дома блог страница 2019

Комодо – островот каде што живеат змејови

Комодо е острвот кој е познат по своите древни жители – комодо змејовите.

Комодо е еден од 17.508 острови во Индонезија. Дел од малосундскиот архипелаг, како и Националниот парк Комодо.

Го одликува мирен пејсаж со песочни плажи, карпи и густа мангрова шума.

Иако Комодо е остров со вулканско потекло, на него нема активни вулкани, а лесните земjoтpecи се честа појава.

Дали можете да замислите средба со гуштер кој е подолг од 3 метри? Овде тоа е возможно!

Комодо змејовите се вид кој живее над 4 милиони години на овие простори.

Научниците не знаеле за овој вид се до 1912 година. Европјаните за прв пат го забележале две години порано, кога поручникот Ван Стејн од холандската колонијарна администрација слушнал “гласини” за “копнениот крокодил”, но дури во 1912 година Питер Овенс, директорот на Зоолошкиот музеј во Богор, го објавил истражувањето за овој вид.

УХМР со вонредни најави за времето

Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Од понеделник следува период на променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Со “БМВ” yдpил во 80-годишна жена на улица “Димо Наредникот” во Прилеп

На 04.06.2021 во 11.15 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.О.(41) од Прилеп, yдpило во Е.Б.(80) од Прилеп.

По незгодата, Е.Б. била пренесена во Градската болница Прилеп, каде и биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

Холандија вреди колку 10 македонски репрезентации: Еве колкава е цената на секој наш играч на трансфер пазарот

Македонската фудбалска репрезентација со дуелот против Австрија на 13.06, го започнува првото историско учество на Европските шампионати.

Во групата Ц со нас уште се Украина и фаворизираната Холандија. Иако на хартија сите наши противници вредат многу повеќе, тоа може ништо да не значи. Нашите момци тоа го покажаа со победата над Германија на гостински терен, чија репрезентација вреди околу милијарда евра.

Според најпознатиот сајт за проценка на вредноста на играчита “transfermarkt.com”, нашата репрезентација е проценета на 61,8 милиони евра.

Највреден во редовите на Македонија е Елиф Елмас, чија вредност се проценува на 17 милиони евра. Веднаш зад него е Барди, кој на трансфер пазарот вреди 15 милиони евра.

Потоа Адеми со 8,5 милиони и Алиоски со 5 милиони евра. Капитенот Горан Пандев е проценет на 500.000 евра, а голманот Столе Димитриевски 1,2 милиони.

Репрезентацијата на Холандија е проценета на 637 милиони евра, а највредни во составот на Холаѓаните се играчот од одбраната на Јувентус, Матијас Де Лихт (75м.) и Френки Де Јонг од Барселона (90м.).

Австриската репрезентација вреди 320 милиони, а Украинците на трансфер пазарот се проценети на 197 милиони евра.

Од Македонија на Европското првенство помалку вреди само репрезентацијата на Финска, чија вредност е проценета на 44 милиони евра.

(Видео) 3aeв по кошyла се фати за лопата

Премиерот Зоран Заев денеска придружуван од градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов по повод Светскиот ден на заштита на животната средина засади цвеќе.

Од ТВ21 му поставија прашање на премиерот Зоран Заев дали истото е тешко да се направи по кошула.

Тој на прашањето одговори:

-Не сум бил отсекогаш премиер

Cменет генepaлот кој не кopиcтeше “Ceвepна”, на негово мecто пocтавен генералот Бecник Емини

Согласно Правилото за воен протокол по предавањето на военото знаме е извршено примопредавање на должноста командант на КО, помеѓу генерал-мајор Павле Арсоски и бригаден генерал Бесник Емини.

Бригадниот генерал Емини досега ја извршуваше должноста командант на 1.пбр, а отсега ќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата на Република Македонија, додека генерал-мајор Павле Арсоски беше на оваа должност од мај 2018 година, а во понатамошниот период ќе ја извршува должноста советник на началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.

Инаку, генералот Павле Арсовски е меѓу ретките генерали а и припадници на АРМ кој не го користи називот Северна во името на Република Македонија. Пред некој ден пак, Артан Груби на социјалните мрежи се пофали дека за прв пат во историјата Албанец станал генерал во Армијата на Република Македонија објавувајќи слика од бригадниот генерал Бесник Емини.

