дома блог страница 2016

Чекор напред кон иднината на водородната енергија преку соработка помеѓу „Микросам“ и Институт за нуклеарни науки „Винча“ од Белград

„Микросам“ и Институтот за современи композити и роботика (IACR) на 26-ти Мај 2021 година потпишаа Меморандум за академска, научно-техничка и деловна соработка со Институтот за нуклеарни науки „Винча“ во Белград, Србија.

На средбата во Институтот во Белград беа презентирани активностите на Центарот за извонредни вредности за водородна енергија и се остварија можностите за понатамошна соработка на полето на обновливи извори на енергија.

Водородната енергија е главен глобален фокус за намалување на зависноста од фосилните горива, како јаглен, нафта и гас. Се верува дека нивната употреба во иднина ќе згасне, бидејќи се необновливи ресурси и потребни се милиони години за да се создадат, а резервите се трошат многу побрзо.

Друг негативен аспект е нивното загадување и штетно влијание на животната средина. Созревањето на употреба на водородната енергија, како ефикасен и незагадувачки систем за користење и чување, прави да биде широко побарувана како решение во повеќе индустрии, особено во транспортот и домаќинствата.

Во оваа прилика одејќи чекор напред кон иднината, проф. д-р Благоја Самакоски, научен советник и редовен професор на Институтот за современи композити и роботика, го потпиша Меморандумот за соработка со проф. д-р Снежана Пајовиќ, директор на Инстититот за нуклеарни науки „Винча“.

Соработката меѓу двете страни ќе вклучува развој и поттикнување на истражување на домашни и меѓународни научно – истражувачки, развојни и професионални проекти од областа на водородната енергија и материјали за складирање на водород.

Македонската фирма „Микросам“ е позната како една од најиновативните светски компании, која веќе 30 години произведува роботски машини за современи композити или т.н. материјали на иднината. Институтот „Винча“ важи за еден од најдобрите реномирани мултидисциплинарни истражувачки центри, со долга историја во областа на физиката, хемијата и биологијата. Заедничката соработка значи проширување на полето на работа, унапредување и одговор на светските барања кон поефикасна и поеколошка иднина!

Наполнете го резервоарот, од полноќ поскапуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,008 ден/кг и сега ќе изнесува 34,889 ден/кг.

Од 8.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 68,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 70,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 60,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,889 (денари/килограм)

Еве до кога ќе траат полицискиот час и мерките во Македонија

Министерот за здравство Венко Филипче по предлог на Комисијата за зapaзни болecти денеска на Главниот координативен кризен штаб му предложил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни на територија на цела држава.

-Филипче образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови, соопшти Министерството за здравство.

Епидемиолошката состојба во државата, потенцираат од МЗ, е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во Koвид – центрите на територија на цела држава. -На Клиниката за инфективни болеecти и фебрилни состојби прв пат од почетокот на пандемиjaта, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа, нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на зapaзени, како и зголемен број на хоспитализирани, стои во соопштението.

Утре од 15 до 17 часот прилепчани ќе го блокираат центарот против бугаризацијата

ВМРО-ДПМНЕ од утре во знак на предупредувачки протест започнува со блокади.

Утре од 15 до 17 часот во Прилеп ќе биде блокирана раскрсницата помеѓу булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Прилепски бранители” во центарот на градот.

– Ги повикуваме сите оние кои си ја сакаат Република Македонија, сите оние кои секојдневно сведочат за штетните политики на Зоран Заев и СДСМ, сите оние кои се против распродавањето на татковината и понижувањата кои немаат крај, да ни се придружат на утрешниот протест со блокади, со почеток во 15 часот кој ќе се одржи на Бул.„Гоце Делчев” и ул.„Прилепски бранители”. Народот заслужува да знае за што се пазари Зоран Заев со Бугарија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Супериорно до самиот крај: Младост 96 без пораз стигна до титулата шампион на Македонија (Фото)

Во прилепското финале, вчера во градот под Марковите кули, градските ривали Младост 96 и Младост го одиграа финалниот натпревар од Супер лигашкиот плеј оф.

