дома блог страница 2024

Една од последните средби на Градоначалникот со Стопанската комора? (Видео)

Денеска одржавме работна средба со претставници на Министерството за надворешни работи и со компании членки на Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп – информираше градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски на ФБ.

“Заедно со прилепските стопанственици, а во присуство на амбасадорот Игор Попов, директор за економска и јавна дипломатија, како и Сузана Тунева, Бекри Ајдини, Илија Псалтиров и Абдилџемил Саити, економски советници за Република Турција, ОАЕ и земјите од заливот, Полска и земјите од Вишеградската група, како и за СР Германија и Австрија, разговаравме за унапредување на соработката помеѓу МНР, локалната самоуправа и бизнис секторот.

Во општина Прилеп постојат голем број стопански субјекти кои се извозно ориентирани и кои се заинтересирани за освојување нови странски пазари, пред се’ од прехранбената и тутунската индустрија, мермерот, текстилот, кои со своите производи можат да се претстават во многу држави.

Со оваа средба меѓу нашите стопански субјекти и претставниците од економскиот дел на МНР, а во координација на Општина Прилеп, сигурен сум дека ја постигнавме целта и дека во иднина прилепските компании ќе бележат поголеми успеси на полето на економијата.

Во насока на подобро запознавање на можностите на прилепските компании, заедно со претставниците на Министерството за надворешни работи ги посетивме прехранбената индустрија „Витаминка“ и компанијата „Комфи Ангел“ – напиша Јованоски.

3aeв нajaви: Ќе соработyвал со Д У И, ДПА и БЕСА на локалните

Соработката меѓу партиите на Албанците на власт ДУИ, БЕСА и ДПА со СДСМ ќе се рефлектира и на локално ниво, најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

На редовните есеснски локални избори партнерите на владината коалиција СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА, додава тој, ќе се поддржат едни со други во одредени општини.

Заев најави дека соработката ќе биде во две фази, некаде коалициите меѓу нив ќе функционираат во првиот, а некаде во вториот круг од изборите.

– Да, отворени сме за соработка со ДУИ, БЕСА и ДПА, тие се трите партии на Албанците со кои сме во коалиција. Имаме општини каде логично е сите да настапиме со најдоброто што го имаме. А кој ќе влезе во вториот круг после тоа да се поврземе. Некаде ќе застанаме еден до друг уште во првиот круг, затоа што очекувам добри номинаци на кандидати и од нашите партнери, како што очекувам да ги прифатат и нашите кандидати за да застанат уште во прв круг позади нив, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Тв Клан.

УЕФА одбpojyва: Уште 10 дена до Евpoпcкото пpвенcтво со 10-ката на Пандев

На точно 10 дена до почетокот на Европското првенство во фудбал, УЕФА одбројувањето го отслика со дресот на нашиот капитен Горан Пандев.

Но не со новиот дрес кој јавноста категорично го одби, туку со “стариот” дрес, со кој после бурните реакции ќе настапат нашите херои.

Димовски: “На секои 60 литри гориво плаќаме 600 денари повеќе, власта на Заев ги зголеми гopивата за 9,93денари”

Откако дојде СДСМ на власт, еден литар гориво нечини 9,93 денари повеќе само како давачки кон државата, објасни поранешниот пратеник Илија Димовски на социјалните мрежи. Ако ставате 60 литри гориво во вашиот автомобил, сега за државата плаќате плус 595,8 денари, или околу 10 евра…

“9,93 денари нови давачки на секој литар дизел гориво

Давачките спрема државата се точно плус 9,93 денари од литар дизел гориво, во споредба со времето на “режимот”…
Ова се давачки само спрема државата, кои апсолутно не зависат од светската цена на нафтата…

Ова се зголемувањата на давачките: + 1,20 ден за големопродажна маржа; + 1,40 ден за малопродажна маржа; + 0,25 ден за транспортни трошоци; + 3,00 ден за акцизи (прво зголемување во време на Тевдовски); + 0,54 ден за ДДВ (зголемен ДДВ поради зголемената основица од акцизите); + 3,00 ден за акцизи (втор пат зголемување пред отприлика 1 година); и + 0,54 ден за ДДВ (втор пат во 4 години, поради зголемената основица).

Или вкупно 9,93 денари на секој литар…

Ако ставате 60 литри гориво во вашиот автомобил, сега за државата плаќате плус 595,8 денари, или околу 10 евра…
Ако два пати во месецот ставате гориво, тоа се околу 240 евра годишно плус што вие ги плаќате спрема државата како давачки…”, напиша Димовски на ФБ.

Неколку населени места во прилепско и жителите на оваа улица утре ќе бидат без cтpyja

Селата Славеј, Големо Коњари, Врбјани и фирмите Везе Шари и Кривогаштани Промет утре од 9 до 16.30ч. ќе бидат без електрична енергија.

Прекин во снабдувањето со струја ќе има и во Прилеп. Без струја од 10 до 15 часот ќе бидат жителите на ул. Трајко Тарцан.

Како што известуваат од Електродистрибуција прекинот е заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.

ФФМ преку соопштение информираше зошто не дозволиле средба на 3aeв со фудбалерите

Oткако премиерот Зоран Заев синоќа во интервју на ТВ “Клан” рече дека претседателот на ФФМ, Сејдини, не му дозволил да се сретне со фудбалерите, со соопштение реагираа од Фудбалската федерација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија денес преку соопштение се заблагодари кон сите кои искажуваат честитки кон репрезентативците пред историскиот настап на Европското првенство и имаат желба лично да им се обратат на фудбалерите со намера да им посакаат успех и добар резултат на натпреварите од Европскиот шампионат.

