Кузмановиќ: “Градиме модерна и современа патна мрежа во сите делови на Прилеп” (Видео)

Општина Прилеп предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, продолжува со интензивни градежни активности за реконструкција на патната инфраструктура во општината – истакна на прес конференција советничката во Советот на општина Прилеп, Ивона Кузмановиќ.

“Изградбата на новата улица „Кеј 1.Мај“ во должина од 650 метра, е доказ за нашата посветеност за изградба на модерна и современа патна мрежа во сите делови на градот.

Дека водиме подеднаква грижа за уредување на улиците насекаде во градот, потврдуваат и градежните работи на улицата „Целе Мавровски“, а деновиве започнува изградбата и на „Цане Илиески“ и „Трајко Николоски“.

Покрај изградбата на овие улици, во сите урбани и месни заедници од општина Прилеп, ќе се реконструира и рехабилитира голем дел од постојната патна мрежа, а ќе продолжи и уредувањето на тротоарите со бекатон плочки.
Почитувани сограѓани,

Во изминатите триипол години покажавме дека си стоиме на дадениот збор и дека ги реализираме ветените инфраструктурни приоритети.

Покажавме дека СДСМ е најдобриот избор на граѓаните, затоа што има најдобри проекти, најдобра понуда и концепт и визија за долгоречен развој на општината.

Продолжуваме заедно со граѓаните за најдоброто за општина Прилеп”, истакна Кузмановиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.