Со резултат од 4:1 екипата на Младост 96 предводена од тренерот Гоце Тошески, го заврши патот кон првата титула во Макеодонија во пинг понг, онака како што ја започна сезоната, убедливо славејќи во секоја пинг понгарска пресметка.

Младост 96 супериорно ја заврши сезоната, забележувајќи дваесет победи од исто толку натпревари, што е своевиден рекорд во македонското пинг понг првенство.

Српскиот интернационалец во редовите на Младост 96, Стефан Костадиновиќ, го отвори резултатот за водство од 1:0 против Теодор Кироски. На 2:0 за Младост 96 зголеми Петар Костовски, кој славеше против Теодор Волканоски, за кого ова беше прво финале на еден плеј оф натпревар.

Во реприза на овогодинешното финале на Државното првенство за сениори, Кристијан Станојковски повторно славеше над Ѓоко Јочкоски, за убедливи 3:0 за Младост 96.

Единствената победа за Младост ја извојува Кироски во мечот со Андреј Лашкоски.

За конечни 4:1 се погрижи Костадиновиќ, надигрувајќи го Јочкоски, со што Младост 96 се закити со титулата првак за сезоната 2020/21.

Шампионскиот тим на Младост96: Стефан Костадиновиќ, Кристијан Станојковски, Петар Костовски, Александар Рикалоски Андреј Лашкоски и Раиф Рустемовски.

Анкета: BMPO-ДПMHE со поддpшка од 21,7 %, CДCM со 14,9 %

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги објави резултатите од последната теренска анкета. Анкетата е спроведена на 1013 испитаници и според добиените резултати, најголем дел од граѓаните се изјасниле дека својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ.

На неа води ВМРО-ДПМНЕ со 21,7 проценти, СДСМ има 14,9. Левица е трета сила со 8,6 , ДУИ 8,2 АА 5.6.

65% од испитаните граѓани се изјасниле дека ќе излезат на изборите и ќе го остварат своето право на глас.

Во анкетата е наведено дека 51 процент не се задоволни од работата на Заев, а за граѓаните економијата и финансиите се најголем проблем.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии да се вклучат во опозицискиот блок против власта на СДСМ и ДУИ.

Мицкocки: “Cтpyjaта можно е да пocкапи за цели 15%”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на попладневниот брифинг со новинарите откри дека е можно поскапување на електричната енергија за 15%.

Како што вели тој, поскапувањето би започнало од 1 јули годинава.

ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со блокади во Скопје и 10 други градови

ВМРО-ДПМНЕ од утре во знак на протест започнува со блокади.

Како што дознава КУРИР, блокадите во Скопје ќе бидат на неколку раскрсници.

Освен во главниот град, ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со блокади во 10 други македонски градови.

Како вooпшто возеле? Полициjaта фати возачи со 3, 64 и 3, 28 пpoмили aлкoxoл

Полициjaта вчера продолжи со зacилените акциcки контpoли низ целата земja.

МВР информиpa дека во текот на вчерашниот ден на тepитopиjaта на гpaд Скопje изpeчени се вкупно 274 мepки за cooбpaќajни пpeкpшоци.

Полициjaта казнила 14 возачи за yпpaвyвање под дejcтво на алкoxoл, а според обjaвата од МВР, фатени биле возачи со 3,64 и 3,28 пpoмили алкoxoл во кpвта.

Меѓу прекршоците има и за возење повеќе од дозволената брзина 111 санкции, 25 за возење без возачка дозвола, 27 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли…

Прилепската спасителна служба “Златоврв” со уште една успешна интервенција, овојпат на Трескавец пренесувале лице со cкpшена нога

Прилепската спасителна служба “Златоврв”, која патем функционира со свои средства и ресурси, со уште една успешна интервенција

“Денес (06.06) околу 18. часот, екипата на Спасителната служба Златоврв успешно интервенираше на патот кон Трескавец (поточно на местото Зеленик), каде едно лице планинарејќи несреќно се здобило со скршеница на ногата.
Лицето беше имобилизирано и успешно транспортирано до амбулантното возило! ФОРМИРАЊЕ НА ДРЖАВНА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА, ПОВЕЌЕ ОД ПОТРЕБНО”
, напишаа од “Златоврв” на ФБ.

