дома блог страница 2005

Водовод објави згpoзyвачки фотографии: Дали после ова ќе го правите истото? (Фото)

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на канализацискиот систем, во него да не се фрлаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување како што се влажни марамици, најлони, предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел да се заштити системот и нормално да функционира. Поради неправилното фрлање на отпадот настанува опасност од затнување и излевање на отпадната вода.

– Утрово, екипите на секторот Канализација, на улицата Никола Русински работеа на чистење и отпушување на шахти запушени како резултат на влажни марамици, даски и шипки, односно неодговорно однесување на корисниците.

Апелираме ваквото неодговорно однесување да запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето – велат од секторот Канализација.

Внимание! Измамници се јавуваат и се претставуваат како командиp на полициja – eве за што се работи

ФБ статус на Мери Георгиевска

“Внимание‼️ Споделувајте ‼️

Ова што ќе го прочитате одговорно тврдам дека ми се случи мене, а со тоа и на мојата потесна фамилија.
Прочитајте зошто секој миг може да ви се се случи вам, него, нему, нејзе не дал Бог.

Вчера околу 3 и 30 ми зазвони фиксен телефон. На телефонот слушнав глас од девојка која не може да зборува. Едвај со напор разбрав: “мама направив сообраќајка” (гласот е совршено одигран зошто на почеток не знаете дали е машко. Чекаат да го вриснете името).

Потоа некој ја зема слушалката и вели: овде командир на полиција, вашата ќерка направи сообраќајка, тешко повредена но ќе преживее. (Деталите ќе ги прескочам, мене ми се слоши).

Јас веќе не знаев кај сум.

На тоа тој вели дека е командир на полициска станица и додава: Има и нешто друго. Прегазила бебе и бебето почина.
Шок и безумие.

Пет пати најмалку ми потенцира дека ќе добиеме кривична пријава.

Две минути пред овој тел. повик јас зборував со ќерка ми.

И сето ова нормално, веќе се научивме на новото нормално е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА.

Се собравме некако и се преселивме во реалноста на новото нормално.

Одиме во полициска станица и командирот ни вели вакви мајки како вас се тресат пред мене од шок по дваесеттина месечно.

На десеттици семејства веќе им изнудиле 10.000 евра за нивното чедо како не би лежело во затвор. При тоа, загрижен искрено и од срце ме замоли да го напишам овде овој тероризам на умот, срцето и душата кој ни се случи нам вчера и да ве информирам дека во случај некој да ви звони, да бидете смирени и само така смирено да ги навлечете да ви побараат откуп на детето или случајот. Потоа да се јавете во полиција и да ги фатат живи.

Трендов на телефонски терор трае засилено од 2020та и сега ескалира. Очекуваат летово да бидат обивани и станови, не само изнудувани пари.

Ниту едни пари на свет не можат да покријат дело прегазено и мртво бебе. Ова е страшно што се случува.
Ве молам информирајте повозрасни, помлади неважно која возраст родители или со кого и да живеете и бидете присебни за да ги фатат.

Јас очигледно не знаев за оваа појава и како мајка не успеав да останам присебна.
Описите се морбидни. Нема да ви ги опишам.

Полицијата не е во состојба да ги фати. Картичките се купени припејд во странство и после секое јавување ги фрлаат. (Цитирам командир).

Толку од мене. Останете присебни. Повиците ќе продолжуваат. Споделувајте”.

Од непpиjaтелcка paка, по втop пат денecка паднaa Opде Чопела и Kyзман Јосифоски – Питу (Фото галерија)

Негрижата на локалните власти околу одржувањето и заштитата на најголемиот и најубав парк во Прилеп, си го прави своето.

Могилата на непобедените од ден во ден се повеќе се руинира и запустува. Светилки во вечерните часови речиси и да нема, се кршат клупи, се расфрлаат отпадоци, а сега на ред дојдоа и бистите на народните херои.

Непознати сторители ги уништиле бистите на Орде Чопела и Кузман Јосифоски – Питу, чин кој претставува срам за градот херој.

Се распаѓа и криптата, каде се наоѓаат посмртните останки на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско.

Нека овие фотографии бидат апел до надлежните да посветат повеќе внимание на Паркот на револуцијата.

(Видео) Дијамантска треска: Пронашол мистериозен камен во нивата, па му се променил животот

Над 1000 “ловци на богатсво” се преселија во селото КваХлати во Јужна Африка во потрага по неидентификуваните камења откриени во таа област.

Необичен камен беше пронајден во селото КваХлати викендов и тоа ги пробуди “ловците на богатство” да тргнат во потрага по бесценетиот дијамант. Секако, има и такви кои сметаа дека станува збор само за кварц.

Откривањето на каменот ни го промени животот, рече еден од копалите, кој веќе имаше собрано неколку примероци.

“Животот ќе ни се промени, бидејќи никој нема нормална работа. Јас работам што ќе стигнам. Кога се вратив со камњата, семејството беше пресреќно, вели 27-годишниот татко на две деца.

