дома блог страница 2020

Македонската икона Горан Пандев во Топ 10 на ЕУРО2020

Меѓу фудбалските ѕвезди, кои ќе настапат на претстојното ЕУРО2020, вкупно 25 имаат повеќе од 100 репрезентативни настапи, а македонскиот капитен Горан Пандев е на делба на осмото место со полскиот голгетер Роберт Левандовски.

Од дебито во македонскиот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција, Пандев собра 118 настапи во националниот дрес и постигна 37 голови, вклучувајќи го и историскиот против Грузија во баражот за пласман на Европското првенство.

Од фудбалерите, кои се очекува да настапат на ЕУРО2020, најмногу одиграни натпревари во националниот дрес има португалскиот капитен Кристијано Роналдо.

Топ 10 фудбалери на ЕУРО2020 според бројот на репрезентативни настапи.

1, Кристијано Роналдо – 173, 2. Лука Модриќ – 137, 3. Жоао Мутињо – 130, 4. Себастијан Ларсон – 128, 5. Марек Хамшик – 126, 6. Јан Вертонген – 126, 7. Серхио Бускетс – 122, 8. Горан Пандев – 118, 8. Роберт Левандовски – 118, 10. Пепе – 113.

На иницијатива на нашиот сограѓанин Оливер Лозаноски, подигнат свeт кpcт во населбата “Жабино маало” (Фото)

На иницијатива на Оливер Лозаноски од Прилеп, на празникот Св. Талалеј кај параклисот во населбата “Жабино маало”, беше подигнат крст висок 6 м. , а широк 3 м.

Жителите од населбата Жабино Маало присуствуваа во голем број, одавајќи притоа почит на чинот на осветување. Лозаноски кој е жител на оваа населба истакна дека за изработката на крстот донирале негови пријатели и роднини од дијаспората.

Крстот е уште еден христијански симбол во паркот во оваа населба, после параклисот посветен на Св. Никола, каде за денот на градскиот патрон се собираат голем број верници.

Маркукуле упатува честитки за ваквиот чин на нашиот сограѓанин Оливер Лозаноски и му посакуваме здравје, среќа и мир нему и на неговото семејство.

Maкедонија денеска на мегдан со Казахстан: Последна проверка пред ЕП

Македонската фудбалска репрезентација вечерва против Казахстан во Скопје го игра завршниот контролен натпревар пред историскиот настап на Европското првенство што започнува на 11 јуни.

Селекторот Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција најави измени во составот, истакнувајќи дека дуелот против Казахстан со почеток од 18 часот на арената „Тодор Проески“ ќе биде искористен како подготвителен тренинг.

– Можеби ќе излеземе со поразличен состав од оној со Словенија. Сакам да им дадам повеќе минутажа на некои што играат помалку, изјави Ангеловски.

Во комбинација за настап на дуелот против Казахстан со сигурност нема да биде Енис Барди, откако играчот за врска на вчерашниот тест повторно беше позитивен на коронавирус и останува неизвесно до понеделник дали ќе може да и се приклучи на репрезентација пред заминувањето на Европското првенство.

На првиот од двата подготвителни натпревари пред настапот на ЕУРО2020, македонскиот до понеделник ќе може да и се приклуч состав во понеделникот ремизираше 1:1 против Словенија во Скопје.

Македонката репрезентација на стартот на ЕУРО2020 игра против Австрија, на 13 јуни, пред дуелот со Украина, четири денови подоцна. По двата натпревари во Букурешт, македонскиот состав на 21 јуни во Амстердам против Холандија го игра завршниот натпревар во рамки на групата Д.

Познато е кој ќе биде заеднички кандидат на СДСМ и Д У И за Скопје?

Поранешниот министер за здравство Имер Селмани се очекува да биде заеднички кандидат за градоначалник на партиите од власта за Град Скопје.

Како што пишуват албанските медиуми во змејата, од извори од власта дознават дека изненадувањето кое што го најави лидерот на интегративците за во сабота, е токму објавувањето на кандидатурата на Имер Селмани за градоначалник на Град Скопје – пренесува “Курир”

Доколку се земе во предвид политичкиот багаж на Селмани, тој е најприфатлив за сите партии од власта. Имено, како претседателски кандидат Селмани освои голем број на македонски гласови, и од таа причина овие партии се надеваат на победа.

Кој ќе работи во недела ќе добива и до 100% повисока дневница, за фирмите кои нема да почитуваат може да следува и клуч на врата

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска одржа работна средба со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Дарко Димовски, на која присуствуваа и секретарот на Советот на ССМ, Златко Цветковски, како и повеќе претседатели на гранкови синдикати.

„Од првиот ден на мојот мандат имам јасна определба отворено да разговарам за сите прашања кои се од интерес на работниците. Тоа и го правам. Законските решенија треба да обезбедат почитување на работничките права, затоа што, мотивиран работник е работник кој работи според јасно определени и дефинирани работни односи, на којшто му се почитуваат правата во делот на користење на годишен одмор, слободни денови, ден на неделен одмор, како и безбедност во работата“, нагласи министерката Шахпаска.

Таа рече дека изминатиов период отворено се дискутираше за новото законско решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор, со цел да се изнајде најсоодветно решение кое ќе направи баланс помеѓу семејниот и професионалниот живот.

Во оние дејности, нагласи Шахпаска, кои мора да продолжат да работат и во недела, на работниците ќе им биде исплатен најмалку 50% додаток на дневницата доколку со Колективен договор не е поповолно определено за работникот.

