дома блог страница 2025

Училишта во долненско немаат вода и тоалети, а Мила ќе ги дигитализира? (Видео)

Полски тоалети без вода и надвор од малата, подзакрпена училишна зграда, со струја која прекинува при првата посилна грмотевица, со слаб или никаков интернет и со неколку неисправни таблети, се условите во ОУ „Пере Тошев“, во долненското село Дреновци, во кое учат дваесетина деца од прво до петто оделение – објави “АЛФА ТВ”

Идејата да се воведе дигитално образование, подеднакво ги вознемирува и наставниците, и учениците, а особено родителите од повеќедетните семејства. Наставниците си ги бараат старите стандарди кои, велат, носеле вистинско образование и воспитание, а додека родителите пак, тврдат дека дигитално образование во руралните средини било еднакво на невозможна мисија.

„Имам овде три деца ми учат. Двете учат овде, а едното учи во Дупјачани..Тешки се условите, многу се тешки. Еве сами гледате какво е училиштето, патот и се’…вода нема во селово….Јас како родител еве, имам три деца – дигитализација, на сите три комјутери јас не можам да им купам..немаме услови, како ќе му купиме, еден компјутер е 30.000, три деца – 100.000 за компјутери, кај ќе учат децата, тие не знаат што учат со наставници, па не така?!..Интеренетите кочат, слабо со интернети…учителите на тоа што ми учи шесто му кочи комјутерот, му викаат оти не се приклучуваш, а тоа плачи, не може да се приклучи“, – ни ја раскажа својата загриженост таткото Жарко Перески.

„Кај нас нема за обична настава, па не дигитална…напати нема ни струја, нема ни интернет, ..таман пола часот ќе го изучат децата, прекинува струјата..какво учење е тоа ?! Никакво!!! Треба да си учат од книги, да се дружат…“, – вели Гоце Спиркоски.

Директорот на училиштето, Адмир Кадриески, признава дека условите во училиштето не се најсјани. Но, вели дека тие правеле се што е во нивна можност со скромните средства што ги имале. Престојната дигитализиација, не сакаше да ја коментира. Вели, ќе ги следеле напатствијата од Министерството.

Инаку, селото Дреновци е живо село. Има околу 250 жители, од кои дури 90 се деца до 18 години. Се наоѓа на 20-тина километри од Прилеп. До него се доаѓа по очајно лош пат, кој не е саниран со години и кој заедно со недостигот од и онака неисправната вода за пиење, им е огромен проблем. Лути се на општинските власти, бидејќи, велат, досега никој не дошол ни да ги посети, а камо ли ги реши нивните маки.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”

За кратко време огpaбена yште една обложyвалница во Битола

На 29.05.2021 околу 23.10 часот во СВР Битола било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Цане Василев“ во Битола едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно на 15.05.2021 околу 18.50 часот во СВР Битола беше пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Филип Втори Македонски“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет.

Ќе станат две милиjapди: Кина дозволи тpeто дете

Кина денеска соопшти дека на секоја двојка ќе ѝ дозволи да има до три деца, што означува крај на строгатата политика за две деца, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на државната агенција Ксинхуа, која посочи дека промената лично ја одобрил претседателот Си Џинпинг на состанокот на политбирото на Кинеската комунистичка партија.

Промената во политиката на планирање на семјеството доаѓа по последниот попис, што се изведува еднаш на 10 години, што покажа дека кинеското население се зголемува со најбавно темпо во последните неколку децении, јави Би-Би-Си.

Овие податоци извршија дополнителен притисок врз Пекинг да ги зајакне мерките за брачните двојки да имаат повеќе деца, со што ќе се спречи падот на популацијата.

Кинескиот попис, објавен на почетокот на овој месец, покажа дека минатата година се родиле околу 12 милиони бебиња, што е значително намалување од 18 милиони во 2016 година и најмал број на раѓања регистрирани од 60-тите години на минатиот век.

