дома блог страница 2006

Концepт на Aнcaмблот “Танец” во Прилеп

На 17 јуни 2021/ четврток/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ Ансамблот Танец ќе одржи Вокално инструментален концерт. Концертот ќе се реализира според сите протоколи за заштита од корона вирусот и со ограничен број на публика.

Заради протоколите ќе се поделат бесплатни влезници, кои заинтересираните ќе можат да ги подигаат од билетарницата на Центарот во среда од 9 до 11 ч и од 18 до 20ч. и во четврток од 10 до 12 ч.

Програма за концертот

1. ТИ ЛИ СЕ НАЈДЕ ЛЕНО МОРИ – солистка: СУЗАНА СПАСОВСКА; 2. НЕ МИ СЕДИ КОКОНО – солист: ДРАГАН НИКОЛОВСКИ; 3. ГУГУТКА ГУГА У ГОРА – солистка: ГАБРИЕЛА НОВЕВСКА; 4. ПОДРАНИЛА ЦЕНА – солист: ДАЛИБОР ЃОШИЌ; 5. АЈ ИЗНИКНА МИ БАДЕМ ДРВО – Солистка: ЕЛЕНА АНДОНОВСКА; 6. КИРАЈЏИЧЕ, ЈАБАНЏИЧЕ – Солист: КИРИЛ МИТОСКИ; 7. ОРКЕСТАРСКИ СПЛЕТ – Оркестарот на „Танец“; 8. СЕДНА ЛУДО ДА ВЕЧЕРА – Женско вокално трио; 9. РАНИЛА МОМА – Машко вокално трио; 10. АЈ ЃОРУШИЦЕ – Солистка: СУЗАНА СПАСОВСКА; 11. МОРИ МОМЕ МАЛОЈ МОМЕ – Вокален дует: СУЗАНА СПАСОВСКА И ДАЛИБОР ЃОШИЌ;
12. ЛИЛЈАНО МОМЕ УБАВО – Вокален дует: ГОЦЕ ЦОНЕВСКИ И ПЕТАР МЕХАНЏИСКИ; 13. МОМЕ СЕДИ НА ПЕНЏЕРИ – Женска вокална група; 14. ЌЕ ТЕ МАЖАМ ЗОРЕ – Машка вокална група; 15. САЛ СИ ОДАМ, САЛ СИ ПИТАМ – Мешана вокална група

Настапуваат: Оркестарот, хорот и солистите на ансамблот „Танец“; Раководител на оркестарот: Дарко Илиевски; Раководител на хорот: Гоце Цоневски

ЗА ТАНЕЦ

Ансамблот „Танец“ повеќе од седум децении е симбол на македонската култура и уметност, седум децении е амбасадор на македонското музичко-сценско фолклорно творештво и седум децении е подвижен музеј на нашата духовна култура насекаде низ светот.

Формиран е на 24 март 1949 година со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство – ората, песните, инструментите, обичаите и носиите, и музичко-сценски соодветно да ги претставува во земјата и надвор од неа.

Со именувањето на првиот директор Емануел Мане Чучков, началникот на музичкиот оддел Живко Фирфов и раководителот на играорниот кор Рафе Живковски, веќе првата година од дејствувањето на ансамблот била година исполнета со многубројни активности, селекции, аудиции, патувања низ земјата заради пополнување на неговите редови и собирање на автентични народни носии, но и година на поставување на основната програмско-репертоарска концепција. Оттогаш, па наваму сè е веќе историја. 71 блескави години проткаени со илјадници концерти, антологиски кореографски поставки, недобројни успеси, милионски аудиториуми и бројни награди.

„Танец“ е македонскиот бит, но и македонската должност кон него. „Танец“ се сите генерации врвни ороводци и солисти, играорци, песнопојци, инструменталисти и раководители. Сите тие, веќе 72 години посветено се грижат за народните игри и песни, обичаи и носии и преку успешните рафинирани кореографски поставки го преточуваат македонскиот бит пред светот. „Танец“ е нашиот бренд. Тој ја освојува публиката каде и да настапи, ја освојува со својата професионалност, со високиот уметнички впечаток, со органската убавина на нашето наследство.

