Температури до 36 степени: До петок до нов топлотен бран

Времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Во Прилеп температурата ќе се искачи до 31 степен.

До петок времето ќе биде сончево и многу топло, со пораст на дневната температура. Во петок и за време на викендот ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Еве какво време не’ очекува во Прилеп до петок:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.