Прилеп наскоро добива ултра модерен приватен медицински центар: Стоматологија, педијатрија, гинекологија… (Фото)

Ќе се гради ултра модерна и луксузна приватна болница во Прилеп. Објектот ќе се простира на површина од 1.500 м/2 и ќе биде на два спрата.

Проектот чија изградба треба да започне во септември предвидува ангажирање на врвни доктори од Прилеп и од останатите градови, кои ќе работат во амбулантите за стоматологија, педијатрија и гинекологија.

Покрај тоа во објектот предвиден е и дневен престој за деца, како и ангажирање на стручен кадар за таа намена.

Инвеститорот е од нашиот град, а наскоро ќе следуваат детали за овој нов објект кој значително ќе ја подобри здравствената заштита на населението во Прилеп и регионот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.