На свеченоста пред стројот на припадниците на потчинетите единици со пригодни говори се обратиле началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, досегашниот и новопоставениот командант на КО.

– Генералот Ѓурчиновски, во своето обраќање на генералот Арсоски му оддаде признание за дадениот придонес и покажаното лидерство, посветеност и професионалност кои ги има вложено во оваа команда и му порача своето знаење и искуство да ги вгради на новата позиција, стои во соопштението.

Бригадниот генерал Бесник Емини во текот на воената кариера извршувал повеќе командантски и штабни должности, меѓу кои и командант на Ренџерскиот баталјон, како и началник на штаб во КО, а претходната должност, командант на 1.пбр ја извршуваше од 2019 година.

Согласно Указите, претходно, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец на ист начин се изврши примопредавање на должноста, командант на 1.пбр, помеѓу бригаден генерал Бесник Емини и полковник Сашко Лавчиски, кој доаѓа од местото началник на одделението за специјални операции во Генералштабот на Армијата, а претходно има извршувано штабни должности во Полкот за специјални операции, а беше и командант на Баталјонот за специјални операции.

Првата пешадиска бригада е најголема единица во Армијата, која е препознатлива по досегашните стекнати искуства во мировните операции, големиот број на вежбовни активности, високите резултати од НАТО оценувањата на единиците од нејзиниот состав, справувањето со предизвиците од миграциската криза и асистенција на институциите во справување со пандемијата предизвикана од „Ковид 19“.

Македонија го наполни Казахстан: Погледнете ги погодоците (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го победи Казахстан со убедливи 4:0 во пријателски натпревар одигран на Национална арена „Тодор Проески“.

Стрелци на головите беа Езгјан Алиоски, Иван Тричковски, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.

Во текот на сите 90 минути избраниците на селекторот Игор Ангеловски доминираа на теренот, а работата им беше олеснета дополнително, по исклучувањето на Серикзан Мужиков во финишот на првото полувреме поради груб старт.

Ова беше втор подготвителен натпревар за „рисовите“ кои на 13 јуни во Букурешт против Австрија ќе го имаат премиерниот настап на Европското првенство.

Kpaдец одзел накит од 69-годишна прилепчанка на гepманските гpoбишта

На 02.06.2021 во ПС Прилеп било пpиjaвено дека во непосредна близина на Германски гробишта во Прилеп, едно лице одзелo накит од М.П (69) од Прилеп.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот – информираат од МВР.

“Kypиp”: У Ј П блокиpaше 7.000 cметки на гpaѓаните

И покрај доцнењето на финансиската помош на Владата за плати кон фирмите, а со тоа и исплатата на платата на работниците, УЈП преку Центарот за наплата за глоби изминатите денови до граѓаните достави приближно 14.000 решенија за присилна наплата (најголем број сообраќајни прекршоци изречени од страна на МВР за сторен сообраќаен прекршок, Мин. за тран. и врски и др државни органи)

Половина од нив, или околу 7000 добија блокирани трансакциски сметки, за износи од сума од приближно 3000 денари, со што уште еднаш УЈП удри по најранливата категорија на луѓе во Македонија – oбјави “Курир”.

Останатите, или приближно околу 7000 граѓани, добија решение за присилна наплата од плата, кај своите работавачи (за казни од МВР, Суд, Министерство за транспорт, во висина од 100 до 500 евра).

Со оваа рестриктривна мерка во празниот Буџет ќе се слеат повеќе од 2 милиони евра, пари од џебот на граѓаните.

Да е уште потрагично, по основ на глоби изречени од МВР, МТВ и други државни органи, се блокират неосновано голем број на граѓани – спротивно на чл.42 од Закон за прекршоци кој ја регулира застареноста на делото – дознаваат од порталот “Курир”.

Извор: “Курир”

Голема акциja пpoтив дpвокpaдците во Прилеп

Во периодот од 28.05.2021 до 03.06.2021 Одделението за внатрешни работи Прилеп презеде засилени активности за откривање и спречување на бесправна сеча, транспорт, складирање и трговија со огревно дрвна маса.

Во овој период привремено се одземени 11 возила кои се користеле за транспорт на дрвна маса, а одземена е и поголема количина на дрвна маса, која била предадена на шумската полиција.

Исто така, во наведениот период од слобода се лишени четири лица, за кои по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Прилеп.