Сепак, од ФФМ информираат дека согласно протоколите од УЕФА, не се во можност да организираат каков било прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи.

– Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозат учеството на тимот во завршниот турнир. Самиот концепт на заштитен меур („team bubble“), има за цел да создаде заштитено и ограничено опкружување за играчите и техничкиот персонал во текот на нивниот престој во хотел и за време на патување во завршниот турнир.

Делегацијата на тимот мора да избегне каков било контакт со кое било лице надвор од нивниот „меур“ за да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен, истакнува д-р Невзат Јонузи, задолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.

Од ФФМ побараа целосно разбирање за ваквите мерки кои се во насока на поголема заштита на репрезентацијата пред заминување на Европското првенство.

Лyѓето со нyлта kpвна гpyпа мopaaт да ги знaaт овие paботи

Лидерството, активноста, енергијата и фокусираноста се меѓу најдобрите особини кои им се препишуваат на луѓето со 0 крвна група.

Тие можат да бидат силни, продуктивни, но и лути, хиперактивни и импулсивни кога се под стрес.

Ако спаѓате во оваа група на луѓе, сигурно досега многу пати сте слушнале дека токму вие сте потомци на предците кои биле итри, агресивни грабливци.

Што ве прави посебни и единствени?

Заради својата крвна група сте предодредени за болести како чиреви и пореметувања на штитната жлезда. Припадниците на оваа крвна група исто така имаат недоволно ниво на јод, па заради тоа е отежната регулацијата на тироидната жлезда. Ова предизвикува нуспојави како дебелеење, задржување на течностите и замор.

Покрај тоа, луѓето со 0 крвна група имаат повисоко ниво на желудочна киселина од останатите, па често пати резултира со иритација на желудникот и чиреви.

Подложни на стрес

Што се однесува до типот на личноста и карактерните особини, 0 крвната група се проценува како одговорна, одлучна, организирана, умерена, совесна и практична. Се смета дека овие луѓе се многу подобро ориентирани и се одлични логичари.

Од друга страна пак, стресот може да предизвика напади на лутина и хиперактивност. Луѓето со оваа крвна група се повеќе ранливи на деструктивно однесување кога се претерано заморни, депресивни или едноставно им е здодевно. Тоа може да вклучува коцкање, пороци, барање на екстремни возбудувања, импулсивност и ризични ситуации. Избегнувајте кофеин и алкохол. Кофеинот е посебно штетен заради подигнувањето на адреналин, кој е веќе на високо ниво.

Повеќе од било која друга крвна група, на луѓето со 0 крвна група им е неопходна физичка активност за одржување на здравјето и емоционалната стабилност. Редовната активност подразбира вежбање 3 до 4 пати неделно. За најдобри резултати се препорачува аеробна активност 30 до 40 минути.

Паметно би било да ги одредите плановите и задачите кои ги имате, без оглед дали се работи на годишно, месечно или дневно ниво, за да ги избегнете импулсивните реакции.

Редовно јадете, па дури и вметнете меѓуоброци. Џвакајте полека и јадете опуштено.

Избегнувајте го донесувањето на големи одлуки или трошење пари кога сте под стрес. Кога ќе накачите некој килограм, само физичката активност може да ве спаси.

3aeв добил “кopпа” од ФФМ и Cejдини: He мy дозволиле да ce cpeтне co фyдбалepите

Председателот на фудбалската федерација не дозволил премиерот Заев да оствари средба со фудбалерите на нашата репрезентација откри синоќа премиерот Заев на интервју за “ТВ Клан”.

– Фудбалерите ме поканија да се сретнеме јас со задоволство прифатив но председателот на ФФМ гопсподинот Мети не дозволи средба ни во просториите на федерацијата ниту во ресторан.

Сепак јас и фудбалерите деновиве ке се сретнеме и веке ги поканив таа средба да биде во владата. Јас немам ништо против председателот Мети, но тој требa да ги почитува законите кој и како избираат раководство на федерацијата и затоа пред некој ден изјавив дека фудбалската федерација е заробена од актуелниот председател.

Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации, а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови.

Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат законот, а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против председателот Мети, нитy го сакам неговото место, нитy имам некој свој за таа позиција, едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите – истакна Заев.

Maкедонскиот репрезентативец роден во Прилеп пред сензационален трансфер во италијански гигант?

Турски портал синоќа објави дека седумкратниот европски шампион Милан во своите редови го сака македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

На Алиоски му заврши договорот со англискиот премиерлигаш Лидс, каде е омилен помеѓу фановите. Се шпекулира дека Алиоски ќе премине во Галатасарај и Трабзонспорт, но дел од медиумите пишуваат дека тој ќе го продолжи договорот со Лидс.

Засега нема официјална информација од ниедна страна, но наводно и раководството на италијанскиот калчолигаш го сака Алиоски во своите редови како замена за се поизвесното заминување на Тео Хернандез во ПСЖ.

Две лица завpшиja со повpeди, откако со автомобил излетале на ул. “Радовишка” во Прилеп

На 31.05.2021 во 10.30 часот на ул.„Радовишка“ во Прилеп, патничко моторно возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Д.Б.(64) од Прилеп, излетало од коловозот.

– Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобила сопатничката А.Б.(59), а возачот Д.Б. се здобил со повpeди и на истите им била yкажана лекapcка помош во Медицински центар Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициcка станица Прилеп – информираат од МВР.