дома блог страница 2001

(Галерија) “Кајак на диви води по прилепскиот булевар од 1.000.000 евра”

“Венеција на Балканите!”

Прилеп подготвен да му парира на Охрид во летната туристичка сезона. Улиците се погодни за пловни објекти, а во секој момент се очекува да се формира и “капетанска служба”.

Сепак, ситуацијата е крајно алармантна. Ако пороен дожд од 5 минути не доведува во ваква ситуација, можете да замислите што ќе се случи доколку има вистинско невереме.

(Видео) Со овие преговараме – Џамбаски: “Македонија е бугарска- факт на кој не му треба доказ”

Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски, на социјалните мрежи го сподели официјалниот спот на партијата кој е дел од кампањата за претстојните парламентарни избори во Бугарија, во кој нагласува дека Македонија е бугарска.

-Македонија е бугарска. Факт на кој не му треба доказ. Факт што Зоран Заев го заборава кога е во Скопје. И тој се сеќава само кога ќе побара нешто. Бугарија отсекогаш ја сакала Македонија. Но, Бугарија не треба да биде уценувана! Пријателството се гради со доверба и доследност.

Вистината не може да се заобиколи, а историјата треба да ја отфрли судбината на секој предавник. Бугарија и БУГАРСКИТЕ ПАТРИОТИ ќе ја продолжат нашата битка за вистината!“, напиша Џамбаски на официјалниот фејсбук профил.

Полициjaта прави “пyздep” со казни: Само вчера caнкциониpaни 627 возачи

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 627 возачи.

Од нив, 135 возила се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР –Штип-89, потоа на територија на СВР Охрид-85, на територија на СВР Тетово -74…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Teшка cooбpaќajка на патот Битола-Peceн: Се cyдpиja aвтомобил и товapно возило

На 18.06.2021 во 11.05 часот во СВР Битола е приjaвено дека на патот Р-1101 Битола-Ресен, во близина на с.Братиндол, битолско, се cлyчила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „голф“, yпpaвyвано од П.М.(31) од с.Ротино, битолско и товарно возило „дфм“, yпpaвyвано од П.М.(71) од с.Облаково, битолско, двете со битолски регистарски ознаки.

По незгодата двајцата возачи се пpeнeceни во Клиничка болница Битола, каде кај П.М.(71) биле конcтатиpaни тешки телecни повpeди, а кај П.М.(31) телecни повpeди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

ДОМ Прилеп денеска им ја покажа вратата на „пpeтceдателката„ Maja и на 3aменик миниcтepката Оџаклиecка?

Денес претседателката на ДОМ и пратеник, Маја Морачанин, заедно со Директорот на агенцијата за туризам Љупчо Јаневски кој е и секретар во ДОМ и Заменик министерката Христина Оџаклиеска се обидоа со луѓе кои не се членови на ДОМ да направат насилен пуч во Општинската организација на ДОМ во Прилеп, во обид да ја превземат општинската организација – се вели во соопштението кое од општинската организација на ДОМ Прилеп го испратија до нашата редакција.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

“Навреди и закани беа упатени кон членовите на општинската организација од страна на сопругот на Заменик министерката во обид за физички напад кон истите, велат во партиското соопштение на ДОМ – ОК Велес.

Мнозинството на членови на општинската организација на ДОМ Прилеп, предводена од претседателот Миле Настески и потпретедателката Николина Талимидџиоска го спречија “раководството” од Скопје на нелегитимен начин да направи нова општинска организација на ДОМ Прилеп со луѓе што не се членови, туку се роднини и пријатели на функционери од ДОМ во Скопје.

Ова не е прв ваков обид на раководството од Скопје кое изврши монополизација и скопјанизација на партијата игнорирајќи ги и занемарувајќи ги дваесетина општински организации ширум Македонија.

Раководството на ДОМ кое остана поддржано само со 5-6 општински организации од ДОМ неодамна на нелегитимен начин ги разреши со малцински број од Централниот одбор и потпретседателите на партијата Ана Петровска и Мирослав Богдановски кои важат за ревносни борци против урбаната мафија и загадувачите.

Но изгледа на раководството во Скопје не им одговара во партијата да ги има вистинските зелени борци па се труди на пучистички начин да ги замолчи и угуши целосно општинските организации”, стои во соопштието.

Pycинка го pacпамети спортскиот новинар: Се заљyби на прв поглед и почна да пее (Видео)

Спортски арабски коментатор „полуде“ од убавината на една девојка од трибините која што беше во фокусот на казмерите и започна да пее!

Имено, убавината на девојката го остави без збориви и истиот започна да пее.

Она што е интересно е тоа што не се знае точно на кој фудбалски натпревар се случи оваа неверојатна случка, но како и да е мора да се признае дека убавината на оваа девојка буквално секого ќе засени.

Во продолжение превод од песната која што истиот ја запеа:

Воздухот во моето срце го снема и се заљубив.
Не сум крив јас, беше случајно
Јас немам ништо друго во животот мој
Јас, моето срце и се останато и припаѓаат нејзе

Cpбин co нajдобар коментap за нашите фyдбалери: Maкедонците се шампиони, не само евpoпcки, туку и cветcки!

