дома блог страница 1999

Беше зафрканција, но Пандев бил сериозен: Акциите на “Струмка” ќе скокнат за дополнителни 10,5 милиони евра (Видео)

Македонија денеска од 18 часот го игра последниот меч на Еуро 2020 против Холандија, а капитенот Горан Пандев пред последната прес-конференција во Амстердам се пошегува на сметка на Кока-Кола, откако пред неколку дена Кристијано Роналдо ги тргна шишенцата од пред него и така ги урна акциите на компанијата за четири милијарди долари.

Со потегот на Роналдо се пошегуваа и останати фудбалери, а сега и македонскиот капитен кој на останатите им кажа што мислат за идејата да ги тргнат кока-колите, а на тоа место да стават Струмка.

Твитерџиите пред неколку дена направија интересна монтажа на оваа тема…

До каде ќе оди цената на гopивата? Од полноќ ново пocкапyвање

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, горивата поскапуваат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2021 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 денари по литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 денари по литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 62,00 денари по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 денари по литарт.

Почнуваат жештините: Teмпepaтypи и до 40 степени – УХМР соопшти кога ќе биде најтопло неделава

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура денеска се движеше од 11 до 19 степени, а дневната ќе достигне од 25 до 36 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во наредните денови времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во вторник насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.

Hecлавен peкopдep: Полициjaта фати возач со oгpoмна количина алкoxoл во kpвта

Само во првата ноќ од изминатиот викенд, полицajците напишале казни за возење под дejcтво на алкoxoл на дури 176 возачи.

Меѓу нив неславниот рекорд го држи возач, кој откако бил запрен од полициjaта во полициcкиот „дрегер“ дувнал неверојатни 3,64 пpoмили алкocoл. Малку „подобар“ бил друг возач кој дувнал 3,28 пpoмили.

Возењето под дејство на алкохол е голем проблем во сообраќајот на македонските патишта. Најголем дел од сообраќајните несреќи се предизвикани токму од возачи кои управувале автомобил во алкохолизирана состојба.

Прилепските велосипедисти pacтypaaт низ цела држава: Деветта победа по ред за Константин Костоски, успеси и за Андреј и Стефан Маџоски (Фото)

Во организација на МВК Велес, викендов на 18 и 19.06, од локалитетот Стоби се возеа две велосипедски трки во друмски велосипедизам.

Прилепскиот велосипедски клуб “Илинден”, освен со стандардните Андреј Маџоски и Константин Костоски, кои оваа сезона почнаа со натапи во повисоки категории, настапи уште со двајцата нови велосипедисти, Младен Петрески и Стефан Маџоски.

На Државното првенство – хронометар, кое се одржа на 18.06, Андреј Маџоски во категорија кадети освои второ место, а Константин Костоски во категорија до 15 години го освои првото место.

Прво место освои и Стефан Маџоски во категорија до 13 години, а Младен Петрески заврши во првите 10 до 15 години.

Наредниот ден (19.06) на Државното друмско првенство, Константин Костоски освои уште едно прво место, што е негова деветта победа во низа (од септември 2019г.)

Андреј Маџоски кај кадетите беше трет, а Стефан Маџоски освои уште едно прво место кај натпреварувачите до 13 години. Младен Петрески повторно се пласираше во првите 10.

Следната трка е Трофеј Кичево, која е закажана за 28.07.2021.

Лyд потег на запpocyвање: “Maфиjaши” го клекнaa, а тoj извaди пpcтeн (Bидео)

Запросувањето треба да биде посебен момент во животот на секоја двојка. Кога велиме посебен, мислиме на нешто што и таа и тој засекогаш ќе го паметат по убаво.

Но, бидејќи не има секакви, на овој „генијалец“ му текнало да ја изобличи таа идеја и се чини дека тоа е многу лошо решение.

Така, додека се возел со својата драга во автомобилот, некои момци му тропнаа на стаклото, што го „принудија“ да скршне од патот и да го паркира возилото настрана.

Потоа му се заканија, велејќи му дека ќе го претепаат затоа што му должи на нивниот мафијашки шеф 80 000 пезоси и на крајот го „натераа да клекне под закана на бејзбол палка“.

Се испостави дека станува збор за претстава што му претходела на „свечениот момент“, а ситуацијата толку многу ја исплашила сиротата девојка што почнала да плаче.

Таа се смири дури откако сфати дека никој не е во опасност и на крајот се согласи да се омажи.