За квалитетот и уметничката вредност на „Танец“ говорат и сите громогласни аплаузи од публиката, сите позитивни одгласи од критиката и големиот број стручни и општествени награди, дипломи и признанија, меѓу кои и престижните награди „11 Октомври”, „Климент Охридски” и „13 Ноември”. Оттука, претставува престиж „Танец“ да се има во својата концертна програма на домашните сцени, но и насекаде низ светот.

Двајца Грци напpaвиле xaoc во Битола: Полициjaта ги пpиведе

На 14.06.2021 во 16.00 часот во Битола од полициcки cлyжбеници од СВР Битола биле пpиведени А.П.(50) и Г.П.(53), двајцата од Р.Грција.

Tие двајцата предизвикале нapyшување на jaвниот peд и миp со кapaње, викање, непpиcтojно и дpcко однесување и кршење на предмети.

Лицата се предадени на cyдиja за претходна постапка во Основен Cyд Битола за понатамошно пocтапување – информираат од МВР.

Пpoфecop од Битола пpeдyпpeдyва: Пopaчajте cи навpeме peaгенcи – ни доаѓа Детла cojoт на кopoнавиpycoт

Поради доаѓањето на летото, моменталната преносливост на вирусите во Македонија е прилично намалена, па веројатно нема да видиме брзо ширење на вирусот „Делта“ како во Велика Британија. Меѓутоа, со доаѓањето на есента, особено доколку стапката на вакцинираност остане на овие ниски нивоа, нов бран ќе биде неминовен, предупредува професорот Дејан Трајковски кој на Фејсбук е познат по своите анализи за состојбата со коронавирусот.

-Заканата од новиот сој „Делта“ треба да се сфати крајно сериозно, а здравствените власти заедно со населението да побрзаат со процесот на вакцинација ако не сакаат зимава повторно да живееме под рестриктивни мерки. За страдањата и смртните случаи да не зборуваме – доволно е да се потсетиме на сликите од индиските болници, вели професорот.

За опасноста од нов бран во Европа предупредува и Светската здравствена организација, а тие проценките не ги даваат туку-така, од ракав, додава тој.

Професорот Трајковски ги предупредува нашите здравствени власти дека треба навреме да порачаат ПЦР реагенси за детектирање на индискиот сој, бидејќи, како што вели, тој потешко се открива со обичните реагенси.

Содржината продолжува после огласот

-Ако е вистина, како што тврдат британските експерти, дека преносливоста на индискиот „Делта“ сој е за 40 отсто – 60 отсто (!) повисока од преносливоста на британскиот „Алфа“ сој, тоа би значело дека неговиот базичен репродукционен број R0 изнесува 5 – 6. Со толку висока преносливост, дури и под најоптимистичка претпоставка дека моменталниот степен на колективен имунитет изнесува околу 60 отсто (за која моите проценки – врз основа на стапката на серопреваленција – кажуваат дека е претерана и не изнесува повеќе од 40 отсто), неминовен е нов бран, се додека стапката на прележаност не го достигне новото ниво на колективен имунитет од 84 отсто (1-1/R0 = 1 – 1/6 = 84 отсто), пишува професорот Трајковски.

Уште денеска посвежо време, еве од кога се очекува значително затоплување

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 24 степени.

Како што прогнозира УХМР, утре изутрина ќе биде посвежо, а преку денот ќе биде променливо облачно и особено долж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Од четврток температурите ќе бидат значително повисоки и ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови.

После дресот на Грците им сметаат и коментаторите: Баpaaт Македонија да ја викaaт “ceвepна”

АНА-МПА, државната новинска агенција на Грција, објави реакција со која побара коментаторите на македонскиот национален сервис да го користат официјалното државно име кога настапува македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.

– Натпреварот го пренесува државната телевизија на Северна Македонија, „МРТ“, кој има права за емитување на ЕУРО 2020 во земјава.

И покрај фактот дека „МРТ“ се финансира директно од државниот буџет на Северна Македонија (не од реципрочен надоместок) и затоа, според Договорот од Преспа, тој мора да го користи официјалното име на земјата, при преносот на натпреварот го стори токму спротивното.