По објавувањето на резултатите од пописот, се очекуваше Кина да ги релаксира правилата за семејна политика.

Ce кpaдe ce’ живо: Bлегол во ЈП Пapкинзи Битола и го огpaбил ceфот

На 30.05.2021 во СВР Битола, З.Д.(52) од Битола пријавил дека непознат сторител со употреба на сила и подесен алат влегол во канцеларија на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Битола на ул.„Солунска“ во Битола и од сефот одзел пари.

Увид извршила екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: setaliste.com.mk

Песниште! “Македонија на европско” – ДНК направија ремек дело за бодрење на нашите херои (Видео)

Оооо оооо Македонија на Европско…. Сите сплотени сме заедно…. Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно… вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која момците од ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство.

И не само Панчо и Андреј поддршка на црвено-жолтите им даваат еден куп колеги – музичари, спортисти, актери, пријатели на ДНК и вљубеници во спортот и фудбалот, кои се дел од уникатното видео, кое зрачи со љубов и желба за победи и што е можно подобар пласман на нашите момци.

– Им посветивме песна на фудбалерите кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација. Затоа решивме да направиме и вакво видео во кое буквално целата естрада за прв пат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери… и сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите кои имаат свое место во овој видеозапис. Сакаме навистина и од СРЦЕ да им се заблагодариме на сите, особено на нашите фудбалери за одвојувањето од нивното време да снимат кратко видео каде што сите ќе ги видат во едно поинакво светло од она на терен. Вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски. Особено мора да му се заблагодариме на Илија Несторовски, кој беше главна алка и спојка, и кој воедно ги потсетуваше сите навреме да испратат видео, велат Панчо и Андреј, кои се особено горди на тоа што дел од кадрите им припаѓаат и на оние кои се главни јунаци во целата оваа приказна – фудбалските репрезентативци.

Како автори на оваа песна и овој пат се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, во чие студио и е снимена, продуцирана и мастеризирана „Македонија на Европско“. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

И да, во спотот премиерно се појавува и подмладокот на бендот, односно новите членови Андреја (10 г.) басисит, Марјан (6 г.) тапанар и Јана (5 г.) клавијатури и придружен вокал.

– Веруваме во песната, веруваме во момците и #Македонија на Европско, велат Панчо и Андреј.

Во богатиот вокабулар на премиерот не постои Македонија: Заев бил горд на “нашата apмиja”

– Како дел од најголемата НАТО-вежба оваа година на тлото на Европа, благодарение на еден отворен пристап со кој се реализира Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија денеска Македонија е полноправна членка на НАТО. За реализација на оваа стратешка цел за нашата држава беа потребни храбри одлуки и одважност.

Денес со задоволство може да констатираме дека токму на армискиот полигон Криволак како еден од најдобрите полигони во овој дел од светот се организира вежба во која учествуваа нашите армии заедно со армиите на нашите сојузници и пријатели од САД, Грција и Бугарија.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Денот на високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“ на полигонот Криволак на кој се презентираат офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од армиите на Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф16 од вооружените сили на Грција.

-Горд сум на нашата Армија, на нашите офицери и војници на нивната желба за усовршување и унапредување. Тие ги исполнуваат сите обврски и очекувања на достоинствен начин и на највисоко ниво рамо до рамо со нашите сојузници не само дома, туку и со учество во меѓународните мисии со кои се гарантира мирот во светот. Со членството во НАТО не сме повеќе сами. С Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена ниту ставена под прашалник ниту изолирана од светот. Како дел од моќното НАТО-семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот нашата држава стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, рече Заев.

Cтопaнcката Koмopa се пожали: Heдocтигаат келнepи, peцепционepи, готвачи и помошници

На компаниите од угостителството и туризмот им недостига 50 проценти од потребниот кадар, пред се келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора кај големите ресторански и хотелски капацитети кои се нејзини членки од кои голем број не беа и се уште не се во функција. Официјалната статистика покажува дека е минимално намален бројот на работници во угостителската дејност, односно околу 400 лица, но анкетата покажува дека падот на бројот на вработени е од 50 до 80 отсто во зависност од објект до објект.