(Видео) Најкратката средба на сите времиња?

Средбата можеби беше кратка, но многу значајна.

Политичките аналитичари и експерти тврдат дека ваквиот поздрав има големо значење и сведочи за високата позиционираност на премиерот на меѓународната политичка сцена.

Од Босна до Германија: Возел поскок под хаубата 1000 километри

Маж од Живинице, БиХ, кој веќе неколку години живее во Германија, пред неколку дена, не знаејќи, пренел змија од Босна во Германија под хаубата на неговиот автомобил.

Неговиот братучед од Живинице контактирал со редакцијата на Дневни Аваз и им раскажал за овој необичен настан.

“Живее во Минхен веќе неколку години, но беше во посета на неговото родно село Кулјан кај Живинице. Кога се вратил дома во Минхен, имал што да види! Под неговата хауба имало змија Поскок која незнаејќи ја возел во автомобилот од БиХ со Минхен“, рече братучедот.

Поминал околу 1000 километри и четири државни граници, возејќи змија под хаубата.

“Кога ја открил змијата, се вознемирил, повикал полиција и противпожарна служба. Полицијата била изненадена бидејќи никогаш порано не видела ваков вид змија. Се собррале многу луѓе, но пожарникарите не можеле да јаа извадат, па бил повикан еден посебен градски токсиколог кој го испрскал целиот ентериер на автомобилот со отров и рекол дека змијата ќе умре за три часа. Претпоставувам дека морало така “, рече братучедот.

Германците, вели тој, рекоа дека тоа е невиден случај кај нив, бидејќи овие змии ги нема во Германија.

„Со оглед на тоа дека беше во Босна на крајот на мај и почетокот на јуни, а времето беше променливо тогаш, најверојатно, кога се враќаал од некоја локација, змијата влегла незабележано под автомобилот и со тоа стигнаа до Германија, рече роднина.

Bладата водевyва нова такca: Од први jyли големо пocкaпyвање на дизелот

Владата ќе воведе еколошка такса за литар дизел и за бензините од 3,5 денари од 1 јули, соопшти денеска премиерот Зоран Заев. Станува збор за нова давачка со која практично ќе се зголеми цената на горивата за граѓаните.

Оваа мерка премиерот ја најави на денешната прес конференција на која рече дека Владата планира сериозни вложување во екологијата и обновливите извори на енергија.

Претходно на ова предупредија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ:

„ Заев воведува и нов данок, нова давачка наречена еколошки надомест со кој дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари. Заев не ги прашал граѓаните, ниту отворил дебата, Заев го планирал овој данок и го ставил во ребалансот во делот на планиран приход.“

Талевски: 3а три години за Прилеп направивме многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за три мандати

„СДСМ за три години направи„ многу повеќе за Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години“, подвлече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на вчерашната партиска трибина во градот. Тој додаде дека се реализирани голем број капитални инвестиции во Прилеп, особено во инфраструктурата.

-Кај ТИРЗ Прилеп, изградивме клучка. Капитална инвестиција, која заедно со другите инвестиции во Зоната, изнесува 6 милиони евра. Со нејзината изградба, ја подобривме безбедноста на сите учесници во сообраќајот на тој потег, а секако допринесовме и за побезбеден транспорт на стоки и услуги, обезбедивме услови за нови инвестиции во зоната и нови работни места. Реконструиравме околу 16 километри од Регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола. Тоа прва негова реконструкција откако е изграден во далечната1964/65 година. Поставен е нов асфалт, нови банкини, нова сигнализација, изјави Талески.

Тој потсети и на рехабилитацијата на патот до Прилепското езеро, патот за Мариово, но и изградбата на патот од Волково преку Прилепец до манастирот „Св.Никола“, каде е поставен асфалт во должина 5.5 километри, при што е подобрена пристапноста до овој духовен храм.

-Примарната гасоводна линија веќе поминува покрај Прилеп. Наскоро, согласно предвидената динамика, ќе стартува и секундарна гасификација на градот. Реконструирани се улици во сите делови на Прилеп и населените места. Се реконструира водоводната и канализационата мрежа и се гради нова секаде кадешто нема. Заради сето ова, најодговорно тврдам дека за 3 години изградивме повеќе, отколку ДПМНЕ во три мандата, заклучи Талески.

Уште една лага, или реално ветување? Прилеп ќе добиел прволигаш во кошарка, вели градоначалникот со 1,1% рејтинг

Прилеп заслужува да има кошаркарски клуб во Првата лига. Во таа насока беше и посетата на нашиот град од страна на првите луѓе на КФСМ, доскорешните македонски кошаркарски ѕвезди, Перо Антиќ и Тодор Гечевски – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

“Општина Прилеп и јас како градоначалник, го поддржуваме спортот и заедно со Кошаркарската федерација и Општинскиот кошаркарски сојуз, правиме напори за заживување на кошарката во градот.

Нашите напори за надминување на административните пречки за добивање на управување на Универзалната сала, која своевремено беше центар на сите најзначајни кошаркарски и ракометни збиднувања во нашиот град, за скоро ќе даде резултат. Во договор со Владата и Агенцијата за млади и спорт, најдоцна за еден месец Општина Прилеп ќе ја добие на управување оваа сала.

Она кое што во овој момент можам да го ветам, е дека веднаш штом тоа се случи, без никаков финансиски надомест Универзалната сала ќе им ја отстапиме за тренинзи на спортските клубови од градот.

Очекувам дека со тоа ќе се создадат услови за забрзан развој на прилепската кошарка и дека со тоа, овој многу популарен спорт ќе го добие местото кое го заслужува”, напиша Јованоски.

Кога сме кај рејтинзите, повеќе прочитајте во линкот во продолжение:

Бедни 1.1% доверба за прилепскиот Градоначалник? На рамниште со Рамиз Мерко од Струга

Концepт на Aнcaмблот “Танец” во Прилеп

На 17 јуни 2021/ четврток/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ Ансамблот Танец ќе одржи Вокално инструментален концерт. Концертот ќе се реализира според сите протоколи за заштита од корона вирусот и со ограничен број на публика.

Заради протоколите ќе се поделат бесплатни влезници, кои заинтересираните ќе можат да ги подигаат од билетарницата на Центарот во среда од 9 до 11 ч и од 18 до 20ч. и во четврток од 10 до 12 ч.

Програма за концертот

1. ТИ ЛИ СЕ НАЈДЕ ЛЕНО МОРИ – солистка: СУЗАНА СПАСОВСКА; 2. НЕ МИ СЕДИ КОКОНО – солист: ДРАГАН НИКОЛОВСКИ; 3. ГУГУТКА ГУГА У ГОРА – солистка: ГАБРИЕЛА НОВЕВСКА; 4. ПОДРАНИЛА ЦЕНА – солист: ДАЛИБОР ЃОШИЌ; 5. АЈ ИЗНИКНА МИ БАДЕМ ДРВО – Солистка: ЕЛЕНА АНДОНОВСКА; 6. КИРАЈЏИЧЕ, ЈАБАНЏИЧЕ – Солист: КИРИЛ МИТОСКИ; 7. ОРКЕСТАРСКИ СПЛЕТ – Оркестарот на „Танец“; 8. СЕДНА ЛУДО ДА ВЕЧЕРА – Женско вокално трио; 9. РАНИЛА МОМА – Машко вокално трио; 10. АЈ ЃОРУШИЦЕ – Солистка: СУЗАНА СПАСОВСКА; 11. МОРИ МОМЕ МАЛОЈ МОМЕ – Вокален дует: СУЗАНА СПАСОВСКА И ДАЛИБОР ЃОШИЌ;
12. ЛИЛЈАНО МОМЕ УБАВО – Вокален дует: ГОЦЕ ЦОНЕВСКИ И ПЕТАР МЕХАНЏИСКИ; 13. МОМЕ СЕДИ НА ПЕНЏЕРИ – Женска вокална група; 14. ЌЕ ТЕ МАЖАМ ЗОРЕ – Машка вокална група; 15. САЛ СИ ОДАМ, САЛ СИ ПИТАМ – Мешана вокална група

Настапуваат: Оркестарот, хорот и солистите на ансамблот „Танец“; Раководител на оркестарот: Дарко Илиевски; Раководител на хорот: Гоце Цоневски

ЗА ТАНЕЦ

Ансамблот „Танец“ повеќе од седум децении е симбол на македонската култура и уметност, седум децении е амбасадор на македонското музичко-сценско фолклорно творештво и седум децении е подвижен музеј на нашата духовна култура насекаде низ светот.

Формиран е на 24 март 1949 година со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство – ората, песните, инструментите, обичаите и носиите, и музичко-сценски соодветно да ги претставува во земјата и надвор од неа.

Со именувањето на првиот директор Емануел Мане Чучков, началникот на музичкиот оддел Живко Фирфов и раководителот на играорниот кор Рафе Живковски, веќе првата година од дејствувањето на ансамблот била година исполнета со многубројни активности, селекции, аудиции, патувања низ земјата заради пополнување на неговите редови и собирање на автентични народни носии, но и година на поставување на основната програмско-репертоарска концепција. Оттогаш, па наваму сè е веќе историја. 71 блескави години проткаени со илјадници концерти, антологиски кореографски поставки, недобројни успеси, милионски аудиториуми и бројни награди.

„Танец“ е македонскиот бит, но и македонската должност кон него. „Танец“ се сите генерации врвни ороводци и солисти, играорци, песнопојци, инструменталисти и раководители. Сите тие, веќе 72 години посветено се грижат за народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточуваат македонскиот бит пред светот. „Танец“ е нашиот бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи, ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската убавина на нашето наследство.

За квалитетот и уметничката вредност на „Танец“ говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, меѓу кои и престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”. Оттука, претставува престиж „Танец“ да се има во својата концертна програма на домашните сцени, но и насекаде низ светот.