Небојша Миличевиќ го има најдобриот коментар за македонските фудбалер

“Тоа што го покажаа момците Македонци, се вика чест и бескрајна љубов кон дресот!!! Бескрајно тагував, иако знаев дека Украина ќе победи, затоа што не беше барем реми!!! На момците кои се нарекуваат наши репрезентативци им посакувам само едно -да го сретнат некогаш Горан Пандев во животот и да го прашаат – одкаде му е силата и волјата на речиси 40-годишна возраст да трча 90 минути … да им помогнам – од чиста љубов кон народот и дресот. И затоа Шкотска помина во Белград, иако се послаба репрезентација од Србија… Се изгуби љубовта, а без љубов нема репрезентација. За мене Македонците се шампиони не само на Европа, туку и на светот”.

(Видео) Огромен пајак падна врз пилотот за време на слетувањето: Следуваше xaoc во авионот

Огромен пајак се појави во пилотската кабина, а секако станува збор за авион кој слетуваше во Австралија.

Пилотот леташе над Националниот парк Какаду кога го виде “неповиканиот гостин” како се движи во кабината.

Персоналот на авионт го забележал пајакот и пред една недела, меѓутоа, не се кренала паника бидејќи сметале дека веќе е излезен.

Одговор од УЕФА: Еве што ќе следува за фудбалерите кои ги наверуваат спонзорите

Кристијано Роналдо, Пол Погба и Мануел Локатели се најдоа на насловните страни на медиумите поради нивното однесување кон спонзорите на Европското фудбалско првенство.

Секој од нив на свој начин го искажа незадоволството кон некој од пијалаците кои беа поставени пред нив на официјалните прес-конференции.

УЕФА сега реагира на ваквото однесување на фудбалерите и побара од сите 24 репрезентации да престанат играчите да ги тргаат стратешки позиционираните напитоци на спонзорите. За ова говори и директорот на натпреварувањето Мартин Кален.

-Тоа е важно бидејќи заработката од спонзорите е важна зa натпреварувањето и европскиот фудбал. Спонзорите се неоходни за да се осигура развојот на фудбалот во цела Европа. Никогаш не ги казнуваме директно играчите, тоа го правиме преку фудбалските сојузи и тие се обврзани да ги почитуваат правилата на натпреварувањето, вели Кален.

Тој посочува дека фудбалските сојузи може да бидат казнети, но додава дека ги разбира играчите како ПОгба кои тоа го прават од религиозни причини.

Протестот на Погба сепак даде резултати. Лицата задолжени за медиуми на сите 11 стадиони добиле наредба во иднина да се отстрани алкохолниот пијалак доколку на прес-конференцијата се наоѓа фудбалер од исламска вероисповед.

Кока Кола и Хајнекен се наоѓаат меѓу 12-те главни спонзори на турнирот, а се очекува вкупната заработка на УЕФА да биде речиси две милијарди евра.

Димовски со детална анализа: Власта досега цената на горивата ја зголеми за цели 14 денари – ова е АРАЧ!

По најавата дека дизелот ќе поскапи за нови 4 денари по литар на фејсбук реагираше и Илија Димвски, поранешен пратеник и член на ВМРО-ДПМНЕ кој ваквата постапка ја нарече Арач!

„За давачки нови 14,06 денари по литар нафта…

Малопродажната цена на нафтата и горивата во Република Македонија ја утврдува егулаторна комисија по неколку параметри:

прво, цената на нафтата на светските берзи; второ, движењето на вредноста на доларот на светските берзи; и регулираните законски даноци, акцизи и давачки.

Првите два параметри не зависат од државата…

Третиот зависи од Владата и мнозинството во Собранието на Република Македонија…

Со доаѓањето на СДСМ на власт зголемени се неколку пати давачките кои одат како составен дел од малопродажната цена на нафтата…

Затоа, од 1 Јули граѓаните ќе плаќаат 14,06 денари поголеми даноци, акцизи и давачки, по литар нафта, од тоа што би плаќале доколку оваа власт не ги зголемеше даноците, акцизите, таксите и другите давачки…

Давачките спрема државата се точно плус 14,06 денари од литар дизел гориво, во споредба со времето на “режимот”…

Ова се давачки само спрема државата, кои апсолутно не зависат од светската цена на нафтата и цената на доларот на светските берзи…

Ова се зголемувањата на давачките:

+ 1,20 ден за големопродажна маржа; + 1,40 ден за малопродажна маржа; + 0,25 ден за транспортни трошоци; + 3,00 ден за акцизи (прво зголемување во време на Тевдовски); + 0,54 ден за ДДВ (зголемен ДДВ поради зголемената основица од акцизите); + 3,00 ден за акцизи (втор пат зголемување пред отприлика 1 година); + 0,54 ден за ДДВ (втор пат во 4 години, поради зголемената основица);

и новите:

+3,5 ден за еколошка такса; и +0,56 ден за ДДВ на новата цена, заради еколошката такса.

Или вкупно 14,06 денари поголеми давачки на секој литар…

Ако ставате 60 литри гориво во вашиот автомобил, сега за државата плаќате плус 843,6 денари…

Ако два пати во месецот ставате гориво, тоа се околу 330 евра годишно плус што вие ги плаќате спрема државата како давачки, такси, акцизи, даноци…

П.С. Во време на почетна инфлација да зголеми малопродажни цени на енергенси во масовна потрошувачка, треба тотално да не разбираш економија…“ напиша Димовски на својот фејсбук профил.