Се надеваме дека на никој нема да му падне на памет иста или слична идеја.

3нaaт ли овие луѓе за одмор од работа? Во Тетово промовирано ве-це за гpyпна нyжда? (Фото)

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи промовира тоалет за колективна нужда во објект во чија реконструкција учествувала и општината.

– Проекти реализирани преку проектот „Зајакнување на локалните совети“, поддржан од УНДП и СДЦ: реконструкција на „Младост“ во спортскиот центар; реконструкција на Младински центар кај поранешно Радио Тетово, каде општина Тетово ја кофинансираше изградбата на покривот на зградата, објави градоначалничката Арифи на официјалниот профил на Фејсбук.

И сето тоа убаво, но една фотографија предизвика дилеми на социјалните мрежи…

Коментарите ги оставаме на вас…

23 џудисти од ЏК “Сеишин” освоија 16 медали на денешните Државни првенства во Прилеп

Денеска (20.06.2021), во организација на Џудо федерацијата и техничка организација на Џудо Клубот “Сеишин” oд Прилеп, се одржаа две Државни првенства во џудо и тоа за пионери/ки и сениори/ки.

Првенствата се одржаа во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп без присуство на публика, согласно сите протоколи за заштита од Koвид 19.

На овие првенства учество зедоа 14 клубови со околу 160 натпреварувачи. Џудо клубот “Сеишин” – Прилеп на овие првенства зеде учество со вкупно 23 натпреварувачи во двете возрасни категории (10 сениори и 13 пионери).

Освоени се вкупно 16 медали и тоа 4 златни, 4 сребрени и 8 бронзени.

Резултати поединечно:

Пионерки:

1. Елеонора Илиоска 1 место, 2. Теа Настоска 2 место, 3. Теона Настоска 3 место

Пионери:

1. Борис Џагадуроски 1 место, 2. Димитри Џокоски 2 место, 3. Давор Најдоски 3 место, 4. Бојан Ѓорески 3 место, 5. Немања Џагадуроски, 6. Дарио Нанески 3 место

Сениорки:

1. Теодора Димеска 1 место, 2. Ема Димитриоска 2 место, 3. Магдалена Најдоска 3 место

Сениори:

1. Марко Тодорчески 1 место, 2. Јован Најдоски 2 место, 3. Антонио Талески 3 место, 4. Валентин Димитриоски 3 место

Добри борби покажаа и Тамара и Теодора Илиоски, Ангел Талески и Благојче Мантароски кај Пионерите како и Марија Талеска, Стефан Талески и Бојан Мојсоски кај Сениорите, но не успеаа да изборат место на пиедесталот.

Машини: Кинези изградиле 10-катница за 28 часа (Видео)

Кина за еден ден, односно за само 28 часа изградила 10 катница, а видеото од изградбата со брзина на светлината го заобиколи светот.

Имено, деловите од секој спрат биле подготвени во фабрика, и префрлени со камион до крајната дестинација, каде што истите беа монтирани.

Кинеската компанија „Broad Group“ е позната по своите рекордни градби и од минатото, односно по изградбат на болници, хотели и канцелариски објекти.

-Сите составени делови беа префрлени со камион и беа монтирани на лице место со кранови, во период од само 28 часа и 45 минути. Апартманите веднаш биле снабдени со електрична енергија и вода за пиење, истакнал портпаролот на компанијата.

Cведитeлcтва има само за мaтypaнтите и деветтоодделенците, другите yченици ќе почекaaт

Свидетелства има само за деветтоодделенците и за тие кои годинава го завршија средното образование, бидејќи им се неопходни за упис и продолжување на образовниот процес.

Свидетелства за годишниот успех учениците ќе добијат до крајот на летото, информираат од Бирото за развој на образованието, објави „Сител“.

Откако наставниците реагираа дека сè уште не добиле свидетелства иако веќе се закажани термините за нивно делење, од Бирото излегоа со соопштение дека се одложуваат бидејќи во време на пандемија не може да се организираат вакви свечености.

Од Бирото информираат дека дополнително ќе ги соопштат термините за дистрибуција на потребните свидетелства.

Претседателот на СОНК вели дека неофицијално се работи за нереализирани тендерски постапки поради што учениците за сега ќе останат без свидетелства.

Свидетелства има само за деветтоодделенците и за тие кои годинава го завршија средното образование, бидејќи им се неопходни за упис и продолжување на образовниот процес.