дома блог страница 2000

Машини: Кинези изградиле 10-катница за 28 часа (Видео)

Кина за еден ден, односно за само 28 часа изградила 10 катница, а видеото од изградбата со брзина на светлината го заобиколи светот.

Имено, деловите од секој спрат биле подготвени во фабрика, и префрлени со камион до крајната дестинација, каде што истите беа монтирани.

Кинеската компанија „Broad Group“ е позната по своите рекордни градби и од минатото, односно по изградбат на болници, хотели и канцелариски објекти.

-Сите составени делови беа префрлени со камион и беа монтирани на лице место со кранови, во период од само 28 часа и 45 минути. Апартманите веднаш биле снабдени со електрична енергија и вода за пиење, истакнал портпаролот на компанијата.

Cведитeлcтва има само за мaтypaнтите и деветтоодделенците, другите yченици ќе почекaaт

Свидетелства има само за деветтоодделенците и за тие кои годинава го завршија средното образование, бидејќи им се неопходни за упис и продолжување на образовниот процес.

Свидетелства за годишниот успех учениците ќе добијат до крајот на летото, информираат од Бирото за развој на образованието, објави „Сител“.

Откако наставниците реагираа дека сè уште не добиле свидетелства иако веќе се закажани термините за нивно делење, од Бирото излегоа со соопштение дека се одложуваат бидејќи во време на пандемија не може да се организираат вакви свечености.

Од Бирото информираат дека дополнително ќе ги соопштат термините за дистрибуција на потребните свидетелства.

Претседателот на СОНК вели дека неофицијално се работи за нереализирани тендерски постапки поради што учениците за сега ќе останат без свидетелства.

Свидетелства има само за деветтоодделенците и за тие кои годинава го завршија средното образование, бидејќи им се неопходни за упис и продолжување на образовниот процес.

Гранде Пандев ти благодариме за се’: Kaпитенот потврди, утре е негов последен натпревар за Maкедониja

Капитенот Пандев потврди дека по завршување на ова Европско Првенство нема повеќе да настапува за Македонија.

Пандев предмалку на прес конференција соопшти дека утрешниот натпревар на Македонија против Холандија, за него ќе биде последен во репрезентативниот дрес.

Капитенот истакна дека нема подобар начин да се опрости со репрезентацијата, преку натпревар на едно Европско првенство и токму против големата Холандија.

Тој вети дека на утрешниот меч ќе дадат се’ од себе за да ги израдуваат фудбалските фанови.

ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ’!

3a една година бројката на социjaлни cлyчаи во Maкедониja се зголемила за нови 10.000 кopиcници

Нови 10.000 семејства станаa корисници на социјална помош за една година. Корона кризата удри по најсирмашните. Статистика објави дека лани 32.345 домаќинства биле корисници на социјална помош. Во 2019-та оваа бројка беше за 44% пониска, или статистиката изброи скоро 22.500 социјалци. Овие лица живеат со максимум 12,000 денари, ако станува збор за 4 члено семејство со едно работонеспособно лице.

Според министерството за труд и социјална политика сумата за еден член корисник на помош изнесува 4,000 денари, а за секој нареден се зголемува. Најчесто корисници се семејствата со 2 возразни и 2 деца, кои можат да добијат помош од 10.600 денари од држава, пренесува Сител.

Според истражувањето на Фајнанс Тинк, пандемијата најсилно ги погоди најмалку платените работници. Од нив, 7 илјади останаа без работа и тоа најмногу лицата кои работеле во домот на работодавачот, како негувателки на деца.

Нивниот доход им се намалил за 90% во споредба со заработката пред пандемијата. Сите биле без договор за вработување, токму формализацијата на работното место ќе биде приоритет за Синдикаторт и работодавачите.

Од Фајнанс Тинк бараат државата во новиот предлог закон за работни односи, кој веќе се подготвува, да се вметне регулаторна забрана ваквите договори да се продолжуваат бесконечно, но и да се воспостави механизам непријавените да влезат во системот. Сметаат дека на овој начин значително ќе се намалат бројот на социјалци и сиромашни во државата.

Полицискиот час сепак имал ефект? Синоќа пријавени неколку физички напади во Прилеп

Синоќа после полноќ биле пријавени неколку физички напади во Прилеп.

На 20.06.2021 во 00.00 часот во Полициска станица Прилеп, Т.Ј.(37) од Прилеп пријавил дека на 19.06.2021 околу 23.40 часот, во близина на аптека во Прилеп, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, пишува во Полицискиот билтен на МВР.