Од “Златоврв” постојано апелираат до надлежните институции да го решат трајно проблемот на планинските спасителни служби.

Неодамна Дарко Неданоски oд “Златоврв” упати повик до Претседателот на државата, Претседателот на Владата, Министерот за Одбрана, Министерот за Внатрешни работи, Директорот на Центар за Управување со кризи, Директорот на Дирекција за заштита и спасување, до сограѓаните и сите медиуми.

Поради неопходноста што побрзо државата да реагира и да ги стави под своја закрила спасителните служби, а во интерес на спасувањето на човечки животи, повикот уште еднаш го пренесуваме во продолжение:

“Со огромна почит до Вас, вашите позиции, функции и досегашна работа јавно Ви се обраќам, бидејќи е крајно време да се превземат конкретни мерки во врска со Планинските Спасителни Служби во Македонија. Јас, Дарко Неданоски од Прилеп кој имам поставено државен рекорд за спуштање во длабочина на -950м, како раководител на Спасителната Служба Златоврв Прилеп, која дејствува во Пелагонискиот регион, како учесник на многубројни спасувачки интервенции, експедиции, обуки, конгреси, како Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија, чија дејност е спасување на непристапни терени, планини, пештери, водени површини, па се до индустриски зони, и пред се КАКО ЧОВЕК ОД НАРОДОТ, чуствувам потреба и обврска директно да учествувам во последниот проблем кој предизвика огромен бес и непочит кај сите нас кои се занимаваме со оваа дејност.

Сведоци сте на сите наши подвизи, на секој наш чекор и секоја наша интервенција во последните неколку години, за кои благодарејќи на народот и медиумите сме и повеќе од доволно познати и споделувани. После илјадници обиди, молби и барања Ние како служби да бидеме обезбедени со закон, ОДГОВОР НЕМА!

Почитуван Директоре на Центарот за Управување со кризи, крајно непрофесионално е од Вас како надлежен орган да не одговорите на Барањето за средба кое го доставивме до Вас уште во месец декември, минатата година (го проследувам во продолжение).

За жал, постојат уште многу немили настани кои не се јавно споделувани, а за кои лично јас и мојот тим сме биле сведоци! Тука ќе го споменам и настанот од пред неколку денови, кога младо момче беше повредено при спуштање од врвот Козјак и каде што ние како единствена екипа пристапивме и после неколку часовна борба со времето, тежината на интервенцијата и немањето ОСНОВНА опрема за спасување извршивме успешна интервенција.

Во последните неколку месеци во Прилеп и околината имаше голем број случаеви за дејствување, каде што повторно со огромна љубов и професионалност пристапивме на истите и целосно се посветивме и дадовме се од себе.

Една од нашите цели е да имаме услови и поддршка да ги обучуваме младите генерации да продолжат да создаваат безбедна иднина и да ја прошират нашата дејност, но моментално тоа не го можеме.

Голема поддршка до колегата од Псс Охрид Планинската Спасителна Служба во Охрид, кој пред малку го сподели своето мислење и оваа прилика ја користам ДА АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ СЛУЖБИ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ОВАА ДЕЈНОСТ, ДА СЕ СПЛОТИМЕ И ДА ГО БАРАМЕ НАШЕТО ПРАВО! ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ЗА НАС НЕМА ЦЕНА!

Огромна почит за хуманоста и храброста на учесниците на интервенцијата во Кратовско, верувам дека нема зборови со кои може да се опише тежината на еден таков подвиг, потврдувам од лично искуство кога пред неколку години се најдов во иста таква ситуација.

За овој 21-ви век Е ДОСТА! БАРАМЕ ОДГОВОР И ОДГОВОРНОСТ!”