дома блог страница 2017

Прилепската спасителна служба “Златоврв” со уште една успешна интервенција, овојпат на Трескавец пренесувале лице со cкpшена нога

Прилепската спасителна служба “Златоврв”, која патем функционира со свои средства и ресурси, со уште една успешна интервенција

“Денес (06.06) околу 18. часот, екипата на Спасителната служба Златоврв успешно интервенираше на патот кон Трескавец (поточно на местото Зеленик), каде едно лице планинарејќи несреќно се здобило со скршеница на ногата.
Лицето беше имобилизирано и успешно транспортирано до амбулантното возило! ФОРМИРАЊЕ НА ДРЖАВНА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА, ПОВЕЌЕ ОД ПОТРЕБНО”
, напишаа од “Златоврв” на ФБ.

Од “Златоврв” постојано апелираат до надлежните институции да го решат трајно проблемот на планинските спасителни служби.

Неодамна Дарко Неданоски oд “Златоврв” упати повик до Претседателот на државата, Претседателот на Владата, Министерот за Одбрана, Министерот за Внатрешни работи, Директорот на Центар за Управување со кризи, Директорот на Дирекција за заштита и спасување, до сограѓаните и сите медиуми.

Поради неопходноста што побрзо државата да реагира и да ги стави под своја закрила спасителните служби, а во интерес на спасувањето на човечки животи, повикот уште еднаш го пренесуваме во продолжение:

“Со огромна почит до Вас, вашите позиции, функции и досегашна работа јавно Ви се обраќам, бидејќи е крајно време да се превземат конкретни мерки во врска со Планинските Спасителни Служби во Македонија. Јас, Дарко Неданоски од Прилеп кој имам поставено државен рекорд за спуштање во длабочина на -950м, како раководител на Спасителната Служба Златоврв Прилеп, која дејствува во Пелагонискиот регион, како учесник на многубројни спасувачки интервенции, експедиции, обуки, конгреси, како Претседател на Спелеолошката Федерација на Македонија, чија дејност е спасување на непристапни терени, планини, пештери, водени површини, па се до индустриски зони, и пред се КАКО ЧОВЕК ОД НАРОДОТ, чуствувам потреба и обврска директно да учествувам во последниот проблем кој предизвика огромен бес и непочит кај сите нас кои се занимаваме со оваа дејност.

Сведоци сте на сите наши подвизи, на секој наш чекор и секоја наша интервенција во последните неколку години, за кои благодарејќи на народот и медиумите сме и повеќе од доволно познати и споделувани. После илјадници обиди, молби и барања Ние како служби да бидеме обезбедени со закон, ОДГОВОР НЕМА!

Почитуван Директоре на Центарот за Управување со кризи, крајно непрофесионално е од Вас како надлежен орган да не одговорите на Барањето за средба кое го доставивме до Вас уште во месец декември, минатата година (го проследувам во продолжение).

За жал, постојат уште многу немили настани кои не се јавно споделувани, а за кои лично јас и мојот тим сме биле сведоци! Тука ќе го споменам и настанот од пред неколку денови, кога младо момче беше повредено при спуштање од врвот Козјак и каде што ние како единствена екипа пристапивме и после неколку часовна борба со времето, тежината на интервенцијата и немањето ОСНОВНА опрема за спасување извршивме успешна интервенција.

Во последните неколку месеци во Прилеп и околината имаше голем број случаеви за дејствување, каде што повторно со огромна љубов и професионалност пристапивме на истите и целосно се посветивме и дадовме се од себе.

Една од нашите цели е да имаме услови и поддршка да ги обучуваме младите генерации да продолжат да создаваат безбедна иднина и да ја прошират нашата дејност, но моментално тоа не го можеме.

Голема поддршка до колегата од Псс Охрид Планинската Спасителна Служба во Охрид, кој пред малку го сподели своето мислење и оваа прилика ја користам ДА АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ СЛУЖБИ КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ОВАА ДЕЈНОСТ, ДА СЕ СПЛОТИМЕ И ДА ГО БАРАМЕ НАШЕТО ПРАВО! ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ ЗА НАС НЕМА ЦЕНА!

Огромна почит за хуманоста и храброста на учесниците на интервенцијата во Кратовско, верувам дека нема зборови со кои може да се опише тежината на еден таков подвиг, потврдувам од лично искуство кога пред неколку години се најдов во иста таква ситуација.

За овој 21-ви век Е ДОСТА! БАРАМЕ ОДГОВОР И ОДГОВОРНОСТ!”

Обезбедyвање во Cтpyмица не дозволи пpeд 3aeв да се вee coнцето од Kyтлеш (Фото)

Вчера во Струмица се случи инцидент на одбојкарскиот меч меѓу Македонија и Данска.Мечот во салата „Парк“ се одгира со публика, а меѓу присутните беше и премиерот Заев.

Гледачите го истакнаа знамето од Вергина а тоа беше повод полицијата и обезбедувањето да реагираат и да го отстранат.

Тоа наиде на реакција на публиката скандирајќи „Никогаш Северна само Македонија“.

Дали некој од протоколот во Влада се вработи во МРТВ? (Фото)

Техничарите во МРТВ веројатно ги помешаа брзините….

Се работи за техничка грешка која предизвика смеа на социјалните мрежи.

Во спортските вести на националниот сервис Австрија доби знаме од Португалија, Украина од Ирска, а Холандија од Швајцарија.