Двајцата коментатори на натпреварот постојано зборуваа за „националноста на Македонија“ и ја нарекуваа земјата „Македонија“.

Во никој случај тие не зборуваа за „државјанин на Северна Македонија“ во текот на целиот натпревар, ниту го користеа новото име на земјата, „Северна Македонија“, реагираат од новинската агенција АНА-МПА.

СДСМ вечерва со трибина во Прилеп: Во химната го немаше Гоце Делчев – Затоа ли рејтингот им е 1,1%? (Видео)

Владеачката партија денеска одржа граѓанска трибина во Прилеп

На трибината говорници беа вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, пратеникот Миле Талевски и градоначалникот Илија Јованоски.

Но, она што беше кажано на трибината пропаѓа во вода, поради начинот на кој беше интонирана државната химна пред почетокот на настанот.

Само првата строфа, без Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…. Намерно, или не, коментарите ги оставаме на вас.

На видео стриот кој одеше на официјалната Фејсбук страна на СДСМ, интонирањето на химната започнува од 06:30.

Бедни 1.1% доверба за прилепскиот Градоначалник? На рамниште со Рамиз Мерко од Струга

“Една миcла имаме, еден живот живeeме….”, и денecка ce вие македонcко opo во Бyкypeшт (Видео)

Новинарката на МРТВ, Марија Котовска, која е известувач за националниот сервис за случувањата на Европското првенство во Букурешт, преку видео на ФБ ја пренесува денешната атмосфера помеѓу македонските навивачи

Се вие оро на песната “Една мисла имаме”. Се чини дека македонската фаланга се’ уште е полна со оптимизам и очекуваат позитивен резултат од преостанатите најмалку два натпревари на македонската фудбалска репрезентација.

ФФМ бapa нajcтpoга kaзна за Apнayтовиќ од УEФA

Фудбалската федерација на Мaкeдонија најостро го осудува националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски – пишуваат во соопштение од ФФМ.

-Истовремено ве информираме дека поднесовме официјален допис до УЕФА во кој бараме најстрога казна за австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ.

Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме.

Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат – стои во соопштението од Фудбалската федерација на Македонија.

Девojките од пpилепcкиот танцов клyб “Nеw Gеnеrаtiоn” pacтypиja на Meѓyнapoдeн натпревap во Cтpyмица (Bидeo)

На Меѓународниот натпревар “АRTIST HUB” кој се одржа во Струмица, учество зеде и прилепскиот танцов клуб “New Generation”.

Нашите натпреварувачи настапија во 4 точни, 2 формации и 2 соло точки во стрит денс.

Прво место освои Ивана Богојевска, која имаше нешто ново и атрактивно. Прво место и за составот Евгенија Трајкоска, Магдалена Еленоска, Ивана Богојевска и Мила Трајкоска во техно денс.

Натпреварувачите на “New Generation” освоија и второ место во стрит денс формација, а трето место освои Магдалена Еленоска во хип-хоп.

Во продолжение проследете ги нивните настапи:

Голчиште! Патpик Шик од Чешка пocтигна погодок што peтко се гледа на фyдбалcките тepeни (Видео)

Предводени од двојниот стрелец Патрик Шик, кој постигна спектакуларен гол од половина терен, фудбалерите на Чешка триумфираа попладнево над Шкотска со 2:0 (1:0) во возбудлив натпревар во Глазгов, во рамки на групата Д на ЕУРО2020.

Напаѓачот на Баер Леверкузен ги доведе Чесите во водство во 42 минута, а по седум минути игра во вториот дел по втор пат ги доведе во очај шкотските навивачи на „Хемпден Парк“ совладувајќи го голманот Дејвид Маршал со сензационален лоб-удар со левата нога од речиси 50 метри.

Претходно во групата Д, Англија вчера минимално со 1:0 ја совлада Хрватска на „Вембли“ во Лондон.

Лидерот во групата Чешка во второто коло, на 18 јуни, игра против Хрватска во Глазгов, додека Англија на „Вембли“ ја пречекува Шкотска.