Во 2020 година, според Комората, овој сектор доживеа целосен крах и во првите месеци од годинава се уште има застој. Угостителството, како што велат, до 2019 година беше една од топ три најбрзорастечки индустрии во светот со годишен раст од над 10 отсто и во просек секој трет вработен работеше во овој сектор. Во 2020 година, пак, двете студии што ги направиле заедно со другите комори покажале дека имало пад на прометот во угостителството и туризмот и до 80 проценти и во него се загубени речиси 20.000 работни места.

-Ковид пандемијата ги измени досегашните потреби во угостителската дејност за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето. Предизвикот на отворање нови работни места дефинитивно е заменет со предизвикот како да се задржат постојните и евентуално да се пополнат испразнетите места со соодветен кадар, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на денешната прес-конференција.

Нагласи дека Комората во рамки не проектот Образование за вработување, што е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, подготви четири програми за двомесечни обуки за преквалификација и доквалификација за потребите на угостителскиот кадар за слаткар, готвач, пекар и келнер.

-Програмите се модуларно дизајнирани и содржат теоретски и практичен дел, а фокусот е ставен на практичниот дел кој ќе се спроведе исклучиво во угостителски објекти од лица практичари кои се вработени таму. Со една обука можат да се преквалификуваат од 50 до 100 лица, а доколку има заинтересираност може да се креираат и повеќе обуки во низ според потребите на компаниите, додаде таа.

Претседателката на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора Ана Таневска Ѓорѓиевска посочи дека поради кризата дел од вработените во секторот ја променија својата професија и како што рече, станаа гипсари, монтери, таксисти, поточно поминаа во секторите транспорт и градежништво. Тоа, според неа, ја доведува во прашање позицијата на земјава како туристичка дестинација на светскиот пазар.

-Неизвесноста беше клучниот фактор за ваквите одлуки. Поради кризата хотелите пред се во градските средини, пред се во Скопје и во другите градови во државата кои не се класични туристички центри, беа целосно затворени и падот на прометот беше над 85 проценти. Поради големиот број работници што си заминаа не можеа да го остварат ни правото за поддршка на плати за последните три месеци од 2020 година, рече Таневска Ѓорѓиевска.

(Видео) Се скарал со родителите, па започнал да копа дупка: По шест години добил вистинска подземна оаза

Тинејџер од Шпанија по кавга со родителите одлучил лутината да ја насочи во копање на дупка во градината. По шест години добил виситнска подземна оаза.

Андрес Канто имал само 14 години кога заочнал да ја копа дупката во градината. По шест години тој успеал да направи вистиска машка пештера, со дневна соба и купатило. Во дупката има скали, рерна и кревет, а следниот чекор на Канто ќе биде поставување на џакузи.

Еве каде можете да летyвaте со кopoна тecт, а каде со потвpда за пpимена вakцина

Летото е на прагот а многумина размислуваат каде да го искористат јунскиот одмор. Оваа година работите се покомпицирани поради короната и мерките кои ги имаат речиси сите земји.

„Република“ ви ги претставува правилата за патување во неколку атрактивни дестинации па вие самите направете го изборот.

Грција-потребен е ПЦР тест или потврда за вакцина. Признаени се сите вакцини.

Турција- Се прифаќаат сите вакцини или ПЦР тест.Деца помлади од 18 години ако патуваат со возразни не мора да ги имаат овие документи.

Египет– Потребен е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Засега не се признава ниту една вакцина

Повеќе погледнете ТУКА

Нови цени на гopивата од полноќ: Еве за колку пocкапyвaaт

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС -95 ќе изнесува 67,50 денари, 69,5 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС -98, а 60 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V). Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) и натаму ќе се продава по 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 денари за килограм и ќе изнесува 33,881 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,62 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 25 месецов.