина, не само на Прилеп. Затаена му е само пасијата за лов на дивеч. Со голема прецизност ги изработувал оштетените делови од болидите на Формула 1, за што Германците знаеле добро да го наградат, да ги минува пензионерските денови мирно со лаф муабет в чаршија.

Работел како дреар на дребонг во специјализирана фабрика во Келн, во која покрај деловите за болидите се изработувале и делови за нуклеарните централи. Како искусен мајстор на занаетот, се јавил на конкурсот објавен во весник и тоа на 54 годишна возраст, откако ја напуштил претходната фирма.

– Петнаесет години бев на штрек и дење и ноќе, и делник и празник да им излезам во пресрет во отстранување на ситните дефекти во подготовките на болидите на Тојота за трките на Формула 1. Често ме будеа во малите саати за навреме да се направи делот и да се транспортира каде и да се тркачките автомобили.

По нацртите на инженерите за најкусо време ги подготвував новите делови да се монтираат на местото од оштетените и најбрзо да се стигне до пистите на трките насекаде низ светот.

Деловите пред транспортот минуваа на прецизна, детална контрола. И во работното искуство никогаш не ми се случи некој дел да направиме по втор пат. Осовинчиња, штафчиња и други елементи изработував со леснотија.

Кога работев во Тојота, беше времето на Шумахер – објаснува во најновиот број на неделниот весник “ЗЕНИТ” Методија Талески.

Целата статија прочитајте ја на “ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.