Додека за работниците во трговската дејност дневницата ќе биде за 100 проценти повисока од редовната. Сите работници кои ќе работат во недела покрај дополнителна дневница ќе имаат и право на слободен ден кој ќе може да го користат во наредните седум дена.

Митко е ВМРО, а Кавадарци победничко: Ќе биде ли така во цела четворка?

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци најави дека на претстојните локални избори уште еднаш ќе ја бара довербата на граѓаните за втор градоначалнички мандат.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе му ја даде довербата на локалните.

– Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега (Наќе Чулев), не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата. Мислам дека партијата треба да се соедини, да направиме добри резултати на наредните локални избори. Разликите во мислењето треба да го ставиме настрана, за доброто на граѓаните, рече Јанчев.

Јанчев вели дека ги надминале несогласувањата со претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

– Имаше моменти кога имавме послаба комуникација со Мицкоски, но сега имаме поинтензивна комуникација. Од раководството не сум слушнал да ме критикуваат дека сум одработувал за власта, никогаш не сум работел против партијата, во иднина сакаме нормализирање на соработката во сите општини, без разлика кој ќе е во централната или локалната власт, вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци во Студио 10 на ТВ24.

Тренерот Кузманоски направи чудо со младите ракометари во плеј-аутот: Прилепчани први!

Со 10 победи и 4 порази, РК Прилеп го освои првото место на плеј-аут табелата во ракометната Супер лига и обезбеди опстанок во најелитното ракометно друштво и идната сезона.

Во Прилеп вечерва падна ГРК Тиквеш, кој до ова последно коло беше лидер на табелата. Резултатот убедлив 32-28 (12-12 на полувремето).

Тренчевски Александар за прилепчани постигна 8 погодоци, а веднаш зад него беше ветеранот Чантурија со 7. Вториот Грузиец Рустамов Казеин стигна до 5 гола, а Андоноски Даниел натпреварот го заврши со 4 погодоци.

Кај кавадарчани најдобар поединец беше Јанчев Јане со 9 постигнати погодоци.

“Ова беше исклучително тешка сезона за една млада и неискусна екипа. Раководството на РК Прилеп и стручниот штаб изненадувачки направија огромен резултат. Покрај опстанокот РК Прилеп играше модерен ракомет и ова е голем успех за градот Прилеп. Единствена екипа во колективен спорт во Прилеп што игра во Супер лигата. Следната натпреварувачка сезона РК Прилеп одново ќе игра во Супер лигата”, истакна тренерот на прилепчани Горан Кузмановски – Таста.

Сајкоски го бараше Сугарески на патот Прилеп-Градско – пустелија оставена од СДСМ? (Видео)

Се наоѓаме на трасата на она што требаше да биде брз експресен патен правец Градско – Прилеп. Но, од тоа што го гледаме тука нема никакви градежни активности односно власта, министрите и покрај тоа што многу пати најавуваа и сегашниот и поранешниот министер дека овој патен правец ќе биде завршен во 2020-тата година, но тука нема никакви градежни активности, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

-Лагите, корупцијата, криминалот и неработата е одлика на министрите во оваа Влада. Од терен можеме да видиме дека од брз патен правец, од експресен пат нема ништо тука. Тука е се оставено во заборав на времето. Апелираме до министерството, до властите, до Владата да не ги лаже, да не манипулира со граѓаните. Бидејќи како за криминал, како за корупција така и за несработена работа се одговара, вели Сајкоски.

Тој додава дека потрошени се огромни средства, пари, но за жал денеска не може да видиме дека тука постои експресен пат.

-Оштетени се граѓаните од овој регион. Наместо да има брз проток на стоки и услуги, денес имаме руиниран пат за кој што се потрошени средства, а ништо не е сработено. Драги господо од власта освестете се и мора некој да одговара за ова што ништо немате сработено, вели Сајкоски.

Уживање! Kapoлина Гочева го претcтави своето нajново мyзично ocтвapyвање – Слyшнете ја “Идила” (Видео)

Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева пред повеќе од една недела најави дека ќе ги почести обожавателите со нова песна насловена „Идила“.

Каролина вчера и официјално ја објави новата песна на својата фејсбук-профил.

„Идила“ е прва од единаесетте песни – преработки што ќе се најдат на новиот албум, кој, според најавите ќе биде достапен наесен.

-Избравме и преработивме 11 од најубавите македонски евергрини од 50ти, 60ти, 70ти години- златната ера на македонската музика, потпишани од некои од нашите најмаркантни автори Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…, вели Каролина.

Каролина соопшти дека проектот го работела скоро две години заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Денecка во 19ч. нajважен натпpeвap во ceзоната за PK Пpилеп – Cледете во живо!

Ракометарите на РК Прилеп денеска со почеток од 19ч. го играат најважниот натпревар во сезоната.

Во Прилеп гостува првопласираната екипа во плеј-аут сегментот на Супер лигата, Тиквеш.

Пред натпреварот ГРК Тиквеш има 28 бода, а прилепчани се второпласирани со 27. Победникот на овој последен натпревар од сезоната ќе обезбеди сигурен опстанок во најелитното ракометно друштво.

Прилепчани имаат врзано 3 победи пред дуелот со Тиквеш и се надеваат на победа и вечерва во салата “Ристе Ристески-Ричко”.

Натпреварот во живо можете да го следите на линкот во продолжение: