ФБ статус на новинарот Александар Спасовски
– Во Македонија во моментов нема што нема…немаме вакцини, немаме пасоши, немаме лични карти, немаме возачки дозволи, немаме регистерски таблички, немаме свидетелства за завршена година… нема што немаме
Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ ја дозна казната поради инцидентот со Езгјан Алиоски по прославата на третиот гол, кога му се нафрли и го навредуваше на национална основа.
Дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) реши да го казни Арнаутовиќ на само еден натпревар, па тој нема да може да ѝ помогне на Австрија во следниот меч против Холандија.
Зоран Заев, премиерот на Македонија, во интервјуто за српски Курир, меѓу другото, изјави дека тој бил протестант и дека подоцна се обратил и преминал во православната црква.
Јас сум верник, голем верник. Секоја трета недела наутро, одам на служба во манастирот Водоча кај Струмица, го почитувам секој православен празник. Моето семејство изгради повеќе од 15 цркви, сега градиме голем храм во Струмица со други бизнисмени, висок 54 метри. Помогнав и во изградбата на неколку џамии во Македонија. За мене, сето тоа е Божји дом, рече Заев.
И тогаш тој рече дека неговото семејство било протестантско.
Моето семејство беше протестантско. И мајка и татко кога биле млади. Во раните 90-ти, сите влеговме во православната црква, двајца чичковци беа погребани според православните обичаи. Јас се крстив во 1999 година, кога требаше да станам кум на мојот пријател. Веќе бевме во Православната црква, но јас не бев крстен. Се венчав во црква, моите деца беа крстени – истакна Заев.
На бројни средби со стопанственици и бизнис секторот кои постојано ги имаме речиси сите укажуваа на скапиот транспорт на стоките кои ги произведуваат, од друга страна на средбите со транспортните работници јасно ни беше посочено дека поради корона кризата имаат значително помалку работа, а огромен удар е зголемувањето на цената на горивата, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на „Фејсбук“.
Тој потсетува дека транспортните работници уште пред повеќе од 1 година протестираа поради тогашното зголемување на цената на горивата.
– Поради овие НЕРАЦИОНАЛНИ политики на ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ, акцизите и директен удар на џебот на граѓаните Македонија е пред ИНФЛАЦИЈА. Зголемувањето на цената на горивата значи ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ на сите продукти кои граѓаните ги купуваат. Покрај директниот удар на џебот на граѓаните преку таканаречената еколошка такса, граѓаните многу брзо ќе се соочат и со зголемувања на цените на сите продукти. Оваа такса е директен удар и на ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ кои и без ова се соочуваат со катастрофален откуп и нивната мака не се вреднува. Катастрофални економски политики… Во услови на економска криза, зголемена невработеност, огромни трошоци за живот, владата одлучува да зголемува цена на горивата, а во најава е и зголемување на цената на струјата. Уште данок на воздух да воведат… Овие катастрофални економски политики се уште еден доказ дека СДСМ не знаат како да ја менаџираат државта, дека не знаат како да донесат квалитетни економски мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните, посочува Николоски.
Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо вчерата на прес-конференцијата пред мечот меѓу Унгарија и Португалија направи интересен потег кога ги тргна шишињата кока-кола и им порача на сите да пијат вода.
Потегот на Португалецот за кратко време ги урна акциите на кока-кола за 1,6 проценти, со што компанијата загуби неверојатни четири милијарди долари, односно вредноста падна од 242 милијарди на 238 милијарди.
Здравата исхрана и изоставувањето од ваков тип задоволства се одлика на Португалецот, особено што на своите деца им има забрането да конзумираат газирани пијалоци.
Но, португалскиот ас во минатото, односно пред околу 10-тина години снимаше реклами токму за кока кола наменета за азискиот пазар.
Компанијата Кока-Кола, производител на безалкохолни пијалаци, одговори на капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, кој ги оттргна шишињата со овој газиран пијалак на прес-конференција пред натпреварот со Унгарија (3:0).
Во изјавата, Кока-Кола истакна дека „секој има свои желби за пиење“, додавајќи дека секој има различни „вкусови и потреби“.
На 17 јуни 2021/ четврток/ во 12.00 ч. ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од м-р Владимир Темков.
Уметникот пред прилепчани ќе се претстави со 20 дела од циклусот „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“.
Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања.
Неверојатно е како фудбалот ги зближува луѓето, а уште поневеројатна е сцената која вирално се шири на социјалните мрежи, сцена од Букурешт градот каде се делеше Македонија.
Се работи за видео снимено од македонските навивачи и англиски навивачи во еден од градовите каде се игра Европското фудбалско првенство.
Англиските навивачи скандираат на цел глас „Александар бил Македонец“.
Ова следува по голemaта пoбeдa за Македонија откако УЕФА ги oдби жaлбите на Грција за македонскиот дрес и кратенката МКД.
УЕФА одговори на протесното писмо испратено од Грција и жалбата за акронимот „МКД” кој се користи за Македонија на ЕВРО 2020, апелирајќи дека нема прекршување на Договорот од Преспа.
На неколку часа пред почетокот на Европското првенство, грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис испрати писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александер Чеферин за логото на ФФМ кое се наѓа на македонските дресови, на Грците им смета тоа што ФФМ е кратена од Фудбалска федерација на Македонија.
Беше оспорен и акронимот „МКД“ кој се користи за Северна Македонија на ЕВРО 2020, Грција бара да се користи акроним што одговара на новото име, како што е ‘NM’ (North Macedonia) или алтернативно ‘RNM’ (Republic of North Macedonia)”.
Европската куќа на фудбалот сега и одговори на Грција, во писмото испратено од заменик генералниот секретар, Кевин Ламур се вели дека УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа.
УЕФА исто така потенцира дека во службената комуникација го користи терминот „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ и дека оваа терминологија е соодветно адаптирана на ЕВРО 2020.
Европската куќа на фудбалот исто така додава дека нема да дозволи европскиот фудбал да стане платформа на која ќе се пренесуваат политички пораки и ќе продолжи да ја штити праксата на неутралност.
Министерството за внатрешни работи објави важно соопштение за граѓаните со кое ги информира дека истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година.
МВР ги известува граѓаните дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 на 03.06.2021 кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.
Имено, измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.
Љупчо Николовски на партиската трибина во Прилеп истакна дека неговата партија направила многу за градот
-Од времето на Тито за првпат е обновен патот до вештачкото езеро, на браната се изведени зафати за првпат после 60 години. За првпат после 40 години патот до Мариово е обновен. Децении оставени на забот на времето, ние тоа го променивме, истакна Николовски.
Рече дека власта изградила модерен, функционален информатичко-технолошки Центар за МВР вреден над 3 милиони евра, како и пречистителна станица вредна над 9 милиони евра со поддршка од ЕУ.
-Ќе го споменам и булеварот Гоце Делчев, модерен, европски, започна изградба на нова градинка, стадионот и многу други… Во Прилеп, во градот на храброста, на борбеноста, на револуцијата, во градот на промените на подобро е вистинско место да се зборува за „Најдоброто“, заклучи Николовски.