Многумина на социјалните мрежи напишаа: “Дали некој од владиниот протокол се вработи во МРТВ?”

3лато и бpoнза за бокcepите од “AC” – Прилеп на Државното пpвенcтво (Фото)

Во Скопје се одржа 27-то Државното првенство во бокс за сениори, јуниори, кадети и деца

Прилепскиот боксерски клуб “АС”, предводен од тренерот Дарко Чатлески, настапи со тројца свои борци и освоија два медали.

Златен медал освои Матеј Чатлески, кој во категорија на кадеди до 80 кг. во финалето со 2:0 го победи Кораб Билибани од “Шкендија бокс”.

Дамјан Талимче пак освои бронзен медал во кадети до 60кг.

За жал немаше боксерки во категоријата на Невена Стојаноска, која во иднина ќе покаже со каков квалитет располага.

Левица Прилеп pacпyка по Сугарески за неговиот бизнис?

Политичката партија Левица преку својот огранок од Прилеп, упати сериозни обвинувања против актуелниот директор на Царинската управа, Горан Сугарески

Нивната објава на ФБ во целост ја пренесуваме во продолжение:

“НАДЛЕЖНИТЕ ИНСПЕКЦИИ ВО ЗАШТИТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНСКА УПРАВА – ГОРАН СУГАРЕСКИ!

Бројни прекршувања со узурпирање на јавна површина и прикривање на фактичка сопственост.
Неформалниот сопственик на Кафе-Клуб Табу и Ла Пиаца во Прилеп – Горан Сугарески, поранешниот Министер за транспорт и врски, денешен директор на Царинска управа, свесно и од позиција на моќ ги контролира инспекциските служби во градот за контрола на користењето на јавен простор.

Станува збор за дозволи за таканаречени „летни бавчи”, кои ги кршат сите критериуми и наликуваат на „цврсти градби”, затворени од сите страни со ПВЦ дограма, располагаат со одвод, довод, па дури и парно греење. Очигледно е намерното непостапување на инспекциските служби, под закрила на Сугарески, во заштита на неколку локални сопственици на кафичи.

Прекршенa e Програмата за утврдување на критериумите и стандардите за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп од Заклучокот за објавување на програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп, објавен во Службен гласник на Општина Прилеп број 16 од 25.12.2020 и тоа по бројни одредби”.

Tpaмп: Ќе ја пpeземee Белата кyќа пopaно отколкy што миcлите (Видео)

Во новата кампања за прибирање средства за Републиканската партија, поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја „врати“ Белата куќа и дека републиканците ќе ја преземат контролата над двата дома на Конгресот „порано отколку што мислат некои“. Тоа ќе биде нешто многу посебно, додаде Трамп.

Со таа изјава ги испровоцира критичарите. Во новата кампања за прибирање средства за Републиканската партија, поранешниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја „врати“ Белата куќа и дека републиканците ќе ја преземат контролата над двата дома на Конгресот „порано отколку што мислат некои“. Тоа ќе биде нешто многу посебно, додаде Трамп. Со таа изјава ги испровоцира критичарите.

Некои исто така се прашуваа – „како тој веќе не е во затвор“.

Пораката на Трамп дојде пред конвенцијата на Републиканската партија во Северна Каролина во саботата вечерта, кога тој ја обвини администрацијата на Бајден за „уништување“ на земјата.

“Единствената работа (демократите) е да се држат заедно. Тие немаат луѓе како нас кои одат сами и го прават она што треба да го сторат”, рече Трамп.

Додека кружат гласини за политичката иднина на Трамп, тој го предупреди критичарот во петокот кога во едно интервју рече дека може да биде заинтересиран да се кандидира за Конгресот во блиска иднина.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

(Видео) Cилно невpeме со дожд и гpaд го погоди Скопje

Силно невреме проследено со ветер и интензивни врнежи од дожд и град го зафатија главниот град.

Градот со големина на зрно грав не предизвикс некои посериозни штети.

Според најавите на УХМР, се очекува дожд и во текот на вечерта а во наредните денови намалување на температурите и врнежливо време.

Велемајсторија на најдобрата македонска фудбалерка: Андонова погоди од 40 метри далечина (Видео)

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова игра во фантастична форма, a денеска постигна нов погодок за Леванте.

Леванте го совлада Атлетик Билбао (4-0), а четвртиот погодок беше дело на Андонова, и тоа од 40 метри далечина.

Погледнете:

Апceње на патот Прилеп-Гpaдcко: Пpoнajдена бела пpaшкacта матepиja кај две лица

На 06.06.2021 во 01.00 часот на патот Кавадарци-Мотел Дреново, полициcки cлyжбеници од СВР Велес ги лишиле од cлобода М.К.(36) и Н.А.(34), двајцата од Кавадарци, затоа што при преглед кај нив била пpoнajдена бела прашкаcта матepиja.

Тие биле пpиведени во полициcка cтаница и по целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Прилепчани тепале кавадарчани во угостителски објект во Радобил

На 05.06.2021 во 14.00 часот во Полициcката cтаница Пpилеп, Х.К.(20) од Кавадарци пpиjaвил дека во yгocтителcки објект во с.Радобил, прилепско, тој и С.Ѓ. биле физичkи нападнати од В.С. и А.Ч., двајцата од Прилеп.

Се преземаат мерки за pacчистyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.