На 20.06.2021 во 02.00 часот во ОВР Прилеп, С.И.(49) од Прилеп пријавил дека на 19.06.2021 околу 21.45 часот, пред угостителски објект во Прилеп, тој и неговиот 17-годишен син, по претходно недоразбирање, биле физички нападнати од неколку лица.

(Видео) Битолчанец со палка демолиpaше автомобил

На социјалната мрежа „Твитер“ беше споделено видео од Битола во кое може да се види како младо момче со метална шипка демолира автомобил, пренесува ПРЕС24.

– Добро утро, како спиеше комшија?! – пишува во описот на видеото.

Засега не се познати причините поради ваквиот потег на младото момче, кој е неговиот мотив за ваквото дело, но се очекува од МВР да излезат со повеќе детали за настанот.

Пpeгазeн пeшак во Пpилeп – со тешки повpeди бил пренeceн во болница

Прегазен пешак во Прилеп со тешки повpeди пренесен во болница.

-На 19.06.2021 околу 10.30 часот на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Прилеп, патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(31) удpило во пешакот Б.Т.(34), двајцата од Прилеп. По незгодата пешакот е префрлен во Градската болница Прилеп, каде му се констатирани тешки телecни повреди, велат од полициja.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Саботен прилепски резил (Фото галерија)

Прилеп денска (сабота 19.06.2021)

За фотографиите во продолжение не е потребен посебен коментар…

Строг центар на градот, 21 век, се уште нема подземни контејнери.

………………………………………………………………………………………………..

 

И секако Градската река, за сликата да биде комплетна…

ФОТО/ Златко Ангелески

Романците ги прогласија за шампиони: Македонската фаланга во Букурешт иcпила три цистерни пиво за 4 дена

Македонија ги загуби првите два дуели на Европското првенство, но македонските навивачи можат да го кренат шампионскиот пехар, и тоа во пиење.

За 4 дена колку што се присутни во Букурешт, фалангата испила помеѓу 70 и 75.000 литри пиво, пишуваат медиумите во Романија.

Во романската престолнина престојуваа помеѓу 4 и 5.000 Македонци, кои за само 96 часа во пет барови во стариот дел на градот, испиле околу три цистерни пиво.

На некои маси сметките изнесувале помеѓу 4 и 5.000 евра, што навистина делува неверојатно. Романските кафичи од нашите фанови заработиле околу 450.000 евра, пишуваат тамошните медиуми.

Tyтyнapите излегyвaaт на нови пpoтecти и блокади идната недела? На потег е Владата (Видео)

Лагите, манипулациите и одлагањата околу исплатата на помошта од Петтиот Ковид-пакет, потоа идејата за распроджба на македонското земјоделско земјиште, но и најавеното зголемување на цената на нафтените деривати и неизгласувањето на измените на Законот за тутун, ја прелеаа чашата на трпението кај македонските земјоделци. Се закануваат со масовни протести и блокади на патиштата, доколку за една недела не им биде исплатена ветената помош од Петтиот Ковид-пакет и под услови кои што тие ги побаруваат, а не како што сака власта сака тоа да го стори – објави “АЛФА ТВ”

„Сите услови се исполнети, средствата се одобрени од страна на Собранието, пет милиони евра се изгласани од Ковид-пакетот, така што не гледаме причина зошто се уште Ковид-пакетот не е исплатен. Иако тие средства се симболични и многу мали, апелираме до Владата веднаш да ги исплати овие средства и не на начин како што планираше Министерството: со 2 денари за втора класа и 12 денари за трета и четврта класа, туку тие средства да бидат подеднакво за сите тутунари, за сите класи. Ако е Ковид, треба да биде Ковид за сите“, – ни изјави за Алфа, Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Освен ова, тутунопроизводителите и понатаму бараат премиерот да си достои на дадениот збор за итна исплата и на разликата до 185 ден. по килограм тутун за веќе откупениот род од ланската реколта.

„И овој пат го потсетуваме, да најде начин и форма и да каже јавно кога и на каков начин планира овие средства да ги исплати. Ако ова ветување беше дадено само со цел да се задушат протестите, тутунарите на ова ќе реагираат. Си ги бараат средствата и бараат веднаш исплата и јавно премиерот да каже кога и на каков начин планира да ја достигне оваа просечна цена која што им ја вети на тутунарите“, – дециден е Мирчески.

Според Мирчески, со актуелните политики на власта, македонското земјоделство е фрлено на колена во сите гранки, заради што, како што појасни, за престојните протести, очекува масовно солидаризирање на сите земјоделци, од целата земја.